Фаталното предозирањето со канабис е невозможно, но понекогаш за пациентите кои се на канабис терапија доколку земат премногу голема доза, доколку сè уште немаат развиено толеранција во организмот, хајот може да биде понекогаш малку непријатен. Издвојуваме неколку корисни начини за сузбивање на тоа чувство:
1. ЦБД
Ако ТХЦ е „Ying“, тогаш CBD е „Yang“. CBD е во суштина природен антидот на хајот што ТХЦ може да го произведе. Со едноставни термини, CBD работи со блокирање на ТХЦ од врзувањето со канабиноидните рецептори во вашиот мозок, намалувајќи ги ефектите од ТХЦ. Затоа пожелно е да имате ЦБД масло во својот дом.
2. Хидратација
Водата е одличен начин за хидратација на вашето тело, особено кога устата се суши од преголем хај, па пијте повеќе вода. Сокот од брусница, сокот од цеден лимот или цитрон или сокот од портокал, исто така функционираат одлично намалувајќи го хајот. Едноставно не претерувајте или може да измиете важни електролити од вашиот систем.
3.) Не паничете! Сè е во ред
Дејството на канабисот поминува за некому минути до неколку часа (индивидуално). Дајте малку време и овие чувства на крајот ќе минат. Исто така, спротивно на она што можеби сте го слушнале, има НУЛА пријавени смртни случаи од предозирање со канабис во историјата на светов. Па, затоа уживајте и не грижете се.
4.) Знајте ги сопствените лимити пред консумирање
Знајте го своето ниво на толеранција на канабис. Внимавајте особено кога консумирате едиблс, а немате многу искуство со канабисот. Исто така знајте дека ако сте навикнале на една врста канабис или екстракт од неа, истата доза од друга врста може многу да ве надува.
5.) Црн пипер, ѓумбир, луто пиперче
Само изџвакајте неколку зрнца црн пипер што обезбедува речиси инстантно олеснување од хајот.
6.) Повежбајте или прошетајте се
Вежбањето е еден од најдобрите начини да се отрезни во брзање, бидејќи предизвикува ослободување на ендорфини во мозокот што го намалува хајот. Ако не можете да го исклучите мозокот, понекогаш промената на сценографијата и прошетката со вашето куче на свеж воздух ќе ви ја раздвижи крвта.
7.) Отспијте малку
Ако се чувствувате вознемирени и параноични, на пример ако сте зеле премногу сатива масло, подобро е да останете во опкружувањето на својот дом и да се релаксирате, најдобро да легнете малку да дремнете. Понекогаш спиењето може да биде најдобрата алтернатива за запирање на силниот хај, но не е секогаш лесно да го исклучите мозокот. Откако ќе најдете тивко место во домот, пуштете тивка музика и легнете да се опуштите и препуштите на дишењето. Можете да пробате и малку да медитирате во оваа состојба за да се поврзете со своето нефизичко битие.
8.) Истуширајте се со ладна вода
Иако не е секогаш изводливо ако сте надвор, но ако сте дома, обидете се да земете убав студен туш или бања како навистина пријатна опција да си помогнете со хајот и да се релаксирате. Ако не можете да се истуширате, доволно е да си го исмиете лицето неколку пати со студена вода за освежување. Ова функционира поради тоа што ладна вода го активира она што се нарекува „рефлекс за нуркање кај цицачите“.
9.) Правете нешто интересно!
Кога сте премногу надувани и со тоа кога во мозокот ви се активни делови и центри и меѓусебно конектирани - искористете ја таа состојба најдобро што знаете и умеете. Кога сте надувани искористете ја сосптвената креативност и напливот на идеи поради отвореноста на чакрите. Правете нешто забавно: читајте книга, зртајте, слушајте музика, медитирајте, гушкајте се со саканата личност, водете љубов, играјте интересна видео игра, пишувајте книга или дневник за да се поврзете подобро со својата внатрешност, разговарајте со пријателите на возвишени теми, едноставно подгответе си нешто вкусно за себе и дајте си време на себе.
Автор: MoniQue Konopova
Извори: Leafly, Colorado Pot Guide
No comments:
Post a Comment