Wednesday, December 27, 2017

Ако ти здосади зеленото, лекувај се со розев канабис!

Канабисот се појавува во разни форми и бои. Од црн, до црвен, па постои дури и албино-канабис! Но, од каде доаѓаат сите овие бои? Дали канабисот навистина може да произведе светли бои? Дали постои розев канабис? Одговорот е ДА!

Розев канабис
Канабисот може да произведе малку розева боја. Всушност, сите видови на канабис  кои содржат розеви нијански го содржат и зборот „розево“ во своето име, како што се:

Pink Berry
Pink Candy
Pink Mango
Pink Kush
Pink Panties

Како и да е, секој вид на канабис ја изразува бојата на различен начин. Кај некои видови (пр. Pink Berry) самата пупка е розевa по боја. Кај други видови, само толчникот е светло розев.  ЗОШТО КАНАБИСОТ СТАНУВА РОЗЕВ? Постојат две основни причини зошто канабисот станува розев: генетиката и околината. До одредена мера, генетиката на растението одредува дали тоа растение може да развие потемна боја. Но, исто така е важна и интеракцијата помеѓу генетиката на растението и околината, за одредената боја да дојде до израз.


Црвената, розевата, виолетовата и сината боја во канабисот се произведени од антоцијанин, односно молекули со пигмент кои растенијата ги создаваат. Одредени истражувања докажале дека виолетовата боја на растението може да претставува нешто како „антифриз“, заштитувајќи го растението од студеното време.


Како да направите вашето растение да добие поинтензивна боја?

Секое растение е различно, но сепак постојат неколку работи што можете да ги направите за вашето растение да добие поубава и поинтензивна боја.

1. Обрнете внимание на генетиката
Важно е да одберете одреден вид на канабис кој има боја. Истражете и откријте видови на канабис кои произведуваат розеви плодови, а не само розеви цветови.   

2. Одржувајте поладна температура
Бидејќи студеното време го поттикнува создавањето на антоцијанин кај некои растенија, се препорачува растението да се чува на посвежо место и во текот на денот и навечер. За поголем број на виолетови видови канабис, во текот на ноќта се препорачува температура под 21°C.
Сепак, температурата не треба да изнесува под 18°C.


3. Обезбедете квалитетно осветлување за растението
Докажано е дека сончевите зраци навистина може да влијаат врз промената на бојата на листовите, па затоа треба да се инвестира во добро осветлување за растението. Покрај тоа што светлината ќе му овозможи на растението побрз раст, исто така ќе ја направи неговата боја поинтензивна и „пожива“. Во секој случај, треба да се внимава и на тоа да не ги изложуваме растенијата на премногу светлина за да се избегне сушење или горење на растението.

Автор: Ангела Т.
Извор: HERB

No comments:

Post a Comment