Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Кога станува збор за несвојствените воспалителни заболувања кај цревата (Inflammatory Bowel Disease - IBD), канабисот може да биде единственото природно решение, многу побезбедно и поефикасно од фармацевтските лекови
Научниците знаат дека марихуаната содржи повеќе од 100 состојки наречени канабиноиди, коишто имаат биолошки позитивен ефект врз телото на консументот. Канабисот веќе долго време се препишува како лек од страна на лекарите во некои земји и тоа за третирање на физички заболувања како артритис, епилепсија, рак, но и за ментални нарушувања како што е ПТСД, депресија или анксиозност. Сепак, улогата што марихуаната може да ја игра во медицината се` уште не е испрецизирана, иако потенцијалот што го има ова растение во подобрувањето на целокупната благосостојба на човекот (па дури и милениците) е веќе одамна добро позната. Канабисот се покажа и како лек за пациентите кои претрпеле трансплантација на органи - оваа билка им помага новиот орган да е полесно прифатен од страна на нивното тело. Недостатокот на истражувања во голем дел се должи на фактот што повеќето студии се фокусирани на незаконската употреба на марихуаната, а не на терапевтскиот потенцијал и поради тоа што канабисот во поголемиот дел од светот е класифициран како дрога бр. 1, што го прави научното истражување речиси и невозможно...
Во потрагата по одговори за потенцијалот што го има марихуаната врз здравјето на човекот, научниците дојдоа до интересни наоди. Кога станува збор за несвојствените воспалителни заболувања кај цревата (Inflammatory Bowel Disease - IBD), канабисот може да биде единственото природно решение, многу побезбедно и поефикасно од фармацевтските лекови. Имено, постојат два типа на IBD и тоа Улцерозен колитис и Кронова болест. Употребата на канабис како терапија според Д-р Џордан Тишлер (Jordan Tishler) кој своето образование го завршил на Харвард и е водечки експерт за канабис терапевтика во Масачусетс, канабисот е решението и е многу побезбеден и помалку штетен во споредба со другите лекови. Да појасниме дека споредните ефекти од канабист не се негативни ефекти. Тие вклучуваат сонливост или на пример зголемен апетит - а тоа се знаци дека телото се лекува - телото си кажува дека му требаат повеќе хранливи материи и сон за да се избори со болеста! Она што е најважно е дека споредните ефекти од канабисот не се летални (смртоносни) како кај фармацевтските лекови. Друга важна работа е што токму кај пациентите со гастроинтестинални нарушувања, споредниот ефект од марихуаната кој предизвикува зголемен апетит - е токму она што им е најпотребно!
'Подобро е да сум нелегално жив, отколку легално мртов'
„Постои изобилство од канабиноидни рецептори во гастроинтестиналниот ѕид, истовремено во имуните клетки и клетките од цревата. Канабисот е многу ефективен кај воспалителните заболувања во третирањето на двете истовремено - основната болест, како и нејзините симптоми. Несаканите последици се вистински, но можам да го избројам бројот на пациенти коишто не успеваат со канабис терапијата поради нетолеранција на споредните ефекти од една страна. Внимателното планирање на режимот, согласноста на пациентот, како и редовното следење, исто како и кај било кој друг лек, можат ефикасно да ги надминат овие потешкотии“ - истакнува Д-р Тишлер.
Ти благодариме д-р Рашна! Сите лекари да бидат како тебе :)
Д-р Тишлер и другите негови колеги, коишто препишуваат медицински канабис се ангажирани да го намалат влијанието што воспалителните болести на цревата го имаат врз секојдневниот живот на луѓето што страдаат од овие болести. Поради тоа што симптомите и степенот на болеста се различни кај секоја индивидуа, тој препорачува вариетет од подготовки и начини на употреба на канабисот. „Оралните подготовки (edibles) даваат многу подолга покриеност, додека за повремените симптоми јас обично преферирам вапоризиран цвет. За оние пациенти коишто имаат потреба од дополнителен третман, јас понекогаш комбинирам орален режим со вапоризирање туфки. Како и кај сите лекови, постојат ризици и придобивки од канабисот и целта е секогаш да се најде начинот и да се користи најмалата возможна доза за да се добие најдобриот резултат, со најмалку споредни ефекти“ - додава Д-р Тишлер. Тој исто така нагласи дека медицинскиот режим значително се разликува од рекреативниот и покрај тоа што секоја употреба на канабист е медицинска.
Д-р Рашна Пател (Rachna Patel) исто така е лиценциран лекар во Калифорнија и таа ја раководи нејзината сопствена клиника за медицинска марихуана. Позната како „Експерт за медицинска марихуана“ (The Medical Marijuana Expert) д-р Рашна третира IBD користејќи канабис со многу успех до сега. „Јас открив дека тој им помага на моите пациенти на повеќе начини. Тој им помага да се намалат стомачните грчеви, гадењето и тој исто така помага да се стимулира апетитот со оглед на тоа што пациентите коишто страдаат од IBD често имаат проблеми со губењето на тежината, па користењето на канабис може да помогне кај апетитот и контролата на тежината“ - истакнува таа.
Победи ги воспаленијата!
Најновото откритие кај истражувањата на Кроновата болест немамерно го поддржува канабисот не само како лек за симптомите, туку и како лек за болеста сама по себе. Студијата спроведена од страна на интернационален тим раководен од Case Western University School of Medicine, откри дека габите и бактериите вообичаено присутни во човечкото тело имаат нетипични интеракции во телата на пациентите со Кронова болест. Како надополнување на ова, со истражувањето на фекалната материја кај здравите индивидуи и лицата со Кронова болест во исто семејство, истражувачите откриле дека во споредба со здравите членови од семејството, лицата со Крон имале повисоки нивоа на два вида на бактерии и една габа, коишто заедно ја создаваат лигавата материја што го предизвикува воспалението во цревата.
Ова научно достигнување во комбинација со идентификувањето на антигабичното и антибактериското дејство на канабисот го има потенцијалот да создаде нови третмани и конечно и лек за Кроновата болест и другите видови на нетипични воспаленија на цревата. Со култивирањето на различни врсти на канабиноиди со овие својства, научниците се фокусирани на максимизирање на антигабичното (антифунгалното) и антибактериското дејство кај надворешната како и кај внатрешната употреба на оваа медицинска билка.
Како што е истакнато на официјалната Веб страница на Hemproject, група научници од болницата California Pacific Medical Center во Сан Франциско покажаа дека соединението добиено од марихуаната може да ги запре метастазите кај многу видови на агресивен рак, потенцијално менувајќи ја смртноста од оваа болест засекогаш. „Тоа ни одзеде околу 20 години истражувања за ова да се открие, но ние сме многу возбудени. Сакаме да започнеме со испитувања што е можно поскоро“ - истакна за The Huffington Post Д-р Пјер Деспрез (Pierre Desprez), еден од научниците кој стои зад откритието. The Daily Beast први го проследија со објава ова откритие, кое веќе ги претрпе двете видови на тестирања, како лабораториските, така и тестирањата врз животни и се чека дозвола за клинички испитувања врз луѓето.
Не само ТХЦ и не само ЦБД, туку сите канабиноиди во корелација меѓусебно си помагаат во убивањето на ракот!
Немаше да биде меѓу нас да не беше канабисот!
Д-р Деспрез кој е молекуларен биолог со децении го истражува генот ID-1 што го предизвикува ракот да се шири низ телото. Во меѓувреме, соработникот истражувач Д-р Шон МекАлистер (Sean McAllister) ги проучувал ефектите од Канабидиолот (Cannabidiol - CBD) - непсихоактивната состојка којашто ја има во различни концентрации во секоја билка од канабисот, без разлика на врстата. За среќа, оваа интелектуална двојка соработувала заедно при ова најново истражување. Научниците ги комбинирале клетките кои содржат високо ниво на гените ID-1 заедно со CBD во петриеви садови.
„Она што го откривме беше дека неговиот Канабидиол би можел суштински да го 'исклучи' ID-1“ - изјави Д-р Деспрез. Клетките запреле во ширењето и се вратиле во нормала. „Ние најверојатно не би го дознале ова самостојно“ - додаде тој. „Тоа е причината зошто соработката е од толку суштинско значење за научното откритие“ - заклучува Д-р Деспрез. Двајцата доктори први објавиле труд во врска со наодов во 2007 година. Од тогаш до сега нивниот тим покажа дека CBD функционира истовремено како во лабораторија, така и кај животните. И сега, тие откриле уште една добра вест! „Ние започнавме со истражување на ракот на дојка. Но, сега ние откривме дека Канабидиолот функционира кај многу видови на агресивен рак - на мозок, простата - било кој вид во кој овие високи нивоа на ID-1 се присутни“ - рече Д-р Деспрез.
Д-р Деспрез се надева дека клиничките испитувања ќе започнат веднаш. „Ние не најдовме никаква токсичност кај животните кои ги тестиравме и Канабидиолот веќе официјално се користи кај луѓето за разни други болести“ - рече тој. Навистина, оваа состојка се користи за ублажување на анксиозноста и гадењето и бидејќи таа е не-психоактивна и претставува докажан природен антидотум на ефектот на Тетрахидроканабинолот - ТХЦ, па затоа е потполно безбедна. Канабидиолот е веќе докажан природен лек за разни видови на епилепсија и дури и најтешките форми на епилепсија кај новороденчињата се третираат со ЦБД.
„Ние употребивме инјекции во тестирањето кај животните и исто така тестираме и со таблети. Но, вие никогаш не може да добиете доволно количество на Канабидиол за тој да биде ефективен само од пушењето“ - истакнува тој. Покрај тоа, тимот почна синтетизирање на соединението во лабораторија, наместо да го користат растението, во обид да го направат повеќе потентно. „Тоа е вообичаена практика. Но, за среќа тоа ќе не` држи настрана од сите пречки додека бараме одобрување“ - заклучува Д-р Деспрез.
ДОЗВОЛЕТЕ ИМ НА НАУЧНИЦИТЕ ЛЕГАЛНО ДА МОЖАТ ДА ВРШАТ ИСТРАЖУВАЊА ВРЗ МАРИХУАНАТА!!! Зарем на сите природни соединенија ние треба да направиме хемиски синтетички супститут во лабораторија под разни изговори?!? Само природниот канабис е потполно безбеден и само природните канабиноиди може да не` излечат од многу болести. Ниту еден изолиран канабиноид не може да се справи со болестите, затоа што му треба помошта од другите канабиноиди, а за синтетичките да не правиме ни муабет. Универзумот не згрешил кога го искреирал ова растение...
Лековита билка или уште повеќе фармацевтски дроги?
Медицинскиот канабис го има потенцијалот на природен начин и без несакани последици да им помогне на зависниците од опијати и други тешки синтетички дроги во борбата со нивната зависност, сугерира една нова научна студија
Прегледот на претходните истражувања откри рани докази дека марихуаната може да помогне во лекувањето на менталните здравствени проблеми како што се пост-трауматско стресно нарушување (Post Traumatic Stress Disorder - PTSD - ПТСД) и нарушувањата со злоупотреба на супстанции.
Истражувањето објавено во најновиот број на зборникот Clinical Psychology Review journal направи преглед на сите студии кои го вклучувале менталното здравје и марихуаната објавени од далечната 1960та година, откри дека многу од испитаниците ја замениле употребата на опијати со канабис. „Истражувањето сугерира дека луѓето може да го употребуваат канабисот како излезна дрога за да ја редуцираат употребата на супстанците коишто се потенцијално многу поштетни“ - изјави во едно соопштение главниот автор на студијата Зек Волш (Zach Walsh) психолог и истражувач на марихуаната од кампусот на Универзитетот од Британска Колумбија Оканаган (UBC’s Okanagan campus).
Пациентот Грег Милер (Greg Miller) е еден од тие среќници. Тој долго време се бореше со злоупотребата на дрога и алкохол откако по една трагична сообраќајна несреќа тој се здоби со хронична болка. Но, потоа тој својата зависност ја замени со медицинска марихуана и имаше успех исто така и во справувањето со неговата болка, без употреба на морфиум и алкохол. „Таа ми помага да ги контролирам моите проблеми со болката“ - истакна Милер за CTV Vancouver.
„Доколку канабисот ја намалува употребата на поштетна супстанца, тогаш тој е од корист за општеството“ - додава Волш.
Канабис = Здравје = Љубов! <3
Потенцијалниот јавен интерес може да биде можно решение за кризата со опитаји што доведе до смрт на стотици Канаѓани и илјадници други хоспитализирани. Канадскиот Министерот за здравство, Џејн Филпот (Jane Philpott) е домаќин на самитот во Отава на кој ќе се дискутира за можните решенија на опијатната криза. Додека Центарот за зависности и ментално здравје (Centre for Addiction and Mental Health - CAMH) веќе има сугерирано рестрикција во препишувањето на големи дози на опијати, Волш вели дека системот треба да понуди алтернатива. „Ние не можеме само да речеме опијати наспроти без опијати, ние мора да бидеме во можност да понудиме сочувствително решение за луѓето кои страдаат и за некои луѓе тоа изгледа како тука може да има улога за канабисот“ - заклучува таа.
Една неодамнешна канадска студија исто така потврди дека THC (тетрахидроканабинолот) ги прави лабораториските стаорци попаметни
Се запрашувате зошто корисниците на канабис се толку паметни и креативни? Научните наоди неодамна објавени во зборникот Frontiers in Pharmacology ја расчистија мистеријата еднаш засекогаш. Прелиминарните истражувања од страна на медицинските истражувачи од McLean Hospital, Harvard Medical School и Tufts University укажуваат дека користењето трева ги подобрува когнитивните перформанси! Когнитивниот перформанс е нашата способност да ги користиме знаењата стекнати од менталните процеси во мозокот. Со други зборови, извршување на задачи кои бараат процесирање на информации (размислување).
Научниците кои се занимаваат со однесувањето во своето истражување „Сјај во тревата? Пилот студија што го проценува влијанието на марихуаната врз извршната функција“ (Splendor in the Grass? A Pilot Study Assessing the Impact of Medical Marijuana on Executive Function) проследуваа 24 сертифицирани пациенти кои користат медицинска марихуана, во период од три месеци на користењето на овој природен лек. Испитаниците биле постојано надгледувани и им биле мерени когнитивните вештини преку разни тестови на интелигенција и предизвици кои ги вклучувале тестовите Trail Making Test, како и Stroop Color Word Test.
Д-р Стејси Грубер (Staci Gruber) директор на програмата „Истражувања врз марихуаната за невронаучното откритие“ (Marijuana Investigations for Neuroscientific Discovery - MIND) при болницата McLean Hospital - Harvard Medical School’s со нејзиниот извештај даде двојно позитивно мислење за канабисот. Третманот со трева доведе пациентите да се справат со мозочните тестови и загатки со невидена леснотија, брзина и точност. „По три месечен третман со марихуана, пациентите всушност даваа подобри резултати, од аспект на нивната способност за извршување на одредени когнитивни задачи, посебно оние со посредство на фронталниот кортекс“ - објаснува Грубер.
Учесниците во студијата, исто така, изјавиле подобрувања во нивните специфични клинички состојби, спиење и општото здравје, како и намалена потреба од употреба на конвенционалните лекови, особено опијати. „Видовме намалување за 42 отсто кај употребата на опијати. Ова е значајно, особено за оние од нас во Масачусетс и другите области на земјата каде што епидемијата со опијати убива толку многу. Ова прелиминарно откритие со сигурност бара подлабока и поширока истрага“ - додава таа.
За помалку од една недела, електоратот во пет американски држави (една од нив е Масачусестс) имаат можност да гласаат за легалниот марихуана клуб. Доколку само една од овие држави, Калифорнија на пример, изгласа легална употреба за возрасни, буквално милиони Амњериканци ќе добијат можност легално да користат марихуана, без страв дека ќе бидат прогонувани од полицијата и без да го имаат чувството дека според закон се криминалци.
Кој пробал - знае! Нам не ни се потребни додатни истражувања за да се докажува она што отсекогаш се знае дека е така. Да. Канабисот може да те направви попаметен и посреќен човек и да, луѓето ќе ја користат марихуаната. „Луѓето ќе ја користат. Наша задача е да ги дознаеме најдобрите и најбезбедните начини на кои тие можат да го прават тоа“ - заклучува Д-р Грубер.
П.С. Авторот беше напушен и пушеше канабис додека го пишуваше овој текст... :)
„Сè што треба да направите e внимателно да ги следите овие упатства и откако ќе го произведете овој лек неколку пати, ќе сфатите дека тоа не е многу потешко од правењето филџан кафе“ - вели Рик Симпсон
Ставете го почетниот материјал (туфките - цветовите од канабис) во длабока кофа за да спречите мешавината од растворувачот и состојките од канабисот, да се истураат и прскаат за време на процесот на миење на цветовите. Потоа, потопете и потиснете ги туфките со растворувачот. Цветовите добро раздробете ги со помош на дрво. Откако туфките се убаво издробени во кофата заедно со растворувачот, додадете уште растворувач се` додека туфките не се целосно нурнати во растворувачот. Ова правете го извесно време (неколку минути) со помош на дрвото (стапот). Потоа полека и внимателно истурете ја течноста (мешавината од масло и растворувач) во друг чист сад, оставајќи го почетниот материјал (туфките) во првиот сад, за да може да го измиете со растворувач уште еднаш. За да го сторите тоа, повторно додајте чист растворувач во првата кофа со почетниот материјал и повторете ја постапката - потопете ги туфките и гмечете ги со стапот 3-4 минути.
Потоа, претурете ја само течноста од второто миење на туфките во истиот (или во друг сад, доколку сакате маслото да е направено само од првото перење) сад во кој сте го претуриле растворувачот со маслото од првото миење. Не е погрешно туфките да ги измиете со растворувач и по трет пат, но според Рик Симпсон, обидот да го измиете почетниот материјал по трет пат, дава помалку масло и истото ќе биде послабо со многу помала медицинска вредност. Доколу одлучите да ги измиете и по трет пат, маслото кое ќе го добиете на овој начин исто така може да биде од голема корист и може да се користи за третирање на помали и понесериозни здравствени проблеми, како проблемите на кожата или лекувањето на домашните миленици или чисто за превенција од некои полесни здравствени нарушувања. Првото перење раствoра 75-80% од расположливите топченца со лековита смола од почетниот материјал. Второто перење потоа отстранува поголем дел од корисната смола што е останата. Маслата произведени од првото перење се најпотентни и имаат најголема медицинска вредност, меѓутоа доколку се користи квалитетна марихуана, екстрактите произведени и од второто перење, исто така имаат многу голема медицинска вредност.
Доколку поради некоја причина мора да правите масло од материјал којшто не е толку многу медицински активен како што треба, најдобро е да се употребува маслото направено од првото миење само за внатрешна употреба, само колку да се започне со канабис терапијата, а потоа вели Рик најдобро е да започнете да си ја растете соодветната врста или едноставно да побарате поквалитетен канабис за следната подготовка на масло. „Запомнете дека КВАЛИТЕТОТ Е ПОВАЖЕН ОД КВАНТИТЕТОТ и колку повеќе медицинска вредност поседува конечното масло, толку истото ќе функционира подобро како лек. Користете нешто како што се чисти контејнери за вода со мал отвор на врвот и вметнете ги инките во отворите, а потоа ставете хартиени филтери за кафе во инките“ - објаснува тој. Внимателно истурете ја мешавината од растворувач и екстракт од канабис од првото и второто перење низ инките со филтери за кафе и овозможете ѝ на смесата да се исцеди во садовите со цел да ги отстраните несаканите растителни остатоци од канабис.
Колку повеќе садови со инки користите, толку побрзо смесата ќе се прецеди. Откако мешавината е исфилтрирана, истата сега е подготвена за загревање со цел да евапорира (да испари) растворувачот. „Јас исто така треба да споменам дека доколку користите висококвалитетни туфки, откако миксот од растворувач и масло ќе биде исфилтриран, тој често наликува речиси исто како бензинот, а понекогаш може да изгледа дури и потемно. Запомнете дека растворувачот што сте го користеле бил проѕирен, па жолтата или потемната боја што ја добил растворувачот се должи на лековитите топчиња со смола коишто сега се растворени во него“ - додава Рик Симпсон. Доколку се` уше не поседувате еден, потребно е да си набавите просечен електричен уред за готвење ориз (или фритеза) со отворен врв којшто поседува подесување на топлината, за со соодветно вриење ефикасно да испари растворувачот од маслото. Но, бидете сигурни дека уредот за ориз е поставен во добро проветрена просторија со добра вентилација, а потоа ставете вентилатор во близина, за да ги раздувува издувните гасови што се ослободуваат од смесата како што растворувачот зоврива.
Ова ќе ги спречи издувните гасови од кондензација, што може да биде опасно. Електричните шпорети за готвење ориз (фритезите) се дизајнирани да не го горат оризот, додека тој врие. Па, сензорите за температура кои се вградени во овие уреди, автоматски ќе ја намалат температурата, доколку таа започне да станува превисока. Кога го произведувате маслото, доколку температурата се покачи малку над 300°F (148 °C), тоа ќе започне да ги испарува канабиноидите од маслото и се разбира, тоа не сакате да се случи. Доколку уредот за готвење ви е исправен, тој автоматски ќе го исклучи подесувањето на големата топлина на околу 210 до 230°F (100 до 110°C), што е над температурата за којашто повеќето луѓе велат дека се одвива декарбоксилацијата.
Оваа температура се` уште е далеку од точката во која THC и другите канабиноиди ќе евапорираат од маслото, коешто преостанува во фритезата. „Ова е причината зошто јас силно препорачувам употреба на уред за готвење ориз, за оние коишто никогаш до сега не произведувале масло, бидејќи ја елиминира секоја опасност од оштетување на маслото. Плус резултирачкото масло е декарбоксилирано, што исто така е важно, така што маслото може да го постигне својот полн медицински потенцијал. Сугерирам дека луѓето не би требало да се обидуваат да користат електрични тенџериња за бавно готвење од типот на Crock-Pot и слични апарати за подготовка на маслото. Кога јас прв пат се обидов да направам масло, јас употребив таков уред и бидејќи не знаев колку топлина овие уреди можат да генерираат, маслото беше прегреано и уништено“ - предупредува Рик.
Рик нагласува дека почетниците најдобро е да користат електричен уред за готвење ориз и да ги следат внимателно неговите инструкции. Пожелно е исто така да си набавите индустриски топломер кој мери високи температури. Доколку внимателно ги следите советите на Рик, помалку е веројатно да го утнете маслото и ќе правите помалку грешки, односно многу брзо ќе научите како правилно се подготвува истото. Исто така, Рик вели дека може да се употреби и уред за дестилирање за производство на овој природен лек, како и за враќање на растворувачот што е употребен. „Овој начин навистина има повеќе смисла отколку употребата на електрично тенџере за ориз. Но, уредите за дестилирање коишто се дизајнирани за безбедно испарување на растворувачите се скапи и повеќето од луѓето не знаат како правилно да ракуваат со овие апарати. Доколку имате некој ваков на располагање, јас преферирам да се користи дестилатор, но во некои држави, поседувањето на ваков уред е противзаконско. Доколку некој е сериозен и сака да произведе големи количества масло, нека се едуцира за дестилирањето и за правилната употреба на оваа опрема“ - вели тој.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОТО НЕКОЛКУ ПАТИ!!!
Секогаш бидете сигурни дека не постојат искри, отворен пламен или црвени вжештени елементи во оваа област, додека го полните електричното тенџере за ориз или додека го вриете растворувачот за да испари, бидејќи гасовите произведени од растворувачите се многу запаливи и доста токсични. „Јас го користев истиов процес стотици пати и никогаш не сум имал несреќа, но за ваша безбедност, ве замолувам да ги следите инструкциите и да бидете сигурни дека местото е добро проветрено. Јас исто така, предупредувам да се избегнува вдишување на гасовите кои се ослободуваат од растворувачите, бидејќи тие може да имаат непријатни последици врз секој во близина. Исто така е важно да се напомене дека протокот на воздух од вентилаторот, треба да биде насочен кон дното на шпоретот за ориз (фритезата), бидејќи гасовите од растворувачот често може да се акумулираат таму. Ако погледнете на дното на тенџерето за ориз, ќе најдете еден или два мали отвори и доколку гасовите од растворувачот навлезат во овие отвори тоа може да предизвика пожар“ - објаснува Рик.
„Па, јас открив дека со насочување на протокот на воздух од вентилаторот приближно во центарот на уредот за готвење, протокот на воздух се` уште ќе ги носи далеку гасовите од врвот на тенџерето, а исто така ќе се спречи овие гасови да се акумулираат под тенџерето во исто време. Бидете сигурни дека вентилаторот работи и произведува доволно воздушно струење за да ги раздува гасовите и ако користите вентилатор со повеќе брзини веројатно ќе откриете дека поставувањето на помала брзина ќе ја постигне оваа задача. Потоа наполнете го електричниот уред за готвење ориз, додека тој е околу три четвртини полн со мешавината од растворувач и масло, ова овозможува простор за мешавината да се вари без да прска надвор. Поставете го уредот за готвење на висока температура, а потоа започнете да го извривате растворувачот од смесата. Никогаш не се обидувајте да го направите тоа без употреба на вентилатор, поради тоа што гасовите од растворувачот може да се акумулираат и ако тие дојдат во контакт со грејните елементи од шпоретчето, тоа може да предизвика овие гасови да се запалат“ - додава тој.
Како што нивото на смесата во електирчниот готвач се намалува, продолжете внимателно да додавате од мешавината што ви преостанува, се` додека не преостане ништо. Кога нивото на мешавината во електирчниот уред за говење ориз ќе се намали за последен пат се` додека не дојде до ниво од два инча (5 см) додадете околу 10-12 капки вода во смесата што врие во електричното тенџере (фритезата). Оваа мала количина на вода овозможува преостанатиот растворувач да испари од маслото што преостанува во тенџерето полесно и тоа исто така помага во чистењето на маслото од остатоците на растворувачот, како што испарува крајниот остаток од растворувачот во мешавината.
Потребен е 99% изопропил, но бидејќи тешко се наоѓа, нема да погрешите и
доколку употребите 96% етанол, најдобро замрзнат на -5 степени кога ќе
се пере материјалот (туфките) во него. Не е толку важен
растворувачот, колку што е битна декарбоксилацијата. Во однос на
следењето на температурата - додека алкохолот врие, тој не може да качи
температура повисока од 80 степени, затоа што на таа температура
алкохолот испарува. Откако количеството на алкохол прилично ќе се намали
во растворот, ќе започне и да се зголемува неговата температура.
Температурата не смее да надмине 140 степени Целзиусови. За следење на
температурата потребен е индустриски термометар (го има и во нашите
продавници со алати и опрема).
„Кога има многу мало количество преостанато во уредот, јас вообичаено ставам пар ракавици и потоа го земам уредот и започнувам да ја мешам неговата содржина. Ова е направено со проток на воздух од вентилаторот што се` уште ги отстранува гасовите и тоа може малку да го забрза крајниот процес. Како што топлината во уредот се зголемува, тој автоматски ќе се префрли од поставување на висока топлина на неговото поставување на ниска температура, што превенира маслото во него да се прегрее. Како што остатокот од растворувачот е целосно испарен, ќе слушнете чкриплив звук од маслото што е останато во уредот и ќе видите доста меурчиња во маслото кое преостанува. Исто така, ќе видите нешто што изгледа како мало количество на чад што доаѓа од маслото во тенџерето, но не бидете загрижени, затоа што тоа најчесто е пареата произведена од неколкуте капки вода што сте ги додале“ - објаснува Рик Симпсон.
„Откако уредот за готвење автоматски ќе се префрли на неговото ниско поставување на топлината, јас вообичаено оставам да се олади додека тој може повторно да биде префрлен на поставување на висока топлина. Откако уредот за готвење автоматски ќе се префрли на поставување на ниска температура по втор пат, јас тогаш го вадам внатрешното тенџере надвор од уредот и ја претурам содржината во чашка за мерење од не`рѓосувачки челик. Открив дека некои врсти канабис може да произведат масло, коешто всушност е готово и спремно за употреба откако уредот за готвење се префрлил на ниска температура по втор пат, но во повеќето случаи најдобро е да се заврши маслото правилно. Ќе има мало количество на масло преостанато во тенџерето што ќе видите дека е всушност невозможно за отстранување, освен ако не употребите нешто како сув леб за да го апсорбира маслото додека се` уште е топло. Потоа, мали количества на тој леб може да бидат јадени како лек, но запомнете понекогаш може да требаат час или повеќе пред да ги почувствувате неговите ефекти“ - додава тој.
Па, бидете внимателни околу тоа колку ваков леб ќе консумирате, затоа што дури и многу мало количество може да ве успие за неколку часа, исто како и суровото масло. Друг добар начин како да се исчистат остатоците од масло во тенџерето е истото да се измие со мало количество на алкохол што ќе го апсорбира маслото, а вам тоа ќе ви даде тинктура со канабисово масло, која ќе варира со својата медицинска вредност, зависно од тоа колку масло содржи алкохолот што сте го употребиле. Тинктурата како оваа може да биде многу ефикасна за лекувањето на кожните заболувања, а само мало количество може долго да ви користи, што може да ви заштеди многу пари. „Откако јас често сакав да мешам масла од неколку врсти како и да е, јас вообичаено го оставам преостанатото масло во тенџерето до следниот пат кога треба да правам масло. Покрај тоа, за оние кои пушат цигари и би сакале да видат колку многу од неговите штетни ефекти се отстранети, тогаш производството на она што јас го нарекувам ‚среќни цигари‘ треба да ги задоволи нивните потреби. Се` што треба да направите е да загреете мало количество тутун во уредот за готвење ориз за да се апсорбираат остатоците од масло, а потоа ќе имате супстанца којашто ќе биде многу помалку штетна и ќе ве расположува кога пушите“ - нагласува Рик.
„Со мешање на масла од различни врсти, ќе ги добиете медицинските придобивки од сите овие различни типови на масла и јас открив дека таквите масла се ефективни во лекувањето на скоро се`. Ако имате многу различни видови на добри цветови на канабис на располагање, мислам дека мешањето на маслата од различните Индика врсти е многу добра идеја, но доколку немате, често маслото од само една врста најверојатно ќе ги задоволи твоите потреби“ - вели Рик. Земете го маслото што сте го претуриле во чашката за мерење од не`рѓосувачки челик и ставете ја на уред кој нежно грее, како што е уредот за греење кафе за да евапорира надвор она што преостанало од капките вода во маслото. Мошне често, потребно е само малку време за да испари преостанатата вода, но исто така некои врсти произведуваат повеќе природни терпини и флавноиди отколку други. Овие терпини и флавоноиди може да предизвикаат маслото коешто сега го имате на грејачот за кафе да клокоти доста извесно време и може да потрае некое време за ваквите масла да престанат со оваа активност. Кога маслото на грејачот за кафе има мала или повеќе нема видлива активност со меурчиња, тргнете го маслото од грејачот и овозможете да се олади малку, по што ќе може да се префрли во пластични шприцеви за употреба.
Друг начин да се заврши маслото без да се употребува грејач за кафе, е да се стави маслото во релна поставена на 120°C (250°F) на околу 30 минути до еден час. Двата овие начини функционираат многу добро за да го доведат маслото во краен стадиум. Потоа со користење на пластични апликатори или шприцеви без игли достапни во аптеките, полека извлекувајте го топлото масло нагоре со шприцовите, а потоа оставете го да се олади. Како што маслото се стабилизира и доаѓа до собна температура, смолата или маслото што содржи лековити канабиноиди, ќе стане како супстанца во вид на густа маст, којашто потоа е веќе готова да биде употребена како лек. Понекогаш смолата е толку густа што може да биде тешко да се извади од шприцот, откако ќе се олади. Доколку нешто вакво ви се случи, едноставно ставете го шприцот во чаша со топла вода, а потоа по катко време ќе бидете во можност полесно и прецизно да ја истиснете својата доза од шприцот.
Постојат моменти кога пациентот ќе извади премногу масло од шприцот, но доколку ова се случи, само вратете го назад со помош на шприцот, без поголема тешкотија. Во просек, пола кило сув канабис ќе бара околу 2 галони (8-9 литри) растворувач за да се спроведат двете миења кои се потребни, а од 10 гр квалитетен канабис добивате во просек 1 мл екстракт. Ако планирате да произведувате масло од повеќе или помалку почетен материјал (канабис), едноставно направете ја математиката за приближно да утврдите колку растворувач ќе ви биде потребно. Од почетокот до крајот обично процесот трае три до четири часа за да се заврши целосно, а потоа го имате лекот покрај себе готов за употреба! „Исто така, треба да се напомене дека ова масло има исклучително долг рок на траење. Но, за долгорочно чување, јас би го ставил во темно шише со цврст капак или сад од не`рѓосувачки челик. Ако се чува на ладно и темно место, може да ја задржи својата лековита моќ за голем број на години. Од прва, тоа може да изгледа застрашувачки за некој да се обиде да го произведе својот сопствен лек, но во реалноста, овој процес е екстремно едноставен“ - заклучува Рик Симпсон.
Фотографиите се преземени од Зелена Алтернатива: На првата слика има 3 мл од 3 различни масла: светлото лево е од пет индики (La conf. Northern lights, Cream caramel, Uk cheese и Purple bud), тоа во средина е од Kush и тоа десно е од непозната Индика. На втората слика белиот прашок е 100% CBD се додава заради намалување на сајдефектите од огромната доза. На третата слика се додава масло од темјан поради тоа што и темјанот има анти канцерогени својства и одлично работи во комбинација со масло од канабис. На четвртата слика се додава стопен путер од какао. На петтата слика смесата е готова. На шестата се полнат супозиториите. Пациентот имаше прогноза дека ќе живее уште еден месец, а прогнозата беше дадена пред две години :)
Зголемете ја PH вредноста на пациентот што е можно побрзо, затоа што ракот сака кисела средина и кога ќе ја зголемите PH вредноста (киселоста) на организмот на пациентот, тоа им прави на клетките на ракот многу потешки услови за развој и преживување или пак, ширење во другите делови од телото
Канабисот се јаде!
„Кога пациентите доаѓаа кај мене по масло за да го лекуваат нивниот рак, првото нешто што им го велев беше да го променат нивниот начин на исхрана. Потрудете се да се држите настрана од протеините од животинско потекло колку што е можно повеќе, затоа што животинските протеини може да го поттикнат развојот на ракот. Набавете си соковник (блендер) и започнете да јадете колку што е можно повеќе сурови овошја и зеленчуци, бидејќи растителните протеини се борат со развојот на ракот. Престанете да користите шеќер и заменете ја неговата употреба со природни засладувачи како суровиот мед“ - нагласува Рик Симпсон на страницата Phoenixtears.ca.
Повисока PH вредност е еднаква на намалена киселост! Зголемете ја PH вредноста на пациентот што е можно побрзо, затоа што ракот сака кисела средина и кога ќе ја зголемите PH вредноста (ќе ја намалите киселоста) на организмот на пациентот, тоа им прави на клетките на ракот многу потешки услови за развој и преживување или пак, ширење во другите делови од телото. Постојат многу едноставни нешта коишто можат да помогнат да се зголеми нивото на PH вредноста на телото на пациентот. „Јас открив дека сокот од лимон, лубеница и дури сода бикарбона, кога се помешани со вода можат да го зголемат PH нивото на пациентот доста брзо“ - додава Рик. Исто така, започнете да јадете семки од две или три јаболка секој ден, ова ќе ви даде добра дневна доза од витаминот Б17, исто така познат како Laetrile (amygdalin). Б17 веќе има доста научни резултати во лекувањето на ракот, но има и други природни нешта, како што е тревата од пченица, кои исто така може да ви бидат од голема корист.
Доколку сакате брзо да се излечите, најдобро е да започнете здраво да живеете, да престанете со штетните навики, да вметнете нови здрави навики во секојдневието, но и да се придржувате до Протоколот на Рик Симпсон! „Многумина кои го користелле маслото од канабис за да го излечат својот рак не промениле ништо во начинот на живот и животните навики, а маслото сепак функционирало со својата „магија“ и тие биле излечени. Но, доколку имате сериозна здравствена состојба како што е канцерот, јас мислам дека добра идеја е да земате и други природни нешта коишто можат да му помогнат на маслото да го искорени ракот исто така, а со тоа да имате поголема шанса да преживеете. Но, најважната работа од се` е дека луѓето треба да разберат дека во најголем дел она што медицинскиот систем го обезбедува, прави многу повеќе штета отколку добро. Тоа е причината што јас им ја кажувам на луѓето кои ме контактираат, доколку тие сакаат да преживеат, најдобро е да се држат што подалеку можат од медицинскиот систем. Тоа е тажната состојба на работите, медицински систем што го имаме денес и тоа нема да се промени се` додека луѓето кои работат во системот, конечно не сфатат дека хемикалиите и отровите не лекуваат“ - објаснува тој.
„Колку што знам повеќето од лекарската пракса денес е лудило и не претставува медицина и мислам дека крајно време е тие да се освестат и да започнат да ја практикуваат нивната професија правилно. Практикувањето на медицината е базирано врз основа на Хипократовата заклетва, со која докторите се заколкуваат и треба да ја следат и оваа заклетва отворено потврдува, ПРВО ДА НЕ СЕ НАШТЕТУВА и како лекар ЈАС НЕМА ДА ДАВАМ ОТРОВ. Па, тоа е токму она што повеќето доктори од денешно време мислат дека прават и зошто толку голем број од нив одбиваат да ја следат сопствената света заклетва? Јас мислам дека одговорот на ова стана сосема јасен на многу од нас и ако оние кои ја практикуваат медицината нема да ја следат сопствената света заклетва, тогаш тие всушност немаат право ни да се нарекуваат себеси доктори“ - заклучува Рик Симпсон. Зарем сметате поинаку?
Бидете свесни кога се започнува терапија со канабисово масло дека истата може да го намали вашиот крвен притисок, па ако во моментот земате лекови за крвен притисок, многу е веројатно дека наскоро повеќе нема да имате потреба од нивната употреба
Често пати пациентите ќе се обидат да продолжат со употребата на нивните лекови за крвен притисок, но ако тие се земаат заедно со маслото, тогаш нивниот комбиниран ефект може да доведе до намалување на крвниот притисок на пациентот до непријатни нивоа. Добра идеја за оние кои започнуваат третман со маслото од канабис, да започнат исто така и со редовно проверување на нивниот крвен притисок и потоа да го намалуваат внесувањето на фармацевтските лекови за крвен притисок, како што нивните нивоа на крвен притисок се намалуваат, т.е. нормализираат.
„Во случај кога пациентот веќе страда од низок крвен притисок, сум имал извештаи од луѓе кои ја имаат оваа здравствена состојба и тие изјавуваа дека со едноставно пиење малку вода кога тие ќе започнеле да се чувствуваат непријатно, им помагало до некој степен. Оние кои имаат низок крвен притисок, во некои случаи може да откријат дека е потребно да се внесуваат уште помали дози од овој лек и да се зголемуваат нивните дози соодветно. Но, бидејќи овој лек навистина не претставува опасност, мислам дека нивните тела ќе се прилагодат на ефектите од маслата за кратко време, по што тие треба да искусат мала или никаква потешкотија при неговата употреба“ - објаснува Рик Симпсон на неговата официјална Веб страница Phoenixtears.ca.
Фармацевтските лекови најчесто се летални
Дијабетичарите кои ќе започнат со канабис терапија треба да бидат свесни дека тие обично ќе откријат дека нивната потреба за инсулин ќе се намали и таа дури може да се намали до точка каде што пациентите повеќе нема да имаат потреба од неговата употреба воопшто, а истото важи и за повеќето други фармацевтски (синтетички) лекови исто така. Дијабетичарите се дијагностицирани со дијабетес тип 1 или тип 2 и без оглед на тоа од каков тип страдате, од голема корист е да го користите ова масло бидејќи не само што ќе се намали вашата потреба за инсулин, екстрактот исто така, ќе го заштити вашето тело од сите други штетни последици што оваа болест може да ги предизвика.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УПОТРЕБАТА НА ОПАСНИТЕ ЛЕКОВИ ПРОТИВ БОЛКИ ШТО СОЗДАВААТ ЗАВИСНОСТ!
Едно растение може да замени многу хемикалии
„Единствен случај кога јас би им препорачал на луѓето да започнат со поголеми дози е доколку нивниот живот е во вистинска опасност или пак, за да им се прекинат опасните лекови за болки што создаваат зависност, обезбедени од страна на медицинскиот систем“ - додава Рик. Кога пациентите ќе започнат со третманот со масло од канабис и тие ги користеле овие лекови што создаваат зависност (а предозирањата најчесто се летални) за ублажување на болките, пациентите обично ги намалуваат своите лекови за болки на половина и тие исто така, најверојатно ќе откријат дека тие веќе нема да имаат потреба од користењето на повеќето други фармацевтски лекови.
Многу од опасните лекови за болка како хидро морфиумот, предизвикуваат многу голема зависност по природа и пациентите ќе имаат тежок период на одвикнување од нив пред да престанат со нивната употреба, поради симптомите на одвикнувањето (кризите) од кои тие ќе страдаат поради овие легални дроги, затоа што тие станале тешко зависни од овие супстанции. Маслото (НУЛА смртни случаи до сега) ќе им овозможи на пациентите кои го консумираат да страдаат многу помалку од симптомите на повлекување од лековите што тие ги користеле и тоа обично може да го замени користењето на овие опасни лекови за 2 до 3 недели, откако пациентот започнал да користи масло и често е потребно дури и помалку време. Целта е да се внесе доволно масло за да се намали болката и за да му се помогне на пациентот да престане со користењето овие опасни лекови што е можно побрзо.
Во најголем дел, фармацевтските лекови се малку повеќе од токсични материи во секој случај и откако пациентот ќе започне со внесување на маслото, често пати присуството на овие токсични лекови, може да започне да им причинува стомачни потешкотии. Ова е предизвикано затоа што маслото ги препознава овие хемикалии и отрови, односно екстрактот од канабис препознава дека тие претставуваат вистинска опасност за организмот и буквално кажано, маслото сака да ги избрка од телото на пациентот. Веднаш штом пациентите ќе престане со внесување на овие т.н. „лекови“, нивните стомачни проблеми едноставно ќе исчезнат и во повеќето случаи тие ќе осознаат дека единствениот лек што навистина им треба е маслото.
Кажете им НЕ на апчињата!
За оние кои страдаат од рак во терминална фаза, маслото или ќе го излечи нивниот рак или во случаите кога е веќе премногу доцна за да се влијае на исцелувањето, маслото ќе им овозможи да искусат малку или воопшто да немаат болки и барем тогаш тие ќе може да заминат од овој свет со достоинство, т.е. на достоинствен начин. „Дури и ако на пациентот му е дадено само малку време да живее од страна на лекарите, не размислувајте за нивната ситуација како безнадежна, бидејќи многу често маслото се` уште е во можност да ги врати во состојба на добро здравје. Доколку ракот не може да се искорени со употребата на ова масло, не е невообичаено за пациентот да проживее многу месеци подолго од очекуваното и за тоа дополнително време, што маслото им го дава, тие често може да искусат многу добар квалитет на животот“ - заклучува Рик Симпсон. Хемотерапијата го скратува животот и го убива ракот заедно со пациентот. Канабисот го продолжува животот, а го убива само ракот!
Со мало оправдано задоцнување, ставот на здружението Зелена Алтернатива, искажано од страна на членот Давор Ангеловски за обуката на докторите која се одржа пред две недели е следен:
„Од 14-16 Септември оваа година се одржа стручната обука на македонските доктори на полето на медицинската употреба на канабисот, која беше дел и од симпозиумот за вториот роденден на МАЛМЕД (Македонска агенција за лекови и медицински средства). Оваа едукација беше организирана преку официјална соработка на Граѓанското здружение „Зелена Алтернатива“, МАЛМЕД и Министерството за здравство. Целта на оваа едукација беше запознавање на македонската медицинска стручна фела за примената на канабисот во медицината, индикациските подрачја, начинот на дозирање и лекување, како и најновите сознанија за користењето на канабисот во лекувањето на болести и состојби кои се` уште не се опфатени со нашиот закон.
Едукацијата на македонските доктори ја вршеа еминентни доктори од САД, Канада, Шпанија и други држави кои имаат лично клиничко искуство во третирањето на пациентите со канабис. Исто така, беа присутни и доктори и научници кои имаат учествувано и во клинички студии и креирање на продукти од канабис. Програмата дизајнирана од „Зелена Алтернатива“ беше замислена така што нашите доктори ги добијат најновите научни факти за тоа каде и на кој начин канабисот делува и помага, но да добијат и директно знаење создадено од лично искуство на доктори кои препишуваат канабис во секојдневната работа.
Како и на секој ваков голем настан, на почетокот бевме соочени со мали проблеми во организацијата кои беа решени уште првиот ден, на задоволство на сите, но сметаме дека при организирање на настан од ваков тип и големина, тоа и не е нешто непознато. За посетеноста на настанот, мора да се нагласи дека сме задоволни, бидејќи бројка од нешто повеќе од 450 доктори и медицински професионалци е одлична за настан од едукативна природа. Драго ни е што за разлика од некои слични настани, присутните навистина следеа со внимание, запишуваа белешки, фотографираа слајдови и се трудеа максимално да го искористат овој настан за да се здобијат со поголемо знаење на оваа тема.
Предавањата беа осмислени така што се опфати една целосна слика за користењето на канабисот во медицината, од основите до директни примери од клиничката пракса. Па така, Д-р Етан Русо (Ethan Russo) од САД, кој е невролог и истражувач во психофармакологија и кој има учествувано како доктор во клиничките студии за истражување и пуштање во промет на лекот од канабис наречен Sativex, убаво ги објасни основите на користењето на канабисот во медицината низ историјата, како и краток осврт на самата билка низ историјата и нејзините биоморфолошки карактеристики. Тој од своето искуство со нас го сподели своето знаење за разните препарати кои може да се користат од канабис, односно разните форми на внес, важноста за нивната точна примена како и можните несакани дејствија и интеракции помеѓу одредени лекови за кои нагласи дека се ретки и доколку канабисот правилно се употребува, лесни се за избегнување.
Основите на ендоканабиноидниот систем ги претстави Д-р Хозе Карлос Боусо од Шпанија, кој е директор на научни проекти при ИЦЕЕРС (Интернационален центар за етноботанички истражувања). Во своето предавање тој го објасни функционирањето на ендоканабиноидниот систем и зошто тој претставува систем од огромно значење за човековото здравје и нешто што дополнително треба да се истражува наредните децении. Како регулатор на другите системи неговата важност е огромна и преку делувањето на истиот, може директно да се делува на многу болести и состојби за кои современата медицина нема соодветно решение, без штетни последици и нус појави, посочи Д-р Боусо. Освен на оваа тема, Д-р Боусо зборуваше и за фармаколошките својства на канабисот, како и негово користење за разни психијатриски состојби и лекување на болести на зависности.
Мошне интересно предавање проследено со доста внимание и аплауз, беше она на Д-р Џек МекКју, професор на медицинскиот универзитет Емеритус во Сан Франциско, Калифорнија. Освен што предава на овој универзитет тој има повеќе од 30 годишно искуство како доктор во Бостон, пред да замине за Калифорнија. Првиот дел од неговото предавање беше за анти-туморните ефекти на канабисот и употребата на канабисот во борбата со канцерот. Во своето излагање тој презентираше два случаи со кои лично бил запознен, а во едниот случај и лично го третирал пациентот, од кои јасно се гледаше дека има огромни индикации дека употребата на канабисот директно влијае на канцерот како болест и преку МРИ снимки, анализи на крв и сите релевантни докази, успеа да `и покаже на македонската медицинска стручна фела, дека третирањето на пациенти заболени од канцер со канабис не треба да биде ограничено само на третирањето на нус ефектите од хемотерапијата, туку дека постојат сериозни индиции дека канабисот може да лекува рак и дека тоа е факт кој што не смее да се игнорира и понатаму.
Тој стриктно посочи дека не смее повеќе да се гледа на некои случаи како анектдотални или изолирани случаи, кога веќе е јасно дека се работи за нешто многу повеќе. Од огромно значење беше што нашите доктори можеа да чујат директно од доктор професионалец со дозвола за препишување канабис, за неговото лично искуство во препишување на поголеми дози на канабис од 1000-2000 мг ТХЦ дневно, кои покажале одлични резултати, без некои позначајни несакани нус ефекти или токсични или пак, долгорочни последици. Драго ни е што македонската стручна јавност конечно можеше да чуе дека и по победувањето на канцерот, терапијата со одржување со канабис треба да продолжи и тоа со дози од околу 400 мг ТХЦ дневно. Ова е нешто за што ние како здружение постојано укажувавме и посочувавме но бевме сметани за лаици и нерелевантни.
Освен анти-туморните ефекти на канабисот, Д-р МекКју објасни и за неговото лично искуство во третирање на пациенти со невролошки заболувања, со посебен осврт на невропатска болка, Паркинсонова болест и други чести невролошки заболувања каде канабисот покажува одлични резултати, подобри од оние кои ги нуди конвенционалната медицина. Интересен осврт на предавањето на Д-р МекКју беше и неговото објаснување зошто нема клинички студии и парадоксот во кој се наоѓа канабисот на тоа поле. Имено, тој многу убаво објасни дека секаде низ светот, постојано се бараат нови клинички студии од страна на лекарите за да употребуваат канабис во својата пракса, а истовремено, дали случајно или намерно, забораваат дека таквите студии се забранети во 99% од државите низ светот. Исто така, го објасни концептот и разликата на користење на една синтетичка молекула во лекување на одредена болест, наспроти користењето на арсенал природни молекули наменети да делуваат синергично како што е случајот за канабисот. Особено внимание на македонските доктори привлече и неговото објаснување на медицината базирана на докази, објаснувајки како функционира и како одреден лек или средство може да се најде во таа група, па своето предавање го заврши со анализа на прашањето дали медицината базирана на докази е спремна да го прифати канабисот?
Од огромно значење за македонските доктори беше и предавањето на докторите Жељко Пердија од Словенија и Хавиер Педраца од Шпанија, двајцата доктори кои исто како и Д-р МекКју канабисот го препишуваат секојдневно во својата пракса. Тие можеа да им ги доближат на нашите доктори нивните лични искуства во директното третирање на пациенти со канабис и тоа со кои предизвици можеби ќе се соочат во својата работа. Ги пренесоа своите првични мислења и искуства и како во случајот со Д-р Пердија, неговиот првичен скептицизам кон канабисот како медицинско средство, па се` до моментот кога ги видел првите резултати и увидел дека сепак, има нешто многу повеќе тука. Тој исто така посочи дека кога се работи за канабисот, докторите мораат да ги остават своите предрасуди и да разберат дека ова е едно ново поле, за кое треба многу допрва да се учи и кое може да им помогне во нивната работа, доколку сакаат да им помогнат на своите пациенти. Д-р Педраца со своето лично искуство на третирање на околу 30.000 пациенти успеа да им го објасни пристапот на докторите кон пациентите кои бараат да користат канабис и начинот на кој се врши еден индивидуален третман, како и важноста на негово следење за добивање оптимални резултати.
Како последно, но не и најмалку важно, беше предавањето на Д-р Пол Хорнби од Канада кој на нашите доктори им го објасни третирањето на пациентите со епилепсија, хронична болка и други болести и симптоми каде канабисот има огромна примена. Тој ја објасни важноста од квалитетни и пристапни продукти од канабис кои би требало да бидат достапни за сите кои имаат потреба. Тој објасни дека употребата на канабисот е многу поширока од она што во моментов е достапно кај нас. Дел од неговото предавање беа и различните начини на внес, со осврт на инхалирањето при третирање спазми и болка, нешто на што обрна внимание и Д-р Боусо, начин на внес кој не смее да биде игнориран од страна на медицинските лица, бидејќи е доста ефективен кога се потребни брзи и јаки ефекти.
За крај, имаше и мала сесија на прашања и одговори, каде на наше задоволство нашите доктори земаа активно учество, прашувајќи за некои работи кои им останале нејасни, како и за конкретни случаи со кои работат во моментов и за кои би биле заинтересирани да се обидат со користење на канабис. Во овој дел, за жал не се избегнаа одредени провокации од страна на една од присутните, која на многу очигледен начин проба негативно да делува на предавањата и предавачите, кои сепак со своето искуство не дозволија да бидат манипулирани и сликата беше очигледна за сите присутни. Генерално сме задоволни од овој заеднички проект на „Зелена Алтернатива“, МАЛМЕД и Министерството за здравство и како здружение сметаме дека ваквата официјална соработка треба да продолжи и понатаму.
Уште еднаш ќе повториме дека законот претставува одлична основа за почеток, но сепак е материја на која што во иднина ќе треба многу да се работи и да се проширува, бидејќи канабисот е средство кое што може да помогне во многу повеќе болести и состојби, а не само кај оние тешко болни со терминални болести. Освен работа на проширување на полето со индикации, сметаме дека исто така треба дополнително да се работи на вакви обуки и слични едукациски проекти со цел нашите доктори да немаат страв при препишување канабис и да не се соочуваме со проблеми како оние од првите недели на препишување препарати, каде одредени доктори одбиваат да препишуваат канабис и не сакаат да се „замараат“ со учење на нешто ново, кое е дел од нивната пракса. Се надеваме дека ова беше само заокружување на првиот чекор од процесот, кој никако не смее сега да застане, но сега има добра основа докторите да започнат со препишување на продукти од канабис и преку дополнителни обуки и создавање лично искуство, да бидат посигурни и послободни при препишување на канабис. Се надеваме и дека по одржувањето на оваа обука наскоро на пазарот ќе се најдат и квалитетни продукти од канабис со соодветни концентрации и по достапни цени кои секој граѓанин кој има потреба ќе може да си ги дозволи. Нашето здружение продолжува со својата работа за исполнување на овие цели, преку едукација и информирање“ - истакнуваат од ЗА.