Showing posts with label лаванда. Show all posts
Showing posts with label лаванда. Show all posts

Wednesday, May 6, 2020

ЛИНАЛОЛ - Како делува овој цветен канабис терпен и кои се неговите придобивки?

Ароматичните соединенија кои се наоѓаат во канабисот, наречени терпени, имаат сè повеќе ценета улога како дел од лековитите придобивки на растението. Овие состојки спаѓаат во различна класа од канабиноидите и флавоноидите. Можеби од таа причина добиле значително помалку истражувачко внимание. Канабисот произведува широк спектар на терпени, но во оваа статија ние се фокусираме на ЛИНАЛОЛ (linalool) заради неговите нови терапевтски придобивки


Линалол дава арома на лаванда
Терпените традиционално се сметаа дека само придонесуваат за субјективното искуство со канабис, збогатувајќи ја неговата арома и вкус. Во поново време, терпените добија внимание од појавата на теоријата за синергискиот „ефект на придружба“, кој предлага терапевтските придобивки од канабисот да се подобрат со додавање на повеќе канабиноиди и терпени во споредба со изолирани канабиноиди. Ова укажува на тоа дека терпените можат да ја модулираат јачината на индивидуалните канабиноиди врз дејството во мозокот и телото. Но, ефектот на придружба не исклучува директни дејства на самите терпени за различни цели во телото. Сега се верува дека терпените директно влијаат на обработката на мозокот со модулирање на однесувањето на мозочните клетки. Терпените и терпеноидите се органски соединенија што постојат во растенијата и им даваат мирис и вкус. Терпените се состојките што ја прават секоја врста на канабис посебна, даваат специфични нијанси на мирисот и вкусот на димот кога тревата се пуши и затоа секоја врста е извонредна.



Терпените сами по себе не даваат ХАЈ. Но, во комбинација со THC (и другите психоактивни канабиноиди) и хемиските процеси во телото, тие се она што го прави секој ХАЈ посебен! Тие го модулираат начинот на кој THC влијае врз нас. Концептот дека терпените директно влијаат врз функцијата на мозокот за некои може да изгледа очигледно, но многу години тешко беше да се разликува директниот ефект на терпените врз функцијата на мозокот, наспроти неговиот индиректен ефект врз расположението и субјективната состојба преку модулација на мирисната обработка (т.е. чувството за мирис). Нашето чувство за мирис е сложено поврзано со центрите за емоции и меморија во мозокот, воспоставувајќи потенцијална причина и последица помеѓу пријатниот флорален мирис на лаванда (причината) кај терпенот линалол, со опуштено и подобрено расположение (ефект). Додека миризливата сензација сè уште може да придонесе за ефектот на терпенот, сега се верува дека терпените директно влијаат на обработката во мозокот со модулирање на однесувањето на мозочните клетки.


Аромата на линалол

Linalool не е специфичен за канабисот. Неговиот карактеристичен мирис на лаванда е вообичаен за над 200 видови на растенија. Всушност, толку е вообичаен што дури и оние кои не користат канабис, завршуваат да консумираат над два грама линалол секоја година преку нивната храна. Можеби тоа изгледа дека е многу, но постои многу мал ризик од неповолните ефекти на овој терпен. Линалолот не се задржува во вашето тело и не се акумулира како канабиноидите што се чуваат во масните ткива на телото и мозокот.



Врсти на канабис што содржат линалол

Неколку видови канабис содржат високи нивоа на линалол, иако тој ретко се вбројува во првите три најзастапени терпени. Но подолу, ќе најдете неколку врсти кои го содржат, како нивни трет најзастапен терпен:

1. Do-Si-Dos
2. Scooby Snacks
3. Zkittlez

Врстата До-Си-Дос содржи повисока од просечната количина на линалол, но во просек сè уште е третиот најзастапен терпен во неговиот профил. Се појавува со виолетова нијанса во туфките.



Потенцијални придобивки на Линалол

Зошто толку многу различни растенија произведуваат линалол? Неговите антимикробни својства се заштитни за растението и претставуваат потенцијална терапевтска употреба кај луѓето. Дали се користеше како ран антибиотик, не е познато, но линалолот (често во форма на лаванда или стебла од кикиритки и лисја) се користи во традиционалните медицински практики и во ароматерапијата, поради неговите седативни и антиепилептички својства. Глувците изложени на пареа од линалол покажуваат намалено ниво на вознемиреност и поналку однесувања слични на депресија. На овие тестови, глувците изложени на пареа од линалол поминуваат повеќе време во околини кои предизвикуваат страв и ќе продолжат да работат за да избегаат од навидум безнадежна ситуација. Ова не е исто како тестирање на вознемиреност и депресија во клиника, но според овие добро проверени мерки, линалолот се чини дека помага.


Линалолот исто така го прави имунолошкиот систем поотпорен на деструктивните ефекти од стресот. Стресот предизвикува промена во распределбата на белите крвни клетки во организмот (т.е. клетките на имунолошкиот систем); процентот на лимфоцити се намалува, а се зголемуваат неутрофилите. Кај стаорци, линалолот ја спречува оваа промена и притоа ги спречува стресните промени во начинот на кој ДНК-то на стаорците беше изразено. Интересно е што авторите на студијава оправдаа дека оваа заштита е посредувана од можноста на линалолот да го активира парасимпатичкиот одговор на телото, кој се активира кога телото мирува и вари храна, а со тоа се вклопува во анти-анксиозните ефекти на линалолот.



Како линалолот влијае врз мозокот?

Студиите индицираат дека ефектите во однесувањето на линалолот може во голема мерка да бидат посредувани од неговите ефекти во мозокот. Еден начин е преку блокирање на рецепторите за примарната ексцитаторна мозочна хемикалија, глутамат, што може да претставува потенцијално антиепилептично својство на овој терпен кај некои форми на епилепсија. Овој терпен, исто така, има можност да го подобри ефектот на другите седативи, како што е пентобарбитал.


Дополнително, линалолот може да делува релаксирачки во мускулите и да има ефекти за ослободување од болка преку дополнителни карактеристични механизми. На пример, линалолот ја намалува сигналната сила на ацетилхолинот, мозочна хемикалија која е потребна за мускулна контракција и движење. Линалолот може да има ефекти слични на анестетици со намалување на ексцитабилноста на клетките во 'рбетниот мозок кои пренесуваат сигнали за болка во мозокот. Некои од способностите за ублажување на болката на линалолот може да се припишат на неговото покачување на нивоата на аденозинот, инхибиторна хемикалија на мозокот, која е особено блокирана од кофеинот. Заедно, ова мноштво цели на нервниот систем придонесуваат за неговите седативни својства, намалување вознемиреност и има придобивки за намалување на болката.


Овие ефекти обезбедуваат основна поддршка за придобивките на линалолот во терапијата со болка. Во една студија, пациенти со прекумерна телесна тежина кои биле подложени на операција за смалување на желудникот, биле изложени на пареа од масло од лаванда богата со линалол. Само 46% од пациентите кои вдишувале масло од лаванда барале пост-оперативен опиоиден лек, споредено со 82% од контролната група. Понатаму, морфиумските потреби на оние кои се во групата со лаванда, биле скоро колку половина од потребата од контролната група, заедно сугерирајќи дека линалолот може да ја намали потребата за пост-оперативен третман за болка базиран на опијати.


Потенцијални придобивки на линалол кај Алцхајмеровата болест

Можеби највозбудливата терапевтска употреба на линалолот е неговиот потенцијал како нов третман кај заболени од Алцхајмерова болест. Алцхајмеровата болест е прогресивно и во моментов неповратно заболување предизвикано од дегенерација на мозокот. Оваа дегенерација предизвикува сериозни проблеми во сеќавањето и когнитивно оштетување. Во моментов нема лекови за Алцхајмерова болест и тековните стратегии за лекување се во голема мерка неефикасни за закрепнување на мозочната функција. Ова ги натера научниците да бараат идентификација на техники во обид да го вратат курсот на болеста и да ја вратат нормалната функција на мозокот.


Ветувачка студија објавена во 2016 година укажува на линалолот како потенцијален третман за Алцхајмерова болест. Во генетскиот модел на глушец болен од Алцхајмерова болест, линалолот поврати многу од нарушувањата во однесувањето и когнитивните состојби поврзани со оваа болест. Понатаму, тој го намали бројот на плаки во мозокот и клеточните мембрани што ја дефинираат болеста и придонесуваат за дегенерација на мозокот. Линалолот сè уште има многу пречки пред да се започне со негова општа употреба. Но, овие студии кај Алцхајмер, заедно со претходните студии, кои демонстрираат придобивки при болка, вознемиреност и депресија, укажуваат на важноста на континуираното истражување за терапевтските придобивки на терпенот линалол, но и другите терпени што природно се јавуваат во растението канабис.


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Leafly

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Thursday, July 5, 2018

Од искуствата на пациентите: џоинт измешан со ЛАВАНДА е природен и успешен лек против астма

Пациент кој со години своите здравствени проблеми ги решава токму со тоа што се лекува со канабис на различни начини, препорачува дека нема подобар лек за проблемите со дишењето од чист џоинт сролан без тутун, само од сув цвет од канабис измешан со сушена лаванда



Тоа неверојатно и одлично помага при белодробни заболувања, особено кога станува збор за астма и за превентивно прочистување на белите дробови кај здравите лица. Тој сакаше да остане анонимен и тврди дека оваа техника е идеална за хронични пушачи на тутун, кои според него од време на време треба да ги прочистат своите дишни патишта од катранот и останатите токсини од смртоносните легални цигари. Може да се употребат и други билки наместо лаванда за истовремена употреба со канабисот.


СЛУШАЈ ПАТАЛЕЦ, А НЕ ГАТАЛЕЦ!
Нашиот соговорник тврди исто така дека дејството на лавандата е смирувачко, па препорачува ваквиот џоинт дека има најубав ефект врз целокупното здравје доколку е сролан со индика врсти на канабис и се консумира пред спиење по напорниот ден. Општо познато е дека лавандата (Lavandula) е релаксирачка билка. Има пријатен цветен мирис и од неа се прават етерични масла, освежувачи на простории и е одлична билка за ароматерапија и масажа. Сепак, лавандата и канабисот имаат нешто заедничко. Не само што и двете билки може да се пушат, двете изобилуваат со терпенот линалул. Терпен е фенси збор за мирисна молекула на арома. Кога се комбинира со ТХЦ, Linalool-от има потенцијал како мускулен релаксант. 


Кога се комбинира со CBD, линалолот ги зголемува анти-конвулзивните својства на канабиноидот Канабидиол. Сам по себе, линалолот има анти-воспалителни својства. Исто така, ја намалува чувствителноста на болка. Додавањето на малку масло од лаванда може да ги засили релаксирачките, анти-волспалителните и останатите квалитети на маслото од канабис кои делуваат особено против болките. Можете исто така да додадете малку чај од лаванда и активиран цвет и/или лист од канабис и миксот да го употребите како зачин врз вашето омилено јадење, за да ги добиете придобивките од двете билки. Можете да бидете креативни и да си направите чај од двете билки со додавање на млеко за да го извлечете ефектот од активните состојки на канабисот.



Лаванда и нане во џоинт?

Додека вкусовите се многу различни, ефектите се прилично слични. Лавандата е миризливо цветно растение од видот на растението Lamiaceae, попознати како семејство на нане. И лавандата и нането можат да ви помогнат да се релаксирате физички и ментално. Исто така, двете можат да го ублажат чадот и го намалуваат кашлањето, особено кога се пуши од бонг.


Користете ја оваа комбинација пред спиење за да спиете помирно во текот на ноќта и за да ги ползувате благодетите на природно поттикнат континуиран целовечерен сон. Нането најдобро е да се вапоризира на 160 - 175 °C. Кога се вапоризира самостојно, лавандата обично се вапоризира на пониски температури, некаде околу 130 °C. Но, многу корисници на билки ги пушат и вапоризираат заедно со канабисот на повисоки температури и немаат никакви проблеми, а може да ја изгубат само: несоницата, болките, лошото расположение и проблемите со дишењето.





Едуцирај се повеќе:

Органски здрав блант сролан од цветни листови од роза

Сролај џоинт помешан со камилица или лист од коноп, наместо со штетен тутун!

* Како да се откажеш од пушење цигари со помош на ЦБД?

Цигарите го намалуваат IQ-то, а не џоинтите!

Зошто избелените ризли не се најмедицинскиот избор?

Зошто луѓето треба да престанат да ја споредуваат марихуаната со алкохолот и цигарите?


Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Zamnesia, HERBTheodysseyonline