Thursday, December 28, 2017

Дали постои бела трева, односно албино канабис? ДА! Но, зошто?

Сите ние сме виделе фотографии од неверојатно бели, кристални и светкави туфки и листови од канабис. За што всушност се работи? Тоа е албино-канабис! Ако некое растение е албино, тоа значи дека не произведува хлорофил

Албино марихуана :)
Ако пак, не произведува хлорофил, најверојатно тоа растение ќе живее (по)кратко. Хлорофилот е потребен за фотосинтеза, за растенијата да добиваат енергија од сончевите зраци. Затоа, албино канабисот има и одредени „модификации“, а според фитопатологијата (науката за растителните видови) тоа се еден вид на маани. Ова може да го сметаме за една од најубавите грешки, т.е. чуда на природата...


Доколку растението не создава енергија од сончевите зраци, логично тоа ќе умре. Освен ако не се работи за имела или некој друг вид на паразитско растение. Ваквите растенија се закачуваат на корените на други растенија и ги крадат нивните хранливи материи, што не е случај со канабисот! Многу од овие паразити се албино, без ни малку зелена боја на нив. Интересно е прашањето – Како канабисот ќе создаде плодови доколку не може да создава хлорофил? Одговорот е едноставен: Само некои делови од растението се албино, а не целото растение! 


Деловите од растението кои не се албино се способни и доволни за фотосинтеза. Овие делови ги снабдуваат останатите албино-делови од растението со хранливите материи кои им се потребни. Но, доколку едно растение е целосно албино, тоа нема да успее да порасне. Многу одгледувачи сè почесто одгледуваат ваков вид на албино канабис, а тоа е најчесто поради неговиот уникатен декоративен изглед.  Други пак, не го преферираат овој вид поради тоа што растението ќе биде помалку продуктивно и ќе дава многу помал принос за разлика од неговите „зелени“ браќа и сестрички.


Зошто луѓето се скептични во врска со постоењето на албино канабис?

Разни извори го негираат постоењето на албино канабисот. Причината за ова е тоа што постои уште една причина зошто канабисот би можел да биде албино и нема никаква врска со генетиката. Албино канабисот може да биде резултат и на прекумерна изложеност на LED-осветлување. Високата температура предизвикува горење и честопати се случува плодовите да станат кафени наместо бели. Во секој случај, постојат два причинители за појавата на албино канабис:  изложеноста на LED-осветлување или пак генетската мутација! Доколку сте сведок на овој или сличен редок канабис феномен, покажете ни ги фотките од вашите албино или шарени туфки и откријте ни дали се работи за осветлување на растението или пак, модифицирани гени!

Автор: Ангела Т.

No comments:

Post a Comment