Метастазирањата на туморот се конечна, фатална фаза на ракот, но истражувањата покажуваат дека ТХЦ и КБР можат да го спречат тоа. ЦБД е откриено дека го инхибира производството на металопротеинази. Овие протеини играат улога во ангиогенезата со разградување на компонентите на ECM за да се создадат нови крвни садови. Тие исто така ја помагаат миграцијата на клетките на ракот подалеку од главниот тумор
Метастазирањето е процес при кој клетките на ракот го избегнуваат главниот дел од туморот и ги напаѓаат соседните ткива и органи или патуваат во други делови од телото кои не се заболени. Одредени видови на рак се поагресивни од другите, па затоа е поверојатно да метастазираат. Овие видови на рак се многу тешки за лекување и се фатални за пациентите. За да можат клетките на ракот да мигрираат и да нападнат други ткива, тие прво мора да го избегнат главниот тумор и да се преселат во екстрацелуларниот матрикс (ЕЦМ) кој го опкружува туморот. Тие потоа можат да продолжат да прераснуваат во соседните ткива или можат да влезат во крвотокот или во лимфниот систем со цел да се шират на други делови од телото. Клеточната адхезија, ЕЦМ деградацијата и хемотаксисот (chemotaxis) (или други видови движења на клетки) се сите основни процеси за клетките на ракот успешно да метастазираат. Ангиогенезата (Angiogenesis) е уште еден важен процес за одржување на растот на нов или постоечки тумор.
Студиите открија дека овие метастатски процеси можат да бидат инхибирани од фитоканабиноиди изолирани од растението канабис (ТХЦ и ЦБД), како и ендоканабиноиди произведени во нашите тела и синтетички канабиноиди. Во повеќе студии е пронајдено дека канабиноидите ја блокираат ангиогенезата со намалување на експресијата на лигандот и неговите поврзани рецептори во патот на васкуларниот ендотелен фактор на раст (vascular endothelial growth factor - VEGF). Новите тумори кои произлегуваат од метастази во периферните ткива, како белите дробови, исто така, бараат ангиогенеза за да го одржат нивниот развој и раст. ЦБД е откриено дека го инхибира производството на металопротеинази (metalloproteinases - MMPs). Овие протеини играат улога во ангиогенезата со разградување на компонентите на EЦM за да се создадат нови крвни садови. Тие исто така ја помагаат миграцијата на клетките на ракот подалеку од главниот тумор.
За да може рак-клетката да го избегне туморот, таа мора да ги користи металопротеиназите за да ја разруши ЕЦМ што го опкружува туморот. Ова се покажало дека е особено критично за лекување на тумори на глиома, кои растат и се шират толку брзо што речиси е невозможно да се отстранат хируршки. ЦБД беше во можност да ја намали агресивноста на глиомите со инхибиција на нивната способност за инвазија, делумно со инхибиција на MMPs. Во прилог на MMPs, клеточната инвазивност е исто така регулирана со клеточната адхезија. Одредени видови на адхезивни протеини, како фокални адхезивни кинази (FAKs), промовираат метастази кога се зголемуваат во број. Овие протеини им овозможуваат на клетките полесно да мигрираат подалеку од туморот. Канабиноидите биле инхибирани со FAKs во клетките на ракот, намалувајќи ја нивната способност да мигрираат.
Кај ракот на дојка, CBD го исклучува генот Id-1, про-метастатскиот ген кој е агресивен маркер во ракот на дојката. Како резултат на тоа, клетките на ракот на дојката третирани со ЦБД биле помалку инвазивни. Инхибирањето на Id-1 има ефект како синџир на реакцијата, при што и другите гени кои промовираат метастази исто така се регулирани во опаѓање, што резултира со севкупно намалување на агресивноста на ракот. Метастазирањето е последна фаза во напредокот на ракот и онаа што најчесто е фатална за пациентите со рак. Лабораториските студии покажаа дека канабиноидите како ТХЦ и ЦБД се ефикасни при затворањето на основните процеси кои им овозможуваат метастазирање на клетките на ракот. Сами или во концепт со традиционалните терапии за рак, канабиноидите може да бидат нова гаранција за успешен третман на ракот.
Автор: Кристина Т.
Извор: Rxleaf
No comments:
Post a Comment