Канабисот е сложено и моќно растение кое произведува голем број на исклучителни лековити соединенија кои не можат да се најдат никаде на друго место во тие концентрации, ни во некое друго растение. Сите тие мали хемиски соединенија во внатрешноста на трихомите имаат свои еволуциони улоги, но имаат и голем терапевтски потенцијал за нас луѓето, но и за животните со ЕКС
Фокусот на оваа статија која е научен преглед на 18 објавени студии за канабисот (наведени на крајот од оваа статија) е дека канабисот произведува канабиноиди, хемиски соединенија кои се врзуваат за одредени рецептори во нашето тело (ендоканабиноидни рецептори од вродениот ендоканабиноиден систем). Постојат повеќе од 100 документирани вакви соединенија во секое растение канабис. Најпознат е, се разбира, озлогласениот, но антиканцерогениот и психоактивен ТХЦ. Меѓутоа, во текот на изминатите неколку години, нова слава меѓу канабиноидите доби непсихоактивниот антиепилептичен канабиноид, кој моментално целосно го краде центарот на вниманието - Канабидиол (ЦБД). Покрај THC и CBD, постојат многу други канабиноиди кои се присутни во ова растение во различни количини и сите тие меѓусебно си помагаат во дејствувањето. Другите канабиноиди се присутни во помали количини, кои вообичаено се помалку од 1%, но тоа не значи дека треба да ги игнорираме. Иако тие не се хемиско мнозинство во канабисот, сите тие придонесуваат за многу здравствени придобивки, поради синергискиот ефект.
Објаснување за 3 видови на канабиноиди
Канабиноидите се класа на хемиски соединенија кои се врзуваат за канабиноидните рецептори во нашиот мозок и имунолошкиот систем, познати како CB1 и CB2 рецептори. Канабиноидите можат да се поделат во три групи:
• Ендоканабиноиди - произведени од телото;
• Синтетички канабиноиди - вештачки направени во лабораторија.
Истражувањето за канабиноидите започнало во 1940-тите години, иако тие биле пронајдени неколку децении порано. Всушност, Cannabinol (CBN), а не THC, тоа беше првото соединение кое беше изолирано од растението кон крајот на 19 век. Канабидиолот (CBD) бил вториот канабиноид кој бил идентификуван, проследено со откривање на тетрахидроканабинол (THC). Но, до 1960-тите години науката не направила голем чекор напред и почнаа да се изолираат и синтетизираат овие супстанции. Кратко откако беа изолирани ТХЦ и ЦБД, дојде до сознание дека луѓето самите произведуваат канабиноиди во своите тела и овие соединенија се именуваат како ендоканабиноиди (значење на ендо: произведено од телото).
По ова, знаењето за канабисот растеше брзо, како што беше поттикнато од откривањето на она што се нарекува најстара липидна сигнализациска мрежа, во која ендоканабиноидите, како и фитоканабиноидите се всушност сигнални молекули кои се вклопуваат убаво во ендоканабиноидниот систем. За да разбереме зошто канабиноидите се толку важни и како тие можат да го подобрат нашето здравје, ќе треба да се нурнеме подлабоко во објаснувањето на ендоканабиноидниот систем и како нашето тело користи канабиноиди за да комуницира помеѓу клетките.
Канабиноидни рецептори
Покрај тоа што е едно од најважните биолошки откритија досега (заслужува Нобелова награда), откривањето на канабиноидните рецептори реши многу мистерии и ги ослободи сомневањата околу употребата на канабис, а исто така има големо влијание врз науката. Најдени се две групи на канабиноидни рецептори, присутни кај сите цицачи. Тие се нарекуваат канабиноиден рецептор тип 1 (или CB1) и канабиноиден рецептор тип 2 (CB2). Научниците работат на откривањето и на други видови на ЕКС рецептори.
Канабиноидните рецептори тип 1 се наоѓаат главно во мозокот: во малиот мозок, во базалните ганглии, лимбичкиот систем, хипокампусот и стриатумот. Тие исто така, се наоѓаат во женските и машките репродуктивни системи. Она што е особено интересно е дека овие рецептори се присутни и во ретината и предниот дел на окото кај луѓето. CB1 рецепторите се активираат од страна на сите видови на канабиноиди споменати претходно. Сепак, ТХЦ е особено склон да се врзува за овие рецептори.
CB2 рецепторите се наоѓаат во централниот нервен систем (ЦНС) и имунолошкиот систем
Канабиноидните рецептори тип 2, исто така, може да се најдат во некои делови на мозокот, но за разлика од CB1 рецепторите, тие главно се наоѓаат во микроглијалните невронални клетки за поддршка, кои обично се присутни во централниот нервен систем, кои функционираат како имунолошки клетки. CB2 рецепторите, исто така се наоѓаат во периферните ткива на имуниот систем (слезината, крајниците, тимусната жлезда) и низ гастроинтестиналниот и периферниот нервен систем.
Ендоканабиноидниот систем е сигнална мрежа која ги модулира невролошките функции, воспалителните процеси и е вклучена во создавањето на одредени болести (Кронова, артериосклероза и остеоартрит). Се состои од канабиноидни рецептори (наведени погоре) и ендоканабиноиди кои се произведени од страна на нашите тела. Инхибицијата и активирањето на овие канабиноидни рецептори го сочинуваат ендоканабиноидниот систем кој ги посредува следните физиолошки дејства:
• Антиноцицепција (намалување на чувствителност при болка);
• Когниција и меморија;
• Локомоторна активност;
• Ендокрини функции;
• Контрола на температурата и отчукување на срцето;
• Гадење и повраќање;
• Интраокуларен притисок;
• Воспаление;
• Имунолошко препознавање и антитуморни ефекти.
Ендогени канабиноиди или само ендоканабиноиди, се
канабиноиди произведени во нашето тело (мајчиното млеко). Ендоканабиноидите имаат афинитет на врзување за CB1 и CB2 рецепторите, што му овозможува на нашето тело да комуницира на клеточно ниво. Нашето тело произведува ендоканабиноиди, кои патуваат и се врзуваат со најблискиот ЦБ рецептор, со што се иницира секој процес кој нашето тело го бара. Пример за ова би бил начинот на кој нашето тело го регулира апетитот. Кога јадеме и обработуваме храна, нашето тенко црево ослободува хормон наречен NAPE во нашиот крвоток. NAPE патува кон хипоталамусот, се синтетизира во анандамидот (ендоканабиноид), кој потоа се поврзува со соодветните рецептори, со што го намалува апетитот. Постојат шест ендоканабиноиди, но само два биле испитани темелно - анандамид и 2-АГ.
Анандамид (АЕА) се нарекува човечки ТХЦ, природен антидепресив, но таа е најпозната како блажена молекула. Анандамид е соединение што го произведуваме во сопственото тело, но ензимот FAAH (масни киселини амид хидролаза) го разложува многу брзо. Значи, оние кои произведуваат помалку FAAH (што всушност е генетска мутација) имаат поголема концентрација на овој ендоканабиноид кој игра голема улога во нашето ментално здравје. Анандамидот всушност е многу важен за одржување на нашето внатрешно блаженство и среќа. Една студијата во 2014 откри дека ефектот на АЕА ја намалува анксиозноста, а истовремено го подобрува расположението. Нашиот природен ТХЦ не само што делува на болката, туку и го регулира нашиот апетит, помага да се чувствуваме подобро и го поттикнува познатиот „high“ ефект.
2-Арахидоноилглицерол (Arachidonoylglycerol) - 2-АГ е уште еден ендоканабиноид и невротрансмитер. Овој ендоканабиноид е присутен во човечкиот мозок во концентрации до 170 пати повисоки од анандамидот. ТХЦ може да ја инхибира улогата на 2-АГ, бидејќи првенствено се врзува за истата група рецептори. CBD не се врзува директно за рецепторите, туку повеќе го зголемува животниот век на ендоканабиноидите преку инхибиција на ензимите задолжени за нивно деградирање. 2-АГ е особено важно за балансирање на нашиот метаболизам, регулирање на спиењето, болката и репродукцијата. Исто така, има некои невропротективни својства. Студија од 2016 година сугерира дека 2-АГ, исто така, може да помогне во лекувањето на состојби како ПТСН, Паркинсонова болест, аутизам, болест при движење и многу други.
Објаснување на 13 канабиноиди од канабисот
Самото растение канабис произведува еден куп различни супстанци од кои може да имаме корист. Покрај терпени, кои се ароматични хемикалии со голема медицинска вредност, во ова моќно растение има околу 113 различни фитоканабиноиди. Канабиноидите пронајдени во канабисот се произведуваат во заштитните израстоци - трихоми, ситни мали влакно видни израстоци на цвеќињата, лисјата и стеблата на растението канабис. Заедно со терпените, канабиноидите го заштитуваат растението од УВ зраци, топлина и предатори. Фактот што канабиноидите од канабисот имаат афинитет на врзување кон истите ЦБ рецептори како ендоканабиноидите, ни овозможува да произведеме широк спектар на ефекти во зависност од земената доза.
Едноставно кажано, ТХЦ може да ги имитира ефектите на анандамид, а ЦБД може да ја одложи својата деградација со инхибиција на ензимот задолжен за стопирање на анандамид. Постојат неколку трикови кои одгледувачите ги користат за манипулација со нивоата на канабиноидите, како што се прилагодување на осветлувањето, температурата и влажноста додека растението расте. На пример, кога ќе го изложиме канабисот на УВ зраци или високи температури, билката автоматски треба да се заштити, па почнува да произведува повеќе трихоми. Бидејќи трихомите содржат канабиноиди (меѓу другото), ова ни овозможува да создадеме високо потентен цвет со повеќе од 20% ТХЦ.
Канабиноидни киселини
Пред да почнеме да ги истражуваме канабиноидите еден по еден, треба нешто да разјасниме. Канабисот не произведува канабиноиди во форма како што ја знаеме. Тој ги синтетизира киселините кои треба да се активираат со топлина (во процес наречен декарбоксилација) за да се претворат во канабиноиди. Постојат две главни канабиноидни киселини - канабигеролна киселина (cannabigerolic acid - CBGA) и канабигероваринска киселина (cannabigerovarinic acid - CBGVA). Од нив, други киселини се произведуваат како THCA (делта 9-тетрахидроканабинолна киселина),
CBDA (канабидиолна киселина), CBCA (канабихроменска киселина) и многу други.
Така, на пример, кога го изложуваме THCA на топлина, ние го трансформираме во психоактивен THC. THCA воопшто не е психоактивен, затоа мораме да пушиме или декарбоксилираме канабис ако сакаме да ги активираме неговите психоактивни својства. Некои би рекле дека исто така може да имаме корист од суровиот канабис. Очигледно, суровиот канабис има, антиоксидативни својства и може да ги подобри нервните функции, но сè уште нема доволно истражувања. Сепак, за целосно да ја разбереме комплексноста на ова растение и сите негови клучни канабиноиди, ние прво мора да погледнеме во секој од главните канабиноиди поединечно. Па, да почнеме...
1. ТХЦ (тетрахидроканабинол)
Примарната супстанција во повеќето видови на канабис, THC (исто така познат како делта-9 ТХЦ) е најзастапен психоактивен канабиноид во канабисот. Секој што некогаш имал врска со канабис, чул за ТХЦ. ТХЦ-то е она што го произведува тој high ефект во нашата глава и тело и во основа причината зошто канабисот сè уште е забранет во повеќето делови на светот, иако ТХЦ е докажан како безбеден и не може да предизвика смрт, ниту пак трајни нарушувања по здравјето и животот (не може фатално да се предозира и не создава зависност), напротив - тој лекува.
Во поголемиот број на сорти канабис, ТХЦ е најзастапен канабиноид, иако во денешно време со крос-размножување и други методи на растење се забележуваат сè повеќе сорти со високо присуство на ЦБД, кој произведува многу здравствени придобивки со многу малку несакани ефекти. И покрај „несаканото“ возвишено чувство што го создава,ТХЦ-то има многу да понуди медицински. ТХЦ се врзува првенствено за CB1 рецепторите, со што произведува ефекти слични на оние на анандамид. Иако врзувачките афинитети на THC на овие рецептори не се од ист квалитет како и анандамидот, што значи дека ќе треба повеќе за да се постигнат слични ефекти.
Трикот е во дозата, бидејќи соодветната стимулација на овие рецептори создава еден ефект, но претераната стимулација произведува поинаков ефект. ТХЦ нема 100% врзувачки афинитет кон овие рецептори и дека тој процент е различен кај секого. Имајќи го тоа на ум, со соодветни медицински дози (индивидуални), ТХЦ може да се користи како антиеметичка алтернатива за пациентите кои се борат против ракот и како стимуланс на апетит кај луѓе кои живеат со ХИВ / СИДА. ТХЦ, исто така, се покажа и во тоа дека ги ублажува симптомите на состојби како што се: несоница, хронична болка, артритис, мигрена и ни помага да ги оттргнеме лошите мисли кои предизвикуваат ПТСН. Иако ТХЦ е веројатно најистражуван канабиноид, сè уште има многу истражувања што треба да се направат.
2. CBD (Cannabidiol)
Канабидиол или само ЦБД е ѕвезда која сјае се посјајно во светот на канабисот, т. е. доби големо фармацевтско и комерцијално. Можеби сте забележале дека сите зборуваат за ЦБД и за неговите придобивки. ЦБД е вториот најраспространет канабиноид во канабисот, иако во последниве години одгледувачите успеаја да создадат нови high ЦБД видови од крос-размножувањето на канабис растенија со различна генетика. Она што е толку посебно за CBD е тоа што е не-опојно соединение со одличен медицински потенцијал. Тоа значи дека не ги прави луѓето „high“ како брат му ТХЦ, па поради тоа стана многу популарен кај медицинските корисници. ЦБД беше откриен и синтетизиран приближно исто време со ТХЦ (
од страна на д-р Рафаел Мешулам [Raphael Mechoulam] во 1960-тите), Како резултат на тоа, постојат тони студии за ЦБД и неговите медицински ефекти и ние со сигурност можеме да кажеме дека ја намалува фреквенцијата на напади кај пациенти со епилепсија, го олеснува воспалението и ја намалува анксиозноста и невропатичната болка. CBD го прави сето ова преку неколку молекуларни патишта, но првенствено преку овие три:
• Тој го инхибира ензимот кој го деградира анандамидот, со што се намалува чувството на вознемиреност и депресија и ослободува од болка;
• Ги активира 5-HT1A рецепторите, кои ни помагаат да лачиме повеќе „се чувствувам добро“ хормони, како: ендорфин, серотонин и окситоцин;
• Ги блокира сигналите на GPR55, што може да го забави растот и миграцијата на одредени видови на рак.
3. CBG (Cannabigerol)
Канабигеролот е поретко присутен канабиноид во канабисот кој обично е присутен во концентрации помали од 1%. Исто како, ЦБД, ЦБГ е сосема не-психоактивен. Изненадувачки, CBG е „родителот канабиноид“ на ТХЦ и ЦБД. Марихуаната произведува канабигенична киселина (CBGA), која подоцна се развива во три основни канабиноидни киселини, а потоа во THC, CBD и CBC. CBG има некои многу ветувачки медицински потенцијали, бидејќи овој канабиноид покажа дека е многу ефикасен во намалувањето на окуларниот притисок. Исто така, функционира како антибактериски агенс, стимулант на апетитот и инхибитор на мускулен спазам. Исто така, покажа некои ветувачки својства за борба против ракот, со блокирање на растот на клетките на ракот.
4. CBN (Cannabinol)
Канабинолот е најстариот седативен канабиноид од сите, создавајќи couch-lock ефект во комбинација со ТХЦ и терпенот наречен мирцен. Кога ТХЦ старее и е изложен на премногу кислород, се трансформира во CBN. Тоа обично се случува со туфки кои се чуваат премногу долго. CBN произведува малку-до-не психоактивни ефекти. Иако ова е помалку истражуван канабиноид, раните наоди укажуваат на тоа дека има голем потенцијал, особено во комбинација со други канабиноиди. Покрај седативниот ефект и неговата употреба како помош за спиење, овој канабиноид кога се користи заедно со CBD и CBG е ефикасен третман за псоријаза, со намалување на пролиферацијата на кератиноцити. Раното истражување покажа дека CBN поттикнува раст на матични клетки во коскената срцевина, помагајќи им на коските да се формираат и растат. Исто така, покажале ветувачки антибактериски, антиинфламаторни и против-болни својства.
5. CBC (Cannabichromene)- Канабихромен
Канабихроменот е уште еден не-психоактивен канабиноид, кој има низок афинитет на врзување за CB1 рецепторите, но има повеќе афинитет кон другите рецептори во нашето тело кои се поврзани со регулација на болката. Иако CBC има многу потенцијал самостојно, се чини дека тој најдобро функционира во состав со другите канабиноиди, во таканаречениот ефект на придружба, помагајќи им на другите канабиноиди да го постигнат својот целосен потенцијал.
Студијата од 2013 година од страна на Италијанскиот институт за биомолекуларна хемија сугерира дека CBD може да ја зголеми неврогенезата (производство на неврони во матичните клетки) преку подобрување на нивната функција. Покрај неговите антифунгални и антибактериски ефекти, една неодамнешна студија сугерира дека овој канабиноид може да делува подобро од другите лекови кои се користат за лекување на вирусот MRSA – (метицилин-резистентен Staphylococcus aureus, бактерија со отпорност на синтетички антибиотици).
6. THCV (Tetrahydrocannabivarin)
Сличен е на THC во молекуларната структура, тетрахидроканабиваринот е психоактивно соединение со одличен медицински потенцијал. Но, за разлика од неговиот „канабиноиден брат“, го потиснува апетитот, што го прави одличен за одржување на вашата тежина. Тоа е од интерес за пациентите со дијабетес, бидејќи една студија покажа дека го регулира шеќерот во крвта и нивоата на инсулин. THCV помага да се подобрат треморот и мозочните лезии поврзани со Алцхајмеровата болест. Заедно со другите канабиноиди, тој ги намалува паничните напади предизвикани од анксиозност или ПТСН, и постојат некои индикации дека го стимулира растот на коските.
7. CBDV (Cannabidivarin)
Канабидивиринот е структурно сличен на CBD, но нема да ве направи high како соединенијата поврзани со THC. Тоа не е многу често кај повеќето видови канабис. Ова не значи дека CBDV нема многу да понуди, особено на медицинските корисници. Неколку студии потврдиле дека CBDV помага во намалувањето на епилептичните напади и постојат докази за неговата способност да ослободи од гадење.
8. CBL (Cannabicyclol)
Канабициклол е уште еден не-психоактивен фитоканабиноид, но сè уште не е проучен и доволно разбран. CBL е формирана во процесот на деградација на CBC. Тој обично се наоѓа во пакистанските видови на хашиш кои се чуваат најмалку шест месеци. Нема многу студии за медицинските придобивки на CBL. Наместо тоа, најголем дел од досега направените истражувања се фокусираа на нејзината хемиска структура. Неколкуте студии спроведени за CBL заклучија дека истиот нема ист медицински потенцијал како THC и CBD или други канабиноиди.
9. CBV (Cannabivarin)
Канабиварин е уште едно соединение во канабисот, кое е добиено од THC, но не ги прави луѓето high. Фармаколошкиот потенцијал на овој канабиноид сè уште не е истражен.
10. CBCV (Cannabichromevarin)
Друг познат помал канабиноид, е Канабихромеварин, кој не предизвикува промени во мозокот. ЦБЦВ беше откриен уште во 1975 година, кога јапонските истражувачи за прв пат го изолираа од растението канабис. Поради неговата структура, има ефекти слични на CBC. Сè уште се прават многу истражувања за овој канабиноид, но поради сличноста со CBC, медицинските експерти шпекулираат дека делува како средство против болки и природен антидепресив.
11. CBE (Cannabielsoin)
Истражувачите од универзитетот во Охајо открија Канабиелсоин уште во 1983 година и овој канабиноид се класифицира како метаболит на ЦБД. CBE може да се најде само во траги кај повеќето видови. Бидејќи е присутен во толку мали количини, не е детално истражен во клиничките истражувања и едвај се спомнува во научната литература.
12. CBT (Cannabitriol)
Канабитриол ја има истата структура како ТХЦ, но има уште две алкохолни групи. Тој бил откриен, изолиран и опишан во 1966 од страна на Јатаро Обата (Yataro Obata) и Јосинори Ишикава (Yoshinori Ishikawa). Научниците сè уште не знаат дали ова е психоактивно соединение и колкава е неговата медицинска вредност.
13. Делта (8) –THC
Овој канабиноид е многу сличен со THC, но со некои мали разлики, првенствено дека
делта (8) е помалку психоактивен. Раните истражувања покажаа некои ветувачки својства: прво, дека е одличен стимуланс на апетит, според некои податоци го зголемува апетитот дури и подобро од ТХЦ. Во една студија делта (8) - THC го зголеми апетитот кај глодарите многу повеќе од THC. Во 1995 година, делта (8) - THC беше воведен во терапијата против гадење кај деца со рак на возраст помеѓу 2 и 13 години. Беше изненадувачки да се види колку добро децата реагираа на третманот, без пријавени психоактивни ефекти.
Синтетички канабиноиди
Синтетичките канабиноиди влегле на пазарот во раните 2000-ти години, во обид да ги избегнат законските ограничувања што следат за канабисот низ целиот свет. Се разбира, тие се вештачки создадени за да се врзуваат за истите рецептори како фитоканабиноидите и ендоканабиноидите, но тие се многу помоќни и опасни. Некои се на црниот пазар под имиња како К2, Спајс или Синтетичка марихуана и се продаваат како билни мешавини за пушење. Проблемот со ова е дека синтетичките канабиноиди може да бидат опасни по живот и има бројни смртни случаи поврзани со нив, иако некаде се (полу)легални! Фармацевтските компании имаат дизајнирано вештачки канабиноиди за лекување гадење, повраќање, губење на апетитот и неодамна, епилепсија, но тие во никој случај не можат да ги заменат фитоканабиноидите. Овие медицинскиве синтетички канабиноиди не треба да се поистоветуваат со синтетичките канабиноиди од црниот пазар наменети за рекреативна употреба, како што се К2 и Спајс.
Резиме
Како што имавте шанса да видите, во канабисот има повеќе од сто канабиноиди, но само неколку се психоактивни, а уште помалку се темелно истражени. Растението канабис е како полу-истражен рудник (кој постојано дава нови руди) со медицински придобивки, меѓутоа ние никогаш не смееме да заборавиме на фактот дека канабиноидите најдобро функционираат кога се комбинираат во соодветни количини. Само тогаш тие можат да делуваат најоптимално и со помош на терпените, да произведуваат мноштво медицински придобивки.
Автор: Кристина Т.
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
РЕФЕРЕНЦИ:
- Pertwee RG; Cannabinoid pharmacology: the first 66 years; British Journal of Pharmacology; January 2006; 147(Suppl 1): S163–S171
- Pacher P, Bátkai S, Kunos G; The Endocannabinoid System as an Emerging Target of Pharmacotherapy; Pharmacological Reviews; 2006; 58(3): 389–462
- Straiker AJ, Maguire G, Mackie K, Lindsey J; Localization of cannabinoid CB1 receptors in the human anterior eye and retina; Investigative Ophthalmology and Visual Science; September 1999; 40(10):2442-2448
- Bluett RJ, Gamble-George JC, Hermanson DJ, Hartley ND, Marnett LJ, Patel S; Central anandamide deficiency predicts stress-induced anxiety: behavioral reversal through endocannabinoid augmentation; Translational Psychiatry; July 2014; 4:e408
- Russo EB; Clinical Endocannabinoid Deficiency Reconsidered: Current Research Supports the Theory in Migraine, Fibromyalgia, Irritable Bowel, and Other Treatment-Resistant Syndromes; Cannabis and Cannabinoid research, July 2016; 1(1):154-165
- Aizpurua-Olaizola O, Soydaner U, Öztürk E, Schibano D, Simsir Y, Navarro P, Etxebarria N, Usobiaga A; Evolution of the Cannabinoid and Terpene Content during the Growth of Cannabis sativa Plants from Different Chemotypes; Journal of Natural Products; 2016; 79(2): 324-331
- Nadolska K, Goś R; Possibilities of applying cannabinoids’ in the treatment of glaucoma; Klinika Oczna; 2008; 110(7-9):314-317
- Borrelli F, Pagano E, Romano B, Panzera S, Maiello F, Coppola D, Petrocellis LD, Buono L, Orlando P, Izzo AA; Colon carcinogenesis is inhibited by the TRPM8 antagonist cannabigerol, a Cannabis-derived non-psychotropic cannabinoid; Carcinogenesis; December 2014; 35(12): 2787–2797
- Wilkinson JD, Williamson EM; Cannabinoids inhibit human keratinocyte proliferation through a non-CB1/CB2 mechanism and have a potential therapeutic value in the treatment of psoriasis; Journal of Dermatological Science; February 2005; 45(2):87-92
- Russo EB; Taming THC: potential cannabis synergy and phytocannabinoid-terpenoid entourage effects; British Journal of Pharmacology; August 2011; 163(7): 1344–1364
- Shinjyo N, Di Marzo V; The effect of cannabichromene on adult neural stem/progenitor cells; November 2016; 63(5):432-437
- El-Alfy AT, Ivey K, Robinson K, Ahmed S, Radwan M, Slade D, Khan I, ElSohly M, Ross S; Antidepressant-like effect of Δ9-tetrahydrocannabinol and other cannabinoids isolated from Cannabis sativa L; Pharmacology Biochemistry and Behavior; June 2010; 95(4): 434–442
- Appendino G, Gibbons S, Giana A, Pagani A, Grassi G, Stavri M, Smith E, Rahman MM; Antibacterial cannabinoids from Cannabis sativa: a structure-activity study; Journal of Natural Products; August 2008; 71(8):1427-1430
- Jadoon KA, Ratcliffe SH, Barrett DA, Thomas EL, Stott C, Bell JD, O’Sullivan SE, Tan GD; Efficacy and Safety of Cannabidiol and Tetrahydrocannabivarin on Glycemic and Lipid Parameters in Patients With Type 2 Diabetes: A Randomized, Double-Blind, Placebo-Controlled, Parallel Group Pilot Study; October 2016; 39(10):1777-1786
- Amada N, Yamasaki Y, Williams CM, Whalley BJ; Cannabidivarin (CBDV) suppresses pentylenetetrazole (PTZ)-induced increases in epilepsy-related gene expression; PeerJ; November 2013; 1:e214
- Yamamoto I, Gohda H, Narimatsu S, Watanabe K, Yoshimura H; Cannabielsoin as a new metabolite of cannabidiol in mammals; Pharmacology, Biochemistry, and Behaviour; November 1991; 40(3):541-546
- Avraham Y, Ben-Shushan D, Breuer A, Zolotarev O, Okon A, Fink N, Katz V, Berry EM; Very low doses of delta 8-THC increase food consumption and alter neurotransmitter levels following weight loss; Pharmacology, Biochemistry, and Behaviour; April 2004; 77(4):675-684
- Abrahamov A, Abrahamov A, Mechoulam R; An efficient new cannabinoid antiemetic in pediatric oncology; Life Sciences; 1995; 56(23-24): 2097-2102