Friday, September 28, 2018

Дозирање на домашно масло од канабис кај деца и почетници

Редовно нè прашуваат како најдобро да се воспостави безбеден терапевтски режим за дозирање на канабисово масло за педијатриски пациенти. По многу обиди и грешки, информации од многу сигурни извори и истражувања, консултирајќи се и со еден интересен блог на искусен родител кој сопственото дете го лекува со канабис, сега можеме да дадеме добра препорака за тоа како да се започне кај децата па дури и кај домашните миленици!


До сега имаме зборувано за тоа како најдобро да се третираат постарите канабис пациенти. За почеток: 1 грам од целосен екстракт масло од канабис со целосен спектар (домашно подготвено) треба да се измеша во 20 грама органско, ладно цедено вирџин кокосово масло. Мешањето може да се направи на многу ефикасен и лесен начин. Загрејте го најпрво кокосовото масло на тивок оган, кокосовото масло има ниска точка на топење од 76 степени Целзиусови, затоа е неопходно средно или високо ниво на топлина. Кога маслото од кокос е во течна состојба, претурете ја смесата во два од 10 ml орални чисти шприцеви. Ќе добиете 20 грама кокосово масло подготвено за понатамошна употреба. Ова не е сè...



Стиснете го кокосовото масло во мала тегла за конзервирање потопена во вода на тивок оган, целата постапка можете директно да ја правите и во чисто ѓезве на рингла. Од шприцот со маслото од канабис, (најчесто маслото од канабис доаѓа претходно спакувано во 2 ml - 10 ml орални шприцеви), инјектирајте 1 ml канабисово масло во 20-те мл од течното кокосово масло (најпрво шприцот со масло од канабис стоплете го за да може лесно да го истиснете густиот екстракт). Промешајте неколку минути на тивок оган, кога кокосовото масло е целосно заситено и измешано со маслото од канабис, кана-кокосовата смеса ќе стане светло зелено-килибарно-кафена. Ова се случува кога канабиноидите се врзуваат за мастите од кокосовото масло. Наполнете чисти шприцеви од комбинацијата Canna-Coco.


Ова разредување ќе даде сооднос од 1/20g масло од канабис по грам од мешано кокосово масло. Во суштина, ова скоро ги поништува шансите за „предозирање“ каде потенцијално може да се појават несаканите ефекти од канабисот, како преголема еуфорија или пресилен седативен ефект. Ова предозирање не е штетно во секој случај или токсично, меѓутоа многу непријатно за неискусен пациент. Со ваква мешавина можете да си направите и кана-капсули. Продолжете со рутината, давајте 2 или 3 пати на ден, додека не се утврди забележлива толеранција или сте подготвени да ја зголемите дозата, по можност по една недела кај децата со не многу сериозни здравствени состојби, кога не мора многу да се забрзува шемата (кога не станува збор за посериозни форми на канцери, во тие случаи дозата се дуплира на секои 4 дена).


Разни медиуми за растворање на канабисово масло
Втората недела или кога сте подготвени, намалете го разредувањето на 1/10g со мешање на маслото од канабис од 1g во 10г кокосово масло. Ова сигурно ќе го зголеми дозирањето. Воведување на повеќе терапевтски канабиноиди во системот е добредојдено. Оваа доза земена два пати на ден, ќе ја зголеми сатурацијата на 2g масло од канабис на ден! Продолжете со намалување на разредувањето и зголемување на внесот на канабис во текот на следните две недели - кон крајот на првиот месец 1 грам на ден масло од канабис треба да се толерира без никаков проблем и да се консумира за да се промовира целосен третман на проблемот, особено кога се работи за канцери. Не го ограничувајте пациентот на еден грам дневно ако е во тешка здравствена состојба, многу успешни приказни за масло од канабис вклучуваат консумирање на 2 грама и повеќе дневно низ подолг временски период, подолг од 3 месеци.


Овој распоред на дозирање не треба да се применува строго за педијатриски пациенти во сите ситуации, исто така може да се користи за започнување на канабиноидна терапија кај новороденчиња, како и постари и немоќни пациенти. Кокосовото масло не е единствениот медиум што може да се користи, може да се употреби: маслиново масло, масло од грозје, масло од коноп, какао путер, шеа путер и други, исто така, успешно се употребуваат за натопување и разредување на маслото од каннабис за дозирање, а некои од овие медиуми се употребуваат и за изработка на канабис супозитории (чепчиња). „Јас секогаш препорачувам избегнување на употреба на ГМО растителни масла, како што се соја, пченка, канола и општо растително (сончогледово) масло“ - вели овој татко.


Според овој паталец, општата употреба на маслото од канабис започнува со создавање на силна толеранција кон големи дози на ТХЦ, со цел да се насочат кон третирање на одредени болести. Препорачуваме употреба на масло од канабис за следното: Хронична болка, мигрена, гадење, грчеви, дијабетес, артритис, Синдром на иритирани црева (IBS - Irritable bowel syndrome), Кронова болест, Мултиплекс скплероза, Лупус, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, аутизам, цистична фиброза, леукемија и други видови на рак, лезии, модринки, брадавици, бемки, егзема, псоријаза, изгореници, скршени коски, спортски повреди, мускули оштетувања, изгореници, нарушувања во исхраната, висок крвен притисок и пореметувања во спиењето итн... Кај секое заболување вреди да се проба - нема што да изгубите, може само да си го подобрите сонот и квалитетот на животот. „Имавме успех со сите овие состојби и продолжуваме да ги гледаме позитивните резултати кај многу други пациенти со применување на органско кокосово масло. Ова е одличен начин да започнете терапија со канабис“ - вели таткото, авторот на блогот.

Новинар: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: CannaDad's Blog

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:









Thursday, September 27, 2018

Марихуаната ја намалува отпорноста на инсулин и ја подобрува контролата на шеќерот во крвта

Билката озлогласена поради давањето на корисниците на чувство на глад познато како munchies, всушност, може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта, големина на половината, како и индексот на телесна маса (BMI). Еве една постара студија уште од 2013 година


Епидемиолозите на Школата за јавно здравје на Харвард (Harvard School of Public Health), Универзитетскиот колеџ за медицина во Небраска (University of Nebraska College of Medicine) и Медицинскиот центар Бет Израел (Beth Israel Deaconess Medical Center) откриваат нешто изненадувачкo за метаболичките ефекти на Cannabis sativa, попознат како марихуана. Нивната пионерска студија, објавена во актуелниот број на The American Journal of Medicine, дава основа за понатамошни испитувања. „Претходните епидемиолошки студии пронашле пониски стапки на преваленција на дебелина и дијабетес кај корисниците на марихуана“ - изјави главниот истражувач д-р Мареј Митлман (Murray Mittleman), во соопштението за медиумите. „Нашата прва студија е да го испитаме односот меѓу употребата на марихуана и преработката на инсулинот, гликозата и инсулинската резистенција“ - додава тој.

Користејќи податоци од Националното истражување за исхраната (National Health and Nutrition Examination Survey - NHANES) собрани помеѓу 2005 и 2010 година, истражувачите најдоа значајна врска помеѓу редовната употреба на марихуаната и подобра контрола на шеќерот во крвта. Студијата инкорпорирала податоци од 4.657 пациенти кои пополниле прашалник за употреба на лекови, поминале физички преглед и обезбедиле примерок од крв по девет часовно постење. Од нив, 579 биле актуелни корисници на марихуана, 1.975 ја користеле во минатото, а 2.103 никогаш не користеле марихуана. Во нивната анализа, учесниците кои пријавиле дека користеле марихуана во изминатиот месец имале:

* 16 проценти пониски нивоа на инсулин на гладно;
* 17 проценти пониски нивоа на инсулинска резистенција;
* повисоки нивоа на липопротеински холестерол со висока густина (HDL-C);
* помал обем на половината.

И инсулинската резистенција и големиот обем на половината се поврзани со поголем ризик од развој на дијабетес. Тестот за инсулин кој се користи во оваа студија е чест начин да се дијагностицира дијабетесот. Корисниците на марихуана имаат тенденција да консумираат повеќе калории од оние кои не се корисници, но според д-р Mittleman: „две големи студии покажаа дека корисниците на марихуана имаат тенденција да бидат послаби од не-корисниците, дури и по пресметувањето на други клинички карактеристики и карактеристики во однесувањето“. Mittleman изјави за Healthline News дека механизмите на работа сè уште не се сосема јасни. „Од претходната работа знаеме дека лековите што ги блокираат канабиноидните рецептори во телото имаат слични поволни метаболички ефекти“ - објаснува тој. „Можно е некои од канабиноидните соединенија во марихуаната што ги користат учесниците во студијата да имаат мешани ефекти, делумно стимулирање и делумно блокирање на [канабиноидните] рецептори“ - заклучува тој.

Со зголемување на бројот на држави кои дозволуваат употреба на марихуана за медицински или рекреативни цели, клучно е да се прошират истражувањата за подобро разбирање на биолошките ефекти на марихуаната - истакна Mittleman. Медицинската заедница станува сѐ погласна во напорите за истражување на терапевтските својства и несаканите ефекти на канабисот. Главниот уредник на AJM д-р Џозеф С. Алперт (Joseph S. Alpert), јасно ја истакна својата позиција во уредувањето на тековната студија: „Би сакал да ги повикам NIH и DEA да соработуваат во изготвувањето на политики за спроведување на солидни научни истражувања што ќе доведат до информации кои им помагаат на лекарите во правилна употреба и препишување на ТХЦ во својата синтетичка или хербална форма“ - заклучува тој.

Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Healthline

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 






Sunday, September 23, 2018

Дете од Санта Роса може да користи лек од канабис на училиште

Во Северна Калифорнија, Санта Роса едно малечко девојченце од предучилишна возраст може да продолжи да го носи својот лек на база од канабис за време на наставата во детската градинка од нејзиното јавно училиште

Малата Брук го користи својот конопен лек!
Во саботата беше објавено дека судијата одлучил во корист на 5-годишната Брук Адамс (Brooke Adams), за која веќе опширно пишувавме на нашиов блог. Таа го користи лекот од канабис како итен третман за смирување на нејзините конвулзивни епи-напади поради ретка форма на епилепсија. Униското училиште од Долината Ринкон во Санта Роса (The Rincon Valley Union School District in Santa Rosa) се обиде да го забрани лекот на територија на училиштето. Тоа тврдеше дека лекот го крши федералниот закон. 


Детската употреба на медицинска марихуана со препорака од лекар е легална во Калифорнија. Но, сите форми на употреба на марихуана остануваат нелегални според федералниот закон. Од секое правило постојат исклучоци! Привремената наредба на судијата ѝ дозволува на Брук да започне со школување во август, додека биле разгледувани приговорите на округот. Медицинска сестра ја придружува Брук на училиште и мора да го примени маслото од канабис три пати за да ги лекува нападите.

Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Kron4

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




Студија: „Пушењето канабис не претставува канцероген“

Изложеноста на чад од канабис, дури и долгорочно, не е позитивно поврзана со хронична опструктивна белодробна болест (chronic obstructive pulmonary disease - COPD), рак на белите дробови или неповратна штета на дишните патишта, според преглед на литература објавена во списанието Breathe


Британските научници разгледаа речиси 20 опсервациони студии, проценувајќи го вдишувањето на канабис и белодробното здравје, кои вклучуваат над 25.000 субјекти, известува NORML. Тие известија за поврзаноста од изложеност на чад од канабис и појава на COPD, емфизем, рак на белите дробови, отежнато дишење или неповратно оштетување на дишните патишта. „Долгорочните респираторни ефекти на канабисот се разликуваат од традиционалното пушење“ - заклучуваат авторите. „Ние не знаеме зошто пушењето канабис не се покажува како канцерогено. Различни фактори можат да придонесат, на пр. потенцијални антиинфламаторни и анти-неопластични својства на ТХЦ и други канабиноиди“ - заклучуваат авторите.

Истражувачите идентификуваа дека постои одредена врска помеѓу вдишување на марихуана и можна појава на почеста моментална кашлица, производство на флегма, отежнато дишење или хроничен бронхитис - и дека овие симптоми не се трајни, туку исчезнуваат после употребата. Авторите, исто така, признаа дека испарувањето канабис (вапоризацијата) - процес кој ги активира канабиноидите, не ги загрева до точка на согорување - ги намалува многу од овие симптоми. Наодите на студијата се слични на оние на другите кои известуваат дека чадот од канабис и чадот од тутун значително се разликуваат во нивните здравствени ефекти и дека долготрајното изложување на чад од канабис не е поврзано со лошото здравје на белите дробови.


Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Аzmarijuana

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:







Уште неколку интересни интервјуа за канабисот со македонски познати личности

Нашиот тим 420 Macedonia во соработка со познатите личности ги руши стигмите! Ве замолуваме да го споделите нашиот труд. Ги охрабруваме сите македонски јавни личности од естрадата да престанат да се плашат да зборуваат на оваа тема за побрзо да го ослободиме конопот во Република Македонија со цел да обезбедиме поубав свет за нашите деца!!! КАНАБИСОТ Е ЛЕК! НУЛА СМРТНИ СЛУЧАИ ДО СЕГА КАНАБИСОТ Е ЛЕК! НУЛА СМРТНИ СЛУЧАИ ДО СЕГА, А БЕЗБРОЈ ОЗДРАВЕНИ!


Гостување во Урбан Таг. Канабисот е Лек
Во продолжение неколку видеа кои ги подготвивме под водство на нашата Претседателка Моника. Краток разговор во живо за канабисот на активистката и новинарка Monique Konopova и актерот Kiril Pop Hristov: „НА БАБА МИ ТРЕВАТА БЕШЕ НАЈ ДОБРАТА ТРЕВА ШТО ПОСТОИ НА ОВАА ЗЕМАЉСКА КУГЛА…“. Кратко интервју со Dj Pancho aka Shorty P, кој се согласи јавно да проговори за канабисот пред нашата камера. РЕСПЕКТ ЗА ПАНЧО! Слаткаристика зборува за канабисот и зошто треба да биде целосно слободен, а говори и за неговите лични искуства со билката и го најавува настанот ONE LOVE TOUR 2018 којшто се одржа во градскиот парк во Скопје. Интервју за демистификација на канабисот со раперите од Локос Железарос. Кратко интервју со д-р Зоран Пејчев, доктор по општа медицина од затворот Идризово, кој искрено објаснува како навистина стојат работите во македонскиот општествен систем, поконкретно на кој начин се поврзани македонската власт и медицинските служби кај нас.


Новинар, Главен и одговорен уредник, Активист и Претседател на здружението 420 Македонија-Скопје: Моника Ристеска (MoniQue Konopova). Постпродукција и монтажа: Томислав Живковиќ (Tomislav Zivkovic Photography) и Заменик претседателот на здружението 420 Македонија - Скопје, Мики Трајковски


Интервју за канабисот со актерот Кирил Поп Христов!



Интервју за канабисот со музичарот Dj Pancho aka Shorty P



Раперот Слаткаристика зборува за канабисот



Интервју за демистификација на канабисот со раперите од Локос Железарос



Интервју за канабисот со д-р Зоран Пејчев

Новинар и Уредник: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Интервју за канабисот со Тони Зен. Дали канабисот претставува инспирација за творење?

Интервју за канабисот со д-р Милан Ристески спец. радиотерапевт-онколог

За активизмот на Моника Ристеска позната во јавноста како MoniQue Konopova!

За активизмот на Моника Ристеска позната во јавноста како MoniQue Konopova!

Ова е само дел од материјалите објавени во јавноста (мал прес-клипинг) коишто можат да се најдат за оваа извонредна активистка Моника Ристеска, позната како MoniQue Konopova, Основач и Претседател на здружението за демистификација на канабисот во Македонија наречено 420 Македонија - Скопје. Таа постојано, секојдневно освестува, пишувајќи и уредувајќи статии за канабисот од нејзините колеги новинари од тимот 420 Македонија


Позитивната Моника продолжува да ја шокира јавноста!
Објавите се разновидни, но најчесто преовладуваат стручни и научни информативно-едукативни статии, понекогаш забавни едукативни содржини, интервјуа, вести, стручни анализи, најнови медицински достигнувања и откритија, препораки и совети за употребата на канабисот и дериватите од ова растеение, начините на дозирање, видеа и фотографии од соборците од цела Македонија и светот... Таа лично им помага на пациентите кои имаат потреба од масло од канабис, а исто така снима видеа во живо на YouTube каналот на здружението и на нејзиниот Фејсбук профил, а понекогаш и на Фан страницата на здружението 420 Македонија на Фјесбук и Инстаграм, во кои ги чита и толкува објавите од блогот на здружението. Од неодамна таа прави интересни видео прилози во форма на интервјуа за канабисот со познати македонски личности заедно со нејзините колеги основачи на здружението, сниматели и монтажери од тимот 420. Во продолжение дел од нејзините поучни видеа, дел од објавите во медиумите за нејзиниот активизам, како и дел од нејзините интервјуа.



ТХЦ ги отстранува отровните Алцхајмерови протеини од мозокот



Откритието на CB3 ререпторот може да биде медицинска пресвртница во човечката историја



Како и зошто настанува ракот според Ото Варбург и како може да се спречи и излечи?



Синтетичките канабиноиди претставуваат сериозна опасност по здравјето



ФИТОРЕМЕДИЈАЦИЈА - Канабисот го чисти нуклеарното зрачење и токсичниот хемиски отпад



Најдобри методи за екстракција на концентрати од канабис



Дознајте дали треба да отворите сопствен канабис бизнис?



Владата на САД, конечно, признава дека канабисот ги уништува клетките на ракот



ВИДЕО! Не само за луѓе! Погледнете како CBD маслото инстантно ги стопира епи-нападите на ова куче!



Канабисот успешно ја лекува епилепсијата уште од 1840 година!



„Лица“ 7.05.2018 - За активизмот на Моника Ристеска



Девојката со џоинтот гостинка во „Лица“



Активистката Ристеска: Ме избркаа од дома поради марихуаната, тоа за мене не се родители


ПОВЕЌЕ ИНТЕРВЈУА: 





ПОВЕЌЕ ЗА НЕА:

















Saturday, September 22, 2018

Интервју за канабисот со Тони Зен. Дали канабисот претставува инспирација за творење?

Македонскиот извонреден артист, рапер и продуцент Тони Зен со задоволство се согласи да ни биде гостин во еден доста интересен и долг, но доста искрен разговор за канабисот и останатите пропратни теми поврзани со ова лековито растение и неговата употреба


Погледнете го видеото и кажете во коментар што вие мислите, дали сметате дека канабисот треба да биде целосно слободен и треба да се продава на зелените пазари, исто како зеленчукот и овошјето и останатите лековити билки: магдонос, коприва, кантарион...? Дознајте дали Тони Зен консумира(л) канабис? Научните истражувања и животните приказни на многу познати артисти потврдуваат дека канабисот не само што ја поттикнува неврогенезата, лекува од депресија, ги активира двете мозочни хемисфери, но исто така ја поттикнува креативноста. Дознајте дали кај него ова лековито растение претставува инспирација за неговата креативност во неговото творење?


Дознајте како според Тони Зен канабисот треба да биде регулиран? Дали можеби тој како нас смета дека тревата треба да биде целосно слободна? Дознајте дали тој повеќе сака индика, сатива или хибриди? Кои се неговите омилени врсти канабис? Слушнете дали канабисот во некоја негова одредена форма му помага за одредени здравствени проблеми? Дознајте дали Тони Зен познава некој негов близок што се излечил од сериозни заболувања со помош на масло од канабис? Слушнете што Тони им апелира на нашите соборци! Ве молиме да ја споделите оваа статија на социјалните мрежи со цел да ни помогнете во нашата мисија: ДЕМИСТИФИКАЦИЈА И ЦЕЛОСНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КОНОПОТ ВО МАКЕДОНИЈА И ШИРУМ СВЕТОТ!


Wednesday, September 19, 2018

Што е тоа Анандамид и која е неговата улога во нашето тело?

Две прашања за почеток: 1. Дали телото навистина продуцира канабиноиди кои ни го даваат чувството на еуфорија и благосостојба како ТХЦ? 2. И дали начинот на кој телото реагира на тие канабиноиди го трасираат патот за третман на психички и физички заболувања?

Често именуван како молекул на благословеноста, анандамидот се смета за ендоканабинодид. Пред да го дефинираме анандамидот и неговата поврзаност со канабисот, треба да се знае што е тоа ендоканабиноид, па ајде да го дефинираме:


ШТО Е ЕНДОКАНАБИНОИД?

Ендо стои за ендоген, а значи нешто што е продуцирано природно во телото. Канабиноид се однесува на група компоненти во канабисот кои взаемно дејствуваат со рецепторите СВ1 и СВ2 од нашето тело. Така што ендоканабиноид е еквивалент на канабиноид природно произведен од телото кој взаемно делува со овие рецептори. Взаемното дејство со СВ1 и СВ2 (како и останатите нетипични) рецептори има ефект на сеќавањето, апетитот и мотивацијата. Можно е да ги зајакнеме овие природни процеси со консумација на канабис (фитоканабиноди). Причината поради која поминуваме низ еуфорија, поголема среќа и длабок апетит пушејќи марихуана е поради приливот на канабиноиди; во голема количина преку рецепторите предизвикува нашите тела да реагираат на одреден начин. Па, како молекулот именуван по Санскритскиот збор за радост, благословеност и среќа влијае врз нас и која е неговата улога во ЕКС (ендоканабиноидниот систем)? Сега, кога го разбираме концептот на ЕКС можеме да потврдиме дека анандамид е еден од неколкуте канабиноиди кои нашето тело природно ги произведува.


ШТО Е АНАНДАМИД?

Откриен во 1992, анандамидот се врзува и за СВ1 и за СВ2 рецепторите. Важно е да се нагласи дека рецепторите се наоѓаат по целото тело што објаснува зошто канабиноидите имаат разновидни ефекти. Но, за разлика од ефектите од пушењето – преплавување на рецепторите со канабиноиди што предизвикува прекумерна и продолжена реакција, ендоканабиноидите се сметаат за ранливи молекули. Телото ги произведува само кога се потребни. Кога ќе се ослободат, брзо се разложуваат со ензими меѓу кои FAAH (амид хидролаза на масни киселини) и MAGL (моноацилглицерол липаза). Липофилната (афинитет кон липиди) природа на овој канабиноид го прави растворлив во масти, но не во вода.


КАКВА УЛОГА ИГРА АНАНДАМИДОТ?

Иако анандамидот е еден од првите откриени ендоканабиноиди, неговата улога во човековото тело и како да се влијае врз него е мистерија. Постојат бројни претпоставки за ефектите, но целосниот ефект е сè уште непознат. Како што знаеме, човековиот ум и тело се комплексен организам, а начинот на кој телата ни реагираат на канабиноидите варира од личност до личност. Некои научници дури и заклучиле дека анандамидот е корисен во борба против и инхибиција на растот на канцерови клетки. Ендоканабиноидот се врзува за СВ1 рецепторот блокирајќи ја клеточната пролиферација (намножување) на канцерните келтки.


Познавајќи ја ранливата природа на ананадамидот лесно е да се види зошто чувството на благословеност кое го дава кратко трае. Ја регулира болката и апетитот, задоволстовото и чувството на успех (награда). Тие се слични со задоволството и чувството на успех за некој кој истрчал одредена далечина. Се претпоставува дека оваа активност го стимулира ослободувањето на анандамид кој се врзува за ЦБ рецепторите во мозокот. И кога ќе земеме во предвид дека ТХЦ се врзува за истите рецептори давајќи ни еуфоричност, јасна ни е целата реакција. Главната разлика е што ТХЦ останува подолго време активен и го погаѓа системот во големи количини, напушувајќи нè, додека анандамидот (поради неговата ранлива природа) се разложува доволно брзо, така што ретко го достигнува нивото од ефектот на ТХЦ. Специфичните употреби на анандамидот и како може да се манипулира неговата продукција се тема на дискусија. Она што го знаеме е дека анандамидот е добар за третман на бројни психички и физички нарушувања, а кога ќе има повеќе истражувања ќе дознаеме точно и на кои.

Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Royalqueenseeds

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Tuesday, September 18, 2018

Повеќе докази: Ракот „се самоубива самиот себе си“ по изложување на канабис

Кристина Санчез (Christina Sanchez), молекуларен биолог од универзитетот Compultense во Мадрид, првпат објави во 1998 година дека TetraHydroCannabinol - THC, примарната психоактивна компонента од канабисот, предизвикува самоубиство на туморските клетки, оставајќи ги само здравите не-туморни клетки нечепнати


Клетките на ракот се уништуваат поради THC!
Студијата на Харвард од 2007 година која останува најсеопфатна досега објавена за потенцијалот на ТХЦ за борбата против тумори, исто така покажа дека за само три недели, дозите на ТХЦ биле во можност да го намалат растот на ракот на белите дробови за половина кај глувци и биле во состојба да ги намалат лезиите на ракот уште повеќе. Хемиските компоненти на канабисот, наречени канабиноиди, ги активираат специфичните рецептори пронајдени низ телото за да произведат фармаколошки ефекти, особено во централниот нервен систем и имунолошкиот систем. Комерцијално достапните синтетички канабиноиди, dronabinol и nabilone, се лекови одобрени од ФДА за лекување на несакани ефекти поврзани со ракот. Кога се вдишуваат или се консумираат, канабиноидите од канабисот се инкорпорирани во природниот ендоканабиноиден систем на телото, кој регулира многу биолошки функции, како што се: апетитот, внесот на храна, моторното однесување, репродукцијата и др. Поради ова, туморски клетки се втурнати во состојба на апоптоза, што значи дека тие се самоуништуваат.


Д-р Кристина Санчез
Таа открила дека кога се изложени на ТХЦ, клетките на туморот не само што престанале да се размножуваат, туку исто така се уништувале самите себе си, истовремено како во лабораториските тестови, така и во испитувањата врз животни. Д-р Санчез објаснува: „Клетките можат да умираат на разни начини и по канабиноидна терапија, тие умираа на чистиот пат - тие извршуваат самоубиство. Една од предностите на канабиноидите е тоа што тие ги таргетираат туморните клетки. Тие немаат никаков токсичен ефект врз нормалните, не-туморни клетки. И ова е предност во однос на стандардната хемотерапија, која во основа таргетира сè. Не можам да разберам зошто во САД Канабисот е под распоред I, затоа што тоа е прилично очигледно, не само од нашата работа, туку од работата на многу други истражувачи, дека растението има многу широк терапевтски потенцијал“.


Федералната влада неодамна призна дека канабисот е ефикасен во намалувањето на одредени типови на клетки на ракот. Оваа неочекувана изјава беше направена во неодамнешното ажурирање на информативниот лист за медицинска марихуана на Националниот институт за злоупотреба на дрога. Изјавата на NIDA гласи: „Неодамнешните испитувања на животни покажале дека марихуаната може да убие одредени клетки на ракот и да ја намали големината на другите. Доказите од една студија на животни сугерираат дека екстрактите од целото растение марихуана може да намалат еден од најсериозните видови тумори на мозокот. Истражувањата кај глувците покажаа дека овие екстракти, кога се користат заедно со зрачење, ги зголемиле ефектите на радијацијата врз ракот“.

Ако научивте нешто ново, не заборавајте да го споделите овој текст со вашите пријатели. Ние веруваме дека сите информации за здравјето треба да бидат бесплатни и достапни за секого. Помогни ни во нашата мисија!

Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Ehealthcare

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:



Monday, September 17, 2018

Канабис кујна: Овие готвачи водат во кулинарните игри со канабисот!

Порано готвењето со канабис значело да се потроши многу време за да се направи канапутер во вашата кујна, кој може потоа да се додаде во некои колачи или слатки, денес канабисот нуди многу повеќе вкусни можности и ја буди креативноста на готвачите кои сакаат да ги задоволат најпрефинетите вкусови на своите клиенти! Зголемената легализација доведе до одгледување кое го става квалитетот на канабисот во рацете на кулинарите кои гледаат на него како на друг вид на зеленчук, како на друга прехранбена состојка што треба да се истражи во контекст на нивниот занает


КАНАБИСОТ Е ЗЕЛЕНЧУК! КАНАБИСОТ Е ХРАНА!
Собравме листа од десет светски познати готвачи кои комбинираат храна и канабис на креативни начини по пат на разновидни техники. Секој еден од нив би рекол дека работењето со канабис ги заострува вештините во кујната, но само затоа што одржувањето на дозите исти е во согласност со комплицирани научни и строги мерки. Дома, можете да ги фрлите состојките што се инхибираат со ТХЦ, чекајќи ја вртоглавицата да помине. Но, кога луѓето трошат стотици долари за чинија, тие не бараат да се влечат по земја. Дознајте што имаат да кажат овие личности:



Andrea Drummer
1. Андреа Драмер (Andrea Drummer)

Светлост во кујната со канабис, Шеф Драмер се постави себеси во областа на ист начин како што повеќето врвни готвачи прават: образование и импресивно вработување. Таа присуствуваше на Колеџот за кулинарски уметности во Паседена (Le Cordon Bleu College of Culinary Arts in Pasadena), а потоа продолжи да готви во Риц-Карлтон во Л.А., како и под закрила на познатиот готвач Нил Фрејзер (Neal Fraser) во Редберд и Вибијана. Нејзиното занимавање со храна е дефинитивно креативно и инспирирано од Французите, со голема доза на техника и фокусирање на локални извори на органски и сезонски состојки. Ако не сте ја вкусиле нејзината храна во Лос Анџелес, можеби ја познавате од Cooking on High на Netflix - таа беше во три епизоди. Во 2012 година, кулинарскиот живот на Драмер беше засекогаш сменет кога таа се запозна со путерот од канабис. Откако го правеше за сопствените потреби, таа продолжи со експериментирање и никогаш не го изгуби својот фокус на создавање јадења со трева. Конечно, лансирањето на Elevation VIP Cooperative, Inc. - готвачот создава индивидуализирани угостителски оброци за одредени клиенти.


Stephany Gocobachi
2. Стефани Гокобачи (Stephany Gocobachi)

Стефани Гокобачи е основач на Flour Child Collective - компанија за прехранбени продукти и креми основана со Аhil Khadse. Таа е посветена на приближување на прехранбени артикли со канабис исти високи стандарди. Секако, нејзиниот начин на размислување се должи на нејзиното образование на Универзитетот во Њујорк, каде што се занимавала со одржливост на храна и социјално претприемништво. Сан Франциско е град кој сосема сериозно ја сфаќа занаетчиската култура на храна, Гокобачи направи една од нејзините главни цели да ги користи само најдобрите плодови и канабис цвеќиња во нејзините јадења. Гокобачи е добро позната по нејзиниот цврст пристап, бидејќи таа се сметаше за „Alice Waters of cannabis“ од Maya Elisabeth, која ја ко-основаше линијата на производи од трева Whoopi & Maya заедно со Whoopi Goldberg. Јадењата и гранола продуктите на Гокобачи се направени со сезонски, локални, одржливо одгледувани, органски производи во кои треба целосно да се ужива. И тоа не е само овошјето и зрното, тоа е канабисот! Гокобачи се гордее со спојувањето на вкусовите на врстите канабис со оние на храната што ги користи за да создаде прекрасни јадења.


Jessica Catalano
3. Џесика Каталано (Jessica Catalano)

Џесика Кататано од Денвер убива на фронтот во кулинарството со канабис. Со диплома за слаткарство, кулинарски уметности и менаџмент на храна, таа има постигнато успех како кулинарен писател, професионален готвач со канабис, развивач на рецепти, експерт за јадења, пионер во канабис кујната со специфични видови, основач на The Ganja Kitchen Revolution и како автор на „The Ganja Kitchen Revolution: The Bible of Cannabis Cuisine published“ - од Green Candy Press. Легитимно, таа е наречена „OG Cannabis Chef“ од страна на голем број на луѓе во светот. Каталано започна со експериментирање со специфично готвење и печење во 2009 година, пред да го лансира блогот во јуни 2010 година за да ги сподели рецептите што ги развиваше со пациентите со медицинска марихуана. Наскоро следеше и книжевен одговор. Нејзината иновација ги користеше вкусните профили на врстите канабис за да го зголеми вкусот на храната што ја подготвувала. Тоа го основа пристапот што го прави секој истакнат кулинар во светот на канабисот. Нејзините неодамнешни рецепти го вклучуваат само најдоброто.


Miguel Trinidad
4. Мигел Тринидад (Miguel Trinidad)

Готвачот Тринидад е дипломиран готвач на Институтот за кулинарско образование во Њујорк и брзо се искачи од обичен готвач до извршнен готвач во Soho hotspot Lola. Откако поминал три месеци на Филипините во 2007 година, тој бил целосно заведен од страна на кинеските, јапонските, малезиските и шпанските влијанија на кујната на малите нации, што го поттикнало да го отвори Maharlika, современ ресторан на Филипините. Шефот, роден во Доминиканксата Република, стана лице на филипинската храна во Њујорк, освојувајќи ги најпозитивните критики. Во 2015 година, Тринидад и партнерот Doug Cohen го лансираа 99th Floor - компанија која е домаќин на приватни настани со извонредна гастрономија од канабис. За да присуствувате на овие вечери, треба да познавате некого, бидејќи не се продаваат билети. Тоа е збир на уредници на магазини, извршни директори, капиталисти и дизајнери - тоа се луксузни луѓе. Мигел исто така е истакнат во готвењето со специфични врсти канабис. 


Scott Durrah
5. Скот Дура (Scott Durrah)

Скот Дура не е само човек кој основал пет ресторани, вклучувајќи го Santa Monica’s The Jamaican Café и Jezebel’s Southern Bistro & Bar во Денвер. Тој е, исто така, сопственик (заедно со сопругата Ванда Џејмс) на „Simply Pure“, првиот диспанзер за канабис на црно во САД. Иако со гордост се прогласува себеси за готвач од шест години, сега има приоритет да ја инспирира еволуцијата на канабисот, користејќи безбедни производи, образование, готвење и храна, поради што во 2010 година Simply Pure ја започна првата линија на јадења што беше здрава алтернатива на она што беше достапно. Едноставната чиста линија беше првата што се подготвуваше целосно и гарантира доследно дозирање, благодарение на целокупниот персонал од професионални сертифицирани готвачи кои користат комерцијална кујна. Производите (кои вклучувале конзерви од јаболка и сос од марината) исто така биле вегански, органски и без глутен. Дура сега ги вклучува приватните канабис вечери и готви за пензионирани професионални спортисти кои се обидуваат да се справат со хронична болка, користејќи инфузирани оброци и јадења како алтернатива на препишаната терапија. Тој создава јадења како пушено јаболково печено филе со орев и канабис и остава маслиново масло со ТХЦ на масата на својот гостин - така што тие можат да го додадат на нивниот оброк или да го натопат лебот во него за да ја зголемат дозата на оброкот.


Unika Noiel
6. Уника Ноел (Unika Noiel)

Готвачот Ноел израснала со многу душа и љубов кон јужната храна. Иако е од Такома, Вашингтон, нејзините баби и дедовци се чисти Луизијанци, а нивната љубов кон кујната го обликуваат семејството на многу начини, како што се потврдува од чичковците кои поседуваат ресторани за скара и баба која е дипломиран кулинар. Така, кога ја отвори Soul-Full Foods, угостителска компанија, во 2006 година, тоа не беше изненадување. Од тој момент, Ноел имаше разновидна кариера, која се запишуваше во кулинарска школа во 2013 година, како и работеше во џез-салон, школа за кафе во Тексас, старечки дом и некои отмени ресторани. Нејзината чувствителност кон состојбите како дијабетес, кои не им дозволуваат на луѓето да внесат многу слатки, ја инспирираше да започне да работи со вметнати солени работи. Таа стана позната како главен готвач по храна од канабис во северозападниот дел на Пацификот, каде што беше домаќин на оброци преку нејзината компанија Luvn Kitchn. За жал, градот Сиетл распука на нејзините подготовки за непрофитни оброци додека не добила лиценца за канабис во Сиетл. Ноел сега е во ќорсокак, но ние не се сомневаме дека ќе продолжи да иновира и ќе најде начин да се врати на нејзините комунални вечери.


Coreen Carroll
7. Корин Керол (Coreen Carroll)

Дипломиралa на школа за готвење во Сан Франсиско. Керол направи име за себе во индустријата, правејќи работи како настава во школа за сирење во Сан Франсиско, работејќи како приправник на месарот во добро познатото 4505 Meats и помагајќи со ресторанот со pop-up серијата од Подкултура на јадења од готвачот Расел Џексон (pop-up restaurant Subculture Dining Series by Chef Russell Jackson). Светот на канабисот се осврна кога ја ко-основаше Мадам Манчи (Madame Munchie), произведувач на медицински макарони, која ја доби наградата High Times NorCal Cannabis Cup за најдобро јадење. Сепак, таа го продаде својот интерес во компанијата за да го започне серијалот на Cannaisseur во 2015 година со свршеникот Рајан Буш (Ryan Bush). Неинтегриран оброк, дополнет со занаетчиски цвет од локалните одгледувачи. Покрај тоа, менито обично вклучува не-психоактивни состојки, како што е не-декарбоксилиран цвет и CBD. Иако таа одгледува канабис сама по себе и ќе го вметне во нешта како што се колачи со козјо сирење, главното јадење е поверојатно да ги содржи лисјата од канабис. Во принцип, Керол мисли дека сирењето е најдобриот пар за канабисот - ја препорачува врстата Strawberry OG со Point Reyes Bay Blue и зелена салата со јаготки за секој кој е подготвен да експериментира.


Jeff Danzer
8. Џеф Дензер (Jeff Danzer)

Готвачов со седиште во Лос Анџелес, Џеф Дензер се издвојува од другите готвачи на оваа листа поради неколку причини. Иако тој е наречен „The Julia Child of Weed“, тој нема формално образование во кулинарската уметност. Наместо тоа, тој доаѓа од светот на модата, каде што помина повеќе од 20 години како постар извршен директор на компанија за долна облека. Сепак, Дензер направил име за себе, бидејќи развил процес за создавање на масло од канабис и кокосово масло кое има слаб вкус на трева. Тој известува дека неговиот процес го отстранува хлорофилот и нечистотиите во цвеќето. Желбата на Дензер да го неутрализира тревкастиот вкус на канабисот од јадењата, исто така е сосема поинаква од пристапот кај многу кулинари. Тој е автор на The 420 Gourmet: The Art of Elevated Cannabis Cuisine и домаќин на емисијата Wake and Bake with JeffThe420Chef. Предавајќи на серија часови за готвење со канабис во медицински и рекреативни држави го држи на патот, но тој исто така нуди и приватна подготовка на храна за пациенти со медицинска марихуана и вечери, угостителски услуги и специјални нарачки (како свадбени колачи) за луѓе во држави каде рекреативната употреба е легална. Веб-страницата на Дензер има бројни рецепти како што се вегетаријански беконски плескавици, гаспачо од лубеница, засладена шунка, салата од кале и семе од коноп, како и пудинг со канабис со висок процент на CBD. Плус, има многу рецепти и видеа кои им помагаат на читателите да научат како да направат сопствени масти со додаток на канабис со минимален вкус на канабис.


Monica Lo
9. Моника Лу (Monica Lo)

Шефот од Сан Франсиско, Моника Лу, избрала многу интересен пристап кон канабис кујната, комбинирајќи ја трендовската sous vide техника со комплексноста на готвење со трева. Но, таа го стори тоа од неопходност. Живеејќи во место со строга политика кон тревата, таа немала опција за декарбоксилација во рерната или со користење на еден од другите миризливи чекори кои го придружуваат инфузирањето на маснотии со ТХЦ. Таа усовршила екстракција без ширење многу мирис. Сега, таа и некои партнери ја водат Sous Weed, услуга каде клиентите можат да најмат готвачи за да создадат кујна од првокласен канабис и да најдат рецепти за да направат вкусни оброци. Неодамнешните рецепти вклучуваат свинско xiao long bao, направено со лековити масти и масло од сусам, carrot chiffon торта направена со медицинско растително масло, како и Корејско говедско месо, направено со лековито масло. Често, рецептите се соработки со истакнати брендови или поединци во канабис заедницата, така што тие се вистински спој на експертските умови.


Holden Jagger
10. Холден Џегер (Holden Jagger)

Неговото полно име е Холден Џегер Берконс. Неговата кулинарска позадина вклучува времиња на станицата за печиво под Tom Colicchio at Craft и Curtis Stone at Maude, како и долг период во Сохо Куќата само за членови. Единственото нешто на што тој посветил повеќе време отколку кујната е одгледувањето канабис. И, како и другите луѓе со оваа комбинирана позадина, тој успева да ги спои двете. Сепак, тој не е човек за додавање екстракти во храната. Тој е за храна со цветни додавки. Во 2016 година, Џегер и сестрата Рејчел Бурконс (Rachel Burkons) ги основаа Altered Plates - кулинарен колектив со седиште во Л.А., кој комбинира храна, канабис, пијалаци и гостопримство. Тие организираат приватни вечери со канабис и ги вградуваат прехранбените искуства, како и изработката на CBD mocktails и воведување на брендирано образование. Тие ја предводат современата калифорниска канабис индустрија со сопствени настани, активности и едукација. Секој оброк е уникатно искуство подготвено од овој врвен кулинарски ум.

Новинар: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Uproxx

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: