Monday, February 19, 2018

Правилна декарбоксилација на канабидиол! Како и кога CBD-A станува CBD?

Суровиот канабис најчесто содржи THC-A (THC Acid) и CBD-A (CBD Acid). Декарбоксилацијата ја отстранува карбоксилната киселина, конвертирајќи го ТХЦ-А во ТХЦ и ЦБД-А во ЦБД, односно канабисот се активира                                                         
                                                                                                                            
Навидум ЦБД и ТХЦ маслата се многу слични
Загревањето ја декарбоксилира (активира) марихуаната. Ова е причината зошто пушењето марихуана е поефикасно отколку да се изеде истата количина сурова марихуана. Ние немаме ензим што го декарбоксилира канабисот за нас. Канабисот мора да биде декарбоксилиран (активиран) ако правите канапутер или масло, тинктури, итн. Додека ТХЦ-А и ЦБД-А имаат некои лековити ефекти, тие се во сенката на THC и CBD. Првите не се биоактивни, а другите две се. За да го декарбоксилирате канабисот, ставете го сувиот материјал во претходно загреана рерна во покриен сад. Очекувајте 10% губење на тежината кога активирате (30 грама станува 27 грама). За максимална конверзија на THC-A во THC, загревајте го канабисот на 118,3°C (245°F) во времетраење од 45-60 минути. Активирањето на домашен суров екстракт (масло) од канабис по методата на Рик Симпсон може да се изврши и на 120°C во времетраење од 20-30 минути.


За максимална конверзија CBD се загрева на 118,3°C (245°F) за 60-90 минути. Кога e правилно декарбоксилиран, канабисот ќе биде потемen, сув и лесно ќе се дроби. Некои сугерираат канабисот (или маслото кое се активира) треба да се дрши подолго во рерна или на малку повисока температура за да се добијат повисоки нивоа на CBD, на пример околу 2-4 часа. Идеално би било да се направат два теста: еден би го мерел времето (15 минути - 4 часа) и другиот температура (240°F- 340°F). Тестирањето на времињата на декарбоксилација и температурите на овој начин е слично на тест лентите што ги користат фотографите во темната соба. За да добиете масла со висок процент на ЦБД, како на пример за третирање на епилепсија и аутизам, покрај тоа што треба да бидат направени од врсти кои имаат висок ЦБД профил, сатива врсти или индустриски коноп, внимавајте исто така соодветно да декарбоксилирате. За повеќе ЦБД во овие масла можете да ги додадете и листовите од билката.


Треба да биде направено од сатива
Бидете предупредени и планирајте однапред дека ќе се ослободуваат мириси. Ако вашата рерна има функција за одложено стартување, може да декарбоксилирате ноќе. Бидејќи декарбоксилирањето испарува некои од терпените, терпеноидите и другите ароми, понекогаш може да додадете 50% повеќе суров канабис колку што е декарбоксилиран за конечниот микс, велат експертите. Слично е како со завршувањето на хмељот кога правите пиво. Може да се залагате за она што ние го нарекуваме канабиноиден коктел, а.к.а. Ентуражниот ефект, свесен целосен процес на екстракција на растенијата. Компромисот е дополнително ТХЦ-А и ЦБД-А, но реалноста е повеќе терпени.



Сурово масло

Ова масло е обично купено од луѓе кои бараат да добијат масло од CBD со сите други соединенија кои постојат во конопот, како и CBD. Често гледаме луѓе кои го купуваат ова масло, кои страдаат од проблеми со анксиозност, несоница и други благи до умерени проблеми. Суровото CBD масло нема да се обработува понатаму од неговата оригинална екстракција и затоа содржи други соединенија во него, како што е мал растителен материјал (микроскопски мал), липиди (маснотии), хлорофил и терпени, меѓу другото, бидејќи не е филтрирано.


Бојата на ова масло обично е темно зелена до црна и има дебела конзистентност. Суровите масла обично се избор за луѓе кои бараат да имаат корист од употребата на целото растение коноп, а не само канабидиол. Суровото CBD масло сè уште има способност да има повеќе проценти на CBD. Сурови или нефилтрирани не-декарбоксилирани верзии на CBD масло секогаш ќе бидат најевтина опција бидејќи не е обработено понатаму од оригиналната екстракција. Суровото ЦБД масло обично содржи понизок процент на ЦБД (канабидиол) по волумен во споредба со декарбоксилираното.


Декарбоксилирано масло

Ова масло најчесто се купува од луѓе кои прават свои CBD edibles (прехранбени прпоизводи со ЦБД) и имаат умерени проблеми со анксиозноста, како и несоница, артритис и мигрена. Декарбоксилираното е слично со суровото, освен што е активирано и прочистено. Процесот на декарбоксилација се смета за начин да се зголеми силата или ефективноста на ЦБД во ЦБД смолата и нуди побрзо време на реакција за ЦБД маслото откако ќе се внесе во вашето тело. Според Википедија: „Декарбоксилација е хемиска реакција која ја отстранува карбоксилната група и ослободува јаглерод диоксид (СО2). Обично, декарбоксилација се однесува на реакција на карбоксилни киселини, отстранување на јаглероден атом од јаглероден ланец“.


Поголем процент на ЦБД од ТХЦ од фановите
Декарбоксилираното CBD масло има повеќе ЦБД по мг. Во суштина декарбоксилацијата ќе го претвори CBDA во CBD што е не-киселинска молекула која подобро ќе одговара на вашите CBD рецептори и ќе биде повеќе „активна“ во вашето тело. Декарбоксилацијата често се нарекува „активирање“, што може да остави впечаток дека ЦБД што не е декарбоксилирано нема да има бенефиции, бидејќи не е „активно“, но тоа не е случај, едноставно кога е маслото активирано ќе биде многу полесно примано од вашето тело. Декарбоксилираната форма на CBD масло обично ќе биде темно зелена до црна со дебела конзистентност на собна температура.


Автор: MoniQue Konopova

2 comments:

  1. Mnogu detaljiziran i ekspliciten tekst. I mnogu vazen. Neso kao Osnovi na kanabisologija - predmetot od treto oddelenie.

    ReplyDelete
  2. I am incapable of reading articles online very often, but I’m happy I did today. It is very well written, and your points are well-expressed. I request you warmly, please, don’t ever stop writing. where to buy magic mushrooms

    ReplyDelete