Tuesday, December 5, 2017

Како се прави кана-млеко? Слично како што се прави кана-чај!

Уште еден вкусен здрав и лековит начин на консумирање канабис е по пат на „КАНА-МЛЕКО“. Испробајте го овој лесен и едноставен рецепт за подготовка на топол безалкохолен пијалак од млеко и активирана марихуана, кој можете да го употребите за подготовка и на разновидни слатко-солени специјалитети кои се подготвуваат со додавање млеко


Состојки:

* 1 Л полномасно (кравјо, козјо, овчо, соино...) млеко;
* 25 грама изгрендан сув цвет од канабис (пожелно индика);

Начин на подготовка:

Добро непишано правило е на секои ¼ литри млеко да се употреби количина канабис минимум колку за 1 добар џоинт. Колку повеќе млеко користите, толклу повеќе канабис треба да употребите пропорционално за млекото да има убав смирувачки ефект. 


1. Доведете го млекото до момент на вриење и оставете го на тивок пламен;

2. Додадете го канабисот во млекото малку по малку, постојано мешајќи додека канабисот не е целосно покриен со млекото;

3. Промешувајте повремено за околу 30-45 минути;

4. Ќе забележите дека вашето млеко се претворува во жолтеникаво-зелена боја.

Тргнете го од пламенот и добро процедете го со газа или цедалка. Оставете го вашето лековито зелено млеко малку да се олади и засладете со органски мед по желба. Може да го чувате во фрижидер подолго време. Од ова млеко дефинитивно ќе заспиете слатко како бебенце... На здравје!

Извор: HERB
Автор: MoniQue Konopova

No comments:

Post a Comment