„Жените имаат моќ, а во жените е тајната на целата оваа работа. Ако ги има жените во одборот, посебно мајките, тогаш е полесно да го смениме мислењето околу канабисот“ - изјавува убавицата и најпознатата активистка Шерил Шуман
Cheryl Shuman со нејзините лековити бебиња! :) |
„За мене, тоа беше духовно будење, ми беше дадена втора шанса и чувствувам дека моја обврска е да го сменам мислењето во врска со канабисот на секаде во светот“ - истакнува моќната Шерил Шуман (Cheryl Shuman). Таа е активист за ослободување на марихуаната, излечена од рак со помош на канабис и поранешен водител на неколку ТВ емисии, каде што била и оптичар за актерите. Покрај тоа што заштитното лицето на „Мајки за марихуана“ (Moms for Marijuana), што е најголемата група на влијателни жени-активисти во индустријата. Оваа група има бројни локални подгрупи кои функционираат обединето - со повеќе членови од NORML, WAMM и Women Grow, оваа 57-годишна мајка почна да ја користи моќта на социјалните медиуми, за да го промени начинот на кој светот ги доживува жените кои користат канабис.
Шерил објаснува како престанала со хемотерапија и наместо тоа користела THC и CBD производи за лекување на нејзиниот рак и како започнало нејзиното движење. „Групата „Мајки за марихуана“ е основана од една млада дама по име Сера Френк (Serra Frank), лажно име што го користеше во тоа време [во 2005] за да се заштити себеси, бидејќи живееше во Ајдахо, нелегална држава“ - рече Шуман. „Така „Мајки за марихуана“ започна да работи на страната My Space, која имаше околу 5.000 следбеници во тој момент и ми се допадна, бидејќи бев активист. Имав толку големо искуство со канабис. Преку употребата на производи од канабис, се спасив од смрт од рак на јајниците до целосна ремисија“ - додава таа.
Заедно со колешката активист Вупи Голдберг |
Пред да се вклучи во индустријата за канабис, Шуман направи уметничко богатство од филмски и телевизиски сетови, работејќи со најпознатите фаци од холивудската елита како: Вупи Голдберг, Том Круз, Мадона, до Анџелина Џоли и Бред Пит. „Бев девојка. Но, тогаш добив рак и се вратив во мојата домашна држава Охајо да умрам, затоа што сакав да бидам со моето семејство. Тоа беше лошо, навистина лошо. Се спакував и се вратив во Калифорнија за да започне лекувањето со канабис и да пушам марихуана до крајот на мојот живот, размислувајќи за Бог, јас сакав умрам со насмевка на моето лице. Јас едноставно не им верувам на лекарите повеќе“ - вели оваа мајка за пример.
Назад во Калифорнија, таа започна со истражување на забраната како начин за реформирање на законот за канабис, посебно проучувајќи го животот на Полин Сабин (Pauline Sabin). „Жените, всушност, беа заслужни за завршување на забраната, а тоа беше Полин Сабин, која беше лидер на оваа група жени. Читав сè што можев, и си помислив, што има таа што ја немам?“ - вели таа. Тогаш Шуман го основаше „Беверли Хилс Канабис Клубот“ кој во основа организираше забави, но за канабис каде што жените од Беверли Хилс се собираат за да дознаат за најновите трендови за марихуаната. Клубот стана многу популарен во рок од неколку месеци, па наскоро го привлече вниманието на CBS News. „Кон крајот на снимањето, водителката Николет Медина (Nicolette Medina) праша зошто го сторив тоа. Марихуаната ме прави подобра мајка и сосема искрено, подобро човечко суштество. Јас сум подмладена, пожртвувана и секој што ме познава ќе ти го потврди тоа“ - рече Шуман.
Сигурно верувајќи во моќта на социјалните медиуми, Шуман, која ги финансира „Мајки за марихуана“, на Сера Френк ѝ купи компјутер за да ги прошири организациите низ разни платформи, бидејќи Шуман почна да прави редовни телевизиски настапи зборувајќи за важноста на здружението „Мајките за марихуана“. „Сакав да знаат дека не се сами. Не плашете се дека ќе бидете фатени, не плашете се дека ќе ги изгубите вашите деца. Заедно сме посилни. Ние ќе ви помогнеме“ - рече таа. „Тогаш тоа предизвика огромна бура, ураган и торнадо, сè заедно. Добивме лавина од луѓе. Тоа беше навистина кул“ - додава таа.
„Мајки за марихуана“ моментално се гордеат со моментално 542.413 следбеници на ФБ, блиску до пет пати повеќе од NORML Women's Alliance и Women Grow во комбинација. Покрај нормализирањето на законите за употребата на марихуаната, најголемото прашање со кое се занимаваат овие активисти е децата да не бидат одземени од нивните родители поради мали прекршоци поврзани со ова лековито растение.
„Тоа е погрешно“ - вели Шуман. „Луѓето од социјалните сложби добиваат бонус од 5.000 долари во нивните буџети за секое дете кое користи марихуана, бидејќи тие најлесно можат да ги најдат домовите“ - кажува таа. Многу пати, бараат помош и самохрани мајки, измачувани жени кои ги оставиле своите насилни мажи. Затоа таа се обидува да им помогне на луѓето околу судските трошоци, па преку страницата Go Fund Me тие собираат средства и помагаат финансиски. Имаат и адвокати кои волонтираат со нив. Овие жени не само се обидуваат, туку навистина прават и повеќе од возможното!
Промата на начинот на кој луѓето ги гледаат корисниците на канабис експлодира како тема на разговор во последниве години, а Шуман е на чело на овој дијалог. „Сакам да им покажам на луѓето во медиумите каква беше слободата. Имам нормален живот како јавна личност користејќи канабис наместо Xanax или нешто друго. Сега јас работам и не сум губитник, денес работам на филмски сет. Успешни славни личности уживаат во канабисот. Според Adweek, жените прават 85% од сите одлуки за домаќинството. Жените имаат моќ, а жените се тајната на целата оваа работа. Ако имате жени во одборот, посебно мајки, тие можат да променат сè“ - истакнува Шерил.
Вечниот оптимизам на Шуман неодамна ја водеше во нова насока, помагајќи да се бори против кризата со опијати во нејзината матична држава Охајо. Со работата при Универзитетот во Ерусалим, но и со канадската компанија наречена Medipure, се создаде нов марихуана производ на рецепт, кој може да го замени местото на повеќе штетни фармацевтски лекови како што е Suboxone, додека се покриени со осигурување. „Тоа не е синтетизиран канабис, тоа е канабис на молекуларно ниво“ - објасни таа. „Во овој момент сакам да направам нешто за да им помогнам на многу луѓе во мојот роден град. Посетете ја веб-страницата на Шерил и нејзиниот YouTube канал, за да дознаете повеќе за нејзините напори и успеси во канабис активизмот и во правниот канабис простор.
Автор: Кристина Т.