Sunday, December 31, 2017

Нова научна студија вели дека пушењето канабис од страна на идните мајки е сосем во ред!

Неодамнешните научни истражувања ги потврдуваат наодите на д-р Мелани Дрехер. Канабисот е навистина безопасен за консумирање во текот на бременоста и многу побезбеден од другите супстанци. Нова научна студија вели дека пушењето канабис од страна на идните мајки е сосем во ред!

Додека во некои уште поконзервативни општества од нашево, социјалните служби ги одземаат децата од одговорните и груижливи родители кои консумираат канабис, овата научна студија само потврди дека пренаталната употреба на канабис не претставува ризик фактор за здравиот развој на бебето. Истите тие „служби“ не прават ништо во врска со оние родители кои се алкохоличари и наркомани и кои воопшто не се грижат за своите деца, плус ги тепаат и малтретираат... Канабисот на многу родители им помага да бидат посмирени и пофокусирани и полесно да се справат со секојдневнито стрес на одговорното родителство. 


Тимот предводен од страна на Д-р Шејна Конер (Shayna Conner) си постави цел да докаже дали пренаталната употреба на канабиноиди е поврзана со негативни здравствени последици кај мајката и плодот. Тие извршија систематски преглед и мета-анализа на опсервациони студии кои ги споредуваат стапките на потрошувачка на канабис со резултатите на раѓањето. Неетично според нив би било да се извршуваат потенцијално штетни здравствени експерименти врз бремени жени, па затоа поголемиот дел од истражувањето за канабис и бременост се студии базирани на набљудување и студии на клеточна линија.

По собирањето на сите податоци, тимот најде два примарни исходи кои се појавуваат постојано: потенцијална ниска родилна тежина и предвремено породување. Оние кои се противат на употребата на канабис, особено оние жестоките противници, често ги користат овие две потенцијални влијанија како аргумент против билката. Сепак, оваа нова студија открива нешто интересно со што се побиваат овие два погоре споменати митови! Откако ја сортирале употребата на тутун и другите фактори што ги зафаќале, истражувачите не утврдиле статистичка корелација помеѓу употребата на канабис и секој негативен резултат на раѓање. Тие дошле до заклучокот:

Користењето на марихуана од страна на мајката за време на бременоста не е независен фактор на ризик за негативни неонатални исходи по приспособувањето кон сите негативни фактори. Така, поврзаноста помеѓу употребата на марихуана од страна на мајката и несаканите исходи се јавува како резултат на истовремената употреба на тутунот и други фактори кои влијаат врз нив“ - велат истражувачите. Статијата беше објавена на интернет и е достапна во изданието на зборникот за Акушерство и гинекологија (Obstetrics and Gynecology). Во моментов може да се најде во базата на податоци на Волтерс Клувер (Wolters Kluwer) под наслов „Употребата на марихуана кај мајките и негативни неонатални резултати: систематски преглед и мета-анализа [Апстракт]“.

Канабисот има широк спектар на терапевтски импликации. Оваа студија не го следи понатамошниот развој на децата кои пренатално користеле марихуана. Сепак, важно е да се забележи дека оваа студија покажа дека кога се користи самостојно, изгледа дека канабисот не го зголемува ризикот од негативни резултати од раѓањето. Меѓутоа, кога ќе ја комбинирате тревата со тутун, ризикот од ниска родилна тежина и предвремено породување се зголемува. Ако сте бремени и сакате да избегнете ризици, не консумирајте алкохол, тутун или други штетни супстанци и фармацевтски лекови. 

Многу студии за канабис и бременост не успеваат да ја исклучат употребата на тутун, алкохол и други дроги и не прават дистинкција меѓу канабисот што содржи високи нивоа на ТХЦ и врстите кои содржат високи нивоа на ЦБД. Лонгитудиналната студија спроведена врз жени од Јамајка од 80-тите години ги следеше нивните деца пренатално изложени на канабис до нивната пет годишна возраст. Кога децата беа на возраст од 5 години, истражувачкиот тим спроведе разни тестови, вклучително и тестот за детски способности на McCarthy. Водечкиот истражувач д-р Мелани Дрехер не најде разлика меѓу изложените деца на канабис и децата кои немаат контакт со канабис кога станува збор за способностите или академските перформанси. Сепак, потребни се понатамошни студии кои ќе ја ги следат децата пренатално изложени на канабис за време на адолесценцијата и зрелоста.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: HERB

Saturday, December 30, 2017

ПРВ КРЕАТИВЕН КОНКУРС на 420macedonia за 2018! Искажи ја својата креативност поттикната од канабисот!

Ах, колку љубов имаме во душата откако ќе се напушиме наутро, имаме #инспирација и #мотивација! Затоа сакаме и вие да ја манифестирате својата креативност разбудена од канабисот и да земете учество во нашиот ПРВ КРЕАТИВЕН КОНКУРС на 420macedonia за 2018 година!

Супер идеја за сите што консумираат канабис, да почнат сериозно да си го анализираат духовното патување, за да ја манифестираат својата креативност или за да ја споделат со нас својата канабис приказна, особено тоа како оваа тревка им помогнала или помага во животот.  Одлична идеја за сите кои сакаат активно да се вкулат во борбата за ослободување на канабисот, особено за оние на кои навистина им е потребен лекот - еве ви шанса за да ни помогнете глувите и слепите во македонското општество конечно да прогледаат и да прослушаат и да можат да ја чујат и видат вашата потреба за овој најбезбеден лек! 

Ве охрабруваме да земете учество во овој креативен конкурс и својата автентична поврзаност со билката да ја искажете во форма на поезија или проза, есеј, писмо до нашата Влада, колумна, клипче, видео, филмче, песна, стихотворба, слика, фотографија, стрип, цртеж, цртанче, скулптура, вез, накит, рачни изработки... (оставаме на вашата креативност :) со кои ќе ги потврдите придобивките од канабисот и на сите неупатени само уште поблиску ќе им го претставите канабисот.

Темата е слободна, но би сакале да ја дознаеме вашата лична поврзаност со канабисот и што за вас претставува ова Свето растение. Правилото е на/во/до делото да биде наведено/споменато нашето име „420 Macedonia“, т.е. дека станува збор за Првиот креативен конкурс на 420macedonia за 2018. Вашите 420 уметнички дела ги очекуваме до 19 април 2018 во инбокс на нашата FB страница или на нашата e-mail адреса 420macedonia@gmail.com со назнака: „За првиот креативен конкурс на 420macedonia“, за да можеме на 20-ти април да ги прогласиме победниците и да ви ги доделиме наградите (прва, втора и трета) :) Може и анонимно ;)

Како што ќе ги добиваме вашите натпреварувачки дела, така ќе ги објавуваме на неделно ниво (секој ден недела) на нашиот блог и на нашата FB страница, а ваше е да се потрудите истите да бидат што е можно повеќе видени, затоа што оние три дела со најмногу лајкови до 20 април 2018 година - ќе победат! Наградите се изненадување, но ви гарантираме дека оние што навистина ќе се потрудат и ќе победат, во 2018 среќата ќе може да си ја посадат и летото 2018 здравјето да си го оберат и да уживаат во плодовите на својот труд <3

Благодариме што постоите и што растете заедно со нас! 2018 година ќе биде годината на целосен пресврт и целосно ослободување на ова лековито растение! Ви посакуваме исполнување на сите желби во новата година, билката канабис постојано да ги разубавува македонските домови, дворови, ниви, полиња... и секако ви посакуваме да победите во овој креативен конкурс и на крајот од летото или есента 2018 да ни испратите фотографии од пораснатите и расцветани награди!!! На 20 април 2018 ќе направиме галерија (изложба) од сите испратени дела од ваша страна ;)

Friday, December 29, 2017

Ефектите на канабисот врз бременоста - консумирањето е корисно како за мајката, така и за идното бебе

Во Македонија сè уште е табу тема тоа дека факт е што бремените жени пожелно е да пушат марихуана и да ја консумираат на други начини пред, за време на бременоста и во текот на доењето. Тоа е слатка мала тајна за жените, особено за време на ужасниот прв триместар, кои се свртуваат кон канабис билката и успешно се потпираат на неа за ослободување од гадењето, несониците и стресот, а исто така канабиноидите му помагаат и на плодот


Алкохол, цигари и дроги се штетни за бебето. Тревата е тотално ОК!
ДА! Употребата на канабис за време на бременоста влијае врз развојот на бебето, но влијае на позитивен начин! Канабисот спречува појава на детската леукемија, а кај мајката ја спречува појавата на пост-породилна депресија. Бремените жени во Јамајка редовно користат марихуана за да го олеснуваат гадењето, како и да го намалат стресот и депресијата, често во вид на чај или тоник. Во доцните 1960-ти, студентката Мелани Дрехер (Melanie Dreher) беше избрана од страна на нејзините професори за да извршат етнографска студија за употребата на марихуана во Јамајка, за да ја набљудуваат и документираат употребата на ова растение и последиците кај бремените жени и нивните деца. Дрехер проучувала 24 Јамајкански бебиња пренатално изложени на марихуана и 20 бебиња кои не биле изложени.


Идеална комбинација! :)
Нејзината работа еволуираше во книгата наречена „Жени и канабис: медицина, наука и социологија“ (Women and Cannabis: Medicine, Science and Sociology), во која се вклучени нејзините теренски истражувања. Повеќето претходни истражувања од Северна Америка не ја даваа вистинската слика затоа што овие студии не ја изолираа употребата на марихуана, меѓутоа, канабисот го ставаа во ист ранг со повеќето деструктивни супстанци, започнувајќи од алкохол, тутун до кристал-мет и хероин... Алкохолот, тутунот, дрогите и фармацевтските лекови се штетни за мајката и плодот, тревата не е. Во Јамајка, д-р Дрехер најде племе чија култура го контролира сопствениот внес на трева и смета дека нивната употреба на канабис е духовна, т.е. спиритуална. За влијанието на билката кога се користи за време на бременоста, таа ги предаде извештаите со користење на Скалата на Бразелтон, високопризната неонатална проценка на однесувањето. 



Профилот ги идентификува силните страни на бебето, адаптивните одговори и можните слабости. Истражувачите продолжија да ги оценуваат децата од студијата до 5 годишна возраст. Резултатите не покажаа негативно влијание врз децата, напротив, тие се чинеше дека напредуваат повеќе во споредба со нивните врсници кои не користеле канабис додека биле во мајчината утроба. На многу луѓе не им се допадна тој факт, особено не на финансиерите на студијата, Националниот институт за злоупотреба на дроги. Тие не продолжија да префрлаат пари на сметката за студијата и не сакаа да ги објават резултатите. 


Прекрасна книга! Едуцирајте се!
... беше јасно дека NIDA не беше заинтересирана за продолжување со финансирањето на студијата која не предизвика негативни резултати. Ми беше кажано да не аплицирам повторно. Ние пропуштивме можност да ја продолжиме студијата и да ги следиме субјектите низ адолесценцијата и зрелоста“ - истакна д-р Дрехер, сега Декан на медицинските сестри при Универзитетот Раш. Таа има дипломирано за медицинска сестра, антропологија и филозофија, плус докторирала антропологија на Универзитетот Колумбија. Уште позанимливо е тоа што Дрехер немала искуство со марихуана пред да биде испратена на Јамајка. И покрај неговата незаконитост, употребата на ганџа е на широко распространета, а времетраењето и зачестеноста на употребата се многу високи; таа се пуши подолг период во поголеми количини со поголема моќност на ТХЦ, во споредба со марихуаната во САД, без никакви штетни социјални или психолошки последици, вели студијата на Дрехер.




Автор: Monique Konopova

Сте слушнале ли дека постојат врсти на црн канабис?

Како последен текст од оваа серија посветена на боите на канабисот, покрај розевиот и белиот, ви го претставуваме црниот канабис! Која е причината за постоењето на црн канабис? Зошто некои растенија потемнуваат? Промената на боите кај растенијата најчесто се случува поради климата

Црн канабис
Канабисот кој  расте на топла, медитеранска клима, најчесто е светло зелен. Растенијата кои растат на посвежа клима, започнуваат да создаваат соединенија кои ги претвораат во виолетови. Ваквото соединение се нарекува антоцијанин, а за растението претставува нешто како природен антифриз, како кај розевиот канабис.  Овој антифриз му помага на растението да ја задржи водата која бега од листовите бидејќи формира кристалчиња од мраз помеѓу клетките на листовите.  Со други зборови, на колку поладна клима ќе расте растението, толку повеќе антоцијанин ќе произведува.


Антоцијанинот се произведува повеќе кај растението и во случај кога тоа е премногу суво. Всушност, канабисот произведува повеќе антоцијанин кога растението е изложено на некаков стрес. Оттаму, можеме да заклучиме дека создавањето на повеќе антоцијанин  кај растенијата е карактеристика која им помага за подобро да се прилагодат на околината и да преживеат во одредена околина. Генетиката е уште еден важен фактор за постоењето на црниот канабис.

Генетиката и животната средина се во постојана интеракција за да ја регулираат бојата на растенијата. Студената клима го поттикнува создавањето на антоцијанин кај растенијата, но сепак, некои растенија полесно го создаваат ова соединение за разлика од други. Теоријата за ова е дека некои видови на канабис имаат рецесивен фенотип кој им овозможува полесно да ја претворат гликозата во антоцијанин.


7 познати видови на канабис со црни карактеритики:

The Black
Vietnamese Black
Black Domina
Black Diesel
Black Widow
Black Jack
Black Mamba

Сакате да пораснете свое црно канабис растение?

Доколку сакате да одгледате свое растение кое ќе порасне црно, започнете со тоа што ќе пронајдете одреден вид на канабис со црни карактеристики. Изложувајте го на интензивна светлина, а средината во која треба да расте одржувајте ја свежа. И секако, не претерувајте со премногу вода. Не заборавајте дека секоја марихуана има лековити својства без разлика на бојата, мирисот и вкусот.


Автор: Ангела Т.
Извор: HERB

Thursday, December 28, 2017

Дали постои бела трева, односно албино канабис? ДА! Но, зошто?

Сите ние сме виделе фотографии од неверојатно бели, кристални и светкави туфки и листови од канабис. За што всушност се работи? Тоа е албино-канабис! Ако некое растение е албино, тоа значи дека не произведува хлорофил

Албино марихуана :)
Ако пак, не произведува хлорофил, најверојатно тоа растение ќе живее (по)кратко. Хлорофилот е потребен за фотосинтеза, за растенијата да добиваат енергија од сончевите зраци. Затоа, албино канабисот има и одредени „модификации“, а според фитопатологијата (науката за растителните видови) тоа се еден вид на маани. Ова може да го сметаме за една од најубавите грешки, т.е. чуда на природата...


Доколку растението не создава енергија од сончевите зраци, логично тоа ќе умре. Освен ако не се работи за имела или некој друг вид на паразитско растение. Ваквите растенија се закачуваат на корените на други растенија и ги крадат нивните хранливи материи, што не е случај со канабисот! Многу од овие паразити се албино, без ни малку зелена боја на нив. Интересно е прашањето – Како канабисот ќе создаде плодови доколку не може да создава хлорофил? Одговорот е едноставен: Само некои делови од растението се албино, а не целото растение! 


Деловите од растението кои не се албино се способни и доволни за фотосинтеза. Овие делови ги снабдуваат останатите албино-делови од растението со хранливите материи кои им се потребни. Но, доколку едно растение е целосно албино, тоа нема да успее да порасне. Многу одгледувачи сè почесто одгледуваат ваков вид на албино канабис, а тоа е најчесто поради неговиот уникатен декоративен изглед.  Други пак, не го преферираат овој вид поради тоа што растението ќе биде помалку продуктивно и ќе дава многу помал принос за разлика од неговите „зелени“ браќа и сестрички.


Зошто луѓето се скептични во врска со постоењето на албино канабис?

Разни извори го негираат постоењето на албино канабисот. Причината за ова е тоа што постои уште една причина зошто канабисот би можел да биде албино и нема никаква врска со генетиката. Албино канабисот може да биде резултат и на прекумерна изложеност на LED-осветлување. Високата температура предизвикува горење и честопати се случува плодовите да станат кафени наместо бели. Во секој случај, постојат два причинители за појавата на албино канабис:  изложеноста на LED-осветлување или пак генетската мутација! Доколку сте сведок на овој или сличен редок канабис феномен, покажете ни ги фотките од вашите албино или шарени туфки и откријте ни дали се работи за осветлување на растението или пак, модифицирани гени!

Автор: Ангела Т.

Wednesday, December 27, 2017

Ако ти здосади зеленото, лекувај се со розев канабис!

Канабисот се појавува во разни форми и бои. Од црн, до црвен, па постои дури и албино-канабис! Но, од каде доаѓаат сите овие бои? Дали канабисот навистина може да произведе светли бои? Дали постои розев канабис? Одговорот е ДА!

Розев канабис
Канабисот може да произведе малку розева боја. Всушност, сите видови на канабис  кои содржат розеви нијански го содржат и зборот „розево“ во своето име, како што се:

Pink Berry
Pink Candy
Pink Mango
Pink Kush
Pink Panties

Како и да е, секој вид на канабис ја изразува бојата на различен начин. Кај некои видови (пр. Pink Berry) самата пупка е розевa по боја. Кај други видови, само толчникот е светло розев.  ЗОШТО КАНАБИСОТ СТАНУВА РОЗЕВ? Постојат две основни причини зошто канабисот станува розев: генетиката и околината. До одредена мера, генетиката на растението одредува дали тоа растение може да развие потемна боја. Но, исто така е важна и интеракцијата помеѓу генетиката на растението и околината, за одредената боја да дојде до израз.


Црвената, розевата, виолетовата и сината боја во канабисот се произведени од антоцијанин, односно молекули со пигмент кои растенијата ги создаваат. Одредени истражувања докажале дека виолетовата боја на растението може да претставува нешто како „антифриз“, заштитувајќи го растението од студеното време.


Како да направите вашето растение да добие поинтензивна боја?

Секое растение е различно, но сепак постојат неколку работи што можете да ги направите за вашето растение да добие поубава и поинтензивна боја.

1. Обрнете внимание на генетиката
Важно е да одберете одреден вид на канабис кој има боја. Истражете и откријте видови на канабис кои произведуваат розеви плодови, а не само розеви цветови.   

2. Одржувајте поладна температура
Бидејќи студеното време го поттикнува создавањето на антоцијанин кај некои растенија, се препорачува растението да се чува на посвежо место и во текот на денот и навечер. За поголем број на виолетови видови канабис, во текот на ноќта се препорачува температура под 21°C.
Сепак, температурата не треба да изнесува под 18°C.


3. Обезбедете квалитетно осветлување за растението
Докажано е дека сончевите зраци навистина може да влијаат врз промената на бојата на листовите, па затоа треба да се инвестира во добро осветлување за растението. Покрај тоа што светлината ќе му овозможи на растението побрз раст, исто така ќе ја направи неговата боја поинтензивна и „пожива“. Во секој случај, треба да се внимава и на тоа да не ги изложуваме растенијата на премногу светлина за да се избегне сушење или горење на растението.

Автор: Ангела Т.
Извор: HERB

Monday, December 25, 2017

Дознајте повеќе за актуелниот „Open Cannabis Project“ за заштита на биодиверзитетот на оваа билка

Отворениот канабис проект (The Open Cannabis Project - OCP) е истражувачки проект со непрофитна цел предводен од општеството, со едноставна мисија: да се одбрани богатството и разновидноста на канабисот од претераните патенти! Да помогнеме со класификацијата на врстите на канабис за заштита на биодиверзитетот

https://opencannabisproject.org/
Децениите на внимателно раководење и вкрстување на врстите го направија канабисот една од најразновидните и најинтересните растенија во светот. Растечкиот бран на легализација и конкуренцијата на интелектуалната сопственост што доаѓа со неа - може да имаат ненамерни последици од стеснување и ограничување на различноста на оваа билка. OCP гради транспарентен и отворен извор со складиште од податоци за канабис коишто еден ден ќе прераснат во архивски запис на сите постоечки вариетети на канабис. Ова помага тие да останат достапни за сите, неограничени со комерцијализацијата или патентирањето, слободни за секој да си расте и продава.

Канабисот е во опасност да оди по патот по кој одеа и другите земјоделски култури: кон монокултура, централизација и рестриктивно патентирање. Отворениот канабис проект (OCP) беше основан од лидерите во индустријата, да се спротивстават на овие сили и да ја заштитат генетската разновидност на билката канабис, како и економската разновидност на канабис индустријата. „Како колективен доказ за претходната уметност, базата на податоци на OCP и нашата препорака за јавна документација за канабис ќе помогне во одржувањето на канабис сортите каде што припаѓаат: во јавен домен, бесплатно за секој да одгледува/вкрстува и да расте“ - пишува на страницата на OCP.

Канцеларијата на САД за патенти и трговски марки (US Patent and Trademark Office - USPTO) започна со доделување патенти за сортите на канабис. Земјоделските патенти генерално се лоши за животната средина, за земјоделците и за иднината на самите култури. За канабисот и одгледувачите, тие се катастрофа! Првите патенти за канабис издадени од USPTO се вид на преголема широка патентна заштита која ги убива иновациите, наместо да ги поттикнува! 

Тие се викаат патенти за користење и тие не ги опфаќаат сединечните сорти: покриваат огромни категории на канабис. Што значи дека само неколку такви патенти потенцијално би можеле да го затворат целиот канабис. USPTO не може законски да додели патенти што ќе ги покриваат постојните сорти - но мора да има доказ дека тие постојат. „Ние можеме да го блокираме овој процес со обезбедување на овој доказ: документирање на генетски и хемовар податоци за сите видови на канабис кои постојат во денешно време“ - истакнуваат основачите на овој проект.


Ова се нивните вредности:


1. Отвореност и транспарентност

Ние веруваме дека транспарентното и неограничено споделување на информации е клучно за заштита на биодиверзитетот на канабисот. Наша должност е да создадеме отворен дијалог и да се спротивставиме на секој пристап кој ја задушува соработката или му штети на биодиверзитетот.

2. Инклузивност

Ние веруваме дека културно и економски разновидната канабис индустрија е од клучно значење за да се осигураме дека ќе го отвориме целосниот потенцијал на оваа уникатна билка. Луѓето не се монокултура, ниту, пак е канабисот.

Да го заштитиме канабис биодиверзитетот!
3. Иновации

Храброста и немилосрдната љубопитност на единствена група луѓе денес помогна во обликување на нашата врска со канабисот и ќе се бориме за законска рамка која го поттикнува овој дух на иновации.

4. Практики базирани на докази

Неопходно е да се земе информиран, научен пристап кон проучувањето на колку што е можно повеќе видови на канабис. Ние се залагаме за овој пристап кај научниците, одгледувачите, земјоделците, пациентите и медицинските професионалци.


На OCP им е потребна твојата помош! 

Отворениот канабис проект е во потрага по вистинските луѓе коишто ќе им помогнат во нивните напори при создавањето на канабис базата на податоци. Можете да дознаете повеќе на овој линк. „Ни требаат доброволци, програмери, одгледувачи, научници за податоци, адвокати и лаборатории за да ни помогнете да се собере и заштити разновидноста на канабисот. Можете ли да помогнете? Вклучете се! Направете донација или контактирајте нè преку формуларот подолу“ - пишува на веб-страницата на OCP.

Автор: MoniQue Konopova

Saturday, December 23, 2017

Бабава ги фрлила сите нејзини апчиња и тврди дека канабисот е клучот!

Дали некогаш сте се запрашале која е тајната за долговечност и вечна младост? Оваа храбра бабичка од Канада ја открива нејзината тајна, што самата ја одгледува, а се нарекува канабис. Таа на сите ни го препорачува овој природен и најбезбеден лек!

Carol Francey
Да! Седумдесет годишната Керол Френси (Carol Francey), рече дека пушела трева пет децении и „се чувствува како виолинистка“. Всушност, таа многу ја сака лековитата билка, и одлучила да ги фрли сите фармацевтски лекови и да одгледува канабис во нејзината градина. Керол, која отворено му дозволила на својот син да пуши ганџа како тинејџер, е активен член на групата Grannies for Green која водеше кампања за легализација на марихуаната во Канада.

Таа тврди дека пресвртна точка во нејзиниот живот било кога нејзиниот син Јовиан (Jovain), кој тогаш имал 17 години, бил фатен како пуши трева во училиште. Таа потоа одлучила активно да се погрижи за промена на законот за да го направи канабисот легален - што ќе се случи во јули 2018 година - и како резултат на тоа таа има бројни здравствени бенефиции. Керол, од Ванкувер, Британска Колумбија, рече: „Јас не сум како твојата обична баба. Ќе печем колачиња во утринските часови, уживам во кафе со додадена тинктура, а потоа го земам моето куче Бил на прошетка во близина на реката“.

Готвам со него и го пушам канабисот. Тинктури, вапоризерки, дебс, капсули и масло за јадење, сите имаат свое место во нашата куќа. Јас одгледувам градина со големина како за баба“ - вели таа. „Одгледувањето го спасува мојот сопруг и мене од трошење на илјадници долари секоја година. Понекогаш на пат кон дома, ќе застанам во кафуле и ќе свирам. Јас тогаш ќе се потрудам да ја стискам хармониката еден час, па тогаш може да играм на протести или канабис фестивали. Јас би можела да направам некоја јога за ишијас и да го постави уметничкото студио за да сликам покрај моите живи канабис растенија. Мојот внук, Ели Франсеј (Eli Francey), 7, ќе биде донесен од неговата мајка неколку пати неделно да прави колачиња, да оди на прошетки и да игра Minecraft. Во последно време ја украсува куќата за Божиќ. Тој има само седум, па затоа е премногу рано да му се објасни кога не гледа или слуша за канабисот и тоа не е дел од неговиот домашен живот. Тој никогаш нема да покаже интерес за него, бидејќи неговите родители само пијат пиво“ - вели баба Керол.

Јас не би користелa канабис со тинејџер до 19-годишна возраст. Мојот „Coming Out of Closet Cannabis Club“ се среќава во кафуле за да ги поздрави новонастанатите корисници на канабис со разговор, споделување на ресурси и поддршка на здравствени и социјални промени“ - додава таа. Керол вели дека никогаш нема да се реши за стереотипна улога на баба и верува дека канабисот ѝ помогнал во многу аспекти на животот, вклучувајќи го и здравјето. Кога Јовиан бил фатен со пушење на трева, Керол и нејзиниот сопруг, Роберт Стадквист (Robert Standquist), одлучиле да „излезат од плакарот“ за сопствената употреба на канабис со кампања за легализација. Керол одлучила да преземе екстремен чекор за да оди против лекарските совети и ги фрлила своите таблети, заменувајќи ги со употребата на канабис во различни форми. Керол рече: „Ги фрлив сите мои апчиња [после тоа]. Тие го отежнуваа мојот говор и влијаеа врз мојата рамнотежа. Сега [имам] малку Рик Симпсон концентрирано масло кое релаксира, смирува, лекува и спречува болести“ - објаснува Керол.

Топло кафе со тинктура од канабис функционира добро за артритис, болка и спиење. [Ќе вдишам] деб за ишијас и јас после тоа можам да одам. Јас јадам здрава храна, секојдневно пешачам, практикувам јога, малку медитација и пишување исто така“. Таа е пензиониран консултант за лекови и алкохол и таа најпрво проба канабис на возраст од 17 години во 1960-тите во Торонто. Престрашена, дека тоа ќе ја наруши нејзината репутација како советник за злоупотреба на дрога и алкохол, Керол ја задржа навиката за себеси со децении. Таа сега се надева дека другите можат да бидат поотворени за употребата на канабис и се надева на иднината, откако нејзината земја одлучи да ја легализира. Керол рече: „Ние треба да им помогнеме на постарите лица да имаат подобар квалитет на живот и да им се даде сигурност на нивните семејства дека нивната грижа е полна со сочувство и здравје. Канабисот ви помага да ја надминете вознемиреноста на секојдневниот живот и да престанете да се потите за малите нешта“ - заклучува Керол.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Metro

Thursday, December 21, 2017

Швајцарија започна со производство на легален хашиш!

Изгледа, има вкус и се дава чувство како нелегалното чудо. KannaSwiss врши транспорт на цигли од легален хашиш во форма на жетони и други производи од канабис кои се потентни, но легални во поголем број земји


Швајцарија е родното место на модерниот фармацевтски сектор, кој беше создаден од хемиските производители во земјата, односно фармацевтските гиганти како Roche and Novartis. Сега, Швајцарија го раздува новиот пат и стартуваше на нов начин со тоа што на пазарот воведе нов различен лек: законски хаш и производи од марихуана. KannaSwiss, компанија основана во 2014 година, веќе произведува марихуана која ги исполнува законските норми на Швајцарија, кои содржат не повеќе од 1% тетрахидроканабинол, познат како ТХЦ, психоактивната состојка која ви дава хај. Сега, исто така, таа ќе направи хашиш или хаш за швајцарскиот пазар, со планови да се прошири и во други земји што значително ќе ги олабави законите за дроги и канабис.


Нејзините производи имаат прилично ниски нивоа на ТХЦ, но содржат канабидиол, екстракт од индустриски конопни растенија. Некои велат дека соединението, наречено CBD, го смирува нервниот систем, делува антивоспалително и понекогаш се користи за лекување на болести како стрес и епилепсија. Компанијата, која се наоѓа околу 45 минути западно од Цирих во градот Коликен, ги продава своите производи во киосци, специјализирани продавници во швајцарските градови од Женева, до Берн, па сè до Лугано. KannaSwiss се надева дека ќе стане меѓународна фирма со своите легални производи. Компанијата прави хаш произведен од полен од своите ниско-потентни растенија. Борис Блатник (Boris Blatnik), главен стратешки менаџер на компанијата, вели дека хашот на КанаСвис го има истиот изглед, вкус и дава чувство како нелегалниот хашиш со високо ниво на THC. Хашот чини 50 швајцарски франци (50.4 долари) по 5 грам, според веб-страницата на компанијата.

Внатре во стаклената градина, исечоците се земаат од „мајките“ растенија за да се направат клонови. Основачите на компанијата инвестирале околу 500.000 швајцарски франци (509.000 долари) до крајот на 2016 година во производните капацитети. Иако Швајцарија почна да дозволува производство на марихуана со 1% или помалку ТХЦ во марихуаната во 2011 година, побарувачката за лековити производи само што навистина започна во 2017 година. Бројот на легални производители на марихуана во Швајцарија експлодира од само 5 во јануари 2017 година на повеќе од 400, според швајцарскиот весник Tages Anzeiger. Швајцарската Федерална царинска управа предвидува продажба на 60 милиони швајцарски франци (61 милион долари) за индустријата во 2017 година. Тоа се споредува со традиционалната продажба на нелегална марихуана од околу 800 милиони франци. KannaSwiss има околу 6.000 растенија во својата стаклена градина. Секоја годишна берба произведува околу 1 тон лисја и туфки. Компанијата, исто така, одгледува конопови растенија од отворените полиња во Шпанија.

Работниците, ангажирани за сезоната, ги сечат растенијата и одделуваат цвеќињата од канабис или туфки. Жетвата се одвива еднаш годишно во есен неколку недели. По осум или девет недели на раст, процесот на сушење и кјуринг трае уште две до три недели. Швајцарските компании произведоа околу 50 тони легална трева во 2017 година, според проценките на Blatnik, а побарувачката на локалниот пазар е само околу 12 тони. „Постои огромен вишок и сите овие одгледувачи сега паничат“  - вели Блатник. KannaSwiss ангажирале хемичар од голема фармацевтска компанија за да развие метод за извлекување CBD од индустриски конопни растенија. Компанијата произведува околу 3 килограми ЦБД масло дневно, како и ЦБД марихуана, КБД течност и ХСБ хаш. KannaSwiss произведува околу 100.000 клонови месечно за швајцарскиот пазар, кои тие ги продаваат, вели Блатник. Нивното CBD масло се продава низ целиот свет. Владите во Австрија и Италија ги зголемија дозволените нивоа на ТХЦ, а KannaSwiss, исто така, ќе ги таргетира овие пазари со својата легална марихуана.

Клоновите на канабисот растат во затворена стаклена градина откако ќе бидат исечени од мајката. Ова е брз начин да се направат и продадат нови растенија. Хашишот се произведува со извлекување на полен (киф) од растенијата. Суровите состојки се пресувани во цигли. Вкупната продажба се зголеми за 15 пати оваа година во споредба со последната, вели Блатник. Блоковите од хаш се вакумски запечатени. KannaSwiss вели дека го надгледуваат секој дел од самиот процес. „Ние контролираме сè, од семе до полица“ - вели Блатник. Тој одби да ги открие приходите или профитот. Блатник, вели дека KannaSwiss ќе понуди различни нивоа на ЦБД во хашот од 10% до 60%, нивоа кои сега се легализираат во Швајцарија. Ќе има различни вкусови за да изберете. Производот се пуши како традиционален хаш, често во џоинт мешан со тутун. KannaSwiss работи со партнери за производство на „нутритивни“ CBD производи, термин за додатоци во исхраната и медицински производи како што се кремови или масти.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Bloomberg






Како да го максимизирате приносот на вашите канабис растенија?

Одгледувањето канабис е како воспитување дете, секој има свое мислење, начини и методи за како тоа да биде најправилно изведено. Помеѓу одгледувачите не постои јасен консензус околу тоа дали техниките како „топинг“ го зголемуваат приносот, затоа што некои сметаат дека секој дополнителен стрес врз билката го намалува приносот. Додека резултатите може да варираат, постојат одредени работи кои мора да ги знаете со цел од една билка да може да го извадите максимумот


Максимизирајте ја светлината

Билката канабис има потреба од многу сончева светлина за нивниот процес на фотосинтеза. Повеќе светлина значи повеќе храна за билката, што ќе ви овозможи растението да расте поголемо. Многу одгледувачи во затворен простор имаат тенденција да користат лампа од 600W за да ги растат растенијата. Но, додавањето на дополнителна моќност со префрлување на 1000W светилка може значително да го зголеми приносот на една билка. Важно е да се има предвид дека ако го зголемувате интензитетот на светлината, исто така ќе треба да ја прилагодите температурата на вашата растечка соба/гроу-бокс. Ако ја зголемите моќноста на вашата светилка за растење, осигурете се дека исто така користите дополнителни вентилатори и цевки за да ја ублажите дополнителната топлина, а внимавајте и на влажноста на воздухот.



Оние делови од канабисот што не добиваат толку многу светлина, нема да го достигнат својот целосен потенцијал. Затоа, многу одгледувачи користат техники познати како „тренинг“ и „топинг“. Со кинењето на врвовите се создаваат две главни гранки. Резултатот е поголема светлина која стигнува до пониските делови на билката, овозможувајќи им да растат поголеми. Тренингот се состои од врзување за нежно да ги свиткувате врвовите од вашата билка надолу подалеку едни од други за да ги спречите од спонтано групирање, што го намалува количеството на светлина што може да стигне до нив и во внатрешноста. Ова е токму она што се обидувате да го постигнете со тренинг. Исто така, не заборавајте на соодветната заштита.


Овозможете му повеќе простор на кореновиот систем

Вашата билка ги користи своите корени за да се храни. Преку водата ги црпи хранливите материи. Затоа, ако корените на вашето растение се премногу збиени, билката нема да може правилно да се храни. Започнете со малецка саксија или пластична чашка. Откако лисјата на вашето растение ќе стигнат до работ на саксијата, време е да го пресадите во поголем сад. Препорачливо е да се пресадува еднаш до два пати. Затоа, бидете сигурни дека вториот сад што го имате избрано е прилично голем и корените на вашето растение имаат многу простор за раст и развој. Некои сметаат дека добро правило е да се обезбедат два галони простор за секои 12 сантиметри од височината на растението. Откако ќе го оберете растението, не заборавајте дека корените на канабисот исто така имаат лековити својства и од нив се прават лекови за одредени дијагнози, како на пример реума.



Исто како човечкото тело, хранењето на растенијата со избалансирана и хранлива диета ќе ви помогне да го извадите нивниот целосен потенцијал. За разлика од човечкото тело, вашите растенија треба да се хранат на секои 8-9 дена (пред фазата на цветање) и секои седум дена откако е веќе на цветање. Главните хранливи состојки што ѝ се неопходни на билката се: азот (N), фосфор (P) и калиум (K). Тоа на скратено е NPK. Ако производот има броеви 8-5-4 на пакетот, на пример, тоа значи дека содржи 8% азот, 5% фосфор и 4% калиум. За среќа, повеќето хранливи препарати наречени „grow solutions“ може да се купат на интернет, а од неодамна ги има и кај нас во специјални продавници наменети за тоа. Додека постојат различни растечки решенија за вегетативните и цветните фази, општо правило за додавање на хранливи материи е 5 мл од специјалниот раствор на секој литар вода. Не претерувајте со прихраната за да не го изгорите растението. Исто така, ќе треба да ги одржите нивоата на рН на вашата вода на оптимално ниво, затоа осигурајте се дека сте купувале течен pH раствор (liquid pH solution), како и уред за тестирање на pH, кој ќе ви покаже кога вашата вода е оптимизирана.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: Diyhealthacademy

Tuesday, December 19, 2017

Канаѓаните консумирале канабис во вредност од 5-6 милијарди долари во 2015 - студија

Користејќи ги постоечките извори на податоци, студијата проценува дека во 2015 година имало 4.9 милиони медицински и рекреативни корисници на канабис на возраст од 15 години и постари

Канаѓаните потрошиле канабис во вредност од околу 5 до 6 милијарди долари во 2015 година, покажа студија спроведена од страна на Statistics Canada во понеделникот, како предвесник на легализацијата на рекреативната употреба на билката следната година. Според податоците од истражувањето, студијата проценува дека има 4.9 милиони медицински и рекреативни корисници на канабис на возраст од 15 години и постари во 2015 година. Медицинската марихуана е веќе легална во Канада, а земјата планира да дозволи рекреативен канабис на федерално ниво до јули 2018 година. Студијата проценува дека Канаѓаните користеле 697,5 тони канабис во 2015 година.


Користејќи ценовен опсег од 7,14 до 8,84 долари за грам, што ја става вредноста на продажбата на марихуана на 5 милијарди долари и нагоре. Тоа ќе го направи пазарот на канабис за една половина до две третини од големината нa пазарната вредност на пивото од 9,2 милијарди долари, се вели во студијата, иако таа истакна дека постои „значителна неизвесност“ околу нивото на потрошувачка на канабис поради методолошки потешкотии и поради тоа што недостасуваат информации. Консултантската фирма Deloitte проценува дека продажбата на рекреативната марихуана може да достигне до 8,7 милијарди долари годишно, откако ќе биде легализирана. Студијата исто така покажа дека демографските податоци за употребата на марихуаната се сменија во последниве децении.


Додека канабисот главно се користел од младите луѓе во 1960-тите и 1970-тите години, две третини од корисниците биле на возраст над 25 години до 2015 година. Студијата е дел од напорите на Statistics Canada за мерење на економските и социјалните влијанија на легализираниот канабис. Агенцијата соопшти дека минатиот месец ќе почне инкорпорирањето на потрошувачката на марихуана и проценките на трошоците во бројки за економскиот раст во ноември 2019 година. Провинциите и федералната влада минатата недела постигнаа договор за тоа како да се поделат околу 400 милиони долари годишни даночни приходи од продажбата на канабис за првите две години.


А, што прави Република Македонија? Апси млади луѓе со цел да им ги уништи животите, ги пика да скапуваат по затвори за некое стебленце со кое сакале некому да му спасат живот... Браво Македонијо! Бог ќе те казни ако во 2018 не се променат законите и не се ослободи билкава која никому не може да му наштети! Задолжителна отштета за сите кои се казнувани заради канабис! АЛО!!!

Автор: MoniQue Konopova
Извор: EWN

Како да одгледуваш марихуана во плакарот без да бидеш фатен?

Канабисовото растение е претерано недискретно. Од порачување до култивирање на семињата, лошите државни закони и непожелните личности кои намирисуваат можат да го направат одгледувањето ризично. Затоа ви давам водич чекор по чекор како да одгледувате марихуана во домашни услови. Додека не се променат законите не постои 100% гаранција дека ќе бидете заштитени, сепак подобро е да си нелегално жив отколку легално мртови овој водич ќе ви помогне да имате повеќе самодоверба


Како да одгледуваш марихуана? Чекор 1: Не кажувај никому! НИКОМУ!

Нормално е да си возбуден/а кога за прв пат ќе си го растеш светото растение, но не се фали ни на најдобрите другар(к)и! Колку и да се од доверба - некогаш подобро е некои работи да останат во тајност - посебно кога станува збор за одгледување марихуана.  Можеби другарка ти ќе се пофали на нејзиниот верен другар кој ќе му каже на трет другар и пред да знаеш ќе треба да бараш објаснување за твоето семејство зошто плавите сакале да ви влезат дома и да ве проверат? Зошто да трпите непотребни стресови, особено кога марихуаната ја одгледувате за немкому да му го спасите животот!


Како да одгледуваш марихуана? Чекор 2: Знај од каде да набавиш семе!

За тие што живеат каде било во САД, слободно можат да порачаат семе од Канада без никакви санкции, бидејќи им е блиску и марихуаната од таму е квалитетна. За држава како нашата каде оваа билка сè уште е забранета, препорачливо е да не го порачуваш семето на истата адреса каде ќе го одгледуваш! И така ќе спречиш да биде примено од страна на ќленовите од твоето семејство или цимери. Можете да си ги донесеш од Холандија, а доколку сакаш да си порачаш од Канада, пробај од оваа страница, бидејќи даваат гратис семиња со секоја нарачка.


Како да одгледуваш марихуана? Чекор 3: Како да го сокриеш мирисот од марихуаната?

Пред сè пожелно е да порачаш врсти без остар мирис. Ако се разбираш во широкиот ранг на врсти и хибриди, такви се: Northern Lights, Durban Poison, Polar Express или Blue Mystic. Обезбеди неутрализатор на мириси, пр. ONA Pro Gel. Постави го отворен во истата просторија каде што е марихуаната и менувај го на 6 недели. Само не треба да биде блиску до неа бидејќи ќе влијае на природниот мирис на марихуаната. Во врска со природен неутрализатор на мирис, она што без размислување би го одбрал јас, моментално не знам кое растение неутрализира мирис, но го имаш Google за бескрајни истражувања или пософистицирано побарај енциклопедија на растенија.


Како да одгледуваш марихуана? Чекор 4: Изгради кутија за одгледување (grow box)

Можеби најтешкиот чекор со чија помош ќе можеш да одгледуваш едно или две растенија во самостојна, релативно херметичка кутија, скривајќи ги растенијата и остриот мирис со вградена добра вентилација и осветлување. Најдобра варијанта е да претвориш мини фрижидер во соодветна кутија за одгледување или да прилагодите стар плакар или дури и куќиште од компјутер. Или да го искористиш гардероберот за да создадеш гроу-бокс, но најдобра варијанта останува преработениот стар мини фрижидер, бидејќи ќе го задржува остриот мирис. Можете исто така да си купите готови тентови или гроу-боксови специјално наменети за одгледување канабис. Како упатство користи го овој водич каде чекор по чекор е прикажано како да ја реализираш оваа идеја од страна на одгледувачот кој ја користи. Овој водич, пак користи го за како да претвориш комода во кутија за одгледување.

Еве водич за правење гроу-бокс од картон:



А овде може да се порача готова кутија за одгледување која ќе се погрижи за процесот на растење и ќе те извести преку апликацијата на паметниот телефон кога растението е спремно за жетва. Запамти, што и да избереш од овие варијанти, скриј ја кутијата за одгледување во плакарот во твојата соба, па дури и покриј ја со чаршафи за додатно да ја сокриеш. Па и стави нешто врз неа, камуфлирај. Сè со цел да се минимализира можноста некој од дома да ја намириса и да стане љубопитен.


Како да одгледуваш марихуана? Чекор 5: Бери и суши стратешки!

Како? Многу едноставно и јасно. Испланирај да го направиш тоа кога си сам дома одреден период. Исто така најди безбедно место правилно да ја исушиш и да извршиш кјуринг. Во овој случај, обрати се кај некој со пријателски настроен 420 дом. После сушењето и кјурингот, остави ги цветчињата во затворена тегличка и тапни се по рамо. Успеа! Дојде моментот да уживаш во твоите домашни пупки... во плодот на твојот труд, љубов и посветеност. Оргазми! На здравје!

Извор: Herb Approach, HERB