Monday, August 27, 2018

Комплетен водич за употреба на медицинска марихуана кај постари лица

Марихуаната имаше турбулентна историја. Сепак, почнувајќи од средината на 1990-тите, имаше притисок да се воведат медицинските придобивки на канабисот „уште еднаш“, бидејќи пред 20-тиот век марихуаната беше речиси целосно легална. Самото растение има голема медицинска корист особено кај сениорите. Канабисот, всушност, се користел како медицински третман илјадници години


Почнувајќи од 1910-тите години, државите со САД почнаа да ја забрануваат продажбата на марихуана, што на крајот доведе до закон наречен „Законот за данок на марихуана“ во 1937 година, со што се намали количината на коноп (верзија на растението канабис) дозволено да се произведува во САД подоцна во текот на овој век, стигмата околу марихуаната се зголеми, а Ричард Никсон го потпиша Законот за контролирани супстанци, во кој е вклучена марихуаната на листата на федерално забранети лекови заедно со хероин, кокаин и други смртоносни наркотици.


Во почетокот на 1990-тите години, државите почнаа да ги прифаќаат медицинските придобивки од марихуаната, почнувајќи од Калифорнија. Околу 15 години после тоа, самата марихуана - не само поради лековитите квалитети - стана легална и за рекреативна (превентивна) употреба во Вашингтон и Колорадо. Од 2017 година, 29 од 50 држави легализираа некоја форма на медицинска марихуана. Студијата од 2013 година откри дека четири од пет лекари одобруваат медицинска марихуана и дека повеќе од 90 проценти од пациентите со медицинска марихуана (од околу 7.500 анкетирани) велат дека медицинската марихуана им помогнала во лекувањето. Повозрасните биле најголемата возрасна група во студијата (повеќе од 2.300 испитаници).


Што е медицинска марихуана?

Секоја марихуана е медицинска! Во канабисот има повеќе од 100 активни хемиски состојки (овие се нарекуваат канабиноиди) во марихуаната. Двата главни канабиноида во канабисот што се користат за медицински цели се Делта-9-тетрахидроканабинол (ТХЦ) и Канабидиол (ЦБД). Овие природни хемикалии можат да помогнат во третирањето на болести и медицински состојби, за кои ќе објасниме подоцна.



Како може медицинската марихуана да помогне?

Медицинската марихуана сè уште не е одобрена од Федералната администрација за лекови, главно поради тоа што „немало“ доволно клинички испитувања на доволно широка основа за да се докажат медицинските придобивки на растението. Само затоа што големата владина агенција не ја одобрила медицинската марихуана како соодветен медицински третман, не значи дека самото растение нема медицинска корист, особено за постарите лица. Канабисот, всушност, се користи како медицински третман низ илјадници години, фактички отсекогаш. Сега кога знаеме што е медицинска марихуана, можеме да ги погледнеме симптомите и болестите и како марихуаната може да им помогне на луѓето за полесен живот.



Рак

Една од основните употреби на медицинската марихуана е да им помогне на пациентите со рак, особено кога се на хемотерапија. Некои студии покажаа дека пушењето марихуана може да помогне при гадење и повраќање кај пациенти кои одат на хемотерапија. Доста храбри луѓе ширум светот од сите возрасти тврдат дека маслото од канабис го победило нивниот рак! Кога се работи за палијативна нега, особено за пациенти со рак, една студија укажува дека повеќето пациенти (повеќе од 60 проценти) ги доживуваат и двата симптоми отколку еден или друг, па медицинската марихуана може да помогне во ублажувањето на два симптоми. Истражувањата, исто така, покажаа дека пушењето марихуана може да помогне при болка и може да им помогне на пациентите за добивање на апетит. Во однос на лекувањето на канцерите, има само две THC-инфузирани орални апчиња, кои биле одобрени од страна на ФДА за федерална употреба: Маринол (Marinol) и Цезамет (Cesamet). Овие биле препишани за да им помогнат на пациентите со рак за гадење. Студиите се во тек и кај животните и кај луѓето, за да се види како медицинската марихуана може да помогне во лекувањето на тумори, како и симптомите и болестите кои доаѓаат со ракот. Докажано е исто така дека канабисот не само што олеснува болка кај пациентите со канцери, туку дека ТХЦ и ги убива клетките на ракот!


Алцхајмерова болест

Пациентите со Алцхајмерова болест користат медицинска марихуана за да им помогне во третманот и да ги ублажи симптомите на депресија и губење на апетитот што може да се појават заедно со дегенеративната болест на мозокот, која влијае на повеќе од четири милиони Американци. Околу 10 отсто од постарите ја имаат оваа болест. Во 2014 година, беше објавена клиничка студија во Journal of Alzheimer's Disease која ги анализираше „потенцијалните терапевтски ефекти на ТХЦ“ врз болеста. Истражувачите воведоа ТХЦ во бета-амилоиди, кои се купчиња на протеини кои се создаваат во мозокот и се еден од водечките знаци за присуство на Алцхајмерова болест. Тие откриле дека ТХЦ помогнало да се забави напредокот на овие бета-амилоиди, а резултатите од студијата силно укажуваат на тоа дека ТХЦ може да биде потенцијална терапевтска опција за Алцхајмеровата болест преку повеќе функции.


Општа болка

Речиси сите постари лица доживеале некаква болка во нивните подоцнежни години, а медицинската марихуана може да помогне во тоа. Она што е интересно е дека има повеќе начини за да ги искористите медицинските придобивки на ова растение. Постојат мелеми, креми и лосиони инфилтрирани со ТХЦ и други канабиноиди кои можат да се нанесат на вашата кожа на местата каде што чувствувате болка. Постои зголемен доказ дека канабисот е корисен во третирање на одредени видови болка, вели д-р Игор Грант (Igor Grant), професор на Одделот за психијатрија на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего. Медицинската марихуана, без разлика дали се пуши, се консумира (јаде) или се применува преку локален третман, може да помогне во ублажувањето на акутната и хроничната болка преку веќе присутните канабиоидни рецептори во нашето тело. На постарите лица им се пропишани повеќе од една третина од сите лекови на рецепт во Америка, а лековите често се користат за лекување болка. Медицинската марихуана е погодна и поздрава алтернатива и помага да се намали зависноста од опиоидите. Таа помага во ублажување на болката од:

·         Болки во зглобовите, како артритис;
·         Оштетување на нервите;

Анксиозност / нарушувања на менталното здравје

Истражувањата покажаа дека Канабидиолот (ЦБД), една од двете главни состојки во марихуаната што се користи за медицински цели, може да помогне во третирањето на анксиозноста и другите прашања поврзани со менталното здравје, вклучувајќи:

·         Опсесивно компулсивно нарушување (OCD);
·         Пост-трауматско стресно нарушување (ПТСН);
·         Панични напади;
·         Умерена депресија;

Во суштина, овие студии покажаа дека ЦБД помага да се стимулираат серотонинските рецептори во мозокот, што е главна цел на други лекови против анксиозност како Золофт (Zoloft). Медицинската марихуана докажано е дека всушност помага да се спречи зависноста од лековите кои се издаваат на рецепт. Како што истакнува одделот за здравство на Харвард, околу 20 до 30 проценти од рекреативните корисници велат дека пушењето марихуана им предизвикало вознемиреност или напади на паника по пушењето (пред сè поради забраната и стигмата). Важно е да останете во контакт со вашиот лекар, откако ќе почнете да ја користите медицинската марихуана како третман и да не прекинувате со терапијата. Исто така важно е да бидете свесни дека секоја индивидуа е различна и дека на почетокот од канабис-терапијата додека телото да стекне толеранција на ТХЦ, може да се појави чудно чувство, кое брзо минува. Анализата на студиите на Националниот институт за злоупотреба на дроги покажува дека присуството на законите за легализирање на медицинска и рекреативна марихуана придонесува за помалку смртни случаи предизвикани од опиоиди на рецепт:

·         Намален број на смртни случаи од предозираност од опијати;
·         Помалку третман за опиоидна зависност;
·         Општо намалено пропишување на опиоиди;
·         Намален број на луѓе кои самостојно користат опијати.



Нарушувања во исхраната

Нарушувањата во исхраната се многу почести кај постарите отколку што мислите. Речиси 80 проценти од смртните случаи кои се јавуваат поради анорексија се јавуваат кај постарите лица. Старите лица може да ја изгубат желбата за јадење. Ова може да се случи поради лична одлука или поради други психолошки причини кои не се под нивна контрола. Слабата исхрана, покрај другите проблеми како губење на коскената маса и проблеми со срцето, може да се покаже како хроничен проблем. Но, во секој случај, медицинската марихуана може да им помогне на постарите да јадат повеќе, бидејќи го отвара апетитот и го забрзува метаболизмот. Студиите откриле дека нервниот систем сличен со ендоканабиноиден систем е недоволно употребен или оштетен кај пациентите со анорексија и булимија, што во суштина му дава сигнали на мозокот за да одбива храна. Медицинската марихуана може да помогне да се стимулира овој систем и да му помогне на мозокот да даде сигнали за повторно враќање на апетитот. Нарушувањата во исхраната најчесто и погрешно се третираат со антидепресиви и антипсихотици, кои најчесто не помагаат и даваат низа несакани последици, па дури создаваат и зависност. Но, пациентите често ги пријавуваат своите симптоми како влошени, откако ќе ги земат тие фармацевтски лекови. Дополнително, многу национални фондации за психотични и нарушувања во врска со исхраната, допрва треба да наведат медицинска марихуана како третман за нарушувања во исхраната. Сепак, многу лекари сметаат дека медицинската марихуана е побезбедна алтернатива на лековите на рецепт, со далеку помалку ризични несакани ефекти.


Глaуком

Глауком е проблем со очите што се појавува кога натрупаната течност ги оштетува нервите во окото. Тоа е водечка причина за слепило кај луѓето на возраст над 60 години. Оваа болест предизвикува зголемен притисок во очите поради количината на течност која влијае на вашиот вид. Со години, лекарите препишуваат капки за глауком кои помагаат да се ослободи притисокот во очите, но исто така се докажа дека марихуаната може да помогне во ублажувањето на очниот притисок со „посакувани последици“ по целокупното здравје :)



Како медицинската марихуана може да го зајакне мозокот?

Ние ги разгледавме сите придобивки што медицинската марихуана може да ги има кога станува збор за лекување на болести, состојби и ментални болести, но исто така може позитивно да влијае на функциите на мозокот кај постарите лица. Една студија направена на Универзитетот во Бон во Германија увиде како мали дози на ТХЦ влијаеле на мозокот кај глувци, кои биле млади, зрели и постари. Како што често се случува кај помладите луѓе почетници, ТХЦ малку и одредено време го инхибирала умот кај младите глувци. Но, со воведувањето на THC, двете постари групи глувци покажаа подобри резултати на когнитивните тестови во споредба со помладите глувци на кои исто им беше воведено THC. Пред воведувањето на THC, постарите генерации на глувци извршија значително полоши тестови. 
Следниот чекор е да видиме како нашиот внатрешен канабиоид (ендоканабиноид) реагира на ТХЦ и како тој може да помогне да се ре-стимулира мозокот, рече водечкиот истражувач на студијата, Андреас Цимер (Andreas Zimmer). „Идејата е дека, кога животните стареат, слично како кај луѓето, активноста на ендогениот канабиноиден систем се намалува - и тоа се совпаѓа со знаците на стареење на мозокот“ - рече Цимер. „Значи, си помисливме: ,Што ако го стимулираме системот преку снабдување на [канали за надворешно производство] канабиноиди?‘Бидејќи канабисот не се смета за класа А или опасен лек во Германија, истражувачите добиваат средства од Владата за да го тестираат ефектот на ТХЦ врз луѓето.



Зошто постарите започнуваат да користат медицинска марихуана?

Трендот кај постарите кои користат медицинска марихуана значително се зголемува. Од 2006 до 2013 година употребата на канабис кај постарите се зголеми за 250 проценти. Разговаравме за многу причини зошто медицинската марихуана може да биде од корист за постарите, поради нивното здравје. Но, ајде да погледнеме уште неколку причини зошто постарите користат медицинска марихуана:

· Тоа е побезбедно и поекономично: Како што дискутиравме во претходните делови, медицинската марихуана често е побезбедна алтернатива од многу лекови на рецепт како опиоиди и антипсихотици и има многу помалку сериозни несакани ефекти, бидејќи не е летална и не предизвикува зависност и не може фатално да се предозира. Исто така, може да биде и поекономична, особено доколку си ја одгледувате сами. Постар човек во просек троши околу 3.000 долари годишно само на лекови на рецепт. Спротивно на тоа едно лице троши - околу 650 долари за медицинска марихуана годишно - дефинитивно поисплатлива и поздрава опција.

· Зошто да не се обидете? Некои постари лица имаат толку тешка болка и толку многу дијагнози и препишани лекови за истите, што лековите што ги користат и лековите на рецепт не можат секогаш да ги излечат, туку напротив можат уште повеќе да го нарушат нивното здравје. Значи се обраќаат по медицинска марихуана од очај и секогаш добиваат позитивни резултати, бидејќи тие пациенти освен страдањето - немаат што да изгубат ако пробаат канабис. Една постара жена по име Реба Гудман (Reba Goodman) ја достигна највисоката точка на болка во својата болест и таа престана да се спротивставува на марихуаната. „Тоа беше како да сум на седмо небо“ - рече таа за нејзиното олеснување на болката, истакнувајќи дека престанала да користи марихуана откако болката заминала, но дека лесно можела да ја земе повторно ако е потребно.

· Помага при спиење: Ефектот на канабисот индика е седативен и не само што полесно се заспива, туку полесно се постигнува цврст целовечерен сон. Некои постари лица откриле дека медицинската марихуана е изводлива алтернатива за апчиња за спиење, кои понекогаш не функционираат воопшто. Кери Стилес (Kerry Stiles), 78-годишен жител на старечки дом, вели дека става капки од канабис под јазик пред да заспие и му помагаат полесно да заспие. Истото важи и за 95-годишната Алис (Alice), која имала несоница пред да почне да користи медицинска марихуана.

Рик Симпсон и неговото масло од канабис - РСО
Како да консумирате медицинска марихуана?

Во зависност од вашите медицински потреби, но и преференции, буџет и физички способности, може да претпочитате еден метод пред друг, но и да ги комбинирате. Ајде да погледнеме некои начини на кои може да консумирате медицинска марихуана:    

· Пушење: Пушењето марихуана обезбедува некое од најпознатите инстант олеснувања кога станува збор за извлекување на медицинските придобивки од растението, особено кога се работи за стрес, болка, напад и сл. Постојат неколку начини за пушење на марихуана, преку помало рачно луле или уред, воден бонг или во форма на цигара, свиткана во ризла. Пушењето е обично најевтината и најбрзата опција, исто така, имајќи предвид дека треба само да имате еден уред за пушење како пајпче или евтини хартиени ливчиња за ролање - ризли.

· Јадење: Медицинска марихуана може да се внесе и преку храна и пијалаци за да се олесни процесот на потрошувачка. Всушност, извлечениот екстракт од марихуаната, може да се меша со онаа храна или пијалак што го сакате, но може да се употреби и декарбоксилирана марихуана како зачин или главна состојка во некои јадења. Конзумирањето на марихуана преку храна обично одзема подолго време за ефектот да стапи на сила. Па, дури и мало зголемување на дозата може да има масивни ефекти врз тоа како се чувствувате, затоа внимавајте со само-дозирањето, но и не плашете се бидејќи до сега од канабис никој не умрел. Форбс објави дека повеќе од 180 милиони долари храна и пијалаци со марихуана биле продадени само во Калифорнија во 2016 година. Канабисот може да се консумира и фо форма на смуди - суров цеден канабис.

· Надворешно: нанесете го на вашата кожа: Тематски третмани со канабис како лосиони, мелеми, масти и креми можат да помогнат да се ослободите од болки како што се болка во мускулите и артритис, но и со секакви проблеми со кожата. Бидејќи тие се применуваат преку кожата, тематски не ви даваат „high“ чувство, често поврзано со почетната употреба на канабисот.

· Испарување: Слично на пушењето, консумирањето на канабисот преку испарување во форма на пареа, (наместо чад) обезбедува повеќе инстантни резултати. За овој метод, ставате мала количина канабис во машина наречена „испарувач“ (вапоризатор), која го загрева канабисот до пареа која не е толку жешка како чадот, но сепак е доволно жешка за да ги извади и даде медицинските придобивки на корисникот. Уредите што се користат за овој вид инхалација, обично се многу поскапи од оние за пушење, но пареата вообичаено е помалку груба за вашите бели дробови.

· Капки: Користењето на капки или спрејови може да ви помогне да ја контролирате дозата што ја земате. Вие ги ставате на јазикот, дозволувајќи им на плунката и ткивата од усната шуплина да го апсорбираат THC-то. Иако не е исто како пушењето или испарувањето, користењето на спрејови е поекономично, особено ако ви требаат помали дози.

· Земање во форма на пилули/капсули или супозитории/вагиналети: Тоа е една од најпознатите лесни опции и за домашна подготовка особено кога треба да внесувате поголеми дози од екстрактот. Капсулите се одлични за оние кои не го сакаат вкусот на канабисот. Постојат супозитории и други канабиноидни лекови кои се одобрени од ФДА и помагаат во олеснувањето на симптомите како гадење и повраќање.



Не чекајте легализација! Сами пораснете си го лекот!
Каде е легална медицинската марихуана?

Иако марихуаната и нејзините медицински способности сè уште се забранети и се сметаат за дрога од класа А на федерално ниво, на индивидуалните американски држави им е дадено правото да ја легализираат марихуаната, како на медицинска, така и на рекреативна скала. Од октомври 2017 година, 29 од 50 држави ја одобрија медицинската марихуана:

·         Алјаска
·         Аризона
·         Арканзас
·         Калифорнија
·         Колорадо
·         Конектикат
·         Делавер
·         Флорида
·         Хаваи
·         Илиноис
·         Мејн
·         Мериленд
·         Масачусетс
·         Мишиген
·         Минесота
·         Монтана
·         Невада
·         Њу Хемпшир
·         Њу Џерси
·         Ново Мексико
·         Њујорк
·         Северна Дакота
·         Охајо
·         Орегон
·         Пенсилванија
·         Род Ајленд
·         Вермонт
·         Вашингтон
·         Западна Вирџинија
·         Вашингтон Д.Ц.

Државите имаат различни закони за тоа колку ви е дозволено да поседувате за лична употреба, колку ви е дозволено да одгледувате и за тоа кои дијагнози и состојби се признаваат како излечиви со канабис. За да дознаете повеќе информации за законите за медицинска марихуана во американските држави, посетете ја веб-страницата на Националната конференција на државните закони (National Conference of State Legislatures).


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Канабиноидот Канабидиол - ЦБД безбедно и брзо лекува артритис

Состојките од канабисот претставуваат природен и безбеден лек против Алцхајмер

Мерки на претпазливост кога земате фармацевтски лекови и масло од канабис

Синтетички канабиноиди за редукција на остеоартритис

Дознајте како и зошто конопот станал нелегален? Малку историски факти за канабисот

Инструкции за дозирање канабисово масло кај пациенти оштетени од хемотерапија и радијација

Редовните мали дози THC може да ја вратат меморијата!


Новинар: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Aging

No comments:

Post a Comment