Friday, August 17, 2018

Канабис и болести на очите. Како канабисот влијае на окуларното здравје и видот?

Многу страствени корисници на канабис го доживеале искуството наречено „озлогласни црвени очи“. Но, тоа е всушност добар знак кој укажува на тоа дека сте консумирале потентен канабис! Постојат неколку изненадувачки наоди кои го поддржуваат тврдењето дека канабисот го подобрува окуларното здравје. Од олеснување на симптомите на болестите на очите, до спречување на дегенеративно слепило и глауком, еве што треба да знаете за тоа како канабисот влијае на очите


Канабисот го подобрува видот!
Канабисот може да ви помогне да ги видите работите малку поинаку, во буквална смисла на зборот. Истражувањата покажуваат дека растението делувајќи преку ендоканабиноидниот систем може да има влијание врз секој орган во телото, вклучувајќи ги и очите. Иако можеби звучи премногу добро за да биде вистина, соединенијата од канабисот ја работат својата магија во очите, приклучувајќи се во најголемата комуникациска мрежа (клеточната пролиферација) кај 'рбетниците. Оваа мрежа е ендоканабиноиден систем (ECS). Канабисните соединенија комуницираат со ECS со ангажирање на посебен тип на клеточен рецептор, наречен канабиноиден рецептор. Човечкото око изразува високо ниво на еден конкретен канабиноиден рецептор - CB1. Дополнително, претклиничките истражувања укажуваат дека ЕКС игра клучна улога во нашата коректна визија.


Студијата објавена во 2016 во зборникот Neural Plasticity покажа дека манипулирањето со канабиноидните рецептори го менува начинот на кој електроретинографските бранови минуваат низ ретината. Овие бранови се мерат со електроретинограм, кој го евидентира електричниот одговор на окото на светлосен стимул. Истражувачите откриле дека канабиноидните рецептори го ублажуваат одговорот на окото на светлина. Начините на кои канабисот влијае на видот им се потребни во понатамошната истрага. Сепак, ова рано истражување нуди уште повеќе причини да се испита канабисот како третман за болести на окото. Веќе постојат неколку акутни начини на кои канабисот влијае на очите, како подобрено ноќно гледање. Канабисот влијае на очите на различни начини. Сè уште има многу да се открие за канабисот и за тоа како делува на здравјето на очите, за среќа сè поголемиот број докази сугерираат дека канабисот може да биде корисен за голем број болести на очите.



1. Црвени очи

Црвените очи не се секогаш омилен ефект на канабисот особено кај почетниците. Оние пак, кои чувствуваат напнатост околу очите, може да ги ценат релаксирачките ефекти на канабисот. Канабисот го намалува крвниот и очниот притисок. Ова предизвикува проширување на капиларите и крвните садови, што доведува до она што најчесто се нарекува „црвени очи“. Пошироките капилари значат зголемен протокот на крв во очите, намалувајќи го интраокуларниот притисок. На некој начин, ова е форма на релаксација за очите. Ова може да биде корисно за пациенти со болни окуларни состојби како глауком.


2. Алергија

Не е невообичаено за некои луѓе да доживеат алергиска реакција во очите по пушењето канабис. Оваа реакција може да биде предизвикана од алергија или иритација од чад. Знаци на алергија обично вклучуваат јадеж, црвенило, воспаление и сувост. Застарени истражувања од 2015 година, од Американскиот колеџ за алергија, астма и имунологија (American College of Allergy, Asthma, and Immunology) сугерираат дека алергијата на канабис е слична на Хејева Треска, предизвикувајќи иритација на очите и црвен нос за оние кои се изложени на чад, полен или растителен материјал. Сепак, тоа не е фатално и не може да предизвика никакви трајни оштетувања и тие пациенти доколку мораат да консумираат канабис, потребно е да одберат најсоодветен и најпријатен начин за нив, не мора да е по пат на пушење џоинт.


3. Подобрен ноќен вид

Лабораториските истражувања како што споменавме погоре покажаа дека канабиноидните рецептори се чини дека им помагаат на очите да одговорат на светлината. Дополнителните истражувања од 2016 година сугерираат дека активните соединенија од канабисот, вклучувајќи ги канабиноидите како THC, се поврзуваат со овие рецептори. Се смета дека ангажирањето на овие рецептори ја подобрува способноста за гледање при слаба осветленост. Во изминатите три децении истражувачите шпекулираа дека канабисот може да го подобри ноќното гледање. Во 1990-тите, фармацевтот М.Е. Вест (M.E. West) забележал дека рибарите од Јамајка, кои консумирале еликсир од канабис, имале „чудна способност да гледаат во мракот“. Една мала студија спроведена во 2004 година ги тестирала ефектите на традиционалниот канабис КИФ (прав од трихоми) и синтетичкото ТХЦ кај тројца марокански поединци. Овој мал експеримент открил доза-зависна врска помеѓу конзумирањето канабис и подобрениот ноќен вид.


4. Визуелна обработка

Интересно, неодамнешните докази покажуваат дека ендоканабиноидниот систем придонесува за визуелен развој во мозокот. Една студија од Универзитетот во Ватерло, Универзитетот во Окланд и Универзитетот Браун, покажа дека бебињата изложени на канабис преку утробата на  мајката постигнале значително повисоки вредности во тестовите за визуелна обработка. Додека бебињата изложени на алкохол постигнале пониски резултати во тестовите за визуелна обработка, оние кои биле изложени на канабис им се подобрила глобалната перцепција во движењето. Ова можеби е уште една одлична причина за конзумирање на канабис за време на бременоста, но овие наоди придонесуваат во голема мера за идејата дека канабиноидите и ЕКС им помагаат на очите и мозокот да имаат повеќе смисла за визуелни информации.


5. Глауком

Глауком е болест која го оштетува оптичкиот нерв и се смета за една од водечките причини за слепило во светот. Истражувачите ги проучувале ефектите на канабисот врз глаукомот уште од 1970-тите. Во еден експеримент со 16 човечки учесници, вдишениот канабис успешно го намалил интраокуларниот притисок кој придонесува за болка и дегенерација кај оваа болест. Пациентите почувствувале олеснување три до четири часа по третманот со канабис. Пациентите со висок крвен притисок и глауком имале најдолги и најзначајни резултати. Истражувањата од 1980 година и 2000 година ги потврдуваат овие наоди.


6. Невродегенеративно слепило

Во 2014 година, истражувањето објавено во зборникот „Експерименталното истражување за очи“ (Experimental Eye Research) покажало дека лековите од канабис може да го забават дегенеративното слепило. Поточно, соединенијата од канабис ја спречуваат смртта на фоторецепторите кај оние со пигментоза на ретинитис. При истражувањето користеле стаорци како испитаници. Стаорците биле третирани со синтетички канабиноид во текот на 90 дена. По три месеци, научниците ја проверуваа прогресијата на нивното слепило. Стаорците третирани со канабиноиди имале импресивни 40 отсто повеќе фоторецептори, во споредба со оние кои небиле третирани со канабиноиди. Ова е силен доказ дека терапиите со канабис може да ја забават окуларната дегенерација кај невродегенеративното слепило. Студиите во други области откриле дека канабисот содржи моќни невропротективни антиоксиданси, кои можат да даваат резултати поврзани со староста, а не само за слаб вид.


7. Дијабетична ретинопатија

Клиничка студија од 2006 година покажа дека канабидиолот (ЦБД), соединение од канабисот, кое не предизвикува психотропско дејство, може да помогне во заштитата на очите кај дијабетичарите. Дијабетичната ретинопатија е несакан ефект на дијабетесот и предизвикува оштетување на крвните садови во мрежницата. Ретината е осетлив дел на светлина од окото. Кај дијабетичната ретинопатија, нервните клетки во окото почнуваат да умираат, што директно влијае на видот. Како моќен антиоксидант, истражувачите веруваат дека ЦБД може да помогне кај дел од токсичноста во ретината што придонесува за дегенерација. Други истражувањата од 2006 година покажуваат дека некои соединенија од канабисот всушност можат да ја заштитат мрежницата од оштетување. 


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Автор: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Green-flower

No comments:

Post a Comment