Thursday, December 14, 2017

Федералната Американска Влада ќе дели 75 отсто од приходите од данок од канабис-индустријата со провинциите и териториите

Федералните и провинциските влади во Канада постигнаа договор за тоа како ќе се споделуваат даночните приходи од легализиран рекреативен канабис. Во соопштението за вести, Владата на Британска Колумбија објави на 11 декември дека провинциите ќе добијат мнозинство од приходите од акциза за канабис откако истиот ќе биде легализирана. Провинциите и териториите ќе добијат 75 отсто од приходите од акцизата за канабис, додека останатите 25 отсто одат во Сојузната Влада на САД

Сојузната Влада, исто така, се согласи да плати 100 милиони долари за својот удел во даночните приходи, што значи дека сите приходи што ја надминуваат оваа рамка ќе бидат вратени назад во провинциите. Првично, Федералната Влада предложи 50/50 поделба, за која многу премиери велат дека е премногу ниска. „Овој договор е победа за нашата провинција, бидејќи направивме многу јасен случај дека британските Колумбијци ќе сносат поголем дел од трошоците кога канабисот е легализиран“ - рече министерот за финансии, Керол Џејмс (Carole James), во соопштението.

Ние преговаравме за договор за Британска Колумбија, што значи дека поголемиот дел од приходот од канабис ќе се слева во провинциите за да можеме да инвестираме во програми за да ги заштитиме луѓето и да го отстраниме криминалниот елемент од канабисот“ - Сојузната Влада минатиот месец објави дека вкупните федерални и провинциски / територијални даноци од канабисот за употреба за возрасни нема да надминат 1 по грам или 10 проценти од продажната цена на производот на производителот, во зависност кое е повисоко. Данокот ќе се применува врз производителите и е сличен на федералните акцизи за алкохол и тутун. Производите од канабис исто така ќе се оданочуваат под GST/HST.

Според соопштението, покраината ќе ги користи даночните приходи од канабисот „за да се осигура дека регулацијата на канабис во Британска Колумбија ги штити децата и младите, дава приоритет на здравјето и благосостојбата, ги едуцира возачите, го отстранува криминалниот елемент од канабисот и обезбедува потрошувачите да добијат безбеден производ на којшто тие можат да му веруваат“. Оданочивите производи вклучуваат свеж и исушен канабис, масла од канабис, семиња и садници наменети за одгледување дома.


Автор: Monique Konopova

Извор: Straight

No comments:

Post a Comment