Thursday, April 30, 2020

Како да изградите сопствена професионална плантажа? Седи си дома и сади си дома (продолжение)

Тоа што ќе го замислите како идеја со вашата имагинација, многу лесно може да го манифестирате во реалноста. За да создадете своја сопствена одгледувачница за канабис, покрај желбата, потребни ви се и стручни препораки и совети од искусни одгледувачи. Во оваа статија чекор по чекор и со фотографии ќе ви го демонстрираме тој процес. Сè што ви треба е соодветен простор каде што ќе ги одгледувате вашите лековити билки!

16 сијалици = 320 растенија!


Трансформатори
На оваа слика можете да видите затворена плантажа со хидропоника систем и 16 сијалици. Големината на оваа плантажа изнесува некаде околу 20 м2. Оваа одгледувачница е поделена на два дела и е со два базени. Во првиот дел од левата страна се наоѓа базен кој е голем три метри на 1 метар и има четири сијалици. Во овој базен има 80 билки, што значи по три билки на една ламба. Во вториот базен е различна поставеноста. Има 12 ламби на простор од 9 метри квадратни (3 метри на 3 метри). Една ламба е доволна за 20 билки, ова значи дека во овој базен има 240 растенија. Заедно ќе биде 80 од првиот и 240 од вториот = 320 растенија! :) За секоја ламба ви треба кабел со којшто ќе се поврзете со трансформаторот. 

Табла со тајмер



Трансформаторот се користи за да претворите електрична енергија од 220 на 110 kw. Ова значи дека со трансформаторот трошите двојно помалку електрична енергија. Исто така, еден кабел од трансформаторот води кон ламбата и еден води кон таблата. Оваа табла се користи за поврзување на сијалиците и е попрактично ако ги обележите трансформаторите и ламбите со броеви, за полесно да се снаоѓате и за да знаете кој трансформатор е за која ламба.

Вентилациона кутија
Оваа таблица се користи за поврзување на трансформаторите со ламбите и е наменета за 16 ламби. Слично како во случајот со трансформаторите и ламбите, практично е таблата исто така да се обележува со броеви. Една ламба има 600 вати. Исто така и на оваа табла има тајмер, со што можете да го наместите светлосниот циклус, односно да наместите кога сакате ламбите да работат, а кога не (т.е. кога сакате да им е ден, а кога сакате ноќ на билките, во зависност од тоа дали се наоѓаат во фаза на вегетација или цветање).


На овие слики може да се види дека ви треба вентилациона кутија за циркулација на воздухот. Оваа кутија изнесува 373 kw на оваа слика. Подобро е да се насочи да дува кон ѕидот и од таму да шири воздух, а не да дува директно во растенијата. Ако дува во билките, тоа може да доведе до несакани последици, да го излади растението, односно да дојде до црвенило на стеблото. Одма до грејното тело е кутијата. Исто така, можеме да видиме на сликата дека ни се потребни и 2 вентилатори за ладење на воздухот и за симулација на ветар. Потребни се и грејачи што ќе ја прават температурата соодветна за билките. Грејачите мора да бидат без светло, за да ​​произведуваат топлина без светлина (со цел да не се наруши светлосниот циклус ден/ноќ). На оваа слика можеме да видиме кутија за свеж воздух однадвор и можеме да видиме дека треба да го филтрираме она што е поврзано со воздушната кутија за чистење на воздухот. Со ова имаме надворешен чист воздух. Ова е воздушна кутија и филтерот е приклучен на оваа кутија.


Вентилациона кутија
Предните базени се високи 30 см. За еден базен ви е потребна подна изолација од 5 см и потребен ви е материјал што ќе ви помогне водата да остане во базенот. Кога треба да им дадеме храна (вода) на билките, ставаме 1-2 см максимум во еден базен. Левиот базен е 3 метри на 1 метар со 4 ламби.

Исто така, потребен ни е и резервоар за давање вода на билките. Како можеме да видиме на сликата, овој резервоар е 200 литри и е пластичен. Со оваа големина можеме да им дадеме само еднаш храна. Резервоарот се користи за правење микс од прихрана за растенијата. Ставаме мешавина од резервоарот во базените. И важно е максимум што даваме да е 1-2 прсти (во зависност од тоа колку тие се големи).

После 15 дена почнуваме да даваме прихрана на билките и започнуваме да даваме полека. Прво започнуваме со ставање за корените 2 пати, сè додека се мали. После тоа започнуваме да даваме за цветањето. Прихраната воопшто нема правила, таа секогаш зависи од изгледот на растенијата. Секогаш бидете внимателни со прихраната. Температурата во одгледувачницата мора да биде мин 20 - макс 35 степени целзиусови. Една саксија има 2-3 килограми. Саксиите исто така, можете да ги видите на сликите. Греалките треба да се програмираат да се вклучуваат после ламбите. Додека работат ламбите, во никој случај да не работи греењето, затоа што може да дојде до експлозија на сатот од кој се зема струја, премногу напон ќе дојде, а може да избувне и пожар.



Прихрана

Автор: Анонимен одгледувач (наш соборец)
Уредник: MoniQue Konopova


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ПРАВИЛНО ОДГЛЕДУВАЊЕ: 

Како правилно да се ѓубрат и наводнуваат билките?

Поленизација на канабисот - собирање и чување на поленот од машките цветови

Како да го максимизирате приносот на вашите канабис растенија?

Најчести проблеми поврзани со цветањето на марихуаната

Канабис училница – основни тренинзи на вашите билки

Клонирање на канабис растенијата

Какви типови на марихуана цветови постојат?

Најсоодветна pH вредност за канабис растенијата

Предностите од размножувањето и вкрстувањето на канабис билките

Три моменти кога постои најголема веројатност да се соочите со мувлата кога одгледувате марихуана

Аеропоника системи за одгледување канабис во домашни услови

Како да се спречи мувлата во затворени одгледувалишта? Indoor врсти отпорни на мувла

Дали канабисот во затворен простор расте подобро од оној одгледуван на отворено?

Како да одгледуваш марихуана во плакарот без да бидеш фатен?

Saturday, April 25, 2020

Најголемите канабис компании инвестираат во Европа!

Кои се најголемите светски канабис компании кои инвестирале во европскиот пазар во 2019 година? Заклучоци и предвидувања во врска со инвестициите за канабис во Европа...


2019 година беше најдобрата година досега за инвеститорите во канабис индустријата во Европа. Во почетокот на 2019 година, експертите рекоа дека европскиот канабис пазар може да биде во вредност од 123 милијарди евра до 2028 година, а инвестициите направени во овој сектор укажуваат дека тие предвидувања може да се потврдат како вистинити. Инвестициите што беа направени во Европа во 2019 година покажуваат дека канадските корпорации се дефинитивно најголемите играчи на европскиот канабис пазар. Тоа се очекува, бидејќи овие компании имаат ресурси да ги откупуваат своите европски конкуренти. Канаѓаните едноставно профитираат од оваа нивна предност.


Зајакот лежи во тоа што на канадските корпорации им требаат европските пазари за да опстанат во живот и за да напредуваат. Канадскиот пазар за канабис е веќе презаситен, така што корпорациите треба да направат големи инвестиции во Европа, доколку сакаат да ги задржат цените на нивните акции на високо ниво. Како резултат на ова, инвестициите и оваа година најверојатно ќе се одвиваат по слична шема. Но, канабисот сè уште не е легален во цела Европа...? Канадските компании ќе купат парцели земјиште или фирми за дистрибуција низ цела ЕУ, обезбедувајќи ги своите места во регионот сè додека локалните политички играчи не го легализираат канабисот.

Сепак, охрабрувачки е фактот што локалните власти, како Италијанската влада, веќе бараат да го стимулираат локалното производство на канабис. Овие активности можат да им овозможат на европските почетнички канабис претпријатија да напредуваат во следните години. Според најновите истражувања на пазарот, четворицата најголеми инвеститори во европскиот канабис простор се компаниите: Aurora Cannabis, Canopy Growth, Tilray, Aphria, тврди Straininsider. Други значајни големи инвеститори на пазарот за канабис во Европа се: Flowr Corp и Atlas Growers.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Straininsider

Wednesday, April 22, 2020

Седи си дома и сади си дома за време на „Корона кризата“ :)

Заштити се од вируси, утепај ја карантинската досада и ограничената слобода на движење, поради пандемијата со вирусот Ковид-19 со креативно хоби - одгледување канабис! Затоа препорачуваме: седи си дома и сади си дома 😀




Ова е тежок период за сите... Депресивно, анксиозно и меланхолично расположение, облачно време, забрането собирање во групи и дружење на кое сме навикнати. За време на овој период за да се победи досадата и анксиозноста, но и за да го зајакнеме имунитетот и полесно да ги спречиме и да се избориме со вирусите, најпотребен ни е лекот - канабис! За жал, тешко е да се набави лекот во ваква состојба кога постои полициски час...


Најевтино и најбезбедно е самите да си го одгледувате и правите лекот во својот дом 🙂 Како? Едноставно! Човекот учи додека е жив! Најдобро ќе учите на своите сопствени грешки, но земете ги пред вид и туѓите искуства. Еве неколку корисни совети од еден искусен одгледувач и наш соборец, кој сакаше да остане анонимен. „Седум години се едуцирам од врвни професионалци“ - вели тој. Ова се најчестите работи коишто обично ги грешат одгледувачите почетници кои немаат доволно искуство:



1.) ТЕМПЕРАТУРА

Внимавајте на температурата! „Доколку му е премногу студено на растението, може да се јави црвенило на стеблото, значи дека ниска му е температурата. Минималната температура - до 18 степени може да се намали, нема да има проблем. Под 18 јавува црвенило - ШОК!“ - истакнува овој анонимец.

* ПРЕПОРАКА:
Минимум 24 степени!
Максимум 34 степени!



2.) НАВОДНУВАЊЕ

Многу внимателно со водата! „Ако е жедно растението можеш да го поправиш тоа, ама ако претераш со водата, нема враќање назад - ќе овене од премногу вода, ги собира лисјата навнатре во тој случај“ - вели нашиот соговорник. Со премногу вода може да скапе коренот... „Со прстите можеш да провериш во црепот дали е влажен кокосот или не. Ако јави влага на прст, нема потреба од наводнување“ - додава тој.



Инфицирано растение :(
3.) ШТЕТНИЦИ

За да се провери дали билката е здрава, за да се провери дали нема пајаче (инсекти), одоздола се проверува листот често, зашто туфката може да фати пајажина, поради која не може да прима доволно светлина и топлина од ламбата. Доколку ова се случи, се користи специјален инсектицид од гроу шоп“ - вели тој. „На секои 3 берби сменувам хумус, а на 2 берби сменувам филтери“ - со цел да се спречи појавата на инсектите од почвата.




4.) ПРИХРАНА

Од прихрани ги користам, најквалитетните. Овој комплет чини 800 евра, ама дава добар резлутат“ - нагласува нашиов соборец. Да не ве исплаши цената на овие препарати, бидејќи тој има 330 билки, т.е. приватна мини оранжерија! За неколку билки тоа нема да ве чини толку скапо, а соодветна прихрана може да најдете и кај нас, во нашите македонски гроу шопови за одгледување канабис.



5.) ВНАТРЕ или НАДВОР?

Во врска со разликата меѓу надворешно и внатрешно одгледување: „Аутдор тревата е за масло, не можеш да извадиш добар квалитет како индор, нема шанси. Исто така и висината ја дава разликата. Надвор можеш да одиш до колку сакаш, додека пак, внатре - колку ќе дозволи просторот. Надворешната е на шест месеци берба, внатрешната на 9 недели, значи аутдор два пати годишно, внатре до 5 пати годишно“ - вели тој. Билките што се одгледуваат надвор може да се кратат во висина: „Може, да - ама немаш потреба да кратиш ако е надвор. Зошто? Нека оди во висина колку што сака - Sky is the limit, немаш пречка за да го оставиш да се извиши“ - вели тој.


Иако трошоците од внатрешното одгледување се можеби малку повисоки, поради тоа што се троши струја за осветлување, сепак тој напоменува: „Недостатокот кај надворешното одгледување е: многу, многу, многу поголем ризик! Со миризбата, мал ветар и ќе се почувствува и до 500 метри далечина. Предноста кај внатрешното одгледување е таа што, никој не знае што имаш дома, доколку сам не се пофалиш!“. Тој вели дека во Холандија надворешната трева е 5 евра во кофи шоп за грам, а внатрешната 10 евра за грам. „Ова се цени на мало, на големо се сосема други цените“ - додава тој. 


6.) ОСВЕТЛУВАЊЕ

Една ламба оди на 1 м квадратен, со што може да осветлува 20 растенија. Растојанието помеѓу ламбата и „бебето“ треба да биде минимум 30-40  см. Тој додава дека по 20 стебла одат на една сијалица: „16 ламби x 20 стебла = 320 стебла“. Според него, исто така многу е важна хигиената во просторот за одгледување, па често треба да се дезинфицира и брише подот.



7.) СОСЕДИ :)

Пред сѐ, немојте никому да се фалите дека одгледувате, ама буквално никому не кажувајте за оваа ваша мала ТАЈНА! „Внимавајте само од комшиите :) Со нив треба да стоите добро и воопшто да не се посомневаат ;)“ - вели соборецов. Исто така, пожелно е да им пуштате на билките убава музика, да им зборувате, да им пеете, да им дадете љубов, само не премногу гласно, за соседите да не се посомневаат во вашето чудно и невообичаено однесување :P





Новинар: MoniQue Konopova
Соговорник: Анонимен соборец :)

Tuesday, April 21, 2020

Канабис индустријата се развива и покрај Корона пандемијата

Индустријата за марихуана и нејзините даночни приходи во Алјаска останаа цврсти за време на кризата поради Ковид-19 пандемијата


Додека гувернерот на Алјаска, Мајк Данлеви, повторно сака да ги активира економските сили во државата, една индустрија продолжи да биде сигурен извор на даночни приходи и за време на кризата од Корона вирусот. Бизнисите за канабис во Алјаска биле назначени како основна дејност, што им овозможувало на деловните активности да останат отворени, додека некои други бизниси биле принудени да се затворат, а продажбата останала стабилна, тврди Лејси Вилкокс, претседател на Alaska Marijuana Industry Association. Според законот, сите канабис производи од Алјаска мора да потекнуваат и да останат во државата, значи одгледувачите, производителите и трговците сè уште работат и плаќаат даноци. 

Одгледувачите и производителите ѝ плаќаат даноци на државата, додека трговците на мало плаќаат даноци на нивната локална општина, рече Кели Мазези, даночен управител на одделот за приходи на Алјаска. Даноците од индустријата за канабис не само што се стабилни, рече Мазези, туку тие растат. „Ние преземаме нови даночни обврзници цело време“ - истакна Мазези. „Се одобруваат многу нови лиценци на установи за одгледување, исто како и за производство и малопродажба. Сè уште се одобруваат лиценците, дефинитивно гледаме дека се зголемуваат приходите од данок“ - додава таа. 

Месечните даночни статистики сè уште не се достапни за март, но во февруари државата презеде 1,7 милиони американски долари од даноци. Тие пари се само 25% од вкупните приходи од данок од канабис, според Мазези, а остатокот оди на образовни програми за марихуана, рече таа. Бидејќи марихуаната сè уште е нелегална  на федерално ниво, компаниите за канабис не се квалификувани за федерални или програми за државна помош за време на оваа вонредна состојба. Но, само затоа што на индустријата ѝ беше дозволено да остане отворена, тоа не значи дека на индивидуалните бизниси им оди лесно, тие мораат да се борат, додаде Вилкокс. Бизнисите со канабис сè уште се соочуваат со истите проблеми со кои се соочуваат многу други бизниси во моментов.

Преведе: MoniQue Konopova
Извор: Juneauempire

Friday, April 17, 2020

Како влијае вирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат канабис и обратно?

Употреба на канабис за време на економска криза поради вирусна пандемија? Нова научна студија ќе го разгледува влијанието на коронавирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат медицинска марихуана


Оваа прелиминарна студија, предводена од Универзитетот во Мајами, ќе ја искористи експертизата за епидемиологија и ќе ги разгледува податоците собрани за моделите и трендовите на пациентите што користат медицински канабис за време на појавата на коронавирусот. Во моментов, пациентите на кои им е дозволено да користат канабис за лекување се соочуваат со одложувања во набавката на нивниот лек заради глобалната „Корона криза“, што ги прави ранлива група која може лесно да потпадне под влијание на вирусот. Истражувачите ќе користат анонимна анкета за да добијат информации од пациенти корисници на медицински канабис во однос на нивното ментално и физичко здравје, како и да ги испитаат промените во фреквенцијата на пациентот кај употребата на канабис, дозата и начинот на употреба засновани врз кризата поради COVID-19. 

Д-р Денис Видо (Denise C Vidot), обучен епидемиолог и доцент на Факултетот за медицински сестри и здравствени студии, ја води прелиминарната студија. Таа рече: „Глобалните квалификациски услови за медицински канабис, иако не се еднолични, сите вклучуваат лица со компромитиран имунолошки систем и други хронични здравствени состојби. Затоа, ова е население што не можеме да го заборавиме во нашите напори да ја „израмниме кривата“. „Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека податоците засновани на популацијата се од суштинско значење да се донесат информирани одлуки. Мојот тим и јас разбираме дека множеството од анегдоти не се податоци. Значи, ние ги комбинираме нашите вештини за да го сториме нашиот дел со цел да ги обезбедиме овие податоци. Нашата цел е корисниците на канабис од секоја земја да го завршат ова истражување, така што податоците се поопшти“ - додава таа.

Избегнувајте групно пушење на ист џоинт за време на Коронакризата!

Друга тема што експертите ќе ја испитаат е групното користење на исти производи и алатки за консумирање канабис по пат на вдишување, евапорација, пушење, што е доста популарна навика помеѓу рекреативните корисници - што може да биде потенцијален фактор за ширење на Коронавирусот. 

Прочитајте повеќе за оваа студија и учествувајте во неа со пополнување на прашалникот ТУКА!

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Healtheuropa.eu

Thursday, April 16, 2020

Република Северна Македонија може да стане следната европска суперсила за канабис!

Нашата мала земја лоцирана на Балканскиот Полуостров се стреми да стане главен играч на растечкиот европски пазар за марихуана. Претприемачите во Македонија имаат амбиции да станат главен играч на светскиот канабис пазар. Единствената пречка за планот да им се оствари се чини дека е нашата Влада...


Зеленото злато кое може економски да ја издигне нашава држава
Република Северна Македонија и покрај тоа што е сместена на Балканскиот Полуостров, заробена помеѓу соседите, со население од 2,1 милиони луѓе, сепак претприемачите за канабис во земјата сметаат дека е во добра позиција да ги престигне конкурентите и да стане центар на растечкиот европски пазар на коноп. Мајкл „Биг Мајк“ Страумитис (Michael „Big Mike“ Straumietis), извршниот директор на американската компанија за прихрана за канабис „Advanced Nutrients“, напиша по средбата со поранешниот премиер на СРМ Зоран Заев: „Дозволете да Ви кажам, оваа земја има огромен потенцијал и јас сум возбуден што сум дел од свртувањето на Македонија во една од првите суперсили за канабис во Европа“.

Од средбата на Зоран Заев со Биг Мајк
Но, за ова да се реализира потребна е акција од страна на Владата, што моментално не е така лесно во Северна Македонија. Претприемачите чекаат две години за нешто што требаше да потрае само неколку месеци. Во 2018 година владините претставници рекоа дека ќе донесат амандман на законите за медицинска марихуана донесени во 2016 година во Северна Македонија, со што ќе се овозможи извоз на цвет од марихуана. Две години подоцна, сè уште не се случила никаква промена објави Њујорк Тајмс.

Канабисот е ЛЕК!
Според сегашниот закон за легализација на медицинска марихуана, Македонија дозволува извоз на масла, екстракти и тинктури. Сепак, цветовите погодни за пушење, за кои производителите на канабис рекоа дека може да сочинува 70 проценти од целокупниот европски канабис пазар, останува нелегално. Додека амандманот сè уште не помине, оваа можност сè уште постои. Според „Тајмс“, само Португалија и Холандија дозволуваат одгледување и извоз на медицинска марихуана. Тоа е така најмногу затоа што европските земји имаат многу поконзервативен пристап од Канада и делови од САД за легализација на марихуаната.

Па, какво е сегашното канабис стопанство во Северна Македонија? Претприемачите во републиката имаат изградено објекти за управување со поголем извозен бизнис. Тие имаат дозвола да работат како правна компанија за медицинска марихуана. Тие едноставно чекаат да се усвои амандманот. За жал, поради недоразбирањава доаѓа до корупција во владата, која го опколи самиот поранешен Премиер Заев. Тој ги негира тврдењата на членови од опозициската политичка партија во Северна Македонија, кои го обвинија премиерот бидејќи сака да го монополизира бизнисот, фаворизирајќи роднини и останати сојузници кога станува збор за доделување медицински лиценци за марихуана. Тие тврдат дека тој сака да ги постави нив за да го искористат максимумот што доаѓа од профитот од легалното одгледување канабис.

Една година затвор за поседување на 14 грама канабис!
Контраверзно е исто така тоа што додека легалните бизниси со канабис во земјава ветуваат светла перспектива, нашите власти сè уште ги апсат и затвораат оние најзаслужните за напредокот на свеста кај населението за придобивките од канабисот - активистите и пациентите кои одлучиле на нелегален начин да си го спасат својот живот и здравје и кои се доказ дека домашните недозволени екстракти се поефикасни од дозволените разредени варијанти од аптека - луѓето без кои до пред неколку години во Македонија зборот „канабис“ претставуваше табу тема. Борците за легализација на употребата на канабисот кои страдаат во првите борбени фронтови, добиваат од Властите и по неколку години затворска казна поради лична употреба на многу мала количина цвет од канабис.

Бизнисот на Заев цвета, активисти лежат затвор поради неколку цвета


Поради ова, одгледувачите досега, одбиваа да ја заземат идејата за вклучување сув цвет во списокот за легален извоз на марихуана. Владините претставници рекоа дека се надеваат дека повторно ќе го покренат прашањето, кога законодавното тело на земјата ќе се состане оваа година, откако ќе заврши пандемијата со вирусот COVID-19. Интересно е тоа што новите истражувања за борбата со овој вирус сакаат да проверат дали користењето канабис може да помогне во спречувањето на ширењето на вирусот и олеснувањето на тегобите кај заразените.

Во меѓувреме, според Ројтерс, Северна Македонија издала 28 лиценци, но малку од дозволените производи се извезени „во рамките на усовршувањето на вештините од страна на производителите“ за да можат да ги исполнат меѓународните стандарди. Покрај потенцијалните загуби од страна на инвеститорите доколку амандманот не помине, прашањето за производство на легален канабис им даде големо значење на луѓето од Северна Македонија. Проширувањето на локалната индустрија за марихуана значи повеќе работни места. Тоа е особено важно за една од најсиромашните европски земји, кои се во постојана транзиција, особено во лошата економска ситуацијата од кризната состојба во земјата поради вирусот Корона со којашто допрва треба да се соочиме.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Green Entrepreneur

Saturday, February 29, 2020

Истражувачите откриваат скриен антибиотски потенцијал во канабисот!

Во една студија на канадски истражувачи од Универзитетот МекМастер, се покажа дека соединение од канабисот убива некои од најзагрижувачките бактерии отпорни на антибиотици! Канабиноидот КАНАБИГЕРОЛ спречува бактериите да формираат заштитни биофилмови!


Вака изгледа Канабигеролот!
Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека отпорноста на антибиотици е „една од најголемите закани за глобалното здравје“. Овој здравствен проблем се искачува на опасно високи нивоа во сите делови на светот! Новите механизми на отпорност кон антибиотици се зголемуваат и се шират на глобално ниво, што го отежнува потпирањето на антибиотиците кои некогаш се покажуваа како корисни за лекување на голем број на инфекции, како: настинки, грипови, пневмонија, туберкулоза, труење на крв, гонореја и болести поврзани со храна. Истражувачки тим од Универзитетот МекМастер во Хамилтон, Онтарио - додека ја испитувал ефикасноста на канабиноидите од растението канабис сатива, откриле дека едно соединение, наречено Канабигерол (ЦБГ) не е само антибактериско, туку и ефикасно кај глувци и тоа против еластично семејство на бактерии познати како Стафилококи (Staphylococcus aureus - MRSA), отпорни на метицилин. 


Наодите беа објавени во списанието American Chemical Society Infectious Diseases на 4 февруари 2020 година. Канабиноидите се хемиски соединенија кои делуваат на рецепторите кои се наоѓаат низ целото човечко тело преку ендоканабиноидните рецептори, а има повеќе од 100 откриени во канабисот и добро е познато дека некои од овие соединенија може да бидат антибактериски. „Во оваа студија испитавме 18 комерцијално достапни канабиноиди и сите тие покажаа антибиотска активност, некои многу повеќе од другите“ - рече лидерот на студијата Ерик Браун (Eric Brown), професор по биохемија и биомедицински науки во МекМастер, пренесува Science Daily. „Оној на кој се фокусиравме беше не-психоактивен канабиноид наречен CBG, бидејќи имаше најголема ветувачка активност. Ние го синтетизиравме тој канабиноид во масовна количина што ни даде доволно соединение за да навлеземе во истражувањето“ - додава тој. 


CBG спречува бактериите да формираат биофилмови! Бактериите имаат можност да формираат биофилм како одговор на различни фактори. Бактериите со биофилм можат да делат хранливи материи и да бидат заштитени од штетни фактори во околината, како што се: сушење, антибиотици и имунолошкиот систем на домаќинот. Бактериската клетка која се префрла во режимот на раст на биофилм се подложува на фенотипска промена во однесувањето во кое големите пакети на гените се различно регулирани. Користејќи глувци заразени со МРСА, истражувачите беа во можност да ја докажат можноста на канабиноидот ЦБГ да ги спречи бактериите да формираат биофилмови и да ги искоренат преформираните биофилмови и стабилните фазни клетки отпорни на антибиотици. CBG го оствари ова со таргетирање на цитоплазматската мембрана на грам-позитивните бактерии, во овој случај. 


Рајот е на земјата!
CBG се покажа како прекрасен во справувањето со патогените бактерии“ - рече Браун. „Наодите сугерираат вистински терапевтски потенцијал за канабиноиди како антибиотици“ - додава овој истражувач. „Отвора терапевтски прозорец, но тесен (засега), за да се развие ова во лек“ - заклучи тој. „Студијата исто така, откри дека канабиноидите се ефикасни против Грам-негативни организми чија надворешна мембрана е пермеабилизирана, каде Канабигеролот делува на внатрешната мембрана. Конечно, демонстрираме дека канабиноидите работат во комбинација со полимиксин Б, против грам-негативни патогени кои се отпорни на разновидни лекови, откривајќи го широкиот терапевтски потенцијал на канабиноидите“ - додава тој.


Извор: Digital Journal
Автор: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - ВОВЕД (2 дел)

Медицинската марихуана лекува и спречува пневмонија и други респираторни инфекции

Туберкулозата најбезбедно, најприродно и најуспешно се лекува со канабис!

КАНАБИДИВАРИН (CBDV) - уште еден канабиноид кој третира епилепсија!

Канабихромен - СВС: Третиот најчест и недоволно истражен канабиноид!

Мистериозниот секундарен канабис терпен Феландрен и неговите придобивки!

Тајните на канабиноидите и нивните медицински придобивки

Friday, May 10, 2019

95-годишна жена вели дека пушењето канабис е клуч за долг и среќен живот

Висока речиси метар и половина, таа имаше 95 години кога за неа е напишана оваа кратка статија, Мелита Гордон (Melita Gordon) од Јамајка веројатно е рекордер во пушење канабис! И покрај несогласувањата од нејзиното семејство, таа пуши трева цели 85 години, поточно од 10 годишна возраст


95 годишна баба тврди дека канабисот е лек за долговечност!
И таа нема да престане да пуши ганџа додека не умре, изјави Гордон за Green Rush Daily. Доживотната здрава навика на Гордон е среќно одобрена од нејзиниот примарен лекар, чие гледиште е дека доколку таа престане да консумира канабис, таа може сериозно да го наруши своето здравје и живот. Госпоѓа Гордон, заедно со нејзиниот лекар сметаат дека нејзината навика да пуши канабис, може да биде делумно одговорна за нејзината долговечност и одличното здравје. Мелита вели дека започнала со канабисот, бидејќи растела во растафаријанска куќа и ги палела лулињата на постарите.


Таа вели дека се навикнала да пуши марихуана кога била „крстена“ во праксата на нејзината култура и религија од страна на нејзините родители, Мишел Џонс (Michelle Jones) и Ричард Гордон (Richard Gordon), кои исто така пушеле трева. Сепак, не сите во семејството на Мелита денес се задоволни со навиките за пушење толку многу канабис. Ќерката на Мелита Гордон, со која заедно живеат, ја молеше својата мајка таа да престане. Нејзината ќерка дури ѝ предложила компромис и побарала од нејзината мајка да го намали пушењето на еднаш дневно. Но, Мелита е навикната да пуши трева по цел ден, секој ден. Дури и додека работела во сега затворена фабрика во Марун Таун, таа станала позната како „Дамата со луле“ (Pipe Lady). Сопругот на Мелита не ја осудува нејзината навика таа постојано да пуши трева, но тој самиот не ја практикува оваа навика.

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Greenrushdaily

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Марихуана или тутун: кој чад претставува поголем ризик за вашето здравје?

Органски здрав блант сролан од цветни листови од роза

Туберкулозата најбезбедно, најприродно и најуспешно се лекува со канабис!

Студија: „Пушењето канабис не претставува канцероген“

Како да се откажеш од пушење цигари со помош на ЦБД?

Зошто избелените ризли не се најмедицинскиот избор?

Ефектите на канабисот врз бременоста - консумирањето е корисно како за мајката, така и за идното бебе (научна студија спроведена во Јамајка)

Во Кингстон се отвори продавница за канабис и кафетерија

Wednesday, May 8, 2019

Холандска компанија ја претстави првата монтажна куќа во светот изградена исклучиво од коноп!

Во блиска иднина, жителите на целиот свет ќе можат да живеат во штедлива, одржлива и безбедна куќа целосно изградена од еден тип на канабис, односно од коноп. Не само што овие монтажни домови можат да се градат многу побрзо од конвенционалните модерни куќи, туку се и доста потрајни, потопли, поевтини и поотпорни на земјотреси!


Првата куќа целосно изградена од коноп!
Овој напреден проект е дизајниран и имплементиран од холандската компанија Dun Agro, специјализирана за hempcrete - цигли од коноп, за кои веќе доста имаме зборувано на нашиов блог. За таа цел, се користи индустриски коноп, член на семејството канабис. Покрај за лекови, оваа органска суровина може да се користи за различни намени, од производство на материјали за градба, па сè до храна, текстил и биогорива. За разлика од индискиот канабис, овој индустриски негов братучед не содржи големи количества на тетрахидроканабинол (THC), но поради тоа што содржи доста поголемо количество на канабидиол (ЦБД), од него може да се произведува смола/масло/екстракт/тинктури за третирање на спазми и епилептични напади.


Да го вратиме конопот на македонските ниви и полиња!
Конопниот бетон на Dun Agro е направен од влакна од коноп, вода и сврзно ткиво - велат од компанијата. Откако оваа смеса е втисната во калапи, добиените елементи на куќата се сушат три месеци. По сушењето, тие се подготвени за монтажна градба. Дун Агро ја изгради својата куќа од коноп на 30-ти ноември. Оваа компанија веќе ја заврши својата втора конопна куќа, а плановите за блиска иднина вклучуваат продолжување на изградбата и продажбата. Во Холандија, во моментов за одгледување коноп е наменето 1.100 хектари земјоделско земјиште. Земјоделците се одлучуваат за оваа култура поради добрата заработка, леснотијата на производтсво, како и придобивките за животната средина.


Со оглед на сегашното производство на коноп во Холандија, оваа компанија проценува дека може да произведе до 500 такви куќи секоја година. И овој број, исто така, може да се зголеми, затоа што побарувачката, исто така се зголемува - секој сака да живее во еколошка куќа. Дан Агро не беше првата компанија што се обиде да изгради куќа од канабис, но тие тврдат дека се единствените што целосно успеале да го направат тоа. Како главна предност за купување куќа од коноп оваа компанија го наведува негативниот CO2 отпечаток. Конкретно, конопот во процесот на растење апсорбира 13.500 кг CO2, којшто кај овие куќи и градби останува складиран во бетонот од коноп.

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Nexus-svjetlost.com

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:











Monday, May 6, 2019

Ако имав рак, би користел екстремно потентно и седативно масло (екстракт) со околу 95% ТХЦ, 1-3% ЦБД!

ЗДРАВО ПОЧИТУВАНИ СОБОРЦИ! Канабисот е докажан природен универзален и најбезбеден лек за секакви форми  на заболувања особено канцери и малигни клетки, конкретно озлогласената состојка ТХЦ! Сакаме да Ве потсетиме на правилата за дозирање екстракти според Протоколот на активистот Рик Симпсон, кој веќе детално го имаме објаснето на блогов и воедно прочитајте што додава неговиот пријател активистот Jindřich Bayer


Лекот е бесплатен ако знаете како да си го направите сами!
ТХЦ лекува рак, а не хемотерапијата! Тоа го потврдува и професорот д-р Роберт Меламед, но и многу други доктори, како на пример д-р Санџај Гупта и научници кои спровеле голем број на научни студии на луѓе, за што подетално можете да прочитате на нашиов блог. Сакаме да Ве потсетиме на правилата за дозирање екстракти според Протоколот на активистот Рик Симпсон, кој веќе детално го имаме објаснето на блогов. Книгата „Лекот за рак“ Протоколот на Рик Симпсон на англиски можете бесплатно да ја симнете на следниов линк. Имено неговиот пријател активистот Јиндрих Бајер (Jindřich Bayer) кој ја има напишано книгата, којашто делумно е преведена на блогов, уште во 2015 година од неговите искуства со пациентите на една научна конференција за канабисот во Прага вели вака:

Ако имав рак, би користел екстремно потентно и седативно масло (екстракт) со околу 95% ТХЦ, 1-3% ЦБД, и јас би јадел колку што е можно повеќе од него колку што е можно побрзо, додека би останал во мојата зона на удобност. 60 грама во период од 2-3 месеци за свежо дијагностицирани пациенти, 120-180 грама во текот на 6 месеци за оние по хемотерапија и / или зрачење

Темјанот и смирната се добредојдени за подобро здравје!
Започнете со 1-5 мг масло кога е можно за да ги избегнете проблемите. Ако некој сака да додаде јаки ЦБД масла во протоколот за масло од канабис, тоа е нивна одлука. Тоа може да помогне, но може и да нема влијание, кој знае. Локална употреба (мачкање на кожа), супозитории, внесување (јадење) на маслото, вапоризирање за контрола на расположението или акутни состојби.

Ако сакате да ги зголемите ефектите на маслото врз имунолошкиот систем и ако сакате да му помогнете на телото да се регенерира од ДНК ниво, голтајте 1-5 грама темјан дневно и околу еден грам смирна секој ден, во три или повеќе дози дневно. Плус семе од коноп и цедење сок (од канабис), ако имате здрави растенија за работа и доколку не сте алергични на растителните материјали во маслото. Се разбира, исто така е добро да се знае дека прочистените декарбоксилирани масла од канабис, исто така може да се користат за да се спречи ракот пред истиот да се појави. Превенцијата е најдобриот пристап, нели?“ - Најдобри желби, JB ;)

Не заборавајте дека по терапијата со екстракт од канабис, дури и кога пацентот е веќе во сигурна ремисија, пожелно е да се продолжи со одредена превентивна доза масло за одржување уште некој извесен период и добредојдено е тие лица и понатаму во текот на животот покрај тоа што треба да продолжат со здравите животни навики, исто така (барем повремено) треба да го користат канабисот во било која форма.

Презентации од конференцијата за медицинска канабис во Прага
* Основен протокол: www.hempcures.work

Панел дискусија за канабисот


Уредник и новинар: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Протоколот на Рик Симпсон - CURE FOR CANCER!

Воведни инструкции за дозирање на канабисово масло

За авторот Јиндрих Бајер на книгата „ЛЕКОТ ЗА РАК“ - Протоколот на Рик Симпсон и содржина

Како да се подобри Протоколот на Рик Симпсон? Со додавање на темјан!

Инструкции за дозирање канабисово масло кај пациенти оштетени од хемотерапија и радијација

ДОКАЗИ од пациенти излечени од рак со РСО! - 1 дел (стр. 76 - 80) извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“

Сведоштва на пациенти излечени од канцер со РСО! - 1 дел (стр. 52 - 55) извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“

Сведоштва на пациенти излечени од канцер со РСО! - 8 дел (стр. 74 - 76) извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“

Супозитории!!! Операција или масло? (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 99 - 101)

Квалитет на животот. Зошто е наречено РСО? (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 116 - 119)

Животни - Сведоштва - 2 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 113 - 116)

Комплетен водич за употреба на медицинска марихуана кај постари лица

Дозирање на домашно масло од канабис кај деца и почетници

Д-р Боб Меламед е лут што по сите истражувања сè уште не зборуваме дека „Канабисот го третира ракот“

Доза за одржување канабисово масло на крајот од лекувањето (maintenance dose)

Марихуаната најдобро делува внесена анално (ректално) и вагинално!

Истражувачка колумна: Интравенскиот Витамин Ц е убиец на ракот и ФДА сака да го забрани + неколку вкусни конопнo-овошни пијалaци

Шокантни нови студии: Половина од пациентите со рак се убиени од хемотерапија, а не од рак

Хемотерапијата го распространува ракот низ телото - предупредуваат научниците

Сè повеќе пациенти со канцер одбираат канабисово масло наместо хемотерапија

Како кетогената исхрана ги ослабнува клетките на ракот?

Други природни терапии што можат да помогнат за време на лекувањето со масло од канабис

Орално или ректално внесување на дозата канабисово масло?

Saturday, May 4, 2019

Аргентина го доби најмладиот канабис доктор, а Македонија сè уште апси активисти и пациенти!

Фресија Силва Софрас (Fresia Melina Silva Sofrás) е биолог, магистер по фармација и во тек на докторски студии за канабис на Универзитетот во Буенос Аирес, стипендирана од страна на државниот совет за научни и технички истражувања во Аргентина. Македонија и понатаму апси и става во затвор активисти и пациенти!


М-р Фресија Силва Софрас од Аргентина
Фресија родена е во Ескел има 26 години и ќе стане првата докторка во државата за медицинска употреба на ова растение. При Една емисија на радио каналот АМ 550 таа го нагласила лековитиот потенцијал за третман на некои патологии со доволна научна евиденција која ја поткрепува примената, не само од маслото, туку од целото растение! Помеѓу патологиите во кои се потврди придобивката од канабисот е мултиплекс склерозата, намалување на епилептични напади, зголемување на апетитот кај луѓе со оштетен имунитет, намалување на гадење и повракање при хемотерапија. Покрај контактот со аргентинските организации кои се одговорни за распространувањето и применувањето на канабисот, Фресија има блиско искуство со користењето на маслото од канабисот, кај нејзината сестра која страда од фибромијалгија. Соборците коишто разбираат шпански, можат да го слушнат разговорот при нејзиното гостување во радио емисијата „Пат кон ноќно пристаниште“, на овој линк.


Поддржувачите на канабис знаат да уживаат во секојдневието!
АПЕЛ до Министерствата за образование, здравство и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република (Северна) Македонија: Кога ќе ја стипендирате Моника Ристеска која речиси 10 години е неуморен активист за легализација на канабисот во сите области од животот и која е Претседател на регистрираното здружение за демистификација на канабисот во Македонија „420 Македонија - Скопје“ - секојдневно објавува: видеа, статии, вести и научни студии за употребата на канабисот на македонски јазик на овој блог, им објаснува на пациентите како да користат канабис и екстракти кај различни дијагнози и им објаснува како самите да си го подготват лекот во домашни услови (затоа што екстрактите од аптека се преслаби за да излечат дури и настинка!), снима интервјуа со македонски пациенти кои користат канабис и македонски познати личности и самата е медицински корисник на канабисот за контрола на нејзините трауми, поради апсењата и го користи канабисот во форма на маст за нејзините (сега веќе болни и проширени) вени на нозете. Моника не е криминалец, туку интелектуалец и корисник на медицински канабис.


М-р Моника му направи интервју за канабисот на Кили!
Моника родена е во Полска има 30 години и цело свое образование го заврши тука, моментално е запишана на нејзиниот втор факултет - запишана е на Факултетот за земјоделски науки и храна и оваа академска година за неа е пропадната, бидејќи ја ставивте 2 месеци во притвор и не можеше да се вклопи после таа ТРАУМА која засекогаш ќе остави белег во нејзината психа, плус сега е осудена на 5 години условна казна! Таа веќе има завршено едни додипломски студии по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ (просек 9.08) и е магистер на ЕСРА Приз-Скопје-Њујорк по продукција на филм, радио, телевизија и театар (просек 10.00). Таа е лидер, мотивациски говорник, хуманист, крводарител, екологист, учесник во школата за млади лидери на Претседателот Ѓорѓе Иванов, работи како судски преведувач од полски на македински јазик и обратно и многу сака да учи, а е НЕВРАБОТЕНА и живее сама од благодарноста на пациентите! Кога за неа ќе обезбедите соодветно работно место и стипендија за да го заврши факултетот што го започнала, па поедуцирана на темата да може да ви помогне на Вашите легални плантажи за канабис?!?!? Никој повеќе од неа не заслужува да ја добие наградата за своето дело и упорност. Да не беше Моника и неколкумина други, никој немаше да може да произведува канабис во МК - затоа што и понатаму ќе беше ТАМУ ТЕМА!!!


Уредник: MoniQue Konopova
Извори: Ar.radiocut.fmMejorinformado


Моника знае и да одгледува канабис!
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: