Saturday, December 30, 2017

ПРВ КРЕАТИВЕН КОНКУРС на 420macedonia за 2018! Искажи ја својата креативност поттикната од канабисот!

Ах, колку љубов имаме во душата откако ќе се напушиме наутро, имаме #инспирација и #мотивација! Затоа сакаме и вие да ја манифестирате својата креативност разбудена од канабисот и да земете учество во нашиот ПРВ КРЕАТИВЕН КОНКУРС на 420macedonia за 2018 година!

Супер идеја за сите што консумираат канабис, да почнат сериозно да си го анализираат духовното патување, за да ја манифестираат својата креативност или за да ја споделат со нас својата канабис приказна, особено тоа како оваа тревка им помогнала или помага во животот.  Одлична идеја за сите кои сакаат активно да се вкулат во борбата за ослободување на канабисот, особено за оние на кои навистина им е потребен лекот - еве ви шанса за да ни помогнете глувите и слепите во македонското општество конечно да прогледаат и да прослушаат и да можат да ја чујат и видат вашата потреба за овој најбезбеден лек! 

Ве охрабруваме да земете учество во овој креативен конкурс и својата автентична поврзаност со билката да ја искажете во форма на поезија или проза, есеј, писмо до нашата Влада, колумна, клипче, видео, филмче, песна, стихотворба, слика, фотографија, стрип, цртеж, цртанче, скулптура, вез, накит, рачни изработки... (оставаме на вашата креативност :) со кои ќе ги потврдите придобивките од канабисот и на сите неупатени само уште поблиску ќе им го претставите канабисот.

Темата е слободна, но би сакале да ја дознаеме вашата лична поврзаност со канабисот и што за вас претставува ова Свето растение. Правилото е на/во/до делото да биде наведено/споменато нашето име „420 Macedonia“, т.е. дека станува збор за Првиот креативен конкурс на 420macedonia за 2018. Вашите 420 уметнички дела ги очекуваме до 19 април 2018 во инбокс на нашата FB страница или на нашата e-mail адреса 420macedonia@gmail.com со назнака: „За првиот креативен конкурс на 420macedonia“, за да можеме на 20-ти април да ги прогласиме победниците и да ви ги доделиме наградите (прва, втора и трета) :) Може и анонимно ;)

Како што ќе ги добиваме вашите натпреварувачки дела, така ќе ги објавуваме на неделно ниво (секој ден недела) на нашиот блог и на нашата FB страница, а ваше е да се потрудите истите да бидат што е можно повеќе видени, затоа што оние три дела со најмногу лајкови до 20 април 2018 година - ќе победат! Наградите се изненадување, но ви гарантираме дека оние што навистина ќе се потрудат и ќе победат, во 2018 среќата ќе може да си ја посадат и летото 2018 здравјето да си го оберат и да уживаат во плодовите на својот труд <3

Благодариме што постоите и што растете заедно со нас! 2018 година ќе биде годината на целосен пресврт и целосно ослободување на ова лековито растение! Ви посакуваме исполнување на сите желби во новата година, билката канабис постојано да ги разубавува македонските домови, дворови, ниви, полиња... и секако ви посакуваме да победите во овој креативен конкурс и на крајот од летото или есента 2018 да ни испратите фотографии од пораснатите и расцветани награди!!! На 20 април 2018 ќе направиме галерија (изложба) од сите испратени дела од ваша страна ;)

7 comments:

  1. Replies
    1. Да бе! :)

      Следниот конкурс ќе биде „Најубаво расцветана билка“ ;)
      Го очекуваме твоето дело :*

      Delete
  2. Replies
    1. Дел од наградите предвидени за конкурсот! :)
      Поголем дел од наградите (запалки, папири...) се од нашите пријатели Канабисот Е Лек, нашите пријатели Масло од канабис ќе се вклучат со по некој милилитар масло, а од нас 420 Macedonia ќе има прекрасен голем стаклен бонг за прво место <3
      Детали: https://www.facebook.com/420macedonia/posts/1859797504047893

      Delete
  3. ГЛАВНАТА НАГРАДА за конкурсот е ПРЕКРАСЕН СТАКЛЕН БОНГ! :)
    Поголем дел од наградите (запалки, папири...) се од нашите пријатели Канабисот Е Лек, нашите пријатели Масло од канабис ќе се вклучат со по некој милилитар масло, а од нас 420 Macedonia ќе има прекрасен голем стаклен бонг за прво место <3
    Досега има пет пријавени дела кои може да ги погледнете и лајкнете, а објавени се во коментари под овој пост: https://www.facebook.com/420macedonia/posts/1850859548275022
    Детали за конкурсот: https://420macedonia.blogspot.mk/2017/12/420macedonia-2018.html

    ReplyDelete
  4. Овој прекрасен огромен стаклен #БОНГ е главната награда во нашиот прв креативен #конкурс!!! ^_^ Ги очекуваме вашите креации инспирирани од канабисот! Оние со најмногу лајкови до 20 април ќе подебат! :D
    Дел од наградите предвидени за конкурсот! :)
    Поголем дел од наградите (запалки, папири...) се од нашите пријатели Канабисот Е Лек, нашите пријатели Масло од канабис ќе се вклучат со по некој милилитар масло, а од нас 420 Macedonia ќе има прекрасен голем стаклен бонг за прво место <3
    ЛИНК: https://www.facebook.com/420macedonia/photos/a.846883638672623.1073741829.830939793600341/1934129679948008/?type=3&theater

    ReplyDelete
  5. Другите пријавени дела погледнете ги во коментари под овој пост: https://www.facebook.com/420macedonia/posts/1850859548275022

    ReplyDelete