Showing posts with label ефект. Show all posts
Showing posts with label ефект. Show all posts

Saturday, December 22, 2018

Тајните на канабиноидите и нивните медицински придобивки

Канабисот е сложено и моќно растение кое произведува голем број на исклучителни лековити соединенија кои не можат да се најдат никаде на друго место во тие концентрации, ни во некое друго растение. Сите тие мали хемиски соединенија во внатрешноста на трихомите имаат свои еволуциони улоги, но имаат и голем терапевтски потенцијал за нас луѓето, но и за животните со ЕКС


Фокусот на оваа статија која е научен преглед на 18 објавени студии за канабисот (наведени на крајот од оваа статија) е дека канабисот произведува канабиноиди, хемиски соединенија кои се врзуваат за одредени рецептори во нашето тело (ендоканабиноидни рецептори од вродениот ендоканабиноиден систем). Постојат повеќе од 100 документирани вакви соединенија во секое растение канабис. Најпознат е, се разбира, озлогласениот, но антиканцерогениот и психоактивен ТХЦ. Меѓутоа, во текот на изминатите неколку години, нова слава меѓу канабиноидите доби непсихоактивниот антиепилептичен канабиноид, кој моментално целосно го краде центарот на вниманието - Канабидиол (ЦБД). Покрај THC и CBD, постојат многу други канабиноиди кои се присутни во ова растение во различни количини и сите тие меѓусебно си помагаат во дејствувањето. Другите канабиноиди се присутни во помали количини, кои вообичаено се помалку од 1%, но тоа не значи дека треба да ги игнорираме. Иако тие не се хемиско мнозинство во канабисот, сите тие придонесуваат за многу здравствени придобивки, поради синергискиот ефект.


Објаснување за 3 видови на канабиноиди

Канабиноидите се класа на хемиски соединенија кои се врзуваат за канабиноидните рецептори во нашиот мозок и имунолошкиот систем, познати како CB1 и CB2 рецептори. Канабиноидите можат да се поделат во три групи:

•         Ендоканабиноиди - произведени од телото;
•         Фитоканабиноиди - произведени од канабис и некои други растенија;
•         Синтетички канабиноиди - вештачки направени во лабораторија.


Истражувањето за канабиноидите започнало во 1940-тите години, иако тие биле пронајдени неколку децении порано. Всушност, Cannabinol (CBN), а не THC, тоа беше првото соединение кое беше изолирано од растението кон крајот на 19 век. Канабидиолот (CBD) бил вториот канабиноид кој бил идентификуван, проследено со откривање на тетрахидроканабинол (THC). Но, до 1960-тите години науката не направила голем чекор напред и почнаа да се изолираат и синтетизираат овие супстанции. Кратко откако беа изолирани ТХЦ и ЦБД, дојде до сознание дека луѓето самите произведуваат канабиноиди во своите тела и овие соединенија се именуваат како ендоканабиноиди (значење на ендо: произведено од телото). 


По ова, знаењето за канабисот растеше брзо, како што беше поттикнато од откривањето на она што се нарекува најстара липидна сигнализациска мрежа, во која ендоканабиноидите, како и фитоканабиноидите се всушност сигнални молекули кои се вклопуваат убаво во ендоканабиноидниот систем. За да разбереме зошто канабиноидите се толку важни и како тие можат да го подобрат нашето здравје, ќе треба да се нурнеме подлабоко во објаснувањето на ендоканабиноидниот систем и како нашето тело користи канабиноиди за да комуницира помеѓу клетките.


Канабиноидни рецептори

Покрај тоа што е едно од најважните биолошки откритија досега (заслужува Нобелова награда), откривањето на канабиноидните рецептори реши многу мистерии и ги ослободи сомневањата околу употребата на канабис, а исто така има големо влијание врз науката. Најдени се две групи на канабиноидни рецептори, присутни кај сите цицачи. Тие се нарекуваат канабиноиден рецептор тип 1 (или CB1) и канабиноиден рецептор тип 2 (CB2). Научниците работат на откривањето и на други видови на ЕКС рецептори.


CB1 рецепторите главно се наоѓаат во мозокот

Канабиноидните рецептори тип 1 се наоѓаат главно во мозокот: во малиот мозок, во базалните ганглии, лимбичкиот систем, хипокампусот и стриатумот. Тие исто така, се наоѓаат во женските и машките репродуктивни системи. Она што е особено интересно е дека овие рецептори се присутни и во ретината и предниот дел на окото кај луѓето. CB1 рецепторите се активираат од страна на сите видови на канабиноиди споменати претходно. Сепак, ТХЦ е особено склон да се врзува за овие рецептори.

CB2 рецепторите се наоѓаат во централниот нервен систем (ЦНС) и имунолошкиот систем  

Канабиноидните рецептори тип 2, исто така, може да се најдат во некои делови на мозокот, но за разлика од CB1 рецепторите, тие главно се наоѓаат во микроглијалните невронални клетки за поддршка, кои обично се присутни во централниот нервен систем, кои функционираат како имунолошки клетки. CB2 рецепторите, исто така се наоѓаат во периферните ткива на имуниот систем (слезината, крајниците, тимусната жлезда) и низ гастроинтестиналниот и периферниот нервен систем.


Ендоканабиноиден систем (ЕКС) и ендоканабиноиди

Ендоканабиноидниот систем е сигнална мрежа која ги модулира невролошките функции, воспалителните процеси и е вклучена во создавањето на одредени болести (Кронова, артериосклероза и остеоартрит). Се состои од канабиноидни рецептори (наведени погоре) и ендоканабиноиди кои се произведени од страна на нашите тела. Инхибицијата и активирањето на овие канабиноидни рецептори го сочинуваат ендоканабиноидниот систем кој ги посредува следните физиолошки дејства:

•         Антиноцицепција (намалување на чувствителност при болка);
•         Когниција и меморија;
•         Локомоторна активност;
•         Ендокрини функции;
•         Контрола на температурата и отчукување на срцето;
•         Гадење и повраќање;
•         Интраокуларен притисок;
•         Воспаление;
•         Имунолошко препознавање и антитуморни ефекти.


Ендогени канабиноиди или само ендоканабиноиди, се канабиноиди произведени во нашето тело (мајчиното млеко). Ендоканабиноидите имаат афинитет на врзување за CB1 и CB2 рецепторите, што му овозможува на нашето тело да комуницира на клеточно ниво. Нашето тело произведува ендоканабиноиди, кои патуваат и се врзуваат со најблискиот ЦБ рецептор, со што се иницира секој процес кој нашето тело го бара. Пример за ова би бил начинот на кој нашето тело го регулира апетитот. Кога јадеме и обработуваме храна, нашето тенко црево ослободува хормон наречен NAPE во нашиот крвоток. NAPE патува кон хипоталамусот, се синтетизира во анандамидот (ендоканабиноид), кој потоа се поврзува со соодветните рецептори, со што го намалува апетитот. Постојат шест ендоканабиноиди, но само два биле испитани темелно - анандамид и 2-АГ.


Анандамид (АЕА) се нарекува човечки ТХЦ, природен антидепресив, но таа е најпозната како блажена молекула. Анандамид е соединение што го произведуваме во сопственото тело, но ензимот FAAH (масни киселини амид хидролаза) го разложува многу брзо. Значи, оние кои произведуваат помалку FAAH (што всушност е генетска мутација) имаат поголема концентрација на овој ендоканабиноид кој игра голема улога во нашето ментално здравје. Анандамидот всушност е многу важен за одржување на нашето внатрешно блаженство и среќа. Една студијата во 2014 откри дека ефектот на АЕА ја намалува анксиозноста, а истовремено го подобрува расположението. Нашиот природен ТХЦ не само што делува на болката, туку и го регулира нашиот апетит, помага да се чувствуваме подобро и го поттикнува познатиот „high“ ефект.


2-Арахидоноилглицерол (Arachidonoylglycerol) - 2-АГ е уште еден ендоканабиноид и невротрансмитер. Овој ендоканабиноид е присутен во човечкиот мозок во концентрации до 170 пати повисоки од анандамидот. ТХЦ може да ја инхибира улогата на 2-АГ, бидејќи првенствено се врзува за истата група рецептори. CBD не се врзува директно за рецепторите, туку повеќе го зголемува животниот век на ендоканабиноидите преку инхибиција на ензимите задолжени за нивно деградирање. 2-АГ е особено важно за балансирање на нашиот метаболизам, регулирање на спиењето, болката и репродукцијата. Исто така, има некои невропротективни својства. Студија од 2016 година сугерира дека 2-АГ, исто така, може да помогне во лекувањето на состојби како ПТСН, Паркинсонова болест, аутизам, болест при движење и многу други.


Објаснување на 13 канабиноиди од канабисот

Самото растение канабис произведува еден куп различни супстанци од кои може да имаме корист. Покрај терпени, кои се ароматични хемикалии со голема медицинска вредност, во ова моќно растение има околу 113 различни фитоканабиноиди. Канабиноидите пронајдени во канабисот се произведуваат во заштитните израстоци - трихоми, ситни мали влакно видни израстоци на цвеќињата, лисјата и стеблата на растението канабис. Заедно со терпените, канабиноидите го заштитуваат растението од УВ зраци, топлина и предатори. Фактот што канабиноидите од канабисот имаат афинитет на врзување кон истите ЦБ рецептори како ендоканабиноидите, ни овозможува да произведеме широк спектар на ефекти во зависност од земената доза. 


Едноставно кажано, ТХЦ може да ги имитира ефектите на анандамид, а ЦБД може да ја одложи својата деградација со инхибиција на ензимот задолжен за стопирање на анандамид. Постојат неколку трикови кои одгледувачите ги користат за манипулација со нивоата на канабиноидите, како што се прилагодување на осветлувањето, температурата и влажноста додека растението расте. На пример, кога ќе го изложиме канабисот на УВ зраци или високи температури, билката автоматски треба да се заштити, па почнува да произведува повеќе трихоми. Бидејќи трихомите содржат канабиноиди (меѓу другото), ова ни овозможува да создадеме високо потентен цвет со повеќе од 20% ТХЦ.


Канабиноидни киселини             

Пред да почнеме да ги истражуваме канабиноидите еден по еден, треба нешто да разјасниме. Канабисот не произведува канабиноиди во форма како што ја знаеме. Тој ги синтетизира киселините кои треба да се активираат со топлина (во процес наречен декарбоксилација) за да се претворат во канабиноиди. Постојат две главни канабиноидни киселини - канабигеролна киселина (cannabigerolic acid - CBGA) и канабигероваринска киселина (cannabigerovarinic acid - CBGVA). Од нив, други киселини се произведуваат како THCA (делта 9-тетрахидроканабинолна киселина), CBDA (канабидиолна киселина), CBCA (канабихроменска киселина) и многу други.


Така, на пример, кога го изложуваме THCA на топлина, ние го трансформираме во психоактивен THC. THCA воопшто не е психоактивен, затоа мораме да пушиме или декарбоксилираме канабис ако сакаме да ги активираме неговите психоактивни својства. Некои би рекле дека исто така може да имаме корист од суровиот канабис. Очигледно, суровиот канабис има, антиоксидативни својства и може да ги подобри нервните функции, но сè уште нема доволно истражувања. Сепак, за целосно да ја разбереме комплексноста на ова растение и сите негови клучни канабиноиди, ние прво мора да погледнеме во секој од главните канабиноиди поединечно. Па, да почнеме...


1. ТХЦ (тетрахидроканабинол)

Примарната супстанција во повеќето видови на канабис, THC (исто така познат како делта-9 ТХЦ) е најзастапен психоактивен канабиноид во канабисот. Секој што некогаш имал врска со канабис, чул за ТХЦ. ТХЦ-то е она што го произведува тој high ефект во нашата глава и тело и во основа причината зошто канабисот сè уште е забранет во повеќето делови на светот, иако ТХЦ е докажан како безбеден и не може да предизвика смрт, ниту пак трајни нарушувања по здравјето и животот (не може фатално да се предозира и не создава зависност), напротив - тој лекува.


Во поголемиот број на сорти канабис, ТХЦ е најзастапен канабиноид, иако во денешно време со крос-размножување и други методи на растење се забележуваат сè повеќе сорти со високо присуство на  ЦБД, кој произведува многу здравствени придобивки со многу малку несакани ефекти. И покрај „несаканото“ возвишено чувство што го создава,ТХЦ-то има многу да понуди медицински. ТХЦ се врзува првенствено за CB1 рецепторите, со што произведува ефекти слични на оние на анандамид. Иако врзувачките афинитети на THC на овие рецептори не се од ист квалитет како и анандамидот, што значи дека ќе треба повеќе за да се постигнат слични ефекти.


Трикот е во дозата, бидејќи соодветната стимулација на овие рецептори создава еден ефект, но претераната стимулација произведува поинаков ефект. ТХЦ нема 100% врзувачки афинитет кон овие рецептори и дека тој процент е различен кај секого. Имајќи го тоа на ум, со соодветни медицински дози (индивидуални), ТХЦ може да се користи како антиеметичка алтернатива за пациентите кои се борат против ракот и како стимуланс на апетит кај луѓе кои живеат со ХИВ / СИДА. ТХЦ, исто така, се покажа и во тоа дека ги ублажува симптомите на состојби како што се: несоница, хронична болка, артритис, мигрена и ни помага да ги оттргнеме лошите мисли кои предизвикуваат ПТСН. Иако ТХЦ е веројатно најистражуван канабиноид, сè уште има многу истражувања што треба да се направат.


2. CBD (Cannabidiol)

Канабидиол или само ЦБД е ѕвезда која сјае се посјајно во светот на канабисот, т. е. доби големо фармацевтско и комерцијално. Можеби сте забележале дека сите зборуваат за ЦБД и за неговите придобивки. ЦБД е вториот најраспространет канабиноид во канабисот, иако во последниве години одгледувачите успеаја да создадат нови high ЦБД видови од крос-размножувањето на канабис растенија со различна генетика. Она што е толку посебно за CBD е тоа што е не-опојно соединение со одличен медицински потенцијал. Тоа значи дека не ги прави луѓето „high“ како брат му ТХЦ, па поради тоа стана многу популарен кај медицинските корисници. ЦБД беше откриен и синтетизиран приближно исто време со ТХЦ (од страна на д-р Рафаел Мешулам [Raphael Mechoulam] во 1960-тите), Како резултат на тоа, постојат тони студии за ЦБД и неговите медицински ефекти и ние со сигурност можеме да кажеме дека ја намалува фреквенцијата на напади кај пациенти со епилепсија, го олеснува воспалението и ја намалува анксиозноста и невропатичната болка. CBD го прави сето ова преку неколку молекуларни патишта, но првенствено преку овие три:


• Тој го инхибира ензимот кој го деградира анандамидот, со што се намалува чувството на вознемиреност и депресија и ослободува од болка;
• Ги активира 5-HT1A рецепторите, кои ни помагаат да лачиме повеќе „се чувствувам добро“ хормони, како: ендорфин, серотонин и окситоцин;
• Ги блокира сигналите на GPR55, што може да го забави растот и миграцијата на одредени видови на рак.



3. CBG (Cannabigerol)

Канабигеролот е поретко присутен канабиноид во канабисот кој обично е присутен во концентрации помали од 1%. Исто како, ЦБД, ЦБГ е сосема не-психоактивен. Изненадувачки, CBG е „родителот канабиноид“ на ТХЦ и ЦБД. Марихуаната произведува канабигенична киселина (CBGA), која подоцна се развива во три основни канабиноидни киселини, а потоа во THC, CBD и CBC. CBG има некои многу ветувачки медицински потенцијали, бидејќи овој канабиноид покажа дека е многу ефикасен во намалувањето на окуларниот притисок. Исто така, функционира како антибактериски агенс, стимулант на апетитот и инхибитор на мускулен спазам. Исто така, покажа некои ветувачки својства за борба против ракот, со блокирање на растот на клетките на ракот.


4. CBN (Cannabinol)

Канабинолот е најстариот седативен канабиноид од сите, создавајќи couch-lock ефект во комбинација со ТХЦ и терпенот наречен мирцен. Кога ТХЦ старее и е изложен на премногу кислород, се трансформира во CBN. Тоа обично се случува со туфки кои се чуваат премногу долго. CBN произведува малку-до-не психоактивни ефекти. Иако ова е помалку истражуван канабиноид, раните наоди укажуваат на тоа дека има голем потенцијал, особено во комбинација со други канабиноиди. Покрај седативниот ефект и неговата употреба како помош за спиење, овој канабиноид кога се користи заедно со CBD и CBG е ефикасен третман за псоријаза, со намалување на пролиферацијата на кератиноцити. Раното истражување покажа дека CBN поттикнува раст на матични клетки во коскената срцевина, помагајќи им на коските да се формираат и растат. Исто така, покажале ветувачки антибактериски, антиинфламаторни и против-болни својства.


5. CBC (Cannabichromene)- Канабихромен

Канабихроменот е уште еден не-психоактивен канабиноид, кој има низок афинитет на врзување за CB1 рецепторите, но има повеќе афинитет кон другите рецептори во нашето тело кои се поврзани со регулација на болката. Иако CBC има многу потенцијал самостојно, се чини дека тој најдобро функционира во состав со другите канабиноиди, во таканаречениот ефект на придружба, помагајќи им на другите канабиноиди да го постигнат својот целосен потенцијал.


Студијата од 2013 година од страна на Италијанскиот институт за биомолекуларна хемија сугерира дека CBD може да ја зголеми неврогенезата (производство на неврони во матичните клетки) преку подобрување на нивната функција. Покрај неговите антифунгални и антибактериски ефекти, една неодамнешна студија сугерира дека овој канабиноид може да делува подобро од другите лекови кои се користат за лекување на вирусот MRSA – (метицилин-резистентен Staphylococcus aureus, бактерија со отпорност на синтетички антибиотици).

6. THCV (Tetrahydrocannabivarin)

Сличен е на THC во молекуларната структура, тетрахидроканабиваринот е психоактивно соединение со одличен медицински потенцијал. Но, за разлика од неговиот „канабиноиден брат“, го потиснува апетитот, што го прави одличен за одржување на вашата тежина. Тоа е од интерес за пациентите со дијабетес, бидејќи една студија покажа дека го регулира шеќерот во крвта и нивоата на инсулин. THCV помага да се подобрат треморот и мозочните лезии поврзани со Алцхајмеровата болест. Заедно со другите канабиноиди, тој ги намалува паничните напади предизвикани од анксиозност или ПТСН, и постојат некои индикации дека го стимулира растот на коските.


7. CBDV (Cannabidivarin)

Канабидивиринот е структурно сличен на CBD, но нема да ве направи high како соединенијата поврзани со THC. Тоа не е многу често кај повеќето видови канабис. Ова не значи дека CBDV нема многу да понуди, особено на медицинските корисници. Неколку студии потврдиле дека CBDV помага во намалувањето на епилептичните напади и постојат докази за неговата способност да ослободи од гадење.


8. CBL (Cannabicyclol)

Канабициклол е уште еден не-психоактивен фитоканабиноид, но сè уште не е проучен и доволно разбран. CBL е формирана во процесот на деградација на CBC. Тој обично се наоѓа во пакистанските видови на хашиш кои се чуваат најмалку шест месеци. Нема многу студии за медицинските придобивки на CBL. Наместо тоа, најголем дел од досега направените истражувања се фокусираа на нејзината хемиска структура. Неколкуте студии спроведени за CBL заклучија дека истиот нема ист медицински потенцијал како THC и CBD или други канабиноиди.

9. CBV (Cannabivarin)

Канабиварин е уште едно соединение во канабисот, кое е добиено од THC, но не ги прави луѓето high. Фармаколошкиот потенцијал на овој канабиноид сè уште не е истражен.

10. CBCV (Cannabichromevarin)

Друг познат помал канабиноид, е Канабихромеварин, кој не предизвикува промени во мозокот. ЦБЦВ беше откриен уште во 1975 година, кога јапонските истражувачи за прв пат го изолираа од растението канабис. Поради неговата структура, има ефекти слични на CBC. Сè уште се прават многу истражувања за овој канабиноид, но поради сличноста со CBC, медицинските експерти шпекулираат дека делува како средство против болки и природен антидепресив.

11. CBE (Cannabielsoin)

Истражувачите од универзитетот во Охајо открија Канабиелсоин уште во 1983 година и овој канабиноид се класифицира како метаболит на ЦБД. CBE може да се најде само во траги кај повеќето видови. Бидејќи е присутен во толку мали количини, не е детално истражен во клиничките истражувања и едвај се спомнува во научната литература.

12. CBT (Cannabitriol)

Канабитриол ја има истата структура како ТХЦ, но има уште две алкохолни групи. Тој бил откриен, изолиран и опишан во 1966 од страна на Јатаро Обата (Yataro Obata) и Јосинори Ишикава (Yoshinori Ishikawa). Научниците сè уште не знаат дали ова е психоактивно соединение и колкава е неговата медицинска вредност.

13. Делта (8) –THC

Овој канабиноид е многу сличен со THC, но со некои мали разлики, првенствено дека делта (8) е помалку психоактивен. Раните истражувања покажаа некои ветувачки својства: прво, дека е одличен стимуланс на апетит, според некои податоци го зголемува апетитот дури и подобро од ТХЦ. Во една студија делта (8) - THC го зголеми апетитот кај глодарите многу повеќе од THC. Во 1995 година, делта (8) - THC беше воведен во терапијата против гадење кај деца со рак на возраст помеѓу 2 и 13 години. Беше изненадувачки да се види колку добро децата реагираа на третманот, без пријавени психоактивни ефекти.


Синтетички канабиноиди                

Синтетичките канабиноиди влегле на пазарот во раните 2000-ти години, во обид да ги избегнат законските ограничувања што следат за канабисот низ целиот свет. Се разбира, тие се вештачки создадени за да се врзуваат за истите рецептори како фитоканабиноидите и ендоканабиноидите, но тие се многу помоќни и опасни. Некои се на црниот пазар под имиња како К2, Спајс или Синтетичка марихуана и се продаваат како билни мешавини за пушење. Проблемот со ова е дека синтетичките канабиноиди може да бидат опасни по живот и има бројни смртни случаи поврзани со нив, иако некаде се (полу)легални! Фармацевтските компании имаат дизајнирано вештачки канабиноиди за лекување гадење, повраќање, губење на апетитот и неодамна, епилепсија, но тие во никој случај не можат да ги заменат фитоканабиноидите. Овие медицинскиве синтетички канабиноиди не треба да се поистоветуваат со синтетичките канабиноиди од црниот пазар наменети за рекреативна употреба, како што се К2 и Спајс.


Резиме       

Како што имавте шанса да видите, во канабисот има повеќе од сто канабиноиди, но само неколку се психоактивни, а уште помалку се темелно истражени. Растението канабис е како полу-истражен рудник (кој постојано дава нови руди) со медицински придобивки, меѓутоа ние никогаш не смееме да заборавиме на фактот дека канабиноидите најдобро функционираат кога се комбинираат во соодветни количини. Само тогаш тие можат да делуваат најоптимално и со помош на терпените, да произведуваат мноштво медицински придобивки.

Автор: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: GreenCamp

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




РЕФЕРЕНЦИ:
  1. Pertwee RG; Cannabinoid pharmacology: the first 66 years; British Journal of Pharmacology; January 2006; 147(Suppl 1): S163–S171
  2. Pacher P, Bátkai S, Kunos G; The Endocannabinoid System as an Emerging Target of Pharmacotherapy; Pharmacological Reviews; 2006; 58(3): 389–462
  3. Straiker AJ, Maguire G, Mackie K, Lindsey J; Localization of cannabinoid CB1 receptors in the human anterior eye and retina; Investigative Ophthalmology and Visual Science; September 1999; 40(10):2442-2448
  4. Bluett RJ, Gamble-George JC, Hermanson DJ, Hartley ND, Marnett LJ, Patel S; Central anandamide deficiency predicts stress-induced anxiety: behavioral reversal through endocannabinoid augmentation; Translational Psychiatry; July 2014; 4:e408
  5. Russo EB; Clinical Endocannabinoid Deficiency Reconsidered: Current Research Supports the Theory in Migraine, Fibromyalgia, Irritable Bowel, and Other Treatment-Resistant Syndromes; Cannabis and Cannabinoid research, July 2016; 1(1):154-165
  6. Aizpurua-Olaizola O, Soydaner U, Öztürk E, Schibano D, Simsir Y, Navarro P, Etxebarria N, Usobiaga A; Evolution of the Cannabinoid and Terpene Content during the Growth of Cannabis sativa Plants from Different Chemotypes; Journal of Natural Products; 2016; 79(2): 324-331
  7. Nadolska K, Goś R; Possibilities of applying cannabinoids’ in the treatment of glaucoma; Klinika Oczna; 2008; 110(7-9):314-317
  8. Borrelli F, Pagano E, Romano B, Panzera S, Maiello F, Coppola D, Petrocellis LD, Buono L, Orlando P, Izzo AA; Colon carcinogenesis is inhibited by the TRPM8 antagonist cannabigerol, a Cannabis-derived non-psychotropic cannabinoid; Carcinogenesis; December 2014; 35(12): 2787–2797
  9. Wilkinson JD, Williamson EM; Cannabinoids inhibit human keratinocyte proliferation through a non-CB1/CB2 mechanism and have a potential therapeutic value in the treatment of psoriasis; Journal of Dermatological Science; February 2005; 45(2):87-92
  10. Russo EB; Taming THC: potential cannabis synergy and phytocannabinoid-terpenoid entourage effects; British Journal of Pharmacology; August 2011; 163(7): 1344–1364
  11. Shinjyo N, Di Marzo V; The effect of cannabichromene on adult neural stem/progenitor cells; November 2016; 63(5):432-437
  12. El-Alfy AT, Ivey K, Robinson K, Ahmed S, Radwan M, Slade D, Khan I, ElSohly M, Ross S; Antidepressant-like effect of Δ9-tetrahydrocannabinol and other cannabinoids isolated from Cannabis sativa L; Pharmacology Biochemistry and Behavior; June 2010; 95(4): 434–442
  13. Appendino G, Gibbons S, Giana A, Pagani A, Grassi G, Stavri M, Smith E, Rahman MM; Antibacterial cannabinoids from Cannabis sativa: a structure-activity study; Journal of Natural Products; August 2008; 71(8):1427-1430
  14. Jadoon KA, Ratcliffe SH, Barrett DA, Thomas EL, Stott C, Bell JD, O’Sullivan SE, Tan GD; Efficacy and Safety of Cannabidiol and Tetrahydrocannabivarin on Glycemic and Lipid Parameters in Patients With Type 2 Diabetes: A Randomized, Double-Blind, Placebo-Controlled, Parallel Group Pilot Study; October 2016; 39(10):1777-1786
  15. Amada N, Yamasaki Y, Williams CM, Whalley BJ; Cannabidivarin (CBDV) suppresses pentylenetetrazole (PTZ)-induced increases in epilepsy-related gene expression; PeerJ; November 2013; 1:e214
  16. Yamamoto I, Gohda H, Narimatsu S, Watanabe K, Yoshimura H; Cannabielsoin as a new metabolite of cannabidiol in mammals; Pharmacology, Biochemistry, and Behaviour; November 1991; 40(3):541-546
  17. Avraham Y, Ben-Shushan D, Breuer A, Zolotarev O, Okon A, Fink N, Katz V, Berry EM; Very low doses of delta 8-THC increase food consumption and alter neurotransmitter levels following weight loss; Pharmacology, Biochemistry, and Behaviour; April 2004; 77(4):675-684
  18. Abrahamov A, Abrahamov A, Mechoulam R; An efficient new cannabinoid antiemetic in pediatric oncology; Life Sciences; 1995; 56(23-24): 2097-2102

Sunday, August 19, 2018

Придружен ефект на канабисот: Зошто се важни екстрактите од целото растение канабис?

Откако внимателно ќе ги разгледате вашите туфки од канабис ќе согледате дека тие се покриени со леплива прашина од кристална смола наречена трихоми, која содржи стотици терапевтски соединенија познати како канабиноиди, флавоноиди и терпеноиди. Претпоставуваме дека сте добро запознаени со THC и CBD - двата најпопуларни канабиноиди, но овие се само два од многуте важни играчи кои работат заедно и синергично за да произведат специфични ефекти, феномен наречен „ефект на придружба“ (entourage effect)


* THC е недостаток во загатката при лекување на епилепсија!!!
Оваа интерактивна синергија меѓу канабисните соединенија е наречена „ефект на придружба“ и откако ќе сфатите што е тоа, ќе видите зошто лековите што содржат само ТХЦ или само ЦБД не се секогаш доволни за многу медицински состојби. Сите форми на екстракти и тинктури само со изолирано ТХЦ или ЦБД првенствено се однесуваат на синтетички канабиноиди опасни по здравјето, како фармацевтските комерцијални производи Маринол (Дронабинол - dronabinol) и Цезамет (Набилон - nabilone). Ова се законски лекови кои првенствено се пропишувани за лекување на мачнината поврзана со рак, но не и самиот рак затоа што нивната ефикасност е дискутабилна... Истражувањето од 2011 година за формите на потрошувачката на канабис покажало дека само 1.8% од 953 пациенти преферираат синтетички ТХЦ лекови преку инхалирани или инфузирани методи. Покрај тоа, може да потрае и часови за пилулата само со THC да даде некакво олеснување, додека инхалираните методи од природен канабис стапуваат на сила веднаш!


Лековите кои единствено содржат ЦБД добиваат импулс во последниве години, по медиумското лудило околу ЦБД сортата наречена Charlotte's Web, специјално создадена за масло за тешки форми на епилепсија кај мали деца отпорни на фармацевтски лекови. Чудесниот лек поттикна неколку држави да ги усвојат законите за ЦБД, според кои само лековите богати со ТХЦ остануваат нелегални или пак, домашно изработените екстракти во кои се состојат сите активни состојки како што природно се јавуваат во растението канабис. Додека лековите од канабис само со ЦБД се покажале како нов живот за многу поединци, овие закони главно постојат за да им помогнат на оние коишто страдаат од опасни конвулзивни напади, но и за да им помогнат на фармацевтските компании повеќе да се трошат новите новопласирани производи од канабис.


Што сè пациентите можат да добијат од лековите од целата билка? Што е тоа што го прави екстрактот од целата билка поразличен од производите во аптека? „Лек од целото растение“ (Whole plant medicine) е термин кој се користи за да се опишат препаратите кои користат целосен спектар на терапевтски соединенија што може да ги понуди канабисот во својата природна форма. Прегледот на повеќето најпопуларни канабиноиди и терпени веќе е дискутиран на нашиот блог повеќепати. Иако денес канабисот е одгледуван најчесто да содржи непропорционално голема количина на ТХЦ или ЦБД во споредба со другите соединенија, важноста на хемиската разновидност (на целиот спектар, т.е. на сите состојки макар да ги има и во трагови) доаѓа до израз особено кога станува збор за посериозни дијагнози и состојби, кадешто покрај разноврсниот канабиноиден профил, исто така важни се и другите состојки како терпени.


Канабиноидите и терпените функционираат заедно!!! Разновидноста на хемиската достапност во екстрактите од целото раститение е извонредна сама по себе, а истражувањата само покажуваат како канабиноидите и терпените работат заедно. Во оваа област на науката за канабисот доста е истакнат Итан Русо (Ethan Russo), невролог кој долго ги проучувал соединенијата од канабисот и нивната улога во човечкото тело. Во неговата студија „Припитомување на THC: потенцијална синергија на канабисот и фитоканабиноидно-терпеноидни ефекти на придружба“ (Taming THC: potential cannabis synergy and phytocannabinoid-terpenoid entourage effects), тој детализира како канабисните соединенија влијаат врз механизмите на другите. Ние не зборуваме само за добро познатиот „THC-CBD тандем“ - дури и мали количини на терпените (миризливите состојки кои му даваат на канабисот свој мирис и вкус) може да направат значителна разлика.


На пример, терпенот мирцен, може да го намали отпорот во крвно-мозочната бариера, овозможувајќи полесен премин на други корисни состојки. Pinene не само што го олеснува дишењето, овој терпен помага да се спречи компромитираното сознание и меморијата предизвикана од THC. Комбинацијата на терпените: pinene, myrcene и caryophyllene може да помогне да ја излечат анксиозноста. Мешањето на терпените линалол и лимонен со канабиноидот Канабигерол-CBG покажува ветување во третманот на MRSA (Methicillin-resistant Staphylococcus aureus). ТХЦ плус Канабинол-CBN дава подобрени седациони ефекти. Линалол и лимонен во комбинација со ЦБД се испитуваат како третман против акни. Овие примери само ја откриваат површината на сите можни синергии што ни се достапни преку терапијата од целото конопно растение. Помислете на сите медицински можности што нè чекаат, бидејќи комбинираниот потенцијал на овие соединенија е отклучен и не без причина експертите за подготовка на масло од канабис како Рик Симпсон тврдат дека најдобри се екстрактите подготвени од барем две различни врсти канабис со цел да се извлече целосниот медицински потенцијал и со цел да се добие многу побогат канабиноиден спектар кој ќе ја има моќта да се справи со секоја дијагноза за којашто модерната медицина сè уште нема ни приближно решение. Екстрактот од целото растение канабис се нарекува FECO (Full Extract Cannabis Oil).

Повеќе за„ефектот на придружба“

Што вели Рик Симпсон?


Лекот направете си го сами!


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Leafly

Friday, June 23, 2017

Дејството на канабисот зависи и од начинот на консумирање

Што канабисот му прави на твоето тело, душа и ум зависи во голема мера не само од дозата и врстата/врстите на канабис, туку и од начинот на консумирање - и тоа: во каква форма е канабисот и како таа форма ја внесуваме во нашиот систем


Разни форми на екстракти од канабис
Секоја марихуана има лековити својства и секој начин на консумирање е лековит. Научно е докажано дека редовното консумирање канабис го спречува стареењето на мозокот, а исто така ги подобрува мозочните перформанси! Секој начин на употреба е корисен за одредено заболување, затоа што малку поразлично делува во организмот. 


Значи како и да ја консумираме марихуаната - таа секогаш делува позитивно во организмот, но во зависност од начинот на консумирање ние некогаш повеќе, а некогаш помалку ги чувствуваме тие исцелителни ефекти и некогаш побрзо, а некогаш подоцна, а некогаш воопшто. Пушењето ги менува молекулите од канабисот, при што тие ја менуваат хемиската структура. Пушењето канабис е здраво, меѓутоа со консумирање канабис по пат на пушење џоинт не може да се извлече максимумот од терапевтскиот потенцијал на растението, кога станува збор за посериозни здравствени состојби. 


Секаде каде што ќе прочитате дека пушењето канабис е штетно поради вдишувањето чад, ви препорачуваме да не читате понатаму... Тоа е само лажна поткрепа на лажната теорија за „медицинска“ и „рекреативна“ марихуана. Чадот од тутунот е штетен, чадот од канабисот е здрав и ги заштитува алвеолите од штетното дејство на катранот од тутунот во белите дробови и од другите хемикалии со кои е прскан тутунот за време на подготовката на цигарите во фабриките. Затоа оние кои се зависници од никотински цигари, пожено е почесто да пушат и џоинт. Чадот од канабисот многу се разликува по состав од чадот од тутунот и кога вдишуваме чад од трева вдишуваме активирани канабиноиди кои веднаш се соединуваат со нашите ендоканабиноидни CB1 и CB2 рецептори. 

Пушењето канабис е пожелно за превенција, за контрола на некои (полесни) здравствени состојби, а исто така се препорачува пушење на канабис кога сме под терапија со канабисово масло за појачување на терапевтскиот ефект на маслото. Всушност кога некој е многу болен најдобро би било да се внесе што е можно поголемо количество канабис во што е можно пократок временски период и тоа на секаков можен начин паралелно. Пушењето канабис ги олеснува дишните патишта, добро е за бронхит и астма. Поздрава форма на пушењето е вапоризацијата на сув цвет, масло и цврсти екстракти и ефектот во организмот се чувствува практично инстантно со самото вдишување.

Секоја форма на марихуана е лековита!
За да го извлечете максимумот од лековитата моќ на оваа чудотворна билка, истата треба да се јаде сурова, како секој друг зеленчук - на овој начин марихуаната нема психоактивен ефект (во свежата билка канабиноидите не се декарбоксилирани и такви се корисни за одредени заболувања; THC-A е добро на пример за Лупус) и/или да се консумира екстракт/масло од канабис (со активирани канабиноиди) орално, ректално или по пат на вапоризирање - за лекување канцери, епилепсија, МС итн. Дури и начинот на кој го консумираме маслото различно делува во телото. Имено ако маслото се јаде преку уста, постои можност „хајот“ да е поинтензивен, додека пак, кога екстрактот се консумира по пат на супозитории (анално или вагинално), тогаш канабиноидите веднаш се апсорбираат во крвотокот, изминувајќи ја главата, со што „хајот“ е значително редуциран.

Канабисот може да се внесува и надворешно - со мачкање на кожата и тоа во вид на креми, лосиони, тинктури, масло... Искуството на пациентите потврдува дека добредојдено е и надворешното мачкање со екстракт во близина на болното место, покрај оралното/аналното внесување масло и покрај пушењето/вапоризирањето.

Ако уживавте во оваа статија и научивте нешто ново или пак, ви се потврдија досегашните спознанија и ве отворивме кон нови идеи, во тој случај ве замолуваме да не заборавите да ја споделите со вашите пријатели за и тие исто така да имаат пристап до ова бесплатно теоретско-практично знаење. Ви благодариме што одвоивте време за поддршка на оваа отворена иницијатива за ослободување на канабисот. Ние веруваме дека сите информации за здравјето треба да бидат бесплатни и достапни за секого! Приклучи се во ова движење!!! Сподели го своето искуство со нас. Само заедно ќе успееме побрзо да го вратиме канабисот на полињата и нивите!