Sunday, December 17, 2017

„Јас не сум комунист, туку сум канабист!“ - вели Зоран од Скопје

„Се потроши и последната секунда што можеме да ја потрошиме на празни муабети. Се потроши и секоја преостаната можност неоправдано да си ја прихраниме суетата. Конечно дојде времето кога треба да ги обединиме силите и да застанеме храбро позади принципите за кои тврдиме дека се залагаме. Сите ние сме си должни, прво сами пред себе, а потоа и пред сите пред кои стоиме како самопрогласени авторитети. Другарството само преку дела ќе си го покажеме. Делата ќе значат дали ќе не паметат по добро или по лошо“ - изјавува Зоран Велковски на неговиот ФБ профил.


„Јас комунистичката елка ја замислувам со обесени олигарси, наместо со обесени лампиони, но добро и што не сум комунист, туку сум канабист. Јас верувам дека политичкото помирување што се случи во Јужно Африканската Република после расниот апартхејт е можна и во Македонија после социјалниот апардхејт што се случи и се уште трае. Да си подадеме рака едни на други и да ги прифатиме предизвиците на иднината, како што не успеаја да го направат тоа две генерации пред нас кога создадоа држава. Битката треба да биде внатрешна, личен џихад! Или ќе се избориме за еднакви права преку писма и закони или тоа ќе треба да го заверуваме во крв од генерација во генерација“ - додава тој.

No comments:

Post a Comment