Неочекуваната дијагноза во раните 20-ти години го редефинираше односот на Фил Квонг со растението, го одреди текот на неговата кариера и му помага да живее нормално со потенцијално изнемоштувачката болест. Сега неговата компанија 3 Carbon Extractions Inc. дизајнира екстрактори за ботаничка екстракција
Фил Квонг излечен сега им помага на други! |
Животното патување со канабисот на Фил Квонг (Phil Kwong) од Ванкувер, Канада, започна во неговите тинејџерски години во форма на повремено рекреативно експериментирање. Квонг сега е сертифициран специјалист за екстракција на канабис и тренер. Тој е основач на 3 Carbon Extractions Inc. компанија специјализирана за продажба на опрема за екстракција и обука.
Раните денови
„Долго време го користев канабисот“ - вели Квонг, кој почнал да експериментира со концентрати кога имал 16 години. „Никогаш не сум размислувал да го користам во медицинска смисла, додека не ми беше дијагностицирана мултиплекс склерозата“ - додава тој. „Јас буквално се разбудив од мојот кауч и не можев да видам ништо друго освен заматеност на боите во моето десно око“ - објаснува Фил. Квонг почувствувал болка и отрпнувачко чувство во окото. Тој посетил неколку лекари за очи. Секој му кажал дека сè е во ред. „Конечно, стигнав до невролог-офталмолог и тој ме погледна и рече: ‚Имаш воспаление на оптичкиот нерв‘. Тој ми препиша 1,250 mg преднизон (prednisone) за да го контролирам воспалението со ризик од појава на слепило“ - вели Квонг. Лекарите ги навеле несаканите ефекти на лекот како будење параноја, несоница, „и во основа - губење на умот“. Па, каков е тој лек? „Доживеав страшни несакани ефекти и по воспалението стивнаа, па докторите ме испратија на МРИ за мојот мозок“ - заклучува тој. Квонг бил дијагностициран со мултиплекс склероза и веднаш бил испратен на лекување.
Twitter на компанијата за екстракција 3 Carbon Extractions Inc. |
Фармацевтски третман
„Почнав со Ребиф (Rebif) што ме натера да се чувствувам како да имав грип пет дена од неделата“ - вели Квонг, кој на крајот развил ткиво како лузна каде што морал да го инјектира лекот. „Престанав да го користам и не се лекував речиси една година и доживеав уште еден рецидив“ - Квонг потоа се префрлил на нов лек на рецепт, Гиленија (Gilenya) и иако тој не се соочи со физички несакани ефекти, тоа не беше ефикасен третман. Продолжените рецидиви го оставија со трајно оштетување во неговото лево око. „Ми беше кажано дека ако не се префрлам на други лекови, немам повеќе опции“ - вели тој. Па, Квонг ја напушти земјата и отиде во САД за да добие второ мислење од клиниката Мајо (Mayo Clinic). Тој беше отстранет од клиничките студии, а неговиот третман презеде драстични промени. „За време на овој процес почнав да барам алтернативи и да го истражувам канабисот. Најдов лекар кој ќе ги потпише Регулативите за медицински пристап до Марихуана (Marihuana Medical Access Regulations - MMAR)“ - раскажува Фил. Тој отишол во локалниот диспанџер за канабис за да купи канабис, за кој тој тврди дека не бил толку софистициран и напреден како постојните малопродажни места. „Го прашав бадтендерот (продавачот): ‚Дали имате какви било производи кои би можеле да бидат добри за МС?‘ и јас се сеќавам на него како ми подава производ и ми се обраќа: ‚Брат, не грижи се, овoj производ е со висок квалитет‘. Реално, никогаш не треба да го ставите продавачот во таа положба, но во тоа време не знаев“ - додава Квонг.
Опремата што ја нуди Фил на страната од неговата фирма |
Играње хемичар
Квонг не можел да ги најде производите што ги сакал, па затоа почнал да ги прави. Експериментирал со различни видови канабис кои се покажале како ефикасни во лекувањето на други болести. „Ќе се обидам со капсула, ќе правев дебинг (форма на вапоризирање) дури и ќе експериментирав со цвет и ќе видам што функционира најдобро и што е најефикасно. Почнав да ги разбирам придобивките од лековите од целото растение и повеќе немав рецидиви“ - објаснува тој. Иако Квонг наиде на олеснување, тој потоа се бореше за да се поврзе со медицинската заедница. „Нема лекари, нема болници, нема клиники целосно посветени на помагање со терапија со канабис, па затоа само употребувате нешто кога вашите симптоми ќе се појават“ - вели Квонг.
Продолжување со претпазливост
Обично големи дози на лекот наречен преднизон се користат за лекување на рецидиви на МС. „Знаејќи ги неговите несакани ефекти, избегнував повторно да го користам и научив да се справам со моите рецидиви. Сум експериментирал со многу високи нивоа на ТХЦ како алтернатива, бидејќи може да функционира. Без разлика дали канабисот го поправа проблемот или не, тешко е да се каже, без да биде во клиничка студија и да се направат повеќе истражувања за развој, но токму тоа и се надевам дека ќе го работам и ќе бидам дел од тоа“ - објаснува Квонг. Тој рече дека би можел да искуси повеќе рецидиви од другите пациенти со МС, со тоа што веднаш нема да употребува други лекарски третмани и со тоа што ќе е толку истражувачки настроен кон нешто поприродно како канабис. Тој е префрлен на необележан лек што се наведува Ритуксан (Rituxan) и во моментов не се соочува со несакани ефекти. Квонг продолжува да употребува канабис за олеснување на симптомите на МС и за контрола на воспалението, како и за намалување на ефектите од релапсите на мултиплекс склерозата, кога ќе се разгорат. Од 24 август 2018 година тој е веќе една година без рецидив. Иако имал успех со канабисот, тој е претпазлив за советување на другите пациенти со истата болест да го следат неговиот пат. „Постојат анегдотски докази, но не и доволно студии за да го поддржиме тоа токму сега“ - рече Квонг, кој со нетрпение ја очекува легализацијата, бидејќи тогаш ќе биде полесно да се проучува канабисот како лек.
Иднината
„Нешто што е важно за мене во одењето напред во индустријата за канабис е да се биде во можност да се возврати. Секогаш тоа ми беше страст“ - рече Квонг, кој продолжува да бара одговори во врска со канабисот и истражувања базирани за МС, како и за други болести и нарушувања. „Јас не одам никаде и размислувам дека реалистички, канабисот не оди никаде во мојот живот во скоро време. Јас ќе продолжам да го користам канабисот на дневна основа за мојата МС и за, добро, само онака“ - смета Квонг. Ве покануваме да ги прочитате и другите статии од искуствата на пациентите, како доказ дека FECO (фул екстрактот од канабис) успешно ја лекува МС, линковите се вметнати во овој текст.
За компанијата на Фил Квонг
3 Carbon Extractions Inc. дизајнира капацитети за екстракција и обезбедува тестирани и безбедни опции за екстракција за одговорни, контролирани и практични потреби за ботаничка екстракција. Со седиште во Британска Колумбија, Канада, 3 Carbon нуди платформа за водење на услуги, регулирање, образование, обука и наука заедно, за канадскиот пазар. „Нашите услуги носат вредност за бизнисите, заедницата, владата, машинското инженерство и заштитните групи на услуги. Нашиот пристап е вкоренет во стандардите за здравје, безбедност и квалитет. Преку нашите партнери, 3 Carbon е во состојба да обезбеди најдобра опрема за индустриски одделенија за обработка и екстракција“ - пишува на официјалниот Веб сајт.
За компанијата на Фил Квонг
3 Carbon Extractions Inc. дизајнира капацитети за екстракција и обезбедува тестирани и безбедни опции за екстракција за одговорни, контролирани и практични потреби за ботаничка екстракција. Со седиште во Британска Колумбија, Канада, 3 Carbon нуди платформа за водење на услуги, регулирање, образование, обука и наука заедно, за канадскиот пазар. „Нашите услуги носат вредност за бизнисите, заедницата, владата, машинското инженерство и заштитните групи на услуги. Нашиот пристап е вкоренет во стандардите за здравје, безбедност и квалитет. Преку нашите партнери, 3 Carbon е во состојба да обезбеди најдобра опрема за индустриски одделенија за обработка и екстракција“ - пишува на официјалниот Веб сајт.
Новинар: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Dailyhive
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: