Sunday, April 2, 2017

Што е тоа ендоканабиноиден систем?

Во 1964 година истражувачите од Израел ги откриле терапевтски активните состојки во канабисот, коишто денес се нарекуваат канабиноиди, од кои најпознат и најистражуван е канабиноидот THC, т.е. тетрахидроканабинол (tetrahydrocannabinol)


Кликни на сликата
Повеќе од 20 години подоцна, поточно во 1988 година, научниците го идентификувале ендоканабиноидниот систем во човечкото тело. Ендоканабиноидите се специјални молекули коишто нашето тело ги произведува по природен пат. Тие се многу тесно поврзани со правилното функционирање на целиот организам, т.е. на сите други системи, особено имуниот систем и нервниот систем. Канабиноидите од канабисот го имаат истиот ефект врз нашиот организам како и ендоканабиноидите. Многу од болестите коишто денес го уништуваат човекот, настануваат токму поради ендоканабиноиден дефицит, а единствениот природен извор за надополнување на овие клучни состојки е токму марихуаната.


CB1 и CB2 рецепторите
Канабиноидите од канабисот се однесуваат токму како нашите сопствени ендоканабиноиди. Тие перфектно одговараат на специјалните рецептори коишто се наоѓаат низ целото тело и кои се тесно поврзани со нервниот и имуниот систем. Нивната функција е подобрување на сопствената способност на телото да ја одржи хомеостазата, односно балансот во организмот и целокупната здравствена благосостојба. Свеста за постоењето на CB1 и CB2 рецепторите ја раздрма модерната медицина и во голема мера го нагласи значењето за тоа на кој начин канабиноидите од марихуаната и ендоканабиноидите од нашето тело меѓусебно стапуваат во синергична интеракција. Разбирањето на овие рецептори на научниците исто така им овозможува изолирање на одредени канабиноиди, како и подготовка на разновидни екстракти. Предупредуваме дека ниту еден синтетички канабиноид не може да има ни приближно сличен здравствен ефект како живите (природни) канабиноиди.


CB1 рецепторите се лоцирани низ целиот наш мозок и централниот нервен систем, како и бубрезите, црниот дроб, белите дробови, дигестивниот тракт, па дури и очите! Бројот на овие рецептори значително го надминува бројот на рецепторите за опијати и тоа во некој приближен сооднос од 10 према 1. Поставеноста на CB1 рецепторите ја оневозможува предозираноста од канабис, затоа што тие не се присутни во базалните региони на мозокот што се одговорни за виталните функции на телото (работата на срцето, дишењето итн.). Прекумерното внесување канабис не е летално (смртоносно) - НУЛА смртни случаи во историјата! Најстрашно што може да ви се случи од прекумерно внесување канабис е многу да огладнете, а потоа слатко да си заспиете... :) CB2 рецепторите примарно се откриени во периферните органи, пред се` ткивата поврзани со имуниот систем, вклучувајќи ги крајниците, слезината, градната жлезда и коскената срцевина.

Д-р Етан Русо
Д-р Етан Русо (Ethan Russo) еден од најпознатите научници коишто ги истражуваат медицинските својства на канабисот има напишано детално објаснување за ендоканабиноидниот систем и неговата функција кога станува збор за целокупното здравје на човекот: „Аналгетските и палијативни ефекти на канабисот и подготовката на канабиноидите во значителна мера се пријавени во текот на минатата генерација... Всушност, ефектите резултираат од комбинацијата на рецепторните и нерецепторните посредни механизми. THC и другите канабиноиди вложуваат многу дејства преку канабиноидните рецептори, рецепторите на Г-протеин мембраната (G-protein coupled membrane receptors), коишто се екстремно густо претставени во централните, `рбетните и периферните ноцицептивни патишта“ - пишува Д-р Русо во своите публикации.


Ендогените канабиноиди (ендоканабиноидите) дури и ги регулираат структурите за интегративна болка, како што е периаквадукталната (periaqueductal) сива маса. Ендоканабиноидниот систем исто така е во интеракција на бројни начини со ендогените опиоиди и валино системите коишто можат да ја модулираат аналгезијата и со голем број на други невротрансмитер системи како што се серотонергискиот, допаминергискиот, глутамеатергискиот итн., релевантни за болка. Клиничкиот ендоканабиноиден дефицит може да биде основата на патогенезата на мигрена, фибромијалгија, идиопатски синдром на дебелото црево, како и бројни други болни состојби коишто му се спротивставуваат на модерното патофизиолошко објаснување или адекватен третман“ - додава тој.

Извор: HCI Alternatives

Wednesday, March 29, 2017

Екстрактот од целото растение канабис ѝ го продолжи животот на малата Меди!

Дознајте повеќе за малата Меди која страда од синдромот Zellweger и марихуаната за неа е единствениот природен безбеден лек!

Меди ја победи смртта со канабис!
Медлин (Madeline) или скратено Меди (Maddie) има само четири годинки и боледува од терминална генетска болест наречена Zellweger Syndrome. Модерната конвенционална медицина до сега не понудила ниту еден лек или пак, третман и многу деца со ова катастрофално заболување не ја преживуваат првата година од својот живот. Марихуаната се чини дека е единственото нешто што ја одржува оваа мала душичка во нормален живот! Меди е глува, слепа и се храни со цевка. Таа исто така има остеопороза, камења во бубрезите, дисфункција на црниот дроб, коагулопатија, анемија, адренална инсуфициенција, низок мускулен тонус, а во јануари 2015 година се стекна и со епилептични напади.


Епи-нападите веднаш станаа опасни по нејзиниот живот, вели нејзината очајна мајка. Тие беа болни и траеа многу долго, па често се случувало таа да престане да дише и да мора да ја реанимираат. Во период од осум седмици откако кај неа се појавија нападите, Меди примаше 26 видови на фармацевтски лекови. Со самото тоа таа ги изгуби и оние незначителни моторни вештини што ги имаше стекнато и беше испратена во болница за неизлечиво болни деца, каде што се очекуваше нејзиниот живот наскоро да заврши...


Како функционира ендоканабиноидниот систем?
Јас не можев да прифатам дека ќе го изгубам моето бебе, па за време на неделите кои водеа кон моментот кога мислевме дека ќе бидат нејзините последни денови, јас започнав да истражувам и открив информации за екстрактот од целото растение канабис. Ноќта кога ја зедовме дома, кога требаше да е последната ноќ со нашата ќерка, ние ја овластивме да може да користи канабис. Се надевавме дека канабисот ќе ја одржува во комфорна состојба во нејзините последни моменти. Наместо тоа, Меди започна да дише самостојно и зачестеноста и времетраењето на нејзините напади започнаа да се намалуваат. Наскоро таа беше осум дена без епи напад!“ - изјавува Меган Холт (Meagan Holt) мајката на Медлин.


Канабисот е создаден за да биде консумиран!
Потоа откривме дека нејзиниот десен бубрег беше преполн со камчиња и наскоро сфативме дека Меди е сензитивна на опијати, до таа мера што имаше непријатен инцидент од несаканите ефекти од опијатите и ургентна интубација. Медикаментозниот крем од марихуана на градите помогна да се извади цевката“ - додава Меган. Меди користи високо концентрирана форма на масло од канабис наречено FECO (Full Extract Cannabis Oil). Со употребата на овој есенцијален екстракт користите најголем процент од медицинските својства на растението што е возможно. Моментално Меди прима 90 мг CBD и 40 мг THC секој ден!Ние им велиме на луѓето дека CBD ја одржа Меди во живот, но THC-A ја врати во живот“ - додава таа.


Неодамна ние започнавме со обидите да ја спасиме од нејзините епилептични напади со канабис. За време од неколку дена високo концентрираниот CBD (18:1) спреј функционираше половина од времето. Потоа ние пробавме изолиран THC-A. Една капка во нејзината уста, што само по себе е необично затоа што таа не земаше ништо преку уста (орално), беше толерирано екстремно добро и два од три напади се стопирани“ - додава мајката на Меди.


Меди сега 15 дена е без епи напад и моментално не користи бензодијазепами (традиционалниот „лек за спасување“) во период од 22 дена. Таа прима само уште четири лекови од целиот арсенал токсични лекови, повеќе не е во болница за неизлечиво болни деца и започна повторно да ги учи вештините како знаковниот јазик на слепите, гукање, клоцање со ноџињата и генерално повторно ужива во животот. Марихуаната на Меди ѝ обезбедува квалитетен живот за што нејзините родители мислеа дека е невозможно. Меди е само уште еден пример дека кај сите неизлечиви болести, пожелно е да му се даде шанса на канабисот!

 
Извор: The Fresh Toast

Monday, March 27, 2017

Уште една успешна канабис битка на мајка со епи-нападите на нејзината ќерка

Меган со својата ќерка Меди
Мајката Меган Холт (Meagan Holt) конкретно се залага за употребата на медицинска марихуана како третман за една ретка форма на епилепсија „Grand Mal seizures“ (Generalised tonic-clonic seizure), односно последица на болеста Zellweger Syndrome

Животниот пат на нејзината четири годишна ќеркичка Меди (Maddie - Madeline) е секојдневие за многу родители... Поради недостатокот од научни истражувања, мајката на ова девојче се` уште точно не знае до која мера и точно на кој начин лековитата билка канабис ѝ помага на нејзината ќерка. Но едно е сигурно - ѝ помага без несакани споредни ефекти!


Но, дали употребата на растението канабис го олеснува ова бебенце од тешките симптоми од болеста? Апсолутно, да! Дали билката успеа да ги стопира нејзините напади што го загрозуваат нејзиниот живот? Дефинитивно, да! Дали третманот со канабис докажа дека Меди нема повеќе потреба од сите оние штетни лекови? Погодивте - ДА!  И најважното прашање: Дали малата Меди ја промени свеста на многу родители кои се плашат своите деца да ги лекуваат со марихуана, поради страв од законската регулатива? Без сомнение! Случајот на ова детенце ја промени и свеста кај многу доктори и медицински професионалци исто така. 


Разликата по третманот од канабис е очигледна...
Но, што доколку некој нов симптом на болеста се појави? Што доколку оваа ретка форма на епилепсија се врати? Не знам колку време мојата ќерка има на оваа планета, но она што го знам е дека нејзино човечко вродено право е безбедниот пристап кон оваа билка која животот ѝ го спасува. Со канабис таа се радува, таа игра, таа се смее и може да биде повеќе своја (индивидуална)“ - изјавува мајката на ова девојче.

За мене ова не е избор, ова е нешто што јас морам да го правам; да ѝ го обезбедам на Меди олеснувањето коешто таа го заслужува користејќи канабис. Моја должност е да застанам зад мојата ќерка. Јас морам да се залагам за употребата на ова растение за Меди и други деца кај кои исто така може да е корисно, па дури и да им спаси живот. Јас си поставив како животна мисија да ѝ покажам на медицинската заедница, јавноста, нашите законодавци, дека е веќе доста“ - објаснува таа.


Ниеден родител не треба да поминува низ она низ коешто поминавме јас и мојот сопруг. Замислете како гледате четири возрасни мажи кои ротираат давајќи му прва помош на безживотното тело на мојата ќерка, додека алармите свират... Дали не би направиле се` за да му помогнете на своето дете? Дали ќе истражувате за алтернативните решенија кога тимот од експерти што се грижат за вашето дете тврди дека не постои ништо друго што може да се стори? Јас нема да престанам да му го давам природниот лек на моето бебе што ѝ го спасува животот и нема да престанам да се залагам за оние без глас сè додека нема да бидат сослушани“ - заклучува напатената мајка...

Извор: The Fresh Toast

Wednesday, March 22, 2017

Патрик Стјуарт откри дека користи канабис за да го третира својот артритис

Легендарниот актер од „Star Trek“ Патрик Стјуарт (Patrick Stewart) неодамна јавно откри дека користи канабис за да го третира својот артритис. 76-годишниот актер имаше многу проблеми со болки во рацете поради артритис до пред две години, т.е. до пред да се сретне со својот доктор во Лос Анџелес. Актерот сега изјавува дека спрејот базиран на канабис, маста и капсулите коишто тој ги купува легално, за него претставуваат чудесен лек!

Patrick Stewart се лекува со канабис!
Пред две години во Лос Анџелес бев прегледан од страна на лекар и ми беше даден рецепт со кој добив легална дозвола за набавка од регистриран пункт за производи базирани на канабис и бев советуван дека тоа може да ми помогне со мојот орто артритис во двете раце. Ова е, се чини генетски базирана здравствена состојба. Мојата мајка имаше лошо изобличени и болни раце. Јас си купив маст, спреј и лековити колачи. Маста, додека ми даваше одредено олеснување од неудобноста, беше премрснa за да ја користам преку ден, па затоа ja користам само навечер. Тaа ми помага да заспијам како што се редуцира болката“ - изјавува Патрик.


Немав никакви негативни споредни ефекти...


Спрејот, како и да е, е повеќе употреблив и јас ги прскам моите прсти и особено зглобовите на моите палци неколку пати во денот. Спрејот многу брзо испарува и ги остава моите раце доста суви, со нежно чувство на пецкање, кое не е непријатно. Верувам дека маста и спрејот значително ја намалија вкочанетоста и болката во моите раце. Можам да стискам тупаници, што не можев пред да почнам со овој третман.“ - додава тој.

Немав никакви негативни споредни ефекти од овој третман“ - изјавува Патрик, а замената на алтернативниов третман со канабис би било земање на синтетички фармацевтски лекови како NSAID’s, Advil, Aleve и Naproxen, кои се познати по своите негативни ефекти врз црниот дроб. „Како резултат на ова искуство, јас со ентузијазам го поддржувам планот за истражување на канабисот на Oxford Универзитетот (Oxford University Cannabis Research Plan). Верувам дека оваа програма за истражувања може да резултира со придобивки за луѓето како мене, како и милиони други“ - заклучува тој.

Извор: Fox News

Monday, March 13, 2017

Канцер на плунковата жлезда излечен со канабис!

Ова е случај на канцер на плунковата жлезда, кој се гледа надворешно, па може директно со доказ да ви се прикажат резултати на канабисот против канцер

Инаку случајов е многу интересен од две причини. Првата е тоа што пациентот користи исклучиво САМО канабис. Значи нема хемотерапија, нема зрачење, нема Б17, варова вода или било каков друг лек или суплемент. САМО канабис. Втората причина е што пациентот на почетокот користеше само орално, три пати на ден, по едно зрно ориз. За два месеци користење имаше многу мали видливи бенефити. Околу нова година почнато е со користење чепчиња по шема, оралното продолжува, плус надворешно, топично. Два месеци после тоа, имаме намалување од околу 65-70%“ - изјавува Давор Ангеловски од Зелена Алтернатива.

Вредно да се спомене е и дека на првата слика туморот буквално е целиот тврд како камен, додека на последната слика, која е од пред три недели, тврдото е со големина на нокт, за денес да биде само колку врвот на ноктот. Им благодарам од срце на луѓето за сликите и им порачувам на сите да се охрабрат и што повеќе да ги споделуваме убавите вести со јавноста! И луѓе, правилно следете ги начинот на употреба и дозирањето, еве практичен доказ колку е важно правилно да се употребува, особено кога се работи за тешки болести како канцер“ - додава Давор.

Вестите за канабисот се само успешни...

Масло од канабис за мускулна атрофија

Чепче од канабис
Мило ми е што се излекувал човекот без хемо, по природен пат. Браво и за упорноста што не се откажал на почетокот. Затоа е важно да се знае дозата и начинот за секоја болест. Луѓето уште многу малку знаат за лековитоста, зошто јавно не се зборува. Давор јас пред некое време те прашав, ама изгледа не си прочитал, знам дека и вие сте претрупани со прашања. Дали маслото може да помогне при мускулна атрофија и дали е доволно само навечер со масло од 3 до 4 зрна ориз? Дали сте сретнале таков случај? Пациентот е се` уште на нозе, но со тек на време ја губи силата на мускулите“ - јавно во групата прашува еден пациент. 

За дистрофија знаеме дека помага, а бидејќи атрофијата е до некаде слична, а и е невродегенеративна болест, тип на болест за која веќе знаеме дека канабисот делува, очекувам да помогне во запирањето на напредокот на болеста, како кај МС, паркинсон и други невродегенеративни болести, а и олеснување на симптомите кои веќе ги има. Само јас би ги распоредил дозите во барем два пати или три пати дневно, место само навечер“ - заклучува Давор Ангеловски. 

* чепчињата при пати на ден, барем 0,2 чепче - додава Филип Достовски

Friday, March 10, 2017

Сè повеќе пациенти со епилепсија користат медицинска марихуана

Научното истражување од Sydney University покажа дека 14% од лицата со епилепсија користеле производи од канабис за да ја контролираат својата состојба и кај мнозинството се покажале големи подобрувања

Лекот за сите болести е природен!
90% од возрасните епилептичари во студијата и 71% од децата испитаници изјавиле дека марихуаната им помага да се справат со нивните епилептични напади. Многу од пациентите со епилепсија во Австралија започнуваат да се лекуваат со канабис терапија, покажува најновата анкета на национално ниво. Родителите на децата со епилепсија коишто се третирани со канабис ги потврдуваат подобрувањата во нивната состојба во менаџирањето и редуцирањето на епилептичните напади.

Канабисот е побезбеден од епи-нападите!
Објавена во зборникот Epilepsy & Behaviour (Епилепсија и однесување), научната студија „the Epilepsy Action Australia study“, во партнерство со the Lambert Initiative при Универзитетот во Сиднеј, анкетираше 976 испитаници со цел да ја проучи употребата на канабис кај лицата со епилепсија, причините за употреба и сите забележани придобивки пријавени од страна на консументите на канабис со епилепсија. Главната причина за обидот со канабис терапија беше да се изнајде побезбеден третман со „поповолни“ несакани ефекти во споредба со стандардните антиепилептични лекови. Главниот автор на студијата Anastasia Suraev од the Lambert Initiative изјави дека истражувачите добиле дополнителен увид за причините кои влијаат на употребата на канабис кај пациентите.

Легално мртов или нелегално излечен?
И покрај ограничувањата на ретроспективната онлајн анкета, не можеме да го игнорираме тоа што значителен дел од возрасните и децата со епилепсија користат канабис-базирани производи во Австралија, а многу од нив пријавуваат значителна корист за нивната состојба. Посистематски клинички студии се итно потребни за да ни помогнат подобро да се разбере улогата на канабиноидите кај епилепсијата“ - рече таа. Во 2015 година бабата и дедото на три годишно девојче со ретка форма на епилепсија, донираа голема сума на пари за Ламберт инцијативата за да ги поттикнат истражувањата на медицинскиот канабис. Помогни и ти - сподели ја оваа статија!

Извор: The Guardian

Wednesday, March 8, 2017

Интервју со Brave Mykayla - канабис масло против леукемија!

Brave Mykayla беше седум годишно девојче кога ја доби дијагнозата леукемија и нејзините родители одбраа да го лекуваат нејзиниот рак со канабисово масло

На 26ти март 2013 година бев во можност да ја интервјуирам "Brave" Mykayla („Храбрата“ Мајкајла) и нејзините родители Brandon (Брендон) и Erin (Ерин)“ - изјавува Lincoln Horsley. За време на интервјуто се разговараше за тоа каков тип на рак имаше Мајкајла, зошто тие одбраа канабисово масло? Тие разговараат и за нивниот метод на лекување и режим на дозирање на маслото. 

Тие дури и зборуваат за тоа дека немале друг избор дали да ја третираат или не нивната ќерка со хемотерапија. Лекарите ги принудуваат да ја третираат нивната ќерка со хемотерапија за 3 години или ќе ја предадат на детските заштитни установи. Тоа само потврдува колку е побркан Американскиот медицински систем. Докторите легално ги трујат децата, додека добрите родители ги претвораат во криминалци, само затоа што сакаат своето дете да го лекуваат на природен начин. Мајкајла беше принудена да зема отров, но поради тоа што нејзините родители одбраа третман со канабисово масло за нивната ќеркичка - таа сега е жива, среќна и здрава!
 
За среќа видеото подолу со интервјуто за сторијата на Mykayla може да им помогне да многуте родители како нејзините да се чувствуваат слободно во правењето на истата одлука како нив - да го лекуваат своето дете со екстракт од канабис. Хемотерапијата е легален отров, па зашто да не ѝ се даде шанса на алтернативната медицина, односно на канабисовото масло, земајќи пред вид дека никој до сега не починал од оваа лековита билка? Канабисот не може да го повреди вашето дете ни на приближен начин како што тоа можат да го сторат фармацевтските лекови на вашиот лекар. Канабисот само ќе помогне. Фармацијата сака само да бидете нејзин клиент и воопшто не ѝ е од корист здравјето на вашите деца... Повеќе воодушевувачки стории...




Повеќе за Brave Mykayla

Sunday, February 26, 2017

Рецепт за подготовка на кана-кокосово масло!

Рецепт за подготовка на лек од канабисово и кокосово масло. Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести

Против болки, гадење, епи-напади и повеќе!
Поради законските регулативи во многу држави, т.е. поради рестрикцијата за употреба на канабис, науката превзема ситни бебешки чекорчиња во истражувањето на медицинските својства на канабисот. Традиционалната медицина од секогаш ја користела оваа природна билка, прашајте ги вашите (пра)баби и (пра)дедовци за „чуварката“ доколку не верувате...


Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести. Со смолата од канабис подготвена по рецептот на Рик Симпсон по пат на декарбоксилација, во комбинација со ладно цеденото virgin масло од кокос како основна база за подготовка на лекот - може да направите буквално најразновидни лековити производи (+ пожелно е да додадете и темјан за да го поткрепите антиканцерогениот ефект на канабисот ако сакате да направите супозитории). Кокосовото масло е многу хранливо и со него едноставно се подготвуваат супозитории со канабисово масло.


Кана-кокосово масло
Подготовката на кокосово масло со канабисово масло - КАНА-КОКОСОВО МАСЛО е едноставна. Одберете ја врстата (врстите) канабис што најмногу им одговара на вашите потреби, затоа што секоја индивидуа е уникатна и сечие тело функционира на поинаков начин. Без разлика која врста на канабис ќе ја одберете за подготовка на овој лек, правите неверојатен благодет за целокупната ваша здравствена благосостојба, дури и да сте потполно здрави. Настојувајте само врстата (или врстите, затоа што може да се мешаат) да е одгледана на што е можно поприроден начин. Најпрвиот чекор е активацијата на марихуаната по пат на декарбоксилација (хемиски процес на активација на канабиноидите од растението).

 

Сами направете си го лекот!
Потребни состојки: 1 грам декарбоксилирана марихуана или подготвено масло + 28 грама (1 ounce) ладно цедено virgin кокосово масло. Количествата може да бидат прилагодени според овој сооднос. Финалниот производ можете да го употребување во кујната за готвење, меѓутоа на средна температура, затоа што доколку се загрее премногу, активните состојки од марихуаната ќе исчезнат. Комбинацијата од двете масла успешно лекува рак, болки, гадење, епилептични напади и многу повеќе! Не постои заболување што не може да се излечи со канабис!


Инструкции: Постојат повеќе начини, еве еден од нив...
  1. Ставете ја измерената мелена активирана марихуана во стаклена тегла и додадете кокосово масло. Цврсто затворете го капакот од теглата и ставете ја во сад полн со вода.
  2. Полека загревајте ја водата на ниска температура, под температурата на вриење во времетраење од 60 минути. (Ова спречува маслото да се прегрее и да го изгуби лековитиот ефект.)
  3. Исцедете ја течноста од канабисот во маслото. Користете мрежеста цедилка или пелена/платно како за цедење урда и отстранете ги цврстите остатоци од тревата од маслото во друга стаклена тегла.
  4. Маслото од канабис и кокос сега е подготвено да се јаде или да се користи како лосион за надворешна употреба. Отстранетите цврсти остатоци од подготовката не се фрлаат! Тие исто така се лековити и може да се јадат, како и печат или варат и додаваат во секој кулинарен рецепт, како и секоја друга билка.

Цедење на маслото
Зошто кокосовото масло е подобро од путерот? Кокосовото масло е најдоброто масло за произведување на потентни мешавини со канабис, како за надворешна употреба, така и за подготовка на колачи и други прехранбени лековити производи со канабис, затоа што содржи високо заситена содржина на масти. Тоа го прави кокосовото масло поспособно да ги апсорбира лековитите состојки од марихуаната, како што се канабиноидите, терпините, флавоноидите и др. во споредба со путерот или пак, другите видови на масла како основа. Додека путерот содржи заситени масти од околу 60%, содржината на кокосовото масло изнесува 90% заситени масти. 


Наместо да подготвувате разновидни видови на канапутери или тинктури, доволно е само да го имате кана-кокосовото масло во вашата кујна и да го додавате во секојдневната исхрана. Овој производ е идеален за лицата кои мора да се хранат со мрсна диета за справување со епилепсијата, Алцхајмерот или ракот (како кетогенската диета). Исто така, идеално е за вегетаријанците, веганите, лицата кои се на палео исхрана, за изнемоштени лица, за зајакнување на имунитетот и за сите кои не се алергични на кокосово масло, а сакаат да го консумираат канабисот без да го пушат или вапоризираат!

Извори: Daily Health Post
 

Кана-кокосово масло :P

Thursday, February 23, 2017

Што е подобро за справување со болките: THC или CBD?

Cannatonic
Многу научни студии до сега потврдуваат дека канабисот е ефикасен при третманот на болките и побезбеден од опијатите


Како што се развива канабис индустријата, од сите нови врсти и производи што се нудат на пазарот, како да се одберат најдобрите и соодветните за вашите потреби? Многу од пациентите треба да поминат период на експериментирање се` додека не ги откријат најсоодветните врсти канабис за нив. Кога станува збор за болката, одредени врсти до сега се покажаа како поефикасни од други. Иако секоја индивидуа реагира на канабисот различно, овие врсти до сега се најкористени за справувањето со болките:
Sour-Tsunami
Но, кој канабиноид е подобар за третирањето на болките? THC или CBD? Одговорот е двата, т.е. сите канабиноиди се потребни, затоа што секој од нив има своја функција во лекувањето и во одржувањето на благосостојбата на организмот. Секоја состојка има својства за справување со болката, тетрахидроканабинолот (THC) и канабидиолот (CBD) најдобро функционираат заедно синергично. 


CBD-Critical-Cure
Многу од пациентите ги преферираат врстите со висок процент на ЦБД за ослободување од болката предизвикана од спастичност и грчеви. Воопшто не е невообичаено да се слушне дека и врстите со висок процент на THC, како и оние со висок процент на ЦБД успешно ги намалуваат болките. Меѓутоа истражувањата покажуваат дека најдобри врсти на канабис за справување со болките се оние со големи количини на двете соединенија, па затоа канабиноидите не е многу ефективно доколку се користат изолирани.


Harlequin
Не само ТХЦ и ЦБД функционираат интерактивно и взаемно во справувањето со болката, туку и состојките наречени терпини, т.е. ароматични молекули што се наоѓаат во смолестите жлезди од билката канабис и имаат своја улога во лекувањето на болките. Истражувањата покажаа дека следниве канабиноиди исто така имаат аналгетски својства:
Critical-Mass
За некои луѓе врстите со висок процент на ТХЦ може да се поефикасни и тие сметаат дека хајот им помага да заборават на болката и да се фокусираат на нешто друго. Од друга страна пак, врстите со висок процент на ЦБД може да помогнат во намалување на воспаленијата и да го подобрат расположението, што исто така ја подобрува способноста за справување со болките. Седативните индики се најпопупарни кај пациентите за третирање на хроничните болки. Сатива врстите најчесто се препорачувани за дневна употреба и вообичаено се користат за лекување на невропатски болки и хронични главоболки. Сепак, се` е субјективно.


Afghan-Kush
Постојат над 100 канабиноиди во растението канабис. Децениите забрани за научните студии значат дека научниците самошто започнаа да ги проучуваат својствата на ова растение. Израел ја предводи играта за истражувањето на канабисот од 1970 година. Некои пациенти во САД, на пример во Канада веќе можат легално да користат фармацевтски лекови на база на канабис за третирањето на болките, како што е на пример Сативексот.

Извор: HERB
Напишала: MoniQue Konopova

Cannabigerol (CBG) - уште еден корисен канабиноид!

Saturday, February 11, 2017

Медицинска марихуана против акутни болки - студија

Билка наместо апчиња кога се работи за болки!
Нова научна студија е спроведена од страна на д-р Џејмс Фини (James Feeney) од болницата Saint Francis и медицинскиот центар во Hartford Connecticut

Овој обид е финансиран од страна на државата и ќе ги спореди опијатите и медицинската марихуана кај третирањето на акутна болка, како на пример кај фрактурите (скршениците). Постојат научни студии коишто сугерираат дека медицинската марихуана претставува ефективен природен лек за лекувањето на хронични болки (повторливи болки), т.е. болки што продолжуваат да ги мачат пациентите и покрај тоа што повредата веќе би требало да е излечена. Д-р Фини сака да ја тестира марихуаната за лекувањето на акутни болки, за кои опијатите долго време биле препишувани како лек, без некој посебен ефект, а со низа несакани последици по здравјето на пациентите!


Ослободи се од болките на природен начин
Големиот фокус од моја гледна точка е дека ова е обид да се заврши епидемијата со опијати. Предозирањата од опијати убија повеќе од 30.000 луѓе во 2015“ - истакнува д-р Фини. Марихуаната се` уште е третирана како наркотик бр. 1 според легислативата на многу држави, што ги попречува научниците да го истражуваат ова растение. Истражувачите прво треба да аплицираат за лиценца од страна на DEA (Администрацијата за борба против дрогата), што може да трае и со години. Единствената достапна залиха за истражувачите е објектот во кој Владата одгледува канабис при Универзитетот во Мисисипи, а и тамошните резерви се ограничени.


Заменете ги теглите апчиња со тегличка гане ;)
Истражувањето на д-р Фини за влијанието на марихуаната врз акутните болки нуди можност да се заобиколат овие проблеми поврзани со законите. Медицинската марихуана е легална во државата Конектикат. Наместо директно снабдување на пациентите со марихуана, докторот му дава сертификат на пациентот да го користи овој лек, а пациентот потоа си ја подига својата марихуана или од специјална продавница за марихуана или од аптека. „Врстите од кои јас треба да одберам се толку чисти и толку потентни, што материјалот што го добиваат од Универзитетот во Мисисипи бледнее во споредбата“ - додава тој.


Студијата вклучува вклупно 60 пациенти со повреди на ребрата, од кои 30 се лекувани со опијати, а другата половина со канабис. Поради дизајнот на студијата, пациентите сами одлучуваат дали ќе користат опијати и марихуана за контрола на болките. Досега, болниците имаат заведено доста голем број на пациенти. Сите од нив избраа марихуана! Д-р Даниел Клов (Daniel Clauw) пак, кој ја води лабораторијата за болки при Универзитетот во Мишиген заедно со неговите колеги неодамна објавија анкета спроведена врз пациенти кои започнале да користат медицинска марихуана за ублажување на болките. Тие ја редуцирале нивната претходна употреба на опијати за третирање на болките за цели две третини!!!


Лек од Бога даден...
Тие се чувствуваа многу подобро кога нивната болка беше ставена под контрола со помош на канабис, отколку со опијати затоа што опијатите имаат многу споредни ефекти. Тие несакани ефекти вклучуваат вртоглавици, констипација, сексуална дисфункција и во случај на предозирања - проблеми со дишењето. Тоа е затоа што опијатните рецептори исто така се наоѓаат во мозочното стебло, делот од мозокот кој го регулира дишењето“ - објаснува д-р Даниел. Марихуаната делува на различен сет на рецептори и затоа не може никому да му наштети.

Извор: Hemp Project

Thursday, January 26, 2017

Израелската Влада ќе финансира истражувањa на медицинскиот канабис

Израелските Министерства за земјоделство и за здравство ќе обезбедат 8 милиони Израелски нови шекели (скоро 2 милиони евра) за финансирање на 13 медицински студии врз канабисот. Меркава е првиот заеднички напор од ваков вид помеѓу единицата за медицински канабис при Министерството за здравство и главната научна единица при Министерството за земјоделство. Студиите, кои ќе бидат финансирани преку Фондот управуван од страна на главната научна единица, ќе се справуваат со биохемиските и медицинските аспекти, како и подобрувањетo на приносите на медицинскиот канабис како култура.

Министерството за земјоделство пред неколку дена изјави дека финансирањето на студиите е пионерски чекор за Израел, кој може да им овозможи на истражувачите да се спроведат основни и применети истражувања за пет години, за време на кои ќе се развиваат алатки и инфраструктура за да ѝ се олесни на следната генерација канабис растителни производи за медицинска употреба.

Меѓу биохемиските и медицинските студии одобрени од страна на Министерствата за земјоделство и за здравство на Израел се идентификацијата и спецификацијата на новите состојки кај видовите на медицински канабис, употребата на марихуаната и нејзиното влијание врз видот, вклучувањето на канабисот во спречувањето и убивањето на развојот на ракот на дебелото црево, третманот на мултиплекс склерозата со користење на канабис, употребата на марихуаната за да се спречи отфрлањето на трансплантирани органи, како и тест за способноста на растението канабис во одложување на развојот на штетните бактерии. Овие студии наскоро ќе добијат финансирање од страна на Израелската Влада.

Во прилог на овие испитувања, во следните неколку години, државата ќе го финансира истражувањето што ќе го испитува развојот на нови и подобрени технологии за одгледување, т.е. наводнување и ѓубрење на растенијата канабис, потоа подобрување на начините за справување со растителните болести и штетници кои го напаѓаат растението канабис, развој на усовршени методи за размножување и калемење на билките канабис за создавање на генетска банка и национална банка од семки на медицински растенија канабис, подобрување и развивање на нови видови канабис и многу повеќе.

13-те канабис студии за да добијат државна поддршка ќе бидат спроведувани од страна на одредените фармацевтски компании, универзитети, истражувачки институти и болници, откако тимовите од експерти ќе одговорат на повикот од главниот научник д-р Авичаи Прл (Avichai Pearl) од Министерството за земјоделство. Посебна комисија ги испитува предлозите и го направи својот избор за државна финансиска поддршка од 30-те поднесени. Министерот за земјоделство на Израел Ури Ариел рече: „Програмата покажува дека земјоделството е важно во сите аспекти од животот“.


Извор: Globes

Wednesday, January 18, 2017

Лекување лузни и рани од орален канцер со канабис

Канабисот помага во регенерацијата на ткивата. Иако до сега не постојат многу нови студии коишто го разгледуваат користењето на маслото од канабис за лекување рани кај луѓето, самите можете да се уверите во регенеративната моќ на канабисот нанесуван на кожа надворешно


Маслото може да се користи надворешно и внатрешно
Средовечен човек од Канада со орален канцер откри дека канабисовото масло му помогнало во намалувањето на лузната што ракот му ја создал на образот, се вели во извештајот насловен „Медицинскиот канабис за смирување на малигни рани - студија на случај“ во јануарското издание на зборникот Journal of Pain and Symptom Management. Третманот со канабисово масло, исто така ги намалил болките кај пациентот откако ракот предизвикал дупка во неговиот десен образ. Студиите сугерираат дека марихуаната може да биде ефикасен третман за третирање на болките кај пациенти болни од рак.


Потребни се дополнителни истражувања кои ќе потврдат дека канабисот навистина има својство да ги лекува раните, иако случајот со овој пациент „навистина гo потврдува она што е познато низ илјадници години за корисноста на канабиноидите во толку многу различни области“ - вели д-р Винсент Маида (Vincent Maida) вонреден професор на Одделот за Палијативна нега при Универзитетот во Торонто, кој се грижел токму за пациентот за кој станува збор во конкретниов случај. „Античките култури употребувале екстракти од канабис за лузни“ - додава д-р Маида.


Палијативната нега генерално вклучува само третмани за редуцирање на болките. 44 годишниот пациент заминал на преглед кај д-р Маида на клиниката за палијативна нега во Торонто пролетта во 2016 година, за лекување на болките предизвикани од малигните рани во неговиор десен образ. Човекот бил дијагностициран со орален канцер три години претходно и покрај тоа што туморот му бил хируршки отстранет, а бил подложен и на третмани со хемотерапија и зрачења, па затоа канцерот се вратил. Мажот одбрал две години пред да го посети д-р Маида, да продолжи со понатамошните третмани за негивиот канцер, како што вели извештајот.

Канабис против акни
Пациентот се обидел со земање на опијати, но и покрај нив тој се‘ уште имал тешки болки во неговиот образ. Но, ова не е се‘ низ што поминувал пациентот... Лековите кои ги земал, а всушност воопшто не му помагале, му предизвикувале негативни несакани последици како поспаност и опстипација.

Поради ова тој го замолил д-р Маида да му препише медицинска марихуана за третирање на неговите болки. Докторот му препишал на пациентот медицинска марихуана за вапоризирање, којшто тој потоа ја користел наредните неколку месеци. Канабисот му помогна значително да му се намалат болките и му помогна на мажот да ги редуцира дозите на опијатни фармацевтски лекови коишто се‘ уште ги примал. Сепак, раната во неговиот образ растеше и ракот на крајот го проби неговиот образ создавајќи дупка, што му оневозможи на пациентот понатаму да продолжи да користи марихуана по пат на вапоризација.
Увери се во лековитата моќ на канабисот...

Пациентот потоа го замолил д-р Маида да му препише масло од канабис коешто тој можел да го нанесува директно на раната. Пациентот го користел маслото на ваков начин 4 пати дневно во времетраење од еден месец. Тој откри дека неговата рана престанала да расте, напротив, раната значително се намалила за околу 5% во текот на целиот месец. Пациентот истакна дека тој се соочувал со ослободување од болките 10-15 минути откако ќе го нанел маслото директно на раната и ефектот се задржувал цели 2 часа по нанесувањето.

Иако до сега не постојат многу нови студии коишто го разгледуваат користењето на маслото од канабис за лекување рани кај луѓето, самите можете да се уверите во регенеративната моќ на канабисот нанесуван на кожа надворешно. Со канабис може да лекуавте акни и црвенило, изгореници, егзема, меланом итн. Една студија, направена врз човечки клетки од цревата одгледувани во лабораториски петриеви садови, сугерираше дека канабиноидите може да го подобрат затворањето на раните. И покрај тоа што не е јасно зошто маслото од канабис можеби има ефект за лекување рани во овој случај, една можна причина може да биде дека маслото го намалило воспалението, истакна д-р Анита Гупта (Anita Gupta), потпретседател на Одделот за медицина против болки при Колеџот за медицина Дрексел во Филаделфија. Сепак, таа додаде дека потребни се повеќе истражувања за да се испита дали маслото од канабис може да има ефект кај поголем број на пациенти со значајни рани.

Извор: Live Science

Friday, January 13, 2017

Магичните колачи со канабис му го променија животот на ова момче

Болна исповед на една мајка... Marie Myung-Ok Lee е писател и есеист кој често пишува за науката. Таа предава на Универзитетот Колумбија. Таа во една неодамнешна колумна за The Washington Post изјавува...


Marie Myung-Ok Lee со сопругот и 12 годишниот син
Marie Myung-Ok Lee е писател и есеист кој често пишува за науката. Таа предава на Универзитетот Колумбија. Таа во една неодамнешна колумна за The Washington Post изјавува: Ми беше потребно извесно време за да го усовршам рецептот за колачите. Експериментирав со состојките: Blueberry, Strawberry, Sour Diesel, White Widow, Bubba Kush, AK-47 - сите врсти на канабис коишто ги чував, помешани со глицерин во прецизно означени тегли на полицата во кујната. Откако колачињата завршуваа со печењето, јас ги вкусував трошките и ги забележував ефектите во тетратка. Често се чувствував опуштено. Една варијанта ме успа. Кога се убедив себе си дека серијата е во ред, јас му дадов колаче на мојот 9 годишен син. Во тоа време тој беше обземен од насилни напади на бес. Тој ја трескаше главата, вриштеше со часови и буквално ги јадеше своите маици. За време на вечерата, тој ги фрлаше неговите чинии толку силно што имаше храна закачена на таванот. Тој се гребеше и удираше и себеси и другите, така што луѓето ќе ги погледнеа црвените линии на нашите тела и не‘ прашуваа претпазливо, дали имаме мачки?

Но, кога ги погодив колачињата, тој се смири. Неговите агресии станаа помалку жестоки и поретки. Времето на оброците стана помалку бурно. Тој беше во можност да задржи доволно ниво на само-смиреност, така што тој дури и научи да вози велосипед - и покрај фактот што секој експерт ни кажуваше дека тоа никогаш нема да се случи. Сфаќам дека некои луѓе може да гледаат со лутење на родителите кои чуваат трева во домот, а камоли да спроведуваат полулегални медицински експерименти врз нивните деца. Но, крајно време е да се преиспитаат културните и правните ограничувања што се наметнати врз канабисот, особено кога станува збор за децата. Животот на мојот син е променет поради тоа.

Уште откако беше новороденче, јас го гледав мојот син како страда. На 18 месеци, тој беше подложен на две големи операции за отстранување на тумори на 'рбетниот мозок, само неколку недели една од друга и беше имобилизиран во гипс цела една година. После тоа, насилното беснеење започна - понекогаш дури 300 напади во еден ден. Мојот сопруг и јас не разбиравме зошто тој постапува на овој начин, се‘ додека тој беше дијагностициран од воспалителна болест на цревата на возраст од 3 години, за која дознавме дека му предизвикува болки поголем дел од денот, како и тежок аутизам, што му претставуваше тешкотија за него да се изрази себе си или да побара помош.

Се обидовме со сите видови на третмани, вклучувајќи и применувана анализа на однесувањето (applied behavior analysis - претпоставениот златен стандард кај терапијата на аутизмот), работна терапија, терапија со коњи и аудитивна интеграција. Неговиот гастроентеролог му препиша моќни антиинфламаторни лекови. Од времето кога наполни 5, нашиот син беше во специјално училиште и на хипоалергична исхрана. Потоа, неколку години подоцна, лековите престанаа да работат, а неговите агресии експлодираа. Неговото училиште, инсистираше тој да посетува психијатар, кој го препорача лекот Risperdal за лекување на неговата „аутистичка раздразливост“. 

Се чинеше дека ние повеќе немавме опции. Тогаш јас налетав на став во „Ботаниката на копнежот“ (The Botany of Desire) од Michael Pollan. Тој тврди дека канабисот е одличен за намалување на болката и може да ја забави краткотрајната меморија. Би можело ли ова, се прашував, да му помогне во ублажувањето на болката на мојот син и нападите од умствените сигнали што тој се бореше да ги процесира? За да го истражам ова прашање, јас станав дел од група на пациенти за медицинска марихуана која се состана на Универзитетот Браун (Brown University), каде што јас предавав. На собирот на тешко болни пациенти еден по друг зборуваа за лековитите влијанија на канабисот. Еден млад човек со парализирачка анксиозност и Туретов синдром, рече дека еден куп на психијатриски лекови не можат да ги смират неговите напади, но тревата можеше.

Мари на прошетка со нејзиниот здрав син!
Се убедив дека марихуаната вреди да се проба. По неколку недели на колебања, неврологот на мојот син се согласи. И така, на возраст од 9 години, мојот син стана најмладата личност со дозвола за медицинска марихуана во Род Ајленд. Најдовме сертифициран снабдувач. Потоа, бевме зафатени со пронаоѓањето на типот на марихуана што најдобро ќе функционира за него и на кој начин да го натераме да ја консумира? Д-р Lester Grinspoon, психијатар и професор на Медицинскиот факултет Харвард, кој го истражува канабисот од 1960-тите, ме увери дека најлошото што можеме да му го направиме на нашиот син е да заспие. Се разбира, паранојата е уште еден извитоперен и несакан ефект на марихуаната, но неврологот Карл Харт од Универзитетот Колумбија, кој давал марихуана на илјадници истражувачки субјекти, забележал дека паранојата исчезнува по неколку часа и со текот на употребата на канабисот пациентот се навикнува на ефектите и повеќе не му се необични и непријатни, т.е. тие се намалуваат.

И навистина канабисот е една од неколкуте природни супстанци на планевата што не можат да те убијат! За мојот син, не секој вид на канабис помагаше. Но, на крајот, ние се базиравме на врстата White Russian, миленик на пациентите заболени од рак во големи болки и преминавме од колачињата на маслена тинктура што мојот син ја добиваше орално на секои неколку часа со капалка. Тоа изгледаше како чудо. И седум години подоцна, тоа се‘ уште функционира.

Целата сторија можете да ја прочитате тука: The Washington Post