Sunday, May 31, 2020

„Канабисот бил спалуван за време на верски обреди“ од страна на Античките Израелци - научна студија

Античките Израелци палеле канабис како дел од нивните религиозни обреди, открива археолошка студија. Се верува дека канабисот бил спалуван за да предизвика психоактивен ефект кај верниците за полесно поврзување со Бог


Остатоци од канабис се пронајдени
на олтарот од храмот во Арад
Добро сочуваната супстанција пронајдена во храмот стар 2.700 години во Тел Арад е идентификувана како канабис, вклучувајќи го и неговото психоактивно соединение, канабиноидот тетрахидроканабинол - THC. Истражувачите заклучиле дека канабисот најверојатно бил горен за да предизвика еуфорично чувство кај верниците. Ова е прв доказ за употреба на психотропни лековити билки кои се користеле во раната еврејска богослужба, пренесуваат израелските медиуми.


Храмот за прв пат е откриен во пустината Негев, на околу 95 километри (59 милји) јужно од Тел Авив, во 1960-тите. Во најновата студија објавена во археолошкото списание на универзитетот Тел Авив, археолозите велат дека биле закопани два олтари од вар во храмот. Делумно благодарение на сувата клима и закопувањето, остатоците од жртвените паленици беа зачувани над овие олтари.



Темјан беше пронајден на еден олтар, што не беше изненадувачко поради неговата важност во Светите Писма, изјавија авторите на студијата за израелскиот весник Haaretz. Сепак, тетрахидроканабинолот (THC), канабидиолот (CBD) и канабинолот (CBN) - сите активни соединенија (канабиноиди) кои природно се јавуваат во растението канабис - се пронајдени на вториот олтар. Студијата додава дека наодите во Тел Арад сугерираат дека канабисот, исто така играл улога во обожувањето и славењето за време на верските обреди во храмот во Ерусалим.


Ова е затоа што во времето кога храмот во Арад беше дел од тврдината на ридот при јужната граница од Кралството на Јуда и се вели дека одговара на смалената верзија на библиските описи од првиот храм во Ерусалим. Остатоците од храмот во Ерусалим сега се недостапни за археолозите, така што наместо тоа, тие го изучуваат Арад и други слични светилишта и храмови за тоа да им помогне да го разберат обожувањето во поголемиот храм.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: BBC

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Малку забранета историја: Канабисот и војната во 1812 година

ФОТО од 1910 година: Парижанка со нејзината мачка во нејзината канабис градина!

Откриени се златни бонгови од Ариевски цар!

9 докази дека Исус Христос ја користел Божјата билка за самолекување и исцелување на неговите следбеници

За Фестивалот во Непал каде пушењето марихуана е светост!

Делчевчанецот Перо Археолого Неолитски раскажува за неговото лично искуство со природниот лек канабис

Tuesday, May 26, 2020

Документарен филм за канабисот: „Cannabis - the Peoples Plant“

Гледајќи го овој документарен филм за канабисот насловен во превод „Канабис - Растение на луѓето“ помагате во унапредување на канабис индустријата. Целта на овој краток документарен филм е да ја разгори дебатата и многу потребниот дијалог за неверојатниот потенцијал на растението канабис. Овој филм помага во засилувањето на руралните и маргинализираните заедници и во реализирањето на економската револуција што луѓето со нетрпение ја чекаа!



Порано канабисот беше вообичаен лек
за многу дијагнози, како ЕПИЛЕПСИЈА!
Што е тоа канабис? Од каде доаѓа оваа лековита билка? Што може канабисот да ни понуди? Овој филм ги дава сите одговори на овие и на многу други прашања. Во овој документарен филм можете да ги видите сите нови современи намени на ова растение - коноп/канабис во сите индустрии и сфери од животот што му се познати на човештвото и како може да ни помогне да станеме поздрави, затоа што не само што може да се користи за правење лекови, туку и за правење ХРАНА и многу друго! Може да ја направи околината во која живееме и нашиот свет почист и да помогне во зачувувањето на еко системот, со производство на: цигли од коноп наречени хемпкрит, изолација, конопна пластика, конопно гориво, текстил... Конопот ја деконтаминира почвата и ја прочистува околината од радијација и други штетни зрачења. НЕВЕРОЈАТНО, А СЕПАК ВОЗМОЖНО! Погледнете го филмот што го вметнавме во продолжение на оваа рецензија! ТУКА!


Еве го филмот: „the Peoples Plant“!


Ова растение е создадено за човекот да го користи!
Листот има форма на дланка, ова не е случајно...
Ова е краток, но многу поучен филм! Со посветување на само 28 минути од твоето време, можеш да ја разбереш целата суштина на потребата за ослободување на ова растение, бидејќи сè е објаснето, споменати се сите придобивки, поткрепени со изјави на експерти од разни области. Откако ќе го изгледаш овој филм, те молиме сподели го на социјалните мрежи за секој да може да се информира. Овој филм е создаден за да се прослави актот од Уставните судови со што им се дозволува на сите јужноафриканци да одгледуваат и користат канабис во приватноста на своите домови. Фондацијата Афристар (Afristar) е горда што е снимен овој документарен филм во продукција на Николас Хајнаман (Nicholas Heinamann), режисер - Нил Вебстер (Neil Webster), книга на снимање - Адриан Чарлс (Adrian Charles), уметнички соработник - Бонита Едвардс (Bonita Edwards), поддржан од страна на движењето за легализација „Calm Cannabis Acceptance Movement“.

ПОРАНО СЕ ПРОДАВАЛЕ ЦИГАРИ ОД КАНАБИС
ПРОТИВ АСТМА ВО АПТЕКА!!!
Канабисот е растение со многу имиња и уште повеќе намени. Се користи повеќе од 7 илјади години од страна на човекот. Само во овој последен период од помалку од 100 години оваа билка е глобално забранета од фармацевтската индустрија, ширејќи лажна негативна антипропаганда против канабисот заснована на дезинформации и митови. Но, сега канабисот/конопот прави кам-бек, се враќа во речиси секоја индустриска гранка, помагајќи им на луѓето на многу начини, особено на оние од третиот свет, создавајќи нови работни места за невработените. По 70 години владини ненаучни лаги и заблуди за канабисот, сега Ве запознаваме со ЗЕЛЕНАТА ИДНИНА, која може да ги засили руралните области, не само во Јужна Африка, туку и насекаде во светот, па дури и во нашата (Северна) Македонија.

Ова е плакатот од истоимениот филм. КЛИКНЕТЕ НА СЛИКАТА за да ја видите во поголемо издание!

Професорот Доналд Абрахамс (Donald Abrahams), Директор на одделот за хематологија-онкологија при Општата болница во Сан Франциско истакнува пресреќен, со насмевка на неговото лице: „Од моето лично искуство можам да кажам дека пациентите имаат големи придобивки од користење на канабис. Дефинитивно функционира! Можам да кажам дека подобро е оние пациенти да пробаат еден лек, наместо да им се препишуваат шест или седум различни лекови кои можат да комуницираат негативно во меѓусебната корелација (интеракција). И ги прашувам пациентите со карцином што Ви носи радост? А, бројот на луѓе што живеат со карцином кои ми кажуваат дека градинарството им носи радост не е незначителен. Мислам дека ако умирате или дел од Вас умрел, можноста да се донесе живот од земјата и да го одгледуваат сопствениот лек тоа е многу круцијално“.

Ендоканабиноиден систем со ЦБ1 и ЦБ2 рецептори!
Слушајте што вели ботаничарот Грег Николсон (Greg Nicolson) за ова растение: „Забраната за индустрискиот коноп нема никаква логична смисла, бидејќи нема психоактивни својства и може да биде потенцијално крајно корисна и продуктивна култура“ - вели тој. Д-р Марлон Гермон (Marlon Germon), општ лекар вели: „Сите цицачи имаат ендоканабиноиден систем, па дури и некои други видови на животни и тој е составен дел на нашата физиологија и нашата еволуција. Ендоканабиноидниот систем е суштински елемент за одржување на хомеостазата, за одржување на рамнотежа во организмот“.

Дознајте повеќе за употребата на семето од коноп и како тоа се трансформира во најразлични прехранбени производи! Канабисот/конопот е најдобриот извор на протеини за вегетаријанците и веганите, семето, исто така, содржи огромна количина омега три масни киселини - омега 3, 6 и 9 - вели Питер Даниел (Peter Daniel), ко-основач на компанијата Superfoods. За него ова растение не е само лек, за него тоа е зеленчук, заради неговата хранлива вредност и моќ! Тој вели дека листовите имаат многу минерали, па затоа е совршен за подготовка на домашни цедени сокови, каши и смуди.

Џулс Харис (Jules Harris) од The real Food Factory - е жена која има сопствен бизнис за производство на песто и сосови од семе од коноп и други органски состојки, како јаткасти плодови и ни покажува како тие се прават. Друга употреба на растението канабис е производство на козметика, сапуни и шампони. Амелија Карг (Amelia Karg) основач на Hemptons вели дека маслото од семе од коноп има огромна количина на витамин Е и многу лесно се впива во кожата.

Значи ова е филм за истражувањето на канабисот во Јужна Африка и што му нуди на човештвото од економски, социјален и еколошки аспект. Производителите започнаа да ја „деколонизираат даггата“ (канабисот) со намера цврсто да ги внесат можностите на ова растение во националната дебата како олеснувач за намалување на сиромаштијата и создавање нови работни места. Ова не е приказна, туку животна вистина, факти, научно верифицирани докази за провокација на размислување. Филмов го остава гледачот да се запрашува што ја спречува Јужна Африка, Македонија, па и целиот заостанат свет да ја прифати оваа билка како единствен мобилизатор за создавање работни места, како лесно обновлива и еколошка биоразградлива индустриска суровина, т.е. како нов ланец на вредности, за брзо засилување на нашата смалена земјоделска економија.

Филмот се фокусира на современите начини на употреба на канабисот и како оваа античка култура е повторно откриена за да стане модерна успешна приказна во земјоделството, здравството и за подобар економски развој. „Ние ги разоткриваме и откриваме вистините кои се докажани во многу делови на светот, кои илустрираат како канабисот стана чудо што може да се одгледува на маргинализираната земја со неверојатни резултати, создавајќи невидени можности и нови вредности за рурална регенерација“ - велат авторите на филмот.

Фондацијата Afristar & Fixer Film го претставија својот 28-минутен документарен филм „Cannabis - the Peoples Plant“ (великодушно финансиран од Националната комисија за лотарија) за да ја покажат улогата на канабисот како економски и социјален двигател, со потенцијал да обезбеди работа и мноштво можности како извор на: храна, гориво, растителни влакна и лекови за сиромашните и невработените во Јужна Африка и насекаде во светот.


Активист, Уредник и Новинар: MoniQue Konopova
Извор: Afristarfoundation












Saturday, May 23, 2020

ГОДИНА во ќелија поради 14 грама трева за КОНОПОВА, додека канабис бизнисот во „РCМ“ си цвета...

Затворска ќелија А-3 во Шутка може да ја добиете ако ве фатат со 14 грама канабис! Условите се ужасни, како во турска апсаана од пред 100 години. Плус ќе си одлежите и една година во Идризово каде што условите не се ништо поарни...


Моника во притвор - Шутка
КПУ Затвор „Скопје“ - Скопје
Меѓутоа, ако ја уценувате целата држава тогаш ќе добиете ќелија во хашкото одделение, каде што условите се многу подобри, а за затворска казна во Идризово нема ни да стане збор. Срамота за системот, судството, обвинителите, бранителот, полицијата. Срамота за државата во целост. Срамота за сите граЏани и граЏански здруженија, кои при очи се прават слепи за гадотииве што ги прават и толерираат.


Да ви се плукнам!




Додека бизнисот на легалните компании со лиценца цвета во Македонија и додека докажано е веќе дека секоја употреба е медицинска, сепак користењето на канабисот за рекреативни цели е кривично дело и казниво е со затвор, а марихуаната се изедначува со тешките синтетички дроги, како што се кокаинот или хероинот.

Како е во македонските поправни установи, кои ги „оправаат“ интелектуалците и активистите за целосно да го спречат слободоумието и слободата на говорот? Во врска со ова прашање надоврзувајќи се комично на моменталната ситуација со полицискиот час поради „пандемијата“ со КОВИД19 којашто може да се стави под контрола со помош на канабис, како што велат научните истражувања, на својата фејсбук страница Моника изјави: „Сѐ е исто ради политичкиот час, само што сега нема решетка... Барем плата од 300 ден имав...

Новите лични карти на
Северна Република Македонија
Извадок од Порталот „Мета.мк“: “Борбата” за легализирање на канабисот не била лесна за Моника Конопова. Таа повеќе пати завршила зад решетки, за ова е горда и вели дека ова е само почетокот на нејзиниот активизам. Моника таму изјави: „Според мене, се наоѓаме на половина пат од легализирањето на канабисот. Сега редот е на нашите политичари, пратениците кои треба да ги изменат законите што иритираат кои што канабисот го рангираат на исто ниво со синтетичките и опасни и смртоносни дроги” вели Конопова, активистка од Здружението на граѓани „420 Macedonia“.

На прашањето за Порталот „Пулсот на мастилото: Поголемиот дел од затворениците во Македонија се соочиваат со проблем при наоѓање на работа после излегувањето од затвор. Дали си размисливала да создадеш проект преку кој поранешните затвореници ќе ги покажат своите таленти пред лицето на јавноста? Моника Конопова одговара: „Да бидам искрена, таа мисла повеќе пати ми се вртеше низ глава додека бев таму и додека по цели денови гледав во ѕид или во таван, кога не можев да читам книги. Не ги осудувам осудениците за нивните дела, секој има право на грешка, имале свои причини да ги сторат делата, но таму сватив што се вистински злосторници, злобници и злонамерници… Цела година бев опкружена со убијци, крадци, разбојници, во крајно нехумани мизерни услови, со бубачки насекаде, лоша и оскудна храна (една сардина и нарезок се дели на две порции) искршени прозорци и генерално понижувачки однос од страна на затворската полиција – тоа мора да се подобри. За среќа не се сите осуденици такви, се сретнав и со нормални луѓе со големо срце и душа како мене, кои ете од икс причини се нашле таму, кои ми останаа до ден денес пријатели.

Конопова зад решетки
во КПУ Идризово
За мене лично не верувам дека ќе имам проблеми во наоѓањето работа, затоа што имам квалификации и високо образование и сакам легално да работам во канабис индустријата во Македонија, во областа заради која бев притворена, бидејќи немав „лиценца“ и тоа што ми се случи е само пат кон остварување на таа цел. Што се однесува до затворениците, запрепастена сум од бројот на необразовани! Има затворенички кои не знаат ни самите да се потпишат, а нашава држава не прави ништо во врска со тоа… Се одржуваат курсеви за пекари, за фризери, за готвачи, но за жал не постои начин барем оние со поголеми казни да имаат можност забрзано да го завршат основното образование, барем да научат да читаат и пишуваат додека се таму и да излезат од таа поправна установа со неков сертификат за завршено основно образование, со што би можеле да најдат некаква работа многу полесно… Токму поради тоа и се осудени да станат повратници, да го повторат делото, бидејќи мораат да се прехранат и некако да опстанат… Со тоа можеби би се занимавала понатаму во животот, како една од моите следни мисии и решена сум дека кога јас ќе имам мој бизнис, предност ќе им давам токму на лицата коишто биле во затвор!“.

Извадок од Порталот „Женски Магазин: За јавноста e позната како девојката со џоинтот, вели дека се гордее со таа етикета, а и беше доделена кога спонтано одлучила да се сними како пуши џоинт на улица (видео во живо на Фејсбук), додека одела на разговор за работа. Но, сепак смета дека и била нанесена неправда со тоа што беше осудена на казна затвор, бидејќи покрај нехуманите услови таму, вели дека тешко е сега да најде работа бидејќи е обележана со криминално досие. Конопова изјавува: „Сега како и пред да ме затворат, работам симултани и судски преводи, бидејќи сум судски преведувач за македонски-полски јазик и обратно, се снаоѓам, плус тешко е да се најде работа кога веќе си обележан со криминално досие... Но, не престанувам да верувам во себе, во моите квалификации и во она што го правев и правам, и навистина сметам дека ми е нанесена голема неправда со тоа што бев осудена на цела година затвор! Додека на компаниите кои имаат лиценца може да се каже легално им цвета бизнисот, јас за 14 грама цвет од канабис за лична употреба најден во мојот дом, добив цела година, опкружена со тешки злосторници, во мизерни услови со затворска служба за обезбедување која се однесува крајно нехумано... Но, ете издржав, Бог и ангелите се на моја страна, јас само сакам најлековитото растение на планетава целосно да се ослободи! Тие што сакаа да работам за/со нив и претходно сега сакаат уште повеќе затоа што сум исполнителна личност која цврсто стои зад своите ставови. Целта ми е да работам во легалниот канабис бизнис, а на тие луѓе им е потребно моето знаење, па моето досие толку не им пречи.“.


Напиша активист: Зоран Велковски


Последната пресуда на Моника


Има денови кога отворено одделение е позатворено од затворениот третман!

Моника во Идризово - шахти на секој чекор, па да ова е затвор - не е хотел, како што велеа командирките, кои ја присилуваа да ги риба плочките во холот на колена со четка...


Отворено одделеление во Женскиот дел има дворче едвај 10 на 10 м2...


Затворскиот кревет на Моника во Идризово


...спомени од Шутка...


...спомени од Шутка...

...спомени од Шутка...

Македонија штом апси активисти - не ја интересира здравјето на народот!
Моника е Претседател и основач на здружението за демистификација на канабисот „420 Македонија - Скопје“ и нејзиното место не е во затвор!


Моника е дипломиран новинар - првенец на генерација!

Моника е магистер по филмска продукција. Таа сега има хорор искуство...

Активистката Ристеска по речиси 24 часа во станица, спроведена пред судија (првото апсење)

Моника Конопова по една година затвор...


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:










Friday, May 22, 2020

Публикација од истражување за ефективноста на канабиноидите во третманот на ГЛИОБЛАСТОМ!

За жал причината за повеќето случаи на глиобластом не е позната, но за среќа лекот е познат и докажан уште од дамнешни времиња, а постои од настанокот на оваа планета. Лекот за овој тип на канцер, како и за другите видови канцери е КАНАБИС!


Глиобластомот, познат и како (Glioblastoma multiforme - GBM), е најагресивниот вид на карцином што започнува во мозокот. Првично, знаците и симптомите на глиобластом се неспецифични. Може да вклучуваат главоболки, промени во однесувањето на личноста, гадење и симптоми слични на оние на мозочен удар. Симптомите често пати се влошуваат со рапидно брзо темпо и може да напреднат до губење на свеста. Канабиноидите влијаат врз одржливоста на глиобластомските клетки и матичните клетки што потекнуваат од пациенти, коишто ги изразуваат CB1 и CB2 рецепторите.


Глиобластомот е најагресивниот примарен тумор на мозокот што не реагира на конвенционален терапевтски третман. Преживувањето на пациентите се движи од 12 до 15 месеци по дијагностицирањето. Со зрачење и хемотерапија туморот може да се распространи само низ целото тело на пациентот. Може да метастазира, како вторично жариште, што настанува со раширување на болните клетки преку лимфните и крвоносните садови, бидејќи тие третмани го разлутуваат овој вид на рак уште повеќе. 


Ова главно се должи на неефикасното таргетирање на терапевтски отпорните матични клетки на глиобластом (GSCs), затоа итно се потребни нови опции за надополнување на третманот. Зголемениот број на предклинички студии покажа дека канабиноидите предизвикуваат процеси кои водат кон реакции против тумори кај некои видови на карцином, вклучително и глиобластом. Искуството на пациентите кои нелегално се излечиле, ова веќе одамна го докажа, ама ајде мора нели сè да биде научно верифицирано...


ЗАКЛУЧОЦИ од студијата - НАЈВАЖНО:

1.) Канабиноидите, особено при зголемување на концентрациите на THC, ја намалуваат одржливоста на клетките на глиобластом!

2.) Насочување на матичните клетки на глиобластом (GSCs) кои се поотпорни на хемотерапија. GSC досега се покажаа како поранливи поради канабиноидите, отколку што биле диференцираните клетки!

3.) При оптимална концентрација за секој пациент, дефинираниот состав на канабиноиди претставува ветувачка алатка за намалување на оптоварувањето од туморот!



• Студијата е спроведена од страна на Националниот институт за биологија (NIB) и Универзитетскиот медицински центар Љубљана, Словенија со MGC Pharma R&D Division.

• Општата цел на истражувањето беше да се развијат формулации за дефинирање на протоколите за третман на тумори на мозок со висок степен, т.е. глиобластом со помош на канабиноиди.

• Студијата ги процени протеините на канабиноидните рецептори што можат да ги додадат за да ги идентификуваат најефикасните цитотоксични канабиноиди, познати досега, на пр. соодносот на CBD и THC и понатаму нивните можни синергистички ефекти со хемотерапевтскиот „лек“ Темозоломид (Temozolomide - TMZ) во однос на третманот на пациенти со глиобластом.

• Истражувачката соработка е дел од стратегијата на MGC Pharma за партнерство со водечки истражувачки институции за да се испитаат можностите за развој на нови фармацевтски производи засновани на докажани формулации на канабиноиди во предклинички и клинички студии.

• Резултатите од студијата можат да се видат на веб-страницата на компанијата со кликнување тука и беа презентирани од страна на НИБ на Вториот меѓународен годишен конгрес за контроверзности за лекови засновани на канабис во Барселона, Шпанија на 23-24 мај 2019 година.

Во продолжение фотографии од оваа научна публикација, којашто целосно можете да ја превземете на линкот под сликите. Кликнете на сликите за да можете поубаво да ги погледнете!





Активист: MoniQue Konopova


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Воведни инструкции за дозирање на канабисово масло

Дозирање на домашно масло од канабис кај деца и почетници

Комплетен водич за употреба на медицинска марихуана кај постари лица

Доза за одржување канабисово масло на крајот од лекувањето (maintenance dose)

Мерки на претпазливост кога земате фармацевтски лекови и масло од канабис

Орално или ректално внесување на дозата канабисово масло?

Марихуаната најдобро делува внесена анално (ректално) и вагинално!

Хемотерапијата ги убива здравите клетки. Канабисот го убива исклучиво ракот!

Придружен ефект на канабисот: Зошто се важни екстрактите од целото растение канабис?

Како да се подобри Протоколот на Рик Симпсон? Со додавање на темјан!

Канабисово масло со целосен спектар на канабиноиден профил наспроти THC или CBD изолат

Рик Симпсон вели дека ТХЦ е лек за ракот, а не ЦБД!

Што е тоа ендоканабиноиден систем?

Ајде, малце за CB1 рецепторот...

Ајде, малце за CB2 рецепторот...

Откритието на CB3 ререпторот може да биде медицинска пресвртница во човечката историја

Атипични ендоканабиноидни рецептори (1 дел) - GPR18, GPR55, GPR119. Не се само ЦБ1 и ЦБ2!

Атипични ендоканабиноидни рецептори (2 дел) - Ванилоидни, Серотонински, Глицински и Пероксизомски

Активната состојка ТХЦ има моќ да го победи ракот на дојка

Редовното консумирање канабис го спречува стареењето на мозокот!

Канабисот е во твојата ДНК! - Фармафијата се надеваше дека ова никогаш нема да го дознаеш

Како и зошто вашиот мозок произведува сопствени канабиноиди?

Нашето тело е создадено да консумира канабис - мозочните клетки имаат рецептори за THC!

Ендоканабиноидниот дефицит води кон фибромијалгија и други дијагнози - вели науката

Што е тоа Анандамид и која е неговата улога во нашето тело?

Универзитетот Харвард открива дека канабисот го намалува растот на туморите на бели дробови за половина за три недели

Терапевтско-медицинскиот потенцијал на 6 најпопуларни канабиноиди

Тајните на канабиноидите и нивните медицински придобивки

ТХЦ ги отстранува отровните Алцхајмерови протеини од мозокот

Како канабисот делува врз мозокот и телото?

Редовното пушење џоинт може да го намали ризикот од мозочен удар!

Ефекти од долготрајната употреба на марихуаната врз мозокот

Канабисот ја поттикнува неврогенезата!

Нашето тело е создадено да консумира канабис - мозочните клетки имаат рецептори за THC!

Истражувачка колумна: Интравенскиот Витамин Ц е убиец на ракот и ФДА сака да го забрани + неколку вкусни конопнo-овошни пијалaци

КАРИОФИЛЕН - Кои се својствата на овој лутникав канабис терпен и за што се користи?

Терпенот кариофилен е присутен во многу билки и зачини, вклучувајќи: црн пипер, босилек и оригано, а врстите канабис со високи нивоа на овој терпен му даваат зачинета, забавна топлина на носот, слична на цимет и каранфилче. Тој е единствениот терпен познат по тоа што се однесува како канабиноид, бидејќи може да го активира нашиот ендоканабиноиден систем


Кариофиленот дава лута зачинета арома
Терпените обезбедуваат широк спектар на ароматични својства, кои се движат од цветни и земјени ноти, до мошусни и цитрусни. Кога станува збор за зачинетата страна на ароматичниот спектар, кариофиленот е на врвот на оваа листа. Она што го прави кариофиленот (β-Caryophyllene) интригантен терпен е неговата врска со нашиот ендоканабиноиден систем, особено со неговата способност да се врзува за CB2 рецепторите. Поради ова, неговата употреба нуди низа потенцијални медицински придобивки.


Уникатен профил на Кариофиленот

Исто така, наречен бета-кариофилен (beta-caryophyllene) или BCP, овој терпен може да се најде во ароматичните масла како она од рузмарин и масло од каранфилче. Во природата најчесто го има во: хмељот, каранфилчето, црниот пипер, ориганото, циметот и босилекот. Одговорен е за малата доза на лутост поврзана со мирисот на издробен црн бибер. Кариофиленот е поголема молекула од терпените како мирцен и лимонен. Молекуларната структура на кариофиленот содржи и циклобутански прстен, нешто поретко во природата и него го нема во ниту еден друг познат канабис терпен.

Карактеристики на кариофиленот

Молекуларна структура на кариофиленот
Ендоканабиноидниот систем на човечкото тело содржи огромна мрежа на рецептори лоцирани низ целото тело и мозок. Постојат два главни вида: CB1 и CB2 рецептори. CB1 рецепторите главно се наоѓаат во мозокот и централниот нервен систем, додека CB2 рецепторите се наоѓаат главно во нашите периферни органи. Кога канабиноид, како што е THC, се внесува, првенствено се врзува за CB1 рецепторите лоцирани во мозокот и централниот нервен систем, создавајќи еуфоричен ефект.

Уникатната молекуларна структура на кариофиленот му овозможува лесно да се врзува за CB2 рецепторите првенствено лоцирани во рамките на нашиот периферн ендоканабиноиден систем. Ова значи дека не предизвикува никакво еуфорично чувство од канабисот, додека дава многу придобивки поврзани со активирање на тие рецептори, како што е намалувањето на воспаленијата. За разлика од кој било друг терпен, кариофиленот е единствениот кој има можност директно да активира канабиноиден рецептор, особено ЦБ2 рецепторите.


Врсти канабис со високи нивоа на кариофилен

Видовите канабис со високи нивоа на кариофилен имаат тенденција да бидат зачинети и мошусни на мирис, а некои се познати и дека имаат забавен профил. Многу од тие врсти се познати дека предизвикуваат исто чувство на пецкање во носот, слично со чувството кога ќе вдишеме бибер. Кариофиленот се наоѓа на високо ниво во многу видови на семејството канабис наречено „Cookies“ (Колачиња): - Platinum GSC, GSC, Cookies & Cream, Candyland (Platinum Cookies x Grandaddy Purple).


Некои врсти канабис со повисока количина на кариофилен од просечната се: 
Некои врсти со многу кариофилен


  • GSC (Girl Scout Cookies)
  • Bubba Kush
  • Sour Diesel
  • Chemdog
  • Candyland
  • Death Star
  • Original Glue
  • Cookies and Cream
  • Gelato
  • The White
  • Master Kush

Овој терпен кој го олеснува стресот е присутен и во многу хибридни врсти канабис, познати по тоа што предизвикуваат релаксација и ја намалуваат вознемиреноста. Со оглед на неговите уникатни ароматични ноти, лесно е да се открие во врстата. Многу кремови, масти и мелеми од канабис користат видови со високи нивоа на кариофилен, покажувајќи го неговиот природен ароматичен профил, а истовремено даваат и терапевтски придобивки.


Потенцијални придобивки од кариофилен

Студиите за кариофилен укажуваат на широк спектар на терапевтски потенцијал. Студијата на терпенот кариофилен од 2014 година покажува својства за ослободување од болка кај глувци, а друга студија на глодари покажува потенцијал на кариофиленот да го намали внесот на алкохол, со што овој терпен е можен третман за зависности. Исто така, се покажа дека кариофиленот има антиоксидантни и антиинфламаторни својства и е можна терапија за лекување на воспалителни заболувања на цревата. Истражувањата дури откриле дека кариофиленот може да лекува вознемиреност и депресија. Тековните студии се надеваат дека ќе откријат уште поголем дел од терапевтскиот потенцијал на кариофиленот, вклучително и истражувања кои укажуваат дека може да помогне во зголемувањето на животниот век, со намалување на генскиот стрес.

Интересен факт 1: Доколку некогаш се надувате премногу, кариофиленот може да го намали тоа чудно чувство и да спречи анксиозност или параноја, благодарение на неговото анти-психотично дејство!

Интересен факт 2: Кариофиленот е единствениот терпен познат по тоа што се однесува како канабиноид, бидејќи може да го активира нашиот ендоканабиноиден систем и да предизвика анти-воспалителни реакции.






Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: Leafly, Royalqueenseeds

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

ЛИНАЛОЛ - Како делува овој цветен канабис терпен и кои се неговите придобивки?

Терпените играат клучна улога во разликувањето на вкусот и ефектот на некои врсти канабис

Што се тоа канабис флавоноиди и за што служат овие биоактивни состојки?