Во САД постојат разни начини за намалување на криминалот како регулирање на употребата на оружјето, програми за советување, запленување на дрога и слично. Но еден од тие начини е и легализирање на марихуаната!
Според неодамнешно истражување спроведено од страна на тројца економисти, воведувањето на законот за употреба на медицинската марихуана придонело да се намали криминалот во државите кои се граничат со Мексико. Истражувањето покажало дека криминалот се намалил за 13% во земјите кои се граничат со Мексико и кои ја легализирале марихуаната. Ваквиот закон им помага на локалните земјоделци да одгледуваат марихуана која потоа ќе се продаде на локалите во кои таа легално се продава. Овие одгледувачи се во битка со мексиканските нарко картели кои ја увезуваат марихуаната во САД. Како резултат на тоа, картелите имаат помалку работа.
„Во секоја држава каде што е легализирана медицинската марихуана, забележуваме дека криминалот се намалува бидејќи има помалку увезување и помалку криминал поврзан со тоа“ -- додава економистот Евелина Гаврилова. Како дел од истражувањето, забележано е дека овој закон имал најголем ефект во Калифорнија каде имало намалување на криминалот од 15%, додека најмал имало во Аризона каде криминалот се намалил за 7%.
Во овие држави законот за марихуана имал најголемо влијание врз делата поврзани со кражби, кои се намалиле за 19% и убиствата кои се намалиле за 10%. Најголемиот дел од марихуаната која се конзумира во САД доаѓа од Мексико, каде седум главни картели го контролираат нелегалното увезување, изјави the Guardian. „Кога ефектот врз криминалот е толку значаен, очигледно е подобро марихуаната да се регулира и да им се дозволи на луѓето да плаќаат даноци, наместо таа да биде нелегална” - додава таа.
Автор: Ангела Т.
Извор: IB Times
No comments:
Post a Comment