Tuesday, February 20, 2018

Запознајте ги Canna Nannas: Бабички кои ги поддржуваат здравствените придобивки од канабисот за постари лица

Една група постари љубителки на тревата се зафаќа со турнеја на источниот брег на Австралија за да ги едуцира своите сограѓани за здравствените придобивки од канабисот. Идејата беше развиена за време на патувањето во Мелбурн во јули минатата година, кога четворица пријатели, шегувајќи се за „Canna Nannas“, контактираа со американската група за легализација на канабисот „Grannies for Grass


Овие паметни бабички Кана Нанас се промената!
Тие наскоро беа официјални Grannies for Grass (Бабички за тревата) амбасадори за Австралија, иако тие се одлучија да го зачуваат австралискиот прекар „Canna Nannas“. По „огромниот“ одговор на нивната прва работилница на Голд Коуст во септември минатата година и неколку работилници на друго место, Кана Нанас закажаа турнеја во 2018 година на регионални места, Квинсленд и Нов Јужен Велс. Нивните семинари се фокусираат на медицинската употреба на производи од канабис и важноста на вклучување на семето од коноп во човечката исхрана. Тие се отворени работилниците се наменети за пошироката јавност, даваат целосни правни совети и покрај масовното присуство на полицијата за време на нивните настани.


Тековниот систем е несоодветен

Во 2016 година, Федералната Влада усвои закони кои дозволуваат употреба на медицински канабис во ограничени случаи, при што Владата на Квинсленд минатата година го легализираше пристапот со лекарски рецепт. Но, достапноста на производот преку медицинскиот систем останува полна со тесни грла, црвена лента и збунетост, при што само 500 австралијци сега легално користат дозволен канабис. Лекарите и пациентите предупредија за континуираното постоење на просперитетен црн пазар кој ќе се грижи за пациентите кои не можат да го добијат производот со рецепт. Ко-основачот на Кана Нанас, Деб Линч (Deb Lynch), рече дека системот каков што е во моментов е несоодветен за многу пациенти со итна потреба.


Г-ѓа Линч држи јавно предавање за канабисот! 
Настаните, наместо тоа, ги поттикнуваат учесниците да го заобиколат медицинскиот систем и да направат сопствени масла, путери, тинктури, лосиони и масти. За да се избегне одговорноста, групата не ги советува пациентите каде може да најдат состојки, туку им демонстрира методи на екстракција на маслото од канабис, на кора од портокал наместо канабис. Г-ѓа Линч изјави дека ја изгубила вербата во медицинскиот систем за да обезбеди олеснување за нејзината здравствена состојба. „Имам воспалителен артритис... Имам автоимуно заболување и проблеми со хронична болка од повреда на 'рбетниот столб“ - рече таа. „Сите се успешно третирани со канабис, што не беше случај со мејнстрим лековите“ - додава таа. Г-ѓа Линч е уверена дека сегашниот систем ги принудува пациентите да користат извор на канабис илегално од дилерите на дрога или се оставени самите себе.


Потешкотии за добивање рецепт

Таа рече дека направила неколку обиди да добие легален рецепт, но ѝ било кажано дека нема лекари во нејзината област кои аплицирале за дозвола. „Се обидов да поминам низ правните патишта, бидејќи имам повеќе услови за кои би можела да добијам ‚рецепт за канабис‘. Во мојот случај ми треба конкретна мешавина на специфични видови со цел да ја задржам контролата врз мојата автоимуна болест, која е прогресивна“ - објаснува таа. Нелегално е да се купи канабис од дилери или да се одгледува билакта дома без дозвола. „Јас сум сè уште во позиција каде што сум принудена да си го правам сама затоа што немам алтернатива“ - додава.


Производите од коноп се легално достапни како храна од 2017
Ние ги предаваме вештините што се сосема легални за секој да знае и користиме целосно правни производи“ - рече таа. Г-ѓа Линч рече дека групата ја усвои политиката „не прашувај, не кажувај“ (што на нашки би се рекло „ќути си - дупи си“=) и учесниците може да си отидат уверени дека сите информации кои ги добиле се легални. „Секој има право да знае како да помине низ овие процеси и да ги комплетира овие методи за екстракција, така што ако одат дома тие знаат каде и што треба за да си направат сопствен лек, тие знаат како да го направат тоа. Луѓето врескаат за овие информации, а Владата знае дека врескаат, но ги игнорираат, се преправаат дека не се ни таму“ - заклучува.


„Војна против пациентите“

Производите од коноп се легално достапни како храна од 2017 година, но медицинскиот канабис останува цврсто регулиран на штета на пациентите, значи само комерцијалните производи се дозволени, а здравјето на луѓето воопшто не е важно... Г-ѓа Линч рече дека неодамнешниот настан во близина на Макеј, кој привлече 80 луѓе во текот на два дена, покажа дека постои вистинска потреба од производи од канабис во заедницата, кои не се решаваат во законодавството. „Тоа навистина е војна врз пациентите“ - рече таа. „Ние не се бориме само со Владата, ние се бориме против академската медицинска установа која... нема апсолутно никакво образование не само во врска со медицинскиот канабис, туку ... и за физиолошките процеси зад неа. Пациентите навистина се оние кои страдаат низ сето ова и крајно време е да застане“ - заклучува. Кана Нанас ќе одржат едукативни семинари на Sunshine Coast, Beenleigh, Coffs Harbour, Townsville, Rockhampton и Гладстон во наредните месеци.

Автор: Кате К.
Извор: ABC.net.au

No comments:

Post a Comment