Thursday, July 20, 2017

Основна прихрана на вашите канабис билки

Ги има и кај нас!
Плантела ЛИСТ (шише со зелена боја) и Плантела ЦВЕТ (шише со црвена боја). Ги има кај нас во слободна продажба во поголемите маркети, како што се на пример Меркур и Бриколаж


Сега црвената амбалажа е кафена. Цената на шише од литар од овие прихрани е по околу 150 денари, а се продавале и по 220 денари како комплет. Прво се става од зелената прихрата - таа е за вегетација - до некаде 10 август. Потоа се става од црвената прихрана - таа е за цветање. Ова се советчиња од еден пријател одгледувач. Па кај нас исто така има добра и евтина квалитетна земја Florobella и Potground H. Во Македонија освен ова, нема друго добро готово ѓубриво. Тие се доволни и за првиот месец не треба ѓубре, прибидејќи има во нив доволно за билка од 1 месец да не мора да се ѓубри.

Епа, тие се од германски производител и се pH идеални 5,5 до 6,5. Еве ова го има кај нас и само ова вреди. Во другите земјишта заостанува растението и не е квалитетно растењето, а со тоа слаб е и приносот. Сега веќе е доцна за садење аутдор. Нема ни месец за вегетација и само аутоматик сега му е мајката и денес некој да засади - нема да има време да му се развие билчето (од 20 август до 15-ти почнува цветањето, а тоа е помалку од месец од 10-ти до 15-ти). Индор можете да садите во текот на целата година :) Некои пак велат дека NPK - Азот (N), фосфор (P) и калиум (K) е сè што ни е потребно!

* Внимавајте и како наводнувате - не премногу вода - канабисот не е водно растение ;)

* * Соодветна прихрана ќе најдете и во македонските гроу шопови за канабис!

Wednesday, July 19, 2017

Од што се состоела првата продажба преку Интернет во Светов?

Секојдневно сите купуваме најзралични работи од интернет и сигурно и вам ви се случило да купите нешто од интернет, сепак дали сте се запрашале „Која е првата продадена и купена работа на интернет“?

Во почетоците на 70-тите години на минатиот век група студенти за да си купат трева го употребиле сајтот ARPANET.

Првата е-продажба се состоела од ТРЕВА! :)
Новото видео направено од софтверската компанија за е-трговија Shopify, објаснува за овој дел од историјата на интернетот со цел да ја пронајде првата официјална трансакција за е-трговија. Патеката започнува на ARPANET, со договор за комбинација за да си купат трева од 1971 година помеѓу студентите по компјутерски науки од Стенфорд и МИТ.  

Сè уште не се знае колкава количина им била доставена на студентите од елитниот и престижен универзитет. Експертите сметаат дека овој пример не треба да се зема предвид поради тоа што студентите интернетот го употребиле само за да договорат време и место за средбата за нивниот „ДИЛ“, т.е. парите не биле разменети онлајн.

Втората, односно првата вистинска е-продажба и трансакција не се случила сè до 1994 година до пронаоѓањето на интернетот каков што ни е познат денес. Овој вид на онлајн продажба исто така е поврзан со канабис културата. Кога ќе ни се пријаде под дејство на канабиноидите (MUNCHIES) прво нешто што се нарачува преку Интернет е токму пицата :) 

Иако Pizza Hut често добива пофалби за првата регистрирана е-продажба (оваа компанија започна да продава пици онлајн на крајот од август 1994 година), сепак вистинската пофалба ја заслужува Дан Кохн (Dan Kohn), 21-годишен претприемач кој води веб-страница со седиште во Њу Хемпшир наречена NetMarket.

П.С. Предлог зачин за пица - наместо оригано - исушен издробен КАНАБИС! ;)
С. Г.

Tuesday, July 18, 2017

Студентка од земјоделски сака секој земјоделец легално да може да одгледува коноп во Република Македонија

ДЕКРИМИНАЛИЗИРАЈ!!! Рекреативна употреба = Превентивна употреба

С. Г. сака конопот легално да се сади!
С. Г. е дваесет  годишна здрава, убава, паметна, среќна и преамбициозна млада жена од Скопје, студентка на државниот факултет за земјоделски науки и храна, при крајот на нејзините студии на смерот Фитомедицина. С. Г. сака во Македонија да се престане со увезувањето на земјоделски производи и сака секој земјоделец да може да одгледува коноп и канабис, покрај останатите култури. Во слободно време таа е екологист, активна е во акциите за чистење на нашата држава, доста е физички активна и често планинари. С. Г. собира секакви тревки, има свој личен хербариум, го едуцира друштвото за растенијата преку прошетки во природа, а исто така одгледува своја бавчичка, т.е. органска градина во своите викендички. На Македонија ѝ требаат многу повеќе вакви храбри и здрави млади умови, кои имаат толку позитивен потенцијал во себе, што секој дел од своето време го трошат на подобрување на животната средина, на олеснување и усовршување на животот на сожителите, на помагање... Токму затоа на Македонија ѝ треба целосна декриминализација на канабисот, за македонската младина да сака да остане да живее тука! 


420 Macedonia: Што за тебе претставува канабисот?

С. Г. Канабисот за мене претставува растение на животот, кое може да се користи за многу работи: лек, храна, козметика, текстил итн... Многу друштво имам запознаено поради ова растение. Канабисот е дар од природата за луѓето и во никој случај не треба да се смета за дрога.


420 Macedonia: Какво е мислењето на професорите од нашиот земјоделски факултет за канабисот? Дали си пробувала да разговараш за канабисот со нив? Дали го поддржуваат целосното ослободување на канабисот?

С. Г. Па во глобала ретко зборауваат на оваа тема, одбегнуваат. За конопот неколку пати имаме зборувано, за неговиот хемизам и физиологија, додека пак, за целосно ослободување на канабисот немаме зборувано.


420 Macedonia: Како иден експерт во земјоделството дали сметаш дека Македонија има соодветно поднебје и почва за одгледување коноп/канабис?

С. Г. Секако дека нашата држава има соодветно поднебје за одгледување коноп и канабис! Имаме дури 280 сончеви денови во текот на годината, ако малце повеќе ја истражите нашата држава ќе видите дека насекаде има диворастечки коноп, впрочем имаме и село чие име очигледно е дека е добиено од диворастечкиот коноп - Селото Конопиште!!! Ако не верувате – прошетајте и ќе се уверите :)


420 Macedonia: Како познавач на растенијата какво е твоето мислење за ГМО марихуаната?

С. Г. Иако во некои земји е забрането ГМО тоа секаде го има... Без него нема да може да се нахрани целата светска популација. Гигантската фирма „Монсанто“ која е позната по производството на ГМО семиња веќе подолг период работи на генетски модифицираната марихуана која наводно ќе го зголеми количеството на ТХЦ.


420 Macedonia: Какво е твоето лично искуство со канабисот? Кога прв пат ја проба оваа лековита билка и на каков начин?

С. Г. Прва година средно и тоа пробав во блант. Ми беше одлично и дури денес сè уште се дружам со таа екипа, одлична е фини прекрасни луѓе, пред сè интелектуалци и често се дружиме на по „еден“ блант.


420 Macedonia: Колку често консумираш канабис и како? Која е твојата омилена врста? Кој начин на консумирање канабис го преферираш? Кое е твоето омилено време за консумирање?

С. Г. Конзумирам неколку пати неделно секогаш во друштво. Канабисот за мене е нешто што ги зближува луѓето, па дури и тотално непознатите. Имам пробано неколку пати сама, но сепак кога ќе помине некој дечко/девојка што не го/ја познавам и ќе им понудам. Секој период од денот ми е омилен за канабис. Омилена врста немам сè додека е некое добро - природно и не е прскана. Сакам малце повеќе да експериментирам, па пробувам од бонгови, преку овошје, наргиле, луле. Имам направено една голема листа „101 ways to smoke weed“ и стигнав до 42 начини. Кога ќе стигнам до 101 ќе ја споделам со вас таа листа. Пробајте и вие, ви препорачувам!


420 Macedonia: За што тебе ти помага канабисот и дали имаш излечено или спречено некакво заболување или здравствена состојба?

С. Г. Секако, ми го подобрува пред менструалниот синдром (ПМС) и расположението. Имав анксизност која повеќе ја немам, болки во мускулите кои ги имам бидејќи често пешачам со саати. Јас немам посетено доктор веќе 3 години, бев пред некој месец да си проверам крв и бев шокирана за резултатите - сè ми е во доволен број - што порано, кога не консумирав канабис не беше така. Исто така и сум крводарител, сакам да спасувам животи и ги охрабрувам сите да го сторат тоа!


Друштвениот вкусен момент :P
420 Macedonia: Канабисот е и храна и лек воедно, билка и зеленчук воедно. Дали знаеш некакви рецепти за подготовка на здрави прехранбени продукти од канабис?

С. Г. Коноповото семе  е одлично за ужина. Се користи на многу начини како прелив за салата, додаток во ручекот (наместо сол која е многу штетна за нашиот организам особено во прекумерни количини), може и да се прави: сладолед, колачи, чоколади... Јас ви препорачувам млеко од коноп и леб од коноп!


Млеко од коноп

Потребни состојки: 
* 1 чаша конопови семки (може да ги најдете во пет-шоп, продавница за здрава исхрана, меѓутоа да знаете семките се стерилни, но ако имате среќа и од нив може да ви никне нешто);
* 4 чаши природна минерална вода;
* 1 ванила стапче\ 1 цимет.

Начин на подготовка: Целата оваа смеса ја ставате во блендер и исфилтрирајте со газа, додадете засладувач (стевиа,к афеав шеќер, мед), по желба се додава некое шумско овошје. Доколку коноповите семки се со лушпа оставете да покиснат 8-12 часа (ја исцедувате водата во која се натопени семките). Потоа млекото можете да го додадете во вашето кафе, смуди. Ова е одличен извор на протеини кој ќе го убие гладот за подолго време.


Вака полесно се завршува факс! ;)
Леб од коноп

Потребни состојки:
* 900 грама брашно;
* 75 грама брашно од коноп;
* 75 грама лупени семки од коноп;
* 550 мл вода;
* 25 грама квасец;
* 20 грама сол;
* 10 грама путер.

Начин на подготовка: Брашната се ставаат во длабок сад и се мешаат сè додека не се соединат, потоа се додаваат и останатите продукти, а водата постепено се додава додека го замесувате тестото. Се остава 15-20 минути тестото да искисне (за тоа време пафнете си еден) и се пече околу 20 минути на 230 степени.


420 Macedonia: Дали сметаш дека одгледувањето коноп/канабис може да го подобри квалитетот на почвата за другите култури и дали може да ни ја подобри живостната средина?

С. Г. Република Македонија е бoгaтa сo aлувијaлни пoчви, бoгaти сo мoшне хрaнливи мaтерии и зaтoa се пoгoдни зa одгледувaње на рaзни земјoделски култури, меѓу кoи и кoнoпoт. Нo сепaк, пoрaди нерaциoнaлнoтo кoристње нa пoчвите и уништувaњетo нa целaтa вегетaцијa вo нaшaтa земјa, чест е случaјoт тие дa oсирoмaшaт или дa бидaт ерoдирaни. И недoвoлнaтa грижa зa пoчвaтa и вoдaтa, дoведувa дo нивнo зaгaдувaње сo штo тие не смеaт дa се кoристaт зa нaвoднувaње или зa сaдење, а познато е дека конопот е култура којашто не само што го прочистува воздухот подобро од шумите, конопот исто така ја прочистува земјата, дури и од штетното дејство на радијацијата. Затоа во Фукушима масовно треба да се сади коноп, но не само таму, конопот треба слободно да си расте насекаде низ светов!


420 Macedonia: Ова интервју е дел од Националната кампања за декриминализација на најлековитата билка на планетава во Македонија, преку која сакаме на секој да му дадеме можност да го искаже своето мислење, затоа што сметаме дека сечие мислење е важно. Што мислиш за граѓанското движење 420 Macedonia и за оваа кампања?

С. Г. ужива после активниот напоредн ден ^_^
С. Г. Одлично е сè што правите бидејќи вие го освестувате народот! Јас ве следам уште кога имавте 200 лајкови (случајно ве открив сама побарав 420 Македонија) бев шокирана кога видов дека во Македонија има ваква страна и премногу се израдував и измотивирав уште повеќе да ви се приклучам! Го охрабрувам секој да направи сè што може за ослободување на конопот, а сите кои немаат време нека стават лајкче на вашата страница на фејсбук, нека поканат пријатели да стават лајк и секојдневно нека се едуцираат и споделуваат информативно-едукативните објави што ги постирате! Секој што ја игнорира забраната на конопот е соучесник на таа забрана која секојдневно убива невини души, а самиот коноп до сега никого не убил!


420 Macedonia: Која е твојата порака до сите љубители, уживатели и поддржувачи на канабисот?

С. Г. Тој што не знае доволно за ова растение – Научи го!
Тој што има здравствени проблеми и депресија – Излечи го!
Тој што знае и ужива во ова растение – Дружи се со него!
Тој што вика дека канабисот е дрога и не лечи болести – Освести го и бегај од него!!!

Од хербариумот на С.Г. :)
С.Г. на сите ни препорачува да го погледнеме д-р Масару Емото:

Што претставува познатиот код 4:20?

4:20 денес означува глобално движење за ослободување на канабисот, но од каде доаѓа овој симбол?


Постојат повеќе теории за потеклото на овој симбол и за тоа на кој начин истиот е поврзан со марихуаната.

Покрај тоа што на 20 април (4/20) се празнува светскиот (интернационален) ден на канабисот проследен со протести за ослободување на најлековитото растение на планетава, постои еден клучен факт што се смета дека е најточен за настанокот на шифрата „4:20“. 

Во почетоците на 70-тите години од минатиот век група од пет средошколци од средното училиште Сан Рафаел во Калифорнија започнуваат да ја употребуваат оваа фраза за која не ни насетувале дека ќе стане толку позната. 

Steve Capper, Dave Reddix, Jeffrey Noel, Larry Schwartz и Mark Gravich се имињата на петте основачи на движењето 4:20. Имено во 1971 година тие додека шетале низ ходниците викале „420 Louis“ (ФОРТВЕНТИ ЛУИС) - што значело се чекаме после часови со џоинт пред статуата на Луј Пастер (Louis Pasteur).

С.Г.

Monday, July 17, 2017

Редовните мали дози THC може да ја вратат меморијата!

Неодамнешна научна студија откри дека активната состојка во канабисот, т.е. психоактивниот канабиноид Тетрахидроканабинол THC ја враќа меморијата кај постарите глувци. Ова е добро познат факт кај сите долгогодишни корисници на марихуана. Оставете ги глувците на раат! Доста ги малтретирате невините животинки со цел да ни докажете нешто кое сите веќе одамна го знаеме! Одамна е време канабисот да се тестира на луѓе, затоа што сите имаме ендоканабиноиден систем и лековите наменети за луѓе, треба да бидат тестирани на луѓе, а не на животни

Марихуаната го заштитува мозокот!
Студијата објавена во зборникот Nature Medicine беше спроведена од страна на германски научници. Во период од еден месец, на една мониторирана група на глувци на различна возраст, континуирано им беа давани ниски дози на тетрахидроканабинол (THC). Контролната група глувци била лекувана со плацебо. Научниците ги тестирале когнитивните способности како помнењето и способностите за учење кај глувците. 

Нормално со текот на возраста се очекува меморијата и способноста за учење да опаѓаат, но оваа студија покажува дека употребата на мали дози ТХЦ има обратно дејство кај овој природен процес. По 28 дена од третманот со THC, кај постарите глувци е регистирирано подобрување на меморијата и способноста за учење како кај младите здрави глувци. Тие просто станале попаметни и нивните когнитивни способности можеле да се споредат со оние кај помладите здрави глувци од контролната група. 

Научниците исто така ги испитале мозоците на сите тестирани глувци на крајот од студијата. Тие биле најмногу заинтересирани за нивните хипокампуси - делот од мозокот одговорен за помнењето. Кога тие ги споредиле синапсите и нервните конекции, како и нивоата на генетска експресија во хипокампусот, тие откриле дека мозоците на постарите глувци на кои им било администрирано ТХЦ физички исто така се промениле. Тие изгледале како мозоците на помладите здрави глувци кои не земале ТХЦ. 

Балансот помеѓу одредените стохастички процеси на стареењето и спротивставените хомеостатски механизми во голема мера ја одредуваат прогресијата на стареењето. Постојат значителни докази што укажуваат дека ендоканабиноидниот систем (ECS) е дел од вториот систем, бидејќи тој ги модулира физиолошките процеси коишто лежат во основата на стареењето. Активноста на ендоканабиноидниот систем исто така се намалува со текот на времето, затоа што експресијата на CB1 рецепторот и спојувањето со G-протеините се намалени во ткивата од мозокот кај постарите животни и нивоата на главните ендоканабиноиди 2-arachidonoylglycerol (2-AG) се помали. Заклучок = со редовна употреба на канабис го спречуваме процесот на стареење не само на мозокот, туку на сите ткива и органи!

Sunday, July 16, 2017

За пронаоѓачот на магичните колачи со марихуана! :P

Brownie Mary Jane Rathbun
„Брауни“ (Brownie - колаче со марихуана) Мери Џејн Ратбун (Mary Jane Rathbun), позната како Брауни Мери е пронаоѓач на марихуана колачите


За време на 1980-тите Мери Џејн нелегално печеше над 4.000 браунис неделно за пациентите со канцер и СИДА во Калифорнија, како волонтер во општата болница во Сан Франциско. Покрај бројните апсења, таа остана активен застапник на марихуаната до нејзиниот последен ден на овој свет.

Заедно со активистот Денис Перон (Dennis Peron), Ратбун лобираше за легализација на канабисот за медицинска употреба и таа помогна да се надмине Забраната во Сан Франциско (1991) и Забраната во Калифорнија 215 (1996) за да ги постигнат тие цели. Таа исто така, придонесе за основање на Сан Франциско канабис купувачиот клуб, првата медицинска продавница (dispensary) за канабис во САД.


Замрзнувањето е задолжително кога алкохолот се користи како растворувач

Еве едноставен совет за подобрување на квалитетот на домашниот екстракт од канабис - подобрување на бојата и вкусот, т.е. намалување на количеството на хлорофил во екстрактот 


Со замрзнувањето на почетниот цветен материјал и растворувачот (алкохолот, на пр. изопропил од 96% па нагоре) за околу 6-8 часа, а потоа брзо миење од 2-3 минути на почетниот материјал со алкохолот, лесно се отстрануваат трихомните жлезди и откако листестиот материјал е замрзнат, многу од хлорофилот не преминува во маслото... На овој начин не само што се намалува горчината на маслото (горчливиот вкус), туку конечното масло нема да биде темно зеленкасто, туку ќе биде златно-килибарно. Кога ќе се заврши со постапката на подготовка на маслото, серијата ќе биде 90%+ во зависност од врстата/врстите и финалната декарбоксилација... Хлорофилот не се смета за нешто лошо, но за пациентите со канцер и други сериозни хронични заболувања, потребно ви е масло коешто е најмоќно во поглед на THC и со што е можно помачку додатни непотребни примеси.

Теглата од лево е по брзото замрзнато перење, теглата од десно не е...

Извор: од комуникацијата со искусни производители на екстракт од канабис

Friday, July 14, 2017

Марихуаната е лек за секого! Секое суштество со ECS има потреба од канабиноиди

Марихуаната е лек за секого. Не само за хипиците, како што пропагандата за забрана на конопот базирана на лаги сакаше да верувате. Колку побрзо ќе ги надминете вашите ментални блокови и ќе почнете да го користите канабисот како лек (а секоја употреба е медицинска), толку побрзо ќе разберете дека поголемиот дел од она што медицинскиот систем ви го кажува е чиста бесмислица. И колку порано ќе почнете да внесувате канабиноиди, толку повеќе ги спречувате болестите да го нападнат вашиот систем. Не верувајте на сопствените очи. Не верувајте на сопствените уши. Не ја збогатувајте фарМАФИЈАТА, којашто до вчера ве лажеше дека конопот е опасна дрога! Самостојно подгответе си мала експериментална количина екстракт од канабис и уверете се на сопствена КОЖА! Нула смртни случаи до сега, а безброј оздравени, па зашто да не испробате сами? ;)

Ендоканабиноидниот систем (Endocannabinoid system - ECS) се состои од ЦБ рецептори, ендоканабиноиди и ензими кои се вклучени во нивната биосинтеза и деградација и тој е присутен и во мозокот и периферните ткива, вклучувајќи го и црниот дроб. Хепаталниот ЕЦС (hepatic ECS) се активира кај различни заболувања на црниот дроб и придонесува до основните патологии.“ https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/21254182

„Ендоканабиноидниот систем е во голема мера надрегулиран за време на хроничните заболувања на црниот дроб и конзистентните експериментални и клинички наоди покажуваат дека тој игра улога во патогенезата на фиброзата на црниот дроб и заболувањето на масното ткиво на црниот дроб поврзано со дебелина, злоупотреба на алкохол и хепатитис Ц.“ https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23890208

„И покрај значителниот напредок во разбирањето на механизмите преку кои канабиноидите ги регулираат имунолошките функции, не се знае многу за улогата на ендоканабиноидите во патогенезата или спречувањето на автоимуните болести.“ 

„Прекумерната употреба на канабиноиди покажа дека ја влошува фиброгенезата на црниот дроб кај пациенти со хронична хепатитис Ц инфекција вклучувајќи го CB1 рецепторот. Сепак, активацијата на CB2 рецепторот може да игра заштитна улога за време на хронични заболувања на црниот дроб.“ Ова потврдува дека за идеална избалансирана благосостојба потребно ни е целото растение со сите состојки коишто природно се наоѓаат во него. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19647124

Wednesday, July 12, 2017

Збор-два од д-р Џефри за ректалната апсорпција на канабиноиди

Клучната поента за ректална администрација е да се избегне психо-активноста, додека се постигнува висока доза од канабиноидната терапија. Ако се залагав за администрација на високи дози, би го користел оралниот пат, сè додека повеќе докази не ја откријат динамиката на ректалниот пат


Д-р Raphael Mechoulam и д-р Jeffrey Hergenrather
Доктор Џефри Хержонрејдер (Jeffrey Hergenrather), лекар и истакнат канабис консултант, а воедно и Претседател на Медицинската група за канабис во Калифорнија (California Cannabis Research Medical Group), истакна дека причината зошто канабисот е ефективен во третирањето на многуте болести е поради тоа што сите животни, со исклучок на инсектите, произведуваат нивни сопствени канабиноиди наречени ендоканабиноиди чијашто основна функција е заштита на телото од канцери и други повреди. 

Животните поседуваат ендоканабиноиден систем составен од канабиноидни рецептори во нивните мозоци, срца, црни дробови и во гастроинтестиналните системи кои можат да одговорат на надворешно аднинистрирани производи од канабис, пренесува пациентот кој се лекува со канабис и е еден од најистакнатите активисти за ослободување на канабисот во светот Сет Грин од Тенеси, во објава од The Freedom to Heal Foundation, којашто е основана за да овозможи обезбедување на слободен пристап до алтернативните медицински третмани за пациенти со ниски примања.

Доктор Џефри ја започна својата медицинска кариера како општ лекар во 1976 година. Неговата пракса опфати општа медицина, OB-GYN, педијатрија, неонатална нега и итна медицина. По повеќе од 25 години во вонредната медицина, тој ја започна својата медицинска пракса како консултант обезбедувајќи консултации за канабис и консултации за општа медицина во 1999 година. Докторот Хержонрејдер обезбедува препораки за канабис за жителите на Калифорнија со сериозни здравствени состојби и спроведува консултации низ целиот свет по телефон, како и онлајн состаноци. Можете да го контактирате на неговата е-маил адреса: jhergmd@gmail.com


Заедницата на канабис доктори (The Society of Cannabis Clinicians) е образовна и научна заедница од квалификувани лекари и други професионалци посветени на промоцијата и поддршката на канабисот за медицинска употреба и д-р Џеф е дел од таа заедница. Во една објава за страницата www.beyondthc.com, д-р Џефри објаснува колку се ефикасни канабис супозиториите. „Јас ја проверив литературата за да видам дали има некакви фармакодинамични/фармакокинетички студии за апсорпцијата на канабиноиди низ ректумот. Нема според моето спознание. До сега јас само имам анегдоти како што веќе споменавте. Јас сум посигурен за оралниот пат само поради тоа што имам многу искуство со тоа, но не би ги отфрлил приказните за ефикасноста по ректален пат.


Заедницата на канабис доктори е образовна и научна заедница

Постои „вкрстување“ на вени во ректумот. Колективно тие се нарекуваат ректален или хемороидален плексус. Поголемиот дел од венскиот проток (после апсорпцијата на канабиноиди) оди преку супериорната ректална вена во порталната вена, додека инфериорните вени течат во венечната вена (vena cava). Порталната вена го собира најголемиот дел од венското враќање од панкреасот во ректумот со сите хранливи материи и ензими за варење, кадешто крвта оди до црниот дроб за она што е наречено „метаболизам на првиот премин“ (first-pass metabolism). Поголемиот дел од THC е конвертирано во 11-OH-THC, слична психоактивна молекула. Венечната вена од друга страна оди назад кон срцето и во општата циркулација пред таа полека да стигне до црниот дроб за метаболизизам.


Се согласувам дека патот преку вдишување е само околу 10-20% апсорбиран. Оралниот пат варира широко во зависност од оброците и видот на препаратите. Листот од канабис не е добро апсорбиран додека маслата се апсорбираат доста добро. Јас би очекувал дека обилните оброци би ја забавиле апсорпцијата во споредба со мали мрсни оброци. Клучната поента за ректална администрација е да се избегне психо-активноста, додека се постигнува висока доза од канабиноидната терапија. Ако се залагав за администрација на високи дози, би го користел оралниот пат, сè додека повеќе докази не ја откријат динамиката на ректалниот пат.

Секој вид на рак се лекува со канабисово масло!
Се сомневам дека канабис лекарите имаат тенденција да препорачаат повеќе канабис/канабиноиди поголемиот дел од времето, според ургентноста што ја бара клиничкиот третман. Кога има повеќе време јас претпоставувам дека малите стабилни дози се соодветни за чувствителните канцери, додека помалку чувствителните канцери може да бараат мегадози на маслото, „60 грама за 90 дена“ или 20-25 мг/кг/ден на канабиноиди, без оглед на итноста. На крајот, клиничките студии ќе ги водат нашите препораки. До тогаш обидете се да внесете што повеќе канабиноиди во телото по било кој пат, со фреквенција на администрацијата најмалку дневно и по можност неколку пати на ден - заклучува д-р Џеф.

Monday, July 10, 2017

9 докази дека Исус Христос ја користел Божјата билка за самолекување и исцелување на неговите следбеници

И покрај тоа што е невозможно со сигурност да се побијат сите сомневања дека канабисот играл клучна улога во животот на Исус Христос, постојат неколку прилично интересни проверени податоци кои го сугерираат и потврдуваат тоа. Еве само девет докази кои може да нè убедат дека Божјиот син ја употребувал Божјата билка за самолекување, миропомазание и исцелување на болните кои ги среќавал во текот на својот живот, а исто така начинот на кој размислувал е плод на употребата на ова растение:


Исус користел канабис!
1. Луѓето од секогаш користеле канабис!

Постојат непобивливи докази дека луѓето користеле канабис уште пред илјадници години! Кога истражувачите го откриле гробот на античкиот египетски Фараон Рамзес II, тие откриле дека неговата мумија е погребана со честички од киф. Во една друга археолошка ископина, каде што мумијата била закопана со речиси килограм трева. Во Романија пак, постојат докази дека канабисот се пушел уште пред 5.000 години.

Периодот во којшто е роден и живеел Исус е познат по употребата на канабисот како лек и суровина за многу производи. Ако пакистанските шамани консумирале канабис за време на обредните ритуали пред илјадници години, тогаш не е толку тешко да се заклучи и да се замисли дека и Израелците подоцна пушеле марихуана и како правеле и користеле лековити екстракти од оваа билка.


2. Античките религии користеле марихуана!

Покрај историскиот преседан дека Исус користел канабис, постои исто така религиозен преседан. Постојат свети хиндуистички текстови коишто датираат од далечната 1.400 п.н.е. коишто говорат за канабисот како за свето растение, а одредени ритуали и религиозни обреди (некогаш, па сè до ден денес) ја вклучуваат употребата на канабисот во разновидни форми.

Античкиот Јудаизам исто така ја вклучувал употребата на Светата Трева! Научниците тврдат дека канабисот се користел за подготовка на Светото масло за миропомазание. Со оглед на тоа какви сè не супстанци за менување и проширување на свеста (просветлување) користат одредени спиритуални групи од самиот почеток на постоењето на човештвото, логично е да се разбере дека марихуаната е само друг вид на „босилек“ или „боринче“ т.е. само уште една лековита ароматична билка со чија помош свештениците си ја извршуваат својата работа. 

Всушност, постои термин за ова - „Entheogen“ (ентеоген). Тој збор ја опишува секоја супстанца што ги поттикнува духовните искуства, тоа се најчесто природни лековити АРОМАТИЧНИ материи кои покрај со својот состав тие лекуваат и со самиот мирис што го шират, вклучувајќи ја и моќта на молитвата. Докажано е дека молекулите на водата ја менуваат структурата под дејство на позитивна или негативна енергија, па замислете каква е моќта на посветеното канабисово масло? Поентата е дека канабисот веќе долго време се користи во духовните практики и традиции од кои Исус беше дел.


3. Светото масло за миропомазание содржи канабис!

Во Exodus 30:22-36, Бог им дава на античките Израелци инструкции како да го направат ова Свето масло. Библиските научници лесно ги идентификувале повеќето од состојките. Но, има една што е малку контроверзна. Стиховите ја споменуваат употребата на нешто наречено „kaneh-bosm“. Најпрво научниците сметале дека станувало збор за растението наречено „calamus“, што подоцна се покажало дека е канабис.

Научникот Сула Бенет (Sula Benet) беше првата што излезе со овој превод и таа вели дека постојат бројни референци кои директно или од околу го истакнуваат значењето на канабисот: „Во оригиналниот хебрејски текст на Стариот Завет, има референци за коноп, за двете како и за темјанот, којшто беше составен дел од религиозните прослави и како опојно средство“. Покрај Бенет постојат бројни други научници кои се согласуваат со неа. Античките Евреи користеле канабис за да го подготват светото масло за помазание, а тоа е периодот во којшто израснал Божјиот син.


4. Името Христос значи „Помазаниот“

Подоцна во неговиот живот, Исус се прочул како Исус Христос. Иако е лесно да се заклучи дека Христос било неговото презиме, тоа всушност била религиозна титула. Христос значи „помазаниот“ или благословениот со сакралното масло за миропомазание. Ако античките Евреи користеле канабисово масло во своите религиозни обреди, а самиот Исус бил „ПОМАЗАНИОТ“, логично е дека Исус бил помазан со масло од канабис. Тоа најверојатно била неговата прва сериозна интеракција со конопот, иако постојат податоци дека Трите Кралеви кои тргнале во посета на Новородениот Небески Цар му подариле дарови на Божјото бебенце во кои биле вклучени етерични масла, меѓу другото масло од канабис. Исус живеел во време во коешто канабисот и спиритуалноста биле многу тесно поврзани.


5. Тој користел канабис масло за стопирање на епилептични напади и за лекување на лепрозни!

Исус Христос е познат по неговата исцелителна дарба, меѓутоа тој не бил магионичар! Исус едноставно сакал да ни покаже на сите дека секој од нас е Божјо чедо и секој од нас е способен да прави чуда ако ВЕРУВА и дека секој може да прави сè што тој може самиот и дури и повеќе од него. Практично кажано Исус своите ученици ги учел што е тоа длабока молитва, ден денес позната како медитација, а исто така ги учел како да го балансираат своето енергетско ниво и како да црпат енергија од Изворот - од самиот Бог, т.е. предавал јога.

Исус знаел со што и како да лекува - имено лековитите природни материи во спој со чистата намера и љубов - чуда прават. Исус исто така знаел како на своите пациенти да им влее верба со тоа што во нив го поттикнувал самолекувањето - плацебото! Во времето на Исус епилепсијата се сметала за обземање од демоните, а епилептичарите биле третирани како демонизирани и врз нив се вршеле разновидни егзорцизми или биле убивани...

Новиот Завет е преполн со приказни кадешто Исус „истерувал демони“ и ги лекувал лепрозните и луѓето од секакви преодвратни болести и состојби на кожата кои за тогашната медицина биле тотално непознати. Среќници биле оние епилептичари коишто ќе влетале во негови раце - тресењето веднаш прекинувало, а „опседнатите“ биле засекогаш ослободени! Она што ние денес го учиме и осознаваме за марихуаната и како оваа билка ги стопира епи-нападите и ја регенерира кожата од речиси сите вродени и стекнати кожни болести, ни помага да разбереме на кој начин Исус ги извршувал неговите чуда.


6. Исус можеби се сретнал со конопот патувајќи кон далечниот Исток

Покрај теоријата за пресветото масло за миропомазание, постои друга теорија за тоа како Исус можеби ја открил или пак, таму го усовршил своето дотогашно знаење за канабисот кога патувал низ Југо-источна Азија. Иако Исус живеел само 33 години, Новиот Тестамент сугерира само на делче од животот на Исус. Зачудува фактот што Библијата говори за детството на Исус и веднаш потоа преминува на неговата зрелост, што значи дека денес не постојат библиски факти за сите тие години измеѓу.

Некои истражувачи сметаат дека има причина зошто не постојат записи за тој период, поради тоа што тој многу патувал на Исток. Ако ова е вистина, тогаш Исус поминал многу време учејќи од монасите и мистиците од различни духовни традиции низ Пакистан, Индија и Тибет, а многу од тие традиции од кои се просветлувал, вклучуваат религиозна употреба на канабисот. Кога Исус се вратил од Ерусалим за да продолжи со својата служба, логично е дека продолжил да го користи конопот на ист начин на којшто научил да го користи за време на неговите патувања.


7. Тој премногу сакал да зборува за мир и љубов <3

Исус дефинитивно работел против окупаторските римски сили и се борел против злото со помош на љубов! Тој бил доволно свесен за непроменливите Божји Универзални закони (како што се: Законот на привлечност, Законот на Боженственото единство, Законот за вибрација, Законот на акција и реакција, Законот на причина и последица, Закон за компензација, Закон на усогласување, Законот за вечна трансмутација на енергија, Законот за релативност, Законот за поларитет, Законот за ритам, Закон на половите) и поради тоа знаел дека на омраза не смее да се враќа со омраза, туку секогаш треба да се сврти другиот образ. Со тоа сакал да каже дека на зло секогаш треба да се враќа со добро или едноставно треба да се свртиме на друга страна и да си тераме по својот пат.

Како некој што поминал прилично долг временски период под дејство на канабис, следствено факт е дека тоа доведува до трајна промена во сфаќањата и уверувањата со тоа што се добива смирена и позитивна состојба на умот. Канабис културата од секогаш се поврзува со мир и толерантен пристап кон себе и околината. Веќе е докажано дека алкохолот ја поттикнува агресијата, а канабисот смирува и предизвикува љубов и разбирање помеѓу луѓето - ги спојува верите и нациите...


8. Во Библијата има многу референци за канабисот

Библијата е преполна со вербални загатки кои сугерираат дека Исус корител канабис. Во Exodus 30:22-23 низ стихови е прикажано како Бог дава насоки за подготовка на миропомазаничко масло. Потоа стиховите за Мојсеј - Exodus 3:1-17 објаснуваат за интензивното спиритуално искуство на Мојсеј на врвот од планината Синај. Таму тој го здогледал „ангелот на Царот... во пламења од огран од запалена грмушка“. Ништо чудно таа грмушка да била канабис, Мојсеј од дејството на активираните канабиноди во чадот од пожарот бил полесно поврзан со спиритуалниот свет, имал поотворени чакри поради тоа и затоа можел да ги гледа енергетските битија.

Стихот пак, Genesis 1:12 објаснува за тоа како Бог го создавал светот. Прва книга Мојсеева (Битие); 1. Создавање на светот. Човекот образ Божји. 29. И рече Бог: „Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна!“ 31. И виде Бог дека е многу добро сè она што го беше создал. И би вечер, и би утро – ден шести.


9.  Исус ги лекувал слепите со канабисово масло

Епилепсијата и лепрата не биле единствени болести коишто Исус ги лекувал со свети масла. Сите сме слушнале за библиските приказни во кои Исус им помагал на слепите да прогледаат, што не е чудно затоа што денес канабисот се користи за третирање глауком, очен притисок и други болести и состојби со видот и очите.

Канабисот ја подобрува циркулацијата на крвта, го намалува очниот притисок што предизвикува глауком и на пациентите им причинува страшни болки во очите и главата. Познато е дека канабисот е природен анестетик и противвоспалителен лек, па затоа не е чудно како Исус успевал да ги ослободува од најтешки болки своите пациенти со допир, т.е. со свето масло во кое имало канабисово масло.

Wednesday, July 5, 2017

Кое фармацевстко масло од канабис е полошо, а кое е подобро?!?

Вистината е дека и маслото на Реплек и маслото на Freyherr се со недоволна количина на двата главни канабиноиди THC и CBD, како и на останатите канабиноиди, флавоноиди, терпини и други молекули коишто се од круцијално значење кога некој сака да излечи нешто сериозно!

Во суштина ќе треба да се изнафрлате пари за да ја добиете потребната доза, ако сакате да се излечите од некоја од терминалните болести или автоимуни компликации. Со овие масла не може да излечите РАК! Одговорот или решението на овој проблем е бојкотирање на овие масла со нивно некупување, за да ја предизвикаме побрзо целосната либерализација. 

Основното мото на граѓанското движење 420 Macedonia е целосно ослободување на растението коноп/канабис и негово вадење од законските стеги, дозволување на слободно производство, продажба, преработка и секаков вид на употреба и да може секој да си одгледува и произведува растенија и масло во својот дом за свои лични потреби. Во тој случај секој ќе може да си набави семе по лична потреба и да си направи лек по исто така своја потреба, затоа што нели веќе сите знаеме дека секоја индивидуа е различна и реагира поинаку на врстите канабис и дозите. 

Самите научници кажуваат дека екстрактите треба д абидат правени од мешани врсти и да се менуваат од време на време и секој треба да тргне во потрага по соодветната врста најдобра за неговата сдравствена состојба, која ќе му/ѝ прија. Што значи дека наметнувањето од страна на Здружението Зелена Алтернатива дека ова толку преслабо масло го претставуваат како универзално за сите и за сè е тотално апсурдно, бесмислено, лажно и се коси со сите досегашни нивни изјави и ставови кои ги пласираа во јавноста за фармафијата...

Можеби светот пополека се отвора кон насушново прашање за изборот на лекување, но ние имаме шанса тоа да го направиме, не само обезбедувајќи им профит на фирмите, туку и давајќи им можност на луѓето сами да се снаоѓаат, без да бидат материјално или легалистички гонети и онеправдани. 

Ако ракијата е легална да се пече по дворовите (најпотентниот опијат што го познава медицината), како тогаш може да дозволувате забранување на лично производство на лековита билка којашто никого до сега не погубила, а безброј луѓе воскреснала од смртна постела! 

Значи да сумираме: Freyherr божемниот екстракт исто како и божемните масла на Реплек Фарм се производи наменети за продажба, како и секој друг производ на пазарот, кој се бори со пазарната конкуренција со производите слични на него. Не можеме да кажеме кое масло од овие две е подобро а кое е полошо - двете не се добри! :) ...зашто да фрламе толку пари за да испробуваме, кога рецептот за подготовка на вистински висококонцентриран екстракт (смола) од канабис FECO (Full Extract Cannabis Oil) по наједноставниот метод на екстракција РСО со изопропил алкохол го имаме на интернет и најгоре на нашата Фејсбук страница. Уште е рано и уште многу други фирми ќе понудат свој производ на пазарот. Со конкуренција и квалитетот и составот на производите ќе се подобруваат, а до тогаш САМИ ПРАВЕТЕ СИ ГО МАСЛОТО!!! Лекот канабис расте од земја, а не во аптека! ;)

Monday, July 3, 2017

Делчевчанецот Перо раскажува за неговото лично искуство со природниот лек канабис

Перо - Археолого Неолитски од Делчево
„Јас сум дипломиран археолог, моментално сум на магистерски студии исто на археологија. Хоби исто така ми е археологијата и читањето книги поврзани со оваа наука, :D а во последно време си играм со велосипедизам и тоа возење на кратки и долги патеки“ - вели 27 годишниот делчевчанец Перо - Археолого Неолитски, првиот храбар љубител на канабисот кој оваа билка ја консумира најчесто превентивно, т.е. рекреативно и сака да им каже на сите дека доста се криеме и дека е време секој јавно да ја раскаже својата приказна за канабисот:


420 Macedonia: Колку време консумираш канабис и во каква состојба е твоето психо-физичко здравје?

Перо Археолого: Па моето прво љубење со канабисот мислам дека беше на летниот распуст кога завршивме 8-мо одделение. Тогаш имав 15 години, сега имам 27. Математички излегува дека консумирам канабис околу 12 години. Тогаш се сеќавам дека не пушевме џоинт, туку правевме бонг во шише, сето тоа измешано со шишиња алкохол беше интересно, занимливо. Па, моментално можам да кажам дека имам добро психо-физичко здравје, сполај му на Џ-то. 


420 Macedonia: Опиши го твојот прв HIGH! :)

Перо Археолого: Како што кажав во претходниот одговор мојот прв HIGH беше многу инетересен. Бевме излезени и поднапиени и дојде еден другар со едно шише и канабис. Го спремивме за употреба и тргавме од него, после тоа беше хаос, смеење, пеење... Откачување до даска. Морам да признаам дека беше многу интересно и забавно и никој не беше на било каков начин загрозен, ниту повреден.


420 Macedonia: Дали имаш излечено или спречено некакво заболување или здарвствена состојба со помош на канабис?

Перо Археолого: Па, пред извесно време мислам дека почнав да имам проблеми со анксиозноста. Мислам дека сè уште таа е моја „верна и добра другарка“ која што од време на време знае да ме потсети дека е жива. На почетокот мислев дека тоа е последица од канабисот, но после разговорот со неколку другари ме убедија дека тоа нема веза едно со друго. Тогаш направив мала пауза од Канабисот ама ништо не се смени. Подоцна се одлучив да продолжам да дувам и еве во оваа прилика да се пофалам дека некои „бедови“ се веќе минато зад мене. Благодарение на Џ-то пред сè.


420 Macedonia: Канабисот за тебе е...

Перо Археолого: Хм, интересно прашање. На ова прашање би сакал да се задржам малку повише ако може. Студирајќи го човековото минато дознав дека уште пред 12.000 години (околу 10.000 год. п. н. е.) човекот го имал канабисот како дел од своето секојдневие (мислам дека беше сативата). Ова го кажувам затоа што сметам дека канабисот е една од основните билки за производство на орудијата или лековите, па на крајот и средство за опуштање, изведување на разни ритуали и забава за хомосапиенсот низ неговата историја. Јас лично сметам дека човековата историја без канабисот би била малку подруга, не велам дека канабисот ја креирал историјата, но сепак мислам дека благодарение на таа билка биле измислени доста технолошки новитети и била развиена фантазијата и креативните способности на луѓето. Тука пред сè мислам на развојот на културата, уметноста и религијата, па и науката. Тоа би било на кратко моето гледиште за канабисот низ историјата и една благодарност до него, но какво е моето гледиште во денешницата? Морам да признаам дека малку ми е жал за канабисот, а уште повеќе за хомосапиенсот. Жал ми е затоа што „незаконски“ според природните законитости канабисот и човекот се разделени. Мислам дека доколку би можеле да ги користиме сите придобивки од канабисот би имале поздрава планета пред сè, помалку болести и повесел и попозитивен народ, што би резултирало со подобар живот. Јас и понатаму го гледам канабисот како билка од која што можеме да искористиме доста позитивни нешта, тоа и се трудам да го правам, на различни начини да останеме во љубовна врска со канабисот, се надевам до крајот. Еве во неколку реда тоа е канабисот, не само за мене туку за нас, умните хомосапиенси кои што за жал се сетивме дека можеме да го прогласиме за нелегална дрога и да правиме пари од канабисот...


420 Macedonia: Дали си слушнал или сведочел дека канабисот лекува рак, епилепсија и други болести?

Перо Археолого: Па, секако да. Сум слушнал повеќе случаи каде што канабисот успеал да излекува дури и „неизлечиви“ болести. Имав едно искуство во фамилијата со борба со рак, за жал се заврши трагично но, мислам дека консумирањето на канабисот ако не друго, успеа да ги ублажи болките и да ги направи „попристојни“ последните неколку месеци од животот на татко ми. Ситуацијата беше отидена до таму да нема назад, но како што велеше тој, после земањето на маслото од канабис се чуствуваше подобро барем за некое време. Еве за жал јас неможам да кажам дека сум успеал да победам една страшна болест со канабисот но, сепак има многу примери на кои им успеало тоа, на крајот овде би се вклопила поговорката „боље спречити него лечити“ или у превод навремена консумација на маслата од канабис во борба против разни болести, наспроти отровните и штетни зрачења, хемии и слични „тивки“ убијци.


420 Macedonia: Дали лично познаваш луѓе кои успешно се излечиле со канабис од серизни дијагнози?

Перо Археолого: Лично не познавам луѓе кои што потполно се излечиле, но знам повеќе примери на пријатели, другари... од трета рака.


420 Macedonia: Кој начин на консумирање канабис го преферираш и колку често? Кое е твоето омилено време за консумирање и како?

Перо Археолого: Па, најчесто го консумирам преку пушење тако звани „Џоинт“ или „Фиш“ или „Кебап“ или „Пиперче“ или „Макамче“ или... зависи од кој крај се луѓето со кои пушиме хехе. Колку често? Па може да биде по неколку пати на ден, зависи од ситуацијата и колку се има. Омилено време за консумирање е утрото уз кафенце, денот утрински се познава, така велат и старите, можеби и тие така го почнувале кога биле млади. И да не заборавам, сепак најдобро е кога ќе се „пафне“ после некоја ракиичка :)


420 Macedonia: Дали до сега си имал проблеми со законот поради канабисот и какви?

Перо Археолого: За среќа не сум имал проблеми со законот иако неколку пати сум имал многу ситуации кога било многу „топло“, една од нив е за во некој филм, за наш Балкански филм.


420 Macedonia: Индика, сатива или хибрид и колку грама месечно влегува во твојот систем?

Перо Археолого: Па, омилена ми е индиката, ама пошто нема многу простор за избор „дај шта даш“ е ситуацијава. За грамажа не знам точно, можеби околу 40 г., во денари можам попрецизно да кажам ама не сакам.


420 Macedonia: Која е твојата омилена врста канабис?

Перо Археолого: Индика.


420 Macedonia: Најконструктивната идеја којашто ти дошла под дејство на канабис?

Перо Археолого: Враќање во неолитскиот период во мислите. Неолитскиот период е мојот омилен период и моја основна цел на истражување. Досега многу пати сум патувал назад во тој период и сум го реконструирал животот на луѓето до детали, штета што неможам во тој момент да ги запишам или наснимам мислите. Прекрасно е чуството кога се враќаш во неолитот, па макар и само во мислите.


420 Macedonia: Што најмногу ти се прави кога си HIGН? Или можеби тоа тебе не ти прави никаква разлика?

Перо Археолого: Па, немам многу што да кажам за ова прашање, нема некоја разлика во секодневието, ми се јаде сладолед во лето и ајвар во зима :D


420 Macedonia: Како тебе консумирањето канабис ти има помогнато и/или одмогнато во животот и на професионален план?

Перо Археолого: Па, на професионален план можам да кажам дека ми има помогнато. Тука пред се затоа што со канабисот сум успеал многу пати да ја развијам мојата фантазија и да ми се отворат повеќе мисли за изучување на човековото минато. Мислам дека канабисот може многу да помогне кај повеќе професии кои се занимаваат со уметсност, креација, пишување итн. 


420 Macedonia: Како според тебе треба да биде законски регулирана Пресветата билка којашто лекува рак и ред други болести за кои до ден денес конвенционалната медицина нема ни теоретско решение?

Перо Археолого: Па, ако не повеќе да ни дозволат да произведуваме за свои потреби, мислам за консумирање за рекреативни цели и за лек, или па за производство на разни добра, секој нека си одбере како ќе ја користи оваа како што велите Пресвета билка. Тоа нека ни го дозволат, а после нека станат поригорозни казните за оние коишто ќе сакаат од тоа да прават бизнис и да го злоупотребуваат. Еве според мене така би било најубо. 


420 Macedonia: Што според тебе секој индивидуално треба да (на)прави за канабисот во Македонија да се декриминализира во буквална, вистинска смисла на зборот – за да можеме да си го купуваме/продаваме легално како камилицата, нането и босилекот на зелено, а не на црно пазарче :) ?

Перо Археолого: За почеток јавно да се зборува и да се едуцираат младите за оваа билка насекаде. И во школо и пред родители и пред пријатели, па и пред внатрешните органи (полицијата). Само на тој начин можеме да им кажеме дека тоа не е ништо опасно и да им ги олабавиме ококорените очи кога ќе го слушнат зборот „марихуана“. Еве тоа за почеток, натаму работите ќе си одат како што треба. На мене ми успеа да ја доближам оваа билка до моите најблиски кои на неа гледаа како на.. како на... не знам што ама страшно нешто. За среќа тоа повеќе не е така, полека се враќаме во реалноста!


420 Macedonia: Како ти се допаѓа нашето граѓанско движење 420 Macedonia?

Перо Археолого: Ај лајк ит, Ај ЛАјК ИТ А ЛОТ!!! (реакцијата на Џим Кери во Dumb and dumber). Тука сме за поддршка и за помош ако се може.


420 Macedonia: Што ќе им порачаш на сите вљубеници, уживатели и поддржувачи на канабисот?

Перо Археолого: Еве прво да им порачам на сите што не пробале да пробаат, на сите што не виделе да видат, на сите кои не допреле да допрат. На останатите на кои ова им е секојдневие, останете така. Зборувајте за овој наметнат „проблем“ насекаде и не плашете се од ништо, треба да им се каже на внатрешните органи дека тоа е само една обична корисна билка која што некој си будала ја нарекол „дрога“, зошто така ја нарекол никој досега не кажал ама тоа е. Канабисот може да биде и лек и лек, од тебе зависи што ќе одбереш. И на крајот би сакал да ни го отворат прекрасниот шпајз на Македонската почва и сонце за да можеме да се натпреваруваме кој подобар лек ќе одгледа (од рекламите за храната на МТВ). И Еден апел до „надлежните“ за овој проблем (пошто нивна е планетата и тие кажуваат што да правиме на неа): Оставете ги луѓето кои што како Вас се гости на оваа планета по неколку 10-тици години да ги уживаат сите добра кои што ни ги нуди таа. Сигурен сум дека нема да пропадне планетата ако канабисот се легализира или ќе се отворат војни и немири. Ништо нема да се промени ако канабисот се легализира, грешка моја, ќе се променат многу работи, ќе има посреќни и опуштени луѓе и помалку несраќни ситуации и на крајот конечно поголем развој на културата и уметноста во нашата ни мила Македонија, во којашто малку отпоише ни живеат хомосапиенси со чудни гледишта на животот ни еден и единствен. 

П. С. Кој си сака да дува, да го оставиме да си дува, кој сака да пие да го оставиме да пие. Само во мир и разбирање и „само да рата не буде“. Пуштете го канабисот во легала и отворете ги фрижидерите на продавниците после 19 и 21 ч. За по некоја капка алкохол. Направете го нашиот живот подобар.