Тетрахидроканабинолот - THC e главната природна хемиска состојка откриена во марихуаната која е одговорна за еуфоричното чувтсво што го сакаат рекреативните корисници, но и состојка која е одговорна за убивањето на канцерогените клетки, ефект посакуван од страна на пациентите. Оваа органска состојка е екстремно хидрофобна и се распаѓа во телото за време на метаболитичните процеси во околу 80 различни метаболити
Поради хидрофобната природа на овие метаболити, поларните молекули како што е водата, не можат да ги растворат, за разлика од лесното растворување на алкохолните молекули од страна на водата. Метаболитите од канабисот се групираат со други неполарни молекули, како што се алканите и масните молекули (телесните масти), во косата и ноктите. THC всушност се складира во мастите и кога спортуваме се ослободува давајќи ни додатна енергија - ефект посакуван и нашироко употребуван од страна на спортистите.
Поради хидрофобната природа на овие метаболити, поларните молекули како што е водата, не можат да ги растворат, за разлика од лесното растворување на алкохолните молекули од страна на водата. Метаболитите од канабисот се групираат со други неполарни молекули, како што се алканите и масните молекули (телесните масти), во косата и ноктите. THC всушност се складира во мастите и кога спортуваме се ослободува давајќи ни додатна енергија - ефект посакуван и нашироко употребуван од страна на спортистите.
Канабисот не е дрога, но поради законските одредни што така го класифицираат, ограничуваат и забрануваат ова растение, одредени работни места на пример не дозволуваат употреба ниту на марихуана и покрај тоа што лицето е болно и со помош на канабис само се лекува. За да го надитрите законот или пак само за да го „положите“ тестот за присуство на канабис што некој ви наложил или ве замолил да го направите, треба да знаете колку време во системот се задржуваат трагите од користењето марихуана и на кој начин таа се разложува. И покрај тоа што рекреативниот ефект трае сосем кратко без никакви последици врз свеста на корисникот, трагите од користењето се задржуваат подолг период. Остатоците од канабис се возможни за детектирање извесно подолг период, во споредба со некои синтетички дроги/лекови. Па честопати на тестовите за присуство на супстанци многу полесно си поминуваат наркоманите, во споредба со пушачите на трева.
Концентрации на нивото на THC по консумирањето
Пушењето и вапоризацијата на цветови и екстракти е најчестиот начин на внесување канабиноиди. По инхалацијата, тетрахидроканабинолот веднаш се внесува во крвниот систем низ белите дробови. Со забрзаната циркулација на срцето, овој канабиноид во комбинација со голем број на други, меѓу кои и канабидиолот - CBD, делуваат веднаш на човечкиот ендоканабиноиден систем со интеракција на CB1 и CB2 рецепторите лоцирани насекаде низ телото. THC многу лесно и веднаш се детектира непосредно по консумирањето. Кај нередовните корисници, нивото на THC паѓа побрзо, во споредба со редовните корисници.
Ова растечка и профитабилна индустрија! |
Генерално, концентрацијата на THC во крвта исто така многу брзо опаѓа по консумирањето канабис, поради тоа што се распространува со крвотокот до сите ткива и органи. Како и да е, не е невообичаена појавата нивото на THC да остане високо во крвта и неколку денови кај секојдневните корисници на марихуана. Кај секого е индивидуално. Научниците заклучиле дека телото елиминира 60-80% од состојките на канбисот низ изметот.
Исто така треба да се знае дека THC e неполарна липосолубилна молекула, што значи дека е апсорбирана од страна на липидите, т.е. масните клетки од телото. Студиите покажуваат дека THC е складирано во телесните масти и со редовната употреба, може да се задржи таму и неколку недели. Со текот на времето, масните ткива ги враќаат молекулите на THC во крвта, каде што црниот дроб ги преработува во непсихоактивни THC-COOH деривати за одржување на телото. И покрај тоа што не треба да се плашите и срамите од правење нешто што е здраво, сепак доколку морате да се криете и доколку ви претстои опастност од тестирање, подобро е и да направите некој месец пауза.
Видови на тестови за присуство на канабис
Остатоците во косата остануваат подолго отколку во крвта и урината |
Тестовите за присуство на THC во крвта можат да бидат поделени во две групи - поранешна употреба и моментална интоксикација. За проверка дали лицето некогаш користело марихуана, најчесто се крости тест на урина или коса (кој е многу скап). Овие тестови најчесто секогаш го проверуваат присуството на THC-COOH молекулите. За детекција на моменталното присуство најчесто се прават тестови на крвта или плунката. Овие тестови проверуваат дали има присуство на THC молекули во моментот, што за службените лица е индикатор дека лицето е под дејство, но тие не знаат дека секој човек има различен праг на толеранција на THC. Количеството канабис што е доволно или премалку за еден, може да биде премногу за друг. Марихуаната не е алкохол и оттука толеранцијата на количество марихуана не може да се споредува со толеранцијата на исто количество на алкохол.
Прочитајте повеќе за триковите како успешно да ги прелажете тестовите за детектирање на марихуана во следниот текст.
Извор: THC Over Dose