Се проценува дека над милион луѓе во Велика Британија се потпираат на медицинска марихуана за олеснување на болката. Во еден приградски дом, во необичен модерен станбен имот во Бирмингам, 42-годишниот инвеститор на имоти, Сатнам Бенс (Satnam Bains), тивко ги дестилира литрите од сопственото масло од канабис во импровизирана гаражна лабораторија кое го подарува на смртно болните лица
Бенс почна да го води својот бизнис и научи како се прави масло откако на неговиот помал брат, минатата година, му беше дијагностициран редок вид на рак на бубрезите. „Дојде од никаде. Тој имаше само 32 години и беше високостручен градежен инженер“ - рече Сатнам. „Немаше многу што лекарите би можеле да направат за разлика од тоа што ќе го испратат дома со пеколен лек и морфиум кој мораше да се администрира за хроничната болка“ - додава тој.
Неколку недели подоцна, еден пријател го спомна маслото од канабис, а Сатнам му даде 1 грам од лекот за 50 фунти од дилер на улица. „Мојот брат беше на морфиум околу шест недели, кога јас ставив една мала капка масло во топло млеко и целосно го трансформирав“ - истакнува тој. „Во рок од еден час тој беше исправен во својот кревет и изгледаше жив“ - саклучува Бенс.
Бенс е еден од стотиците обични луѓе кои формираат подземни мрежи за размена на совети и упатства за тоа како да се направи и добие масло од канабис за медицински цели. Иако Велика Британија е најголемиот извозник на медицински канабис во светот, останува нелегално за лекот да се одгледува дома или да се снабдува за олеснување на симптомите на хронични болести кои се движат од рак до ХИВ. Се проценува дека повеќе од еден милиони луѓе во Велика Британија се потпираат на медицинската марихуана за олеснување на болката или како дел од палијативната грижа за хронични болести, но оние што имаат потреба моментално ризикуваат затворска казна ако се свртат кон црниот пазар на интернет или купуваат од улични дилери на дрога.
Но, диспаритетот помеѓу извозот на лекови од канабис во Велика Британија и неговите сопствени закони, сè уште е во центарот на вниманието откако серијата случаи со висок профил придонесоа за промена на јавното мислење и на крајот, владина политика. Несреќникот со епилепсија, малиот Били Колдвел, чија употреба на масло од канабис му помогна да ја намали фреквенцијата на неговите живото-загрозувачки епилептични конвулзивни напади, делумно го поттикнаа министерот за внатрешни работи, Саџид Џавид (Sajid Javid), да објави легислатива со која се дозволува маслото од канабис да биде препишано од лекарите.
Во меѓувреме, Бенс е на мисија да го направи и дистрибуира скапоценото масло бесплатно и покрај максималната затворска казна од 14 години ако биде фатен од страна на полицијата. Тој вели дека бил инспириран од промената што ја видел кај неговиот брат: „Во текот на неделите (откако почна да зема масло од канабис) му помогна повторно да го врати апетитот, бидејќи морфиумот го натера да се чувствува гладен, но и да не може да јаде“. Во рок од осум месеци тој ја зголемил дозата на 10 капки дневно до тој степен што морфиумот повеќе не бил потребен. „Тоа беше ништо помалку од чудо и си помислив: Морам да научам како да го правам ова самиот, бидејќи бев уморен од одење по дилери на дрога“ Седејќи во неговата гаража, во куќата што ја дели со своите родители, Бенс рече дека разговарал со еден локален дилер кој му рекол дека направил масло за неговата мајка која имала Паркинсонова болест.
„Тој ме научи како да го направам тоа и во текот на повеќе месеци го усовршив процесот за да го извлечам маслото најдобро колку што можев“ - рече Бенс. „Бев во контакт со нелегални домашни одгледувачи кои беа среќни да продаваат, па дури и ми ги даваа своите остатоци“ - додава тој. Марихуаната содржи преку 113 различни хемиски соединенија познати како канабиноиди. Најпознатите канабиноиди се THC (тетрахидроканабинол) и CBD (канабидиол). THC е одговорен за познатиот хај од канабисот, додека CBD помага да се балансираат ефектите на THC и да се обезбеди опсег на олеснување на симптомите и да се извлече целосниот медицински потенцијал од растението поради синергичниот ефект на сите активни состојки кои природно постојат во растението.
Во принцип, CBD се смета за целосно безбедна состојка. Студиите покажаа дека CBD е антиконвулзивен лек и постојат добри докази од клиничките испитувања дека фармацевтските препарати можат да ги третираат двете тешки форми на детска епилепсија, но ТХЦ треба да биде макар во трагови за препаратите да се најефикасни. Но, владата не се согласува целосно. Во коментарот објавен на нивната веб-страница, портпаролот на Агенцијата за регулација на медицината и здравствената заштита (MHRA) изјави: „Додека MHRA го дала своето мислење дека производите кои содржат канабидиол (CBD) што се користат за медицински цели се лекови, исто така, внимателно се разгледани потребите на поединци кои користат CBD производи за лекување или управување со симптомите на медицински состојби. Нашата примарна грижа е безбедноста на пациентот и сакаме да повториме дека поединците кои користат производи од канабидиол (CBD) за лекување или управување со симптомите на медицински состојби треба да разговараат за нивниот третман со нивниот лекар“.
Гледајќи тајно кон местото каде што неговиот татко седи во друга соба, Бенс го објасни макотрпниот и сложениот од прилика осум часовен процес од суровиот цвет од канабис, па сè до масло. „Моите родители не се многу среќни поради тоа што го правам, поради мирисот и затоа што се плашат дека ќе бидам фатен и испратен во затвор, но во исто време знаат дека тоа помогнало и на мојот брат. Тие само ме игнорираат и ме оставаат засега“ - вели Бенс. Процесот вклучува 2-3 перења на марихуаната во кофа исполнета со алкохолен растворувач (96%<), а потоа смесата внимателно се просејува и се цеди преку серија филтри за кафе, пред да се стави густата течност на шпорет за да испари алкохолот и за на самиот крај да се додадат неколку капки дестилирана вода. Бенс рече дека прави серија на секои неколку недели, со 600-800 гр марихуана што произведува околу 60 грама масло (цела Рик Симпсон терапија за 90 дена). Пациентите треба да започнат со мали дози (околу пола зрнце ориз) три пати на ден (на 8 часа) и постепено да ја дуплираат дозата на секои 4 дена, додека да стигнат до грам на ден (па и повеќе). Еден грам од маслото на улица во Британија вообичаено се продава до 70 фунти, а кај нас во Македонија од 30 до 80 евра за 1 мл.
„Јас го собирам во пластични шприцеви за орална употреба или мешам со маслиново масло за локална употреба“ - вели тој. „Јас немам пари од ова и секоја серија ме чини доста. Сè што сакам е да лекувам толку многу луѓе колку што можам и ги замолувам да се молат за мојот брат. Ако излекувам доволно луѓе, чувствувам дека Бог ќе го излекува и мојот брат. Успеав да стапам во контакт со многу корисници на масло на различни социјални медиумски платформи и им го давам на луѓето бесплатно или за номинална исплата“. Одгледувањето и снабдувањето со канабис, без разлика дали е за медицински цели, во Британија е нелегално со Закон за злоупотреба на дроги и носи максимална казна од 14 години затвор и парична казна.
Авинаш Тахрор (Avinash Tahroor) од добротворната организација Charity Release, рече: „Иако ретко се користат максималните казни, можно е да се добие затворска казна дури и ако нема финансиска корист за лицето кое го извршило прекршокот. Според овој драконски закон, илјадници пациенти се непотребно криминализирани секоја година за едноставно поседување или одгледување на лекот што им е неопходен“. Но, Бенс вели дека е подготвен да ги преземе промените и ризиците: „Ги знам ризиците што ги преземам, но сакам да мислам дека законот нема да биде толку груб за мене, бидејќи јас го правам тоа од вистински причини. Дури и да бев затворен, би рекле дека вреди, бидејќи знам дека им помогнав на многу луѓе“.
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
Новинар: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Huffingtonpost.co.uk
No comments:
Post a Comment