Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Пластиката од коноп станува сѐ поприфатлива опција како еколошка алтернатива на пластиката базирана на јаглерод. Не само што овој био-пластичен производ се добива на безбеден начин од одржлив извор - конопни растенија, тој исто така е биоразградлив и може да се рециклира!
Во 2017 година, глобалната потрошувачка на стандардна пластика (со животен век од 500 години или повеќе) достигна нови врвови, со околу осум милиони метрички тони пластика што завршуваат во океаните на годишно ниво. Покрај обидите за намалување на оваа бројка со едукација за селектирање отпад и рециклирање, потребата да се развијат биоразградливи, компостибилни алтернативи на пластиката базирана на петролеј е од суштинско значење за нашата иднина. Многу компании од целиот свет напредуваат во производството на пластични производи базирани на коноп. Во САД од донесувањето на Farm Bill во 2014 година, со што се овозможија вистински иновативни скокови за производство на коноп, сега компаниите можат законски да одгледуваат и преработуваат коноп за истражувачки цели. Веќе има околу 19 држави кои учествуваат во оваа програма, а сите ги следат новите потенцијални апликации на конопот. Кога станува збор за пластиката, компаниите како American Hemp, c2renew и други, веќе се стремат кон подобри, поодржливи производи базирани на коноп.
Пластиката од коноп е само навраќање кон иновациите од старите денови, поради тоа што конопот илјадници години се користел како градежен материјал и суровина за многу производи. Дури и Америка трошела околу 3000 тони коноп годишно пред забраната, која започнала на почетокот од 20 век. Издржливи јажиња, ткаенини, индустриска суровина за градежни материјали и друго, беа правени од коноп. Зборот платно (canvas) произлегува од зборот канабис (cannabis), бидејќи конопот бил најчестиот материјал што се користел за изработка на платнени едра во минатото.
До 1930-тите, конопот веќе бил во употреба за производи како што се: целофанска фолија и еден вид компостибилен стиропор. Хенри Форд успеа не само да дизајнира, туку и да создаде автомобил речиси целосно направен од конопна пластика во 1940-тите. Тој сакал овој автомобил да е целосно еколошки со тоа што наместо со стандардно гориво, требало да работи со помош на прехранбено масло од коноп и семе од други зеленчуци. Конопното возило на Форд се потпираше само на метална рамка, затоа беше за 500 килограми полесно во споредба со стандардните возила. Исто така, пластиката од коноп е далеку поотпорна на оштетување, па не е чудно зошто овој конопен автомобил не започнал масовно да се произведува...
Причината зошто конопот е идеален за производство на пластика се сведува на нешто што се вика целулоза. Секоја пластика, без разлика од што е добиена, има потреба од целулоза во својот состав. Петролејот долго време беше извор на оваа целулоза, но сега компаниите се во потрага по поодржливи и еколошки материјали. Конопот е совршена замена за петролејот, со оглед на тоа што ова растение по природа е околу 80 проценти целулоза. За разлика од петролејот, конопот може да се одгледува органски (без пестициди) и не е токсичен.
Според Canopy Corporation, иднината на пластиката од коноп е светла! Автомобилските компании ширум Европа се оддалечуваат од пластиката базирана на петролеј во целост, за изработка на контролните плочи и другите дизајнерски делови во новите модели на автомобили. Големиот број на делови формирани од конопна пластика ја демонстрира употребливоста како материјал. Придобивките од пластиката од коноп далеку ги надминуваат конвенционалните пластики базирани на нафтени деривати. На пример, проценето е дека фибергласот од коноп чини само 50 до 70 центи за половина килограм, во споредба со од 5 долари па нагоре за половина килограм фиберглас базиран на јаглерод. Освен тоа, производите од коноп постојано се докажуваат како потрајни и поиздржливи и секогаш се многу полесни. Се очекува во многу блиска иднина целиот свет да користи биоразградливи пластични алтернативи како што е конопот. Во моментов, пластиката од коноп се користи за да се направат: звучници, гитари, филаменти за 3D печатачи и илјадници други предмети.
Моменталната канабис ренесанса, ако не со друго, изобилува со начини на консумирање. Тешко е да се апсорбира доволно од лекот преку белите дробови, а желудочните киселини се вмешуваат кога канабисот се јаде. Ректално е многу попрепорачливо, поради волуменот на апсорбција. Може да се аплицира многу повеќе лек и лекот се апсорбира многу подобро
Направете си чепчиња со масло од канабис!
Консументите на канабис можат да ја консумираат лековитата трева на различни начини со цел да се ослободат од болките, да ги третираат своите дијагнози или превентивно да уживаат. Сите начини на консумирање канабис се медицински и корисниците можат да вапоризираат (со помош на специјални испарувачи), да пушат цвет, екстракт, хашиш или киф во вид на цигара или со помош на бонг, да го нанесуваат топично (на кожа) во вид на мелеми, креми, масти, потоа да го консумираат канабисот во форма на капсули, екстракти, тинктури и напитоци, преку цел спектар на прехранбени производи и да искусат незаборавен хај преку дебинг на канабисова смола или хашиш.
Всушност, спомнавме повеќе различни начини за консумирање канабис без истиот да се пуши. Според мислењето на научниците и искуствата на пациентите, едноставно можете да го ставите екстрактот од канабис (растворен со кокос/какао или шеа путер во вид на чепче/супозиторија/вагиналета) во аналниот отвор, за да ги искористите сите придобивки од лекот, без да почувствувате многу од психоактивниот ефект на ТХЦ-то. Ректалното консумирање е идеално за оние пациенти кои се лекуваат од сериозни дијагнози, како канцерот и мораат да внесуваат големи дози на масло, а треба да останат будни и фокусирани во текот на денот, поради работата. „Клучната поента за ректалната администрација е да се избегне психо-активноста, додека се постигнува висока доза од канабиноидната терапија. Ако се залагав за администрација на високи дози, би го користел оралниот пат, сè додека повеќе докази не ја откријат динамиката на ректалниот пат“ - објаснува д-р Џефри Хержонрејдер.
Иако некои доктори се против пушењето канабис, научно е докажано дека димот од канабисот е различен со димот на тутунот и дека не претставува канцероген, т.е. не влијае негативно, туку позитивно на здравјето на белите дробови и на целокупното здравје на корисникот. Иако претставници од медициската заедница од САД и Канада веруваат дека пушењето канабис е најконтрапродуктивен начин за консумирање на оваа билка во медицински цели, постојат пациенти ширум светот кои го претпочитаат токму овој начин, затоа што им дава инстантно олеснување од болките, нападите и треморот (погледнете го видеото подолу!). Д-р Михаил Коган (Mikhail Kogan) е медицински директор на Центарот за Интегративна Медицина од Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон, САД, кој мисли дека болните луѓе треба да си помогнат себеси со друг метод на дозирање: анална/ректална апликација во форма на чепче/супозиторија.
Со помош на ректалната апсорпција канабиноидите веднаш навлегуваат во крвотокот, на некој начин заобиколувајќи го мозокот и ЦНС. Huffington Post Canada го сумира аспектот на Коган: „Тешко е да се апсорбира доволно од лекот преку белите дробови, а желудочните киселини се вмешуваат кога канабисот се јаде. Ректално е многу попрепорачливо поради волуменот на апсорбција. Може да се стави многу повеќе и лекот се апсорбира многу подобро, но не секој е спремен за овој начин на администрирање“. Затоа постои шема за полесно и побрзо развивање на толеранција кон големи дози на канабиноиди со постепено зголемување на јачината на супозиториите (првите се со по 0,1; следните со 0,2 екстракт од канабис, а последните со по 0,3 екстракт од канабис). За женски проблеми, чепчињата може да се користат како вагиналети, затоа што екстрактот секогаш е најдобро кога се администрира што е можно поблиску до болното место.
Покрај тоа што сите поседуваме ендоканабиноиден систем, мозочните клетки имаат рецептори за THC, кое природно ја имитира молекулата невротрансмитер наречена Анандамид! Што е тоа анандамид? Каква е врската на анандамидот со плодноста, меморијата и учењето?Како THC ја имитира молекулата невротрансмитер? Кои се други извори на анандамид? Која храна го стимулира мозокот и дава добро блажено чувство?
ТХЦ и Анандамидот не случајно се толку слични!
Анандамид
Што имаат заедничко: желбата за чоколадо и глувците кои забораваат? Одговорот е: анандамид. Неговото име доаѓа од ANANDA, санскритски збор за „блаженство“. Состојбите, како што се: munchies (зголемен апетит за специфична храна, на пр. благо особено чоколадо), плодност и меморија и сл., се поврзани со молекулата гласник наречена anandamide. Оваа молекула придонесува за пренесувањето пораки до мозокот во врска со: болка, расположение, депресија, апетит, меморија и плодност. Невротрансмитерот анандамид е изолиран во чоколадото. Интересно е тоа што анандамидот се создава природно во мозокот. Анандамидот, како и другите невротрансмитери, се распаѓа брзо откако е произведен. Откритието на Anandamide може да доведе до развој на сосема ново семејство на терапевтски лекови. Хемиската структура на анандамидот обезбедува увид во процесите кои влијаат врз човечкото однесување на молекуларно ниво.
Во 1988 година, беа откриени специфични рецептори за THC (тетрахидроканабинол - фитоканабиноид, активната состојка во марихуаната). ТХЦ не се наоѓа природно во телото. Активната состојка во марихуаната ТХЦ се врзува со рецепторите, кои претставуваат структури на површината на клетките во кои одредени молекули може да се заклучат, со што е можно да се пренесе сигнал преку клеточниот ѕид. „Активната состојка ќе се заклучи со протеинот на мембраната на клетката, а тоа ќе предизвика реакција во клетката“ - објаснува д-р Дитомасо. Во случајот на ТХЦ, таа хемиска реакција е она што причинува корисниците да се чувствуваат воздигнато и блажено.
Молекуларната структура на ТХЦ е многу слична со онаа на анандамидот. Сличноста му овозможува на канабиноидот ТХЦ да ги имитира функциите што оваа молекула трансмитер ги прави. Анандамидот многу брзо се распаѓа, не дозволувајќи им на луѓето да достигнат хај и да го одржат „природниот хај“. На ТХЦ му треба повеќе време за да се распадне, давајќи му на корисникот психо-активно возвишено чувство. Долгата јаглеводородна опашка на анандамидот го прави растворлив во маснотии и овозможува лесно да се лизне низ завесата богата со јаглеводород, што го изолира мозокот од крвотокот. Забележете дека тродимензионалната форма на молекулата анандамид силно наликува на онаа на THC. Но, за разлика од ТХЦ, анандамидот е многу понежен и побрзо се распаѓа во телото. Тоа објаснува зошто анандамидот не произведува постојан природен „хај“.
Нервните клетки комуницираат со ослободување на специјални молекули налик на „клучеви“ кои се пресретнати од други нервни клетки. Постојат многу различни видови на молекуларни клучеви, секој со свој карактеристичен облик. Површините на целните нервни клетки се обложени со рецептори, кои се како „брави“ за да се совпаднат со „клучевите“. Кога клучот се вклопува во рецепторот, површината на нервната клетка се менува на некој начин. На пример, кога молекулата-клуч се заклучува во рецепторот на површината на нервната клетка, таа отвора врата во мембраната која им овозможува на хлоридните јони да допловат во клетката. Досега непознатиот природен молекуларен клуч, т.е. специфичен „блаженствен рецептор“ за THC, беше изолиран од израелскиот научник д-р Рафаел Мешулам во 1992 година: арахидонил етаноламид (arachidonyl ethanolamide), подоцна наречен „анандамид“. Тој успеа да го изолира анандамидот како „блажена“ трансмитер клетка, што THC ja емитира. Д-р Мешулам успеа да го изолира ТХЦ многу порано, во 1964 година.
Значи клетките невротрансмитери како анандамидот се како „клуч“ што може да се прикачи како за „брава“ на рецепторите од нервните клетки. Откако клетката гласник ќе најде добра врска со рецепторот, таа може да се закачи и да ја отвори нервната мембрана за да овозможи хлоридните јони да влезат во клетката. Ова го изедначува товарот внатре и надвор од клетката. „Клучот“ мора да се отстрани, за да ѝ овозможи на нервната клетка да работи повторно. Ензимите ги разбиваат „заклучувачките“ трансмитерни молекули по одредено време. Нервните клетки ќе престанат да работат, доколку молекулата гласник остане.
Значи клучевите мора да се отстранат повторно од бравата или нервната клетка трајно ќе остане блокирана. Одредени ензими се создаваат во телото за да ги отстрануваат (со деградирање и уништување) клучевите по одреден временски период, така што нервната клетка може да се врати во функција. Лековите (фармацевтските) кои имаат силен ефект врз централниот нервен систем, честопати имитираат природни молекуларни клучеви. На пример, морфинот е супстанца создадена за спречување на болката, којашто е во можност да се заклучи во „опиатскиот рецептор“ присутен на нервните клетки. Научниците сметаат дека бидејќи морфинот не е природно присутен во телото, мора исто така, да постои природна клуч-молекула со многу слична форма која го активира овој рецептор. Природните клучеви се покажаа како молекули наречени енкефалини (enkephalins). Иако синтетичкиот морфин е само лоша копија на природниот енкефалин, тој е многу помоќен (и создава поголема зависност) од енкефалините, бидејќи ензимите создадени за нивно уништување не можат да го отстранат од рецепторите.
Разликата на морфинот и канабисот е во тоа што канабисот не е синтетички и природно се совпаѓа со нашиот систем. Подоцна беа воведени „подобрени“ фалсификати на енкефалините кои создаваат помалку зависност од морфинот: кодиен (codiene) и демерол (demerol). Истражувачите почнаа да бараат места на рецепторите за да го објаснат делувањето на други лекови, супстанци и токсини на сличен начин.
Се покажало дека анандамидот создава или уништува краткотрајни мемориски нервни конекции. Во студии на животни, зголемувањето на анандамидот резултира со заборавање, но ова е здраво заборавање. Анандамидот помага да ги задржите информациите како: Каде сте го паркирале вашиот автомобил или каде сте ги оставиле клучевите? Тоа ви овозможува да ги заборавите непотребните информации како: Облеката или фризурата на случајните минувачи. Познат експеримент прочуен како Morris Water Maze, покажува што се случува со краткорочната меморија кога анандамидот е инхибиран. Глувците се ставаат во базен со вода за тестирање со платформа, за да можат да се искачат надвор од водата. Платформата се отстранува, откако глувците ќе запомнат каде е ставена. Глувците природно ќе ја бараат платформата и потоа ќе сфатат дека ја нема. Тие потоа ќе се фокусираат на преживување со пливање. Глувците со администриран лек за блокирање на анандамидот, вечно продолжуваат да ја бараат платформата, затоа што тие (постојано) забораваат дека платформата не е таму.
Анандамидот ензимично се синтетизира во областите на мозокот кои се важни за меморијата и за повисоките мисловни процеси и во областите кои го контролираат движењето. Тоа значи дека функцијата на анандамидот не е само да произведе блаженство, тој постои заради нешто многу поважно. Врските помеѓу нервните клетки се поврзани со учењето и меморијата. Нервните клетки можат да направат нови врски и да ги уништат старите. Повторната употреба на врската ја прави посилна; Некористењето на таа конекција може да предизвика загуба на врската. Некои биохемиски докази сугерираат дека анандамидот игра клучна улога во создавањето и уништувањето на краткотрајните невронски врски. Студиите на животни укажуваат на тоа дека анандамидот предизвикува заборавање. Се претпоставува дека супстанциите кои го задржуваат анандамидот од врзување кон неговиот рецептор, може да се користат за третирање на губењето на меморијата. Земјоделскиот истражувач Гери Веснер (Gary Weesner), ја проучувал ефективноста на анандамидот како животински седатив. „Свињите [третирани со анандамид] одат помалку и лежат повеќе“ - истакнува Веснер. „Гледаме намалена телесна температура и побавно дишење - сите индикатори се во согласност со смиреноста“ - додава тој.
Анандамидот дејствува како сигнализатор кога ембрионот се врзува за женската матка. Всушност, анандамидот е во повисока концентрација во матката, отколку во мозокот. Сперматозоидите содржат рецептори кои ја прифаќаат молекулата анандамид. Теоретски, нарушувањето на функцијата на анандамидот може да има врска со плодноста. Повеќе истражувања се потребни за да се испита односот помеѓу плодноста и лековите (фармацевтските) кои делуваат како анадамидот. Ако ТХЦ може да се заклучи во анандамидните рецептори, постои можност овој канабиноид да се меша со сигнализацијата помеѓу матката и ембрионот, што сугерира дека може да биде лек за неплодност.
Нашето тело е создадено да консумира канабис! Сите имаме ЕКС!
Надвор од мозокот, анандамидот дејствува како хемиски трансмитер помеѓу ембрионот и матката, за време на имплантацијата на ембрионот во ѕидот на матката. Тоа е една од првите комуникации што се јавуваат помеѓу мајката и детето. Највисоките концентрации на анандамид во телото не се наоѓаат во мозокот, туку во матката непосредно пред имплантацијата на ембрионите и ова го потврдуваат направените досега студии на животни. Концентрацијата на анандамид се менува како што матката станува поприфатлива за имплантација на ембриони. Истражувачите успеале да пронајдат дефинитивна цел за анандамидниот сигнал на матката: двоклеточните ембриони на глувците содржат повеќе анданамидни рецептори од било кое познато ткиво, вклучувајќи го и мозокот.
Храна која дава добро блажено чувство! Која е сличноста на чокладото со канабисот?
Чоколадата има слична структура како анандамидот, односно како THC. Д-р Даниел Пиомели (Daniele Piomelli) го проучувал ова како научник во Институтот за неврологија во Сан Диего (Neuroscience Institute in San Diego), Калифорнија, кој го водел овој проект и продолжува да истражува во Институтот за неврологија, заедно со д-р Емануел Дитомасо (Emmanuelle diTomaso) кој веќе го споменавме и кој работеше на оригиналната студија во Сан Диего (сега е истражувач на Харвард). Чоколадото содржи повеќе од 300 познати хемиски состојки. Научниците работат на изолирање на специфичните соединенија кои можат да објаснат некои од пријатните ефекти од консумирањето чоколадо. Д-р Пиомели заедно со своите соработници открил дека темната чоколада има три соединенија кои го имитираат анандамидот и силно личат и делуваат како него. Тие веруваат дека „чоколадото содржи фармаколошки активни супстанции кои имаат ист ефект врз мозокот како марихуаната и дека овие хемикалии може да бидат одговорни за желбата за чоколадо“. Еден од најпознатите пријатни ефекти на јадењето чоколадо е „доброто чувство“ што го дава, затоа многумина се зависни од чоколадо, кое создава многу поголема зависност од канабисот.
Други извори за Анандамид
Кофеинот е најпозната состојка (ја има во чоколадата во мали количества) што делува на сличен начин стимулирајќи го нашиот мозок, додека пак, теоброминот е слаб стимуланс, исто така присутен во чоколадата во малку повисоки количества. Комбинацијата на овие две хемиски состојки (и можеби и други непознати) може да го обезбеди тоа „чувство на воздигнување“ кое е искуство од јадењето чоколадо. Фенилетиламинот, исто така, се наоѓа во чоколадата. Тој е поврзан со амфетамините, кои се силни стимуланси. Сите овие стимуланси ја зголемуваат активноста на невротрансмитерите (мозочните хемиски сигнализатори) во делови на мозокот кои ја контролираат нашата способност да обрнеме внимание и да останеме свесни и дубни. Додека стимулансите придонесуваат за привремено чувство на благосостојба, постојат и други хемиски состојки и соединенија и други теории за тоа: зошто чоколадата прави да се чувствуваме добро? ТХЦ, сепак, не се наоѓа во чоколадото...
Чоколадата и ТХЦ се однесуваат поинаку како трансмитери. Пиомели вели: „Одговорот на ТХЦ и на анандамидите од чоколадата воопшто не е ист, дури и ако концентрациите би можеле да се направат споредливи“. Чоколадото може да создаде блажено чувство, додека не дава континуиран психоактивен хај. Неодамна тој пронајде молекула којашто природно се јавува во телото, којашто го имитира анандамидот. Анандамидот не е единствената молекула слична на THC чија функција е сигнализирање во мозокот. Природно произведениот sn-2 арахидонилглицерол (2-AG), исто така, може да се заклучи во блаженствениот рецептор. Sn-2 арахидонилглицерол (Sn-2 arachidonylglycerol - [2-АГ]) може да се „заклучи“ во истите блаженствени рецептори. Оваа молекула е уникатна поради тоа што функционира за 170 пати поконцентрирано од анандамидот. Молекулите на 2-АГ се наоѓаат во различни делови од мозокот. Д-р Пиомели објаснува дека функциите на анандамидот и 2-АГ се комплементарни, едно со друго прават целина, се надополнуваат.
Научниците, исто така, откриле соединенија кои го блокираат распаѓањето на анандамидот. Д-р Пиомели и неговиот тим пронајдоа други хемикалии во чоколадо, кои може да го инхибираат природното распаѓање на анадомидот. Ова значи дека природниот анандамид може да се задржи подолго од нормално, со што се чувствуваме прекрасно подолго кога јадеме чоколадо и ете зошто консумирањето канабис и чоколадо одат рака под рака. Пиомели шпекулира дека дел од задоволството од чоколадата, доаѓа токму од анандамидот и N-ацилетаноламините (N-acylethanolamines) кои го задржуваат анандамидот. „Зборуваме за нешто многу, многу, многу, многу поублажено од хајот“ - вели тој.
Сепак, ефектот на чоколадата и канабисот не може да се изедначи, иако има сличности на молекуларно ниво. Значи како што кажавме, одговорот на THC и на анандамидите на чоколадата воопшто не е ист, дури и ако концентрациите може да се направат споредливи. „Можеби ќе можеш да го подобриш расположението со блокирање на распаѓањето на анандамидот. Тоа не е само нешто фино што го направивме, така што сега знаеме повеќе за чоколадата. Се надеваме дека тоа може да придонесе за помагање во лекувањето на ментални болести“ - истакнува д-р Пиомели. Разбирањето на тоа како функционираат овие механизми, може да дозволи позитивните лековити ефекти на природниот невротрансмитер анандамид и на безбедниот фитоканабиноид ТХЦ терапевтски да се експлоатираат без негативни последици.
Повеќебројните симптоми на фибромијалгија може да бидат предизвикани од дефицит во ендоканабиноидниот систем. Додавањето канабиноиди во телото преку употреба на канабис може да помогне да се врати овој систем во баланс. Способноста да се тестираат ендоканабиноидните нивоа кај пациентите со фибромијалгија и да се споредат со оние на здравите контролни групи, би помогнала да се потврди теоријата за клинички ендоканабиноиден дефицит
Фибро вклучува различни симптоми
Фибромијалгија претставува појава на хронична, широкораспространета болка и алодинија (зголемен и болен одговор на притисок). Точната причина за ова е непозната, меѓутоа се верува дека во себе вклучува психолошки, генетски, невробиолошки фактори и фактори од околината. Симптомите на фибромијалгија не се ограничени само на болка, туку вклучуваат и сериозен замор, нарушување на сонот и намалена зглобна подвижност. Заради овие особености во употреба е и називот синдром на фибромијалгија. Лошиот стил на живеење во кој спаѓа пушење тутун, прекумерна тежина и недостиг на физичка активност, може да го зголеми ризикот за појава и равој на фибромијалгија.
Во 2014 година анкета спроведена врз повеќе од 1.300 пациенти со фибромијалгија од страна на американската National Pain Foundation и Националниот извештај за болка (National Pain Report) покажа дека медицинската марихуана е поефикасна од: Lyrica, Cymbalta или Savella, трите лекови одобрени од страна на Управата за храна и лекови (FDA) за лекување на нарушувањето. Ефикасноста на тие три фармацевтски лекови е дискутабилна, бидејќи пациентите ја потврдуваат нивната неефикасност. Постојат растечки (не само анегдотски) докази дека марихуаната ја ублажува болката од фибромијалгија, но потребни се повеќе истражувања на оваа тема. Нелегалноста на канабисот им отежнува на истражувачите да ги проучуваат својствата на растението за олеснување на болките. Досегашните студии покажуваат дека канабисот и неговите деривати се корисни, особено за олеснување на акутните и хронични болки.
Но, зошто се чини дека канабисот функционира толку добро? Д-р Итан Русо (Ethan Russo), медицински директор на PHYTECS, смета дека повеќебројните симптоми на фибромијалгија може да бидат предизвикани од дефицит во ендоканабиноидниот систем на организмот (ECS), состојба што ја нарекува клинички ендоканабиноиден дефицит (Clinical Endocannabinoid Deficiency - CED). Причината зошто канабисот е толку ефикасен е затоа што тој едноставно го надоместува она што му е потребно на телото. Кога имаме недостаток од нашите сопствени ендоканабиноиди, треба да внесуваме канабиноиди. Ова може да се спореди со недостатокот на витамини и минерали во нашето тело, па луѓето земаат додатоци во исхраната за надоместување на тој дефицит, на пример на витамин Д или Б12.
Д-р Русо ги истражува доказите за поткрепа на неговата хипотеза, објавени во преглед насловен: „Клинички ендоканабиноиден дефицит кој се преиспитува: тековните истражувања ја поддржуваат теоријата кај мигрена, фибромијалгија, синдром на иритабилни црева и други синдроми отпорни на третман“ (Clinical Endocannabinoid Deficiency Reconsidered: Current Research Supports the Theory in Migraine, Fibromyalgia, Irritable Bowel and other Treatment-Resistant Syndromes). Додека неговата идеја сè уште е теоретска, има некои рани истражувања кои покажуваат дека овој научник е во право. Ендоканабиноидниот систем е составен од канабиноидни рецептори во мозокот, 'рбетниот мозок, нервите, цревата, органите и другите ткива во телото. Погледнете ги видеата на крајот од оваа статија, коишто претставуваат снимки од неговите предавања и семинари, кадешто многу убаво ги објаснува механизмите на дејствување на канабисот во нашите тела.
ЕКС му помага на телото да одржува хомеостаза и е вклучен во голем број физиолошки процеси, меѓу кои и сензација на болка, расположение, метаболизам, меморија и апетит, меѓу другите. Телото природно ги создава ендоканабиноидите - ист вид на активни соединенија пронајдени во канабисот - кои го хранат ендоканабиноидниот систем и го одржуваат неговото најоптимално функционирање. Фибромиалгијата предизвикува разни видови на симптоми низ телото, при што основните се: болки, замор, когнитивни проблеми и тешкотии во спиењето. Одредени други пропратни состојби, како синдром на иритабилни црева (IBS) и мигрена, се многу чести кај лицата со фибромијалгија - толку многу што д-р Русо верува дека сите може да бидат поврзани со недостаток во ендоканабиноидниот систем.
Неговата теорија има смисла. ЕКС игра клучна улога во толку многу од главните системи на телото, па ако навистина е дефектен, тоа би било одговор зошто пациентите со фибро имаат такви различни симптоми. Дополнувањето на ECS со канабиноидите од растението канабис, во теорија, ќе ги ублажи симптомите, бидејќи недостатокот се надоместува. Д-р Русо претпоставуваше дека фибромијалгијата, ИБС и мигрената може да бидат предизвикани од недостаток во ЕКС уште во 2001 година. Неговиот последен преглед дава ажурирање за новото истражување кое го поддржува недостатокот на ЕКС како можен виновник за фибромијалгија, IBS и мигрена. „Дополнителни студии обезбедија поцврста основа за теоријата“ - пишува тој во прегледот - „додека клиничките податоци, исто така, произведоа докази за намалена болка, подобрено спиење и други бенефиции за третман со канабиноиди и придружни пристапи кај животниот стил кои влијаат на ендоканабиноидниот систем“ - додава д-р Русо. Клиничкиот ендоканабиноиден дефицит се базира на претпоставката дека многу нарушувања во мозокот се поврзани со недостатоците кај невротрансмитерите. На пример, допаминот е вмешан кај Паркинсоновата болест, а серотонинот и норепинефринот се поврзани со депресијата.
„Ако е намалена ендоканабиноидната функција, следи дека намален праг на болка ќе биде оперативен, заедно со нарушувања на варењето, расположението и спиењето, помеѓу речиси универзалните физиолошки системи кои ги опслужува ЕКС“ - пишува Русо. Во суштина тоа значи дека ако ECS не работи правилно, тогаш тоа може да биде одговорно за болката, спиењето, дигестивните и други проблеми, толку чести кај пациентите со фибромијалгија. Додавањето фитоканабиноиди во телото преку употреба на канабис може да помогне да се врати ECS во баланс. „Тоа е клуч и брава во вашето тело кои постојат со причина“ - објаснува д-р Јахан Марку (Jahan Marcu), главен научник од Americans for Safe Access. „Ние испраќаме канабиноиди за активирање на овој систем кој би требало да работи. Тоа е вид на грижа за и хранење на ECS за да може да ја заврши својата работа“ - додава тој.
Најдобар доказ за CED доаѓа од италијанската студија за мигрена, која покажала намалени нивоа на ендоканабиноид познат како анандамид, кај пациенти со хронични мигрени, наспроти здравите контролни (испитаници). „Редуцираните нивоа на анандамид во цереброспиналната течност кај хроничните пациенти со мигрена ја поддржуваат хипотезата за неуспехот на овој ендоген канабиоиден систем кај хроничната мигрена“ - се вели во студијата. За жал, италијанската студија веројатно никогаш нема да се повтори во САД, бидејќи бараше ризични и инвазивни лумбарни пункции. Во цревата, ECS го модулира движењето на храната долж дигестивниот тракт, го регулира ослободувањето на дигестивните сокови за да се разложи храната и ги третира воспаленијата.
Канабисот долго време се користи за лекување на проблеми со дигестијата и беше еден од првите ефективни третмани за дијареа предизвикани од колера во 19-тиот век. „За жал, додека многу анкети од пациентите ја потврдуваат користа од канабиноидниот третман за симптомите на ИБС, а изобилната анегдотска поддршка е евидентна на Интернет, малку вистинска клиничка работа е постигната“ - пишува д-р Русо. Неколку студии со употреба на марихуана за фибромијалгија имале позитивни резултати. Генерално, марихуаната се покажа добра за намалување на болката и анксиозноста и подобрување на спиењето и општата благосостојба. „Всушност постојат докази дека нивоата на барем еден ендоканабиноид (анандамид) се зголемува во циркулацијата кај пациентите со фибромијалгија“ - вели проф. Роџер Џи Пертви (Roger G. Pertwee) од Универзитетот Абердин во Шкотска.
„Исто така, постојат значителни докази дека анандамидот често се ослободува на начин кој ги намалува несаканите симптоми како што се болката и спастичноста кај одредени нарушувања. ... Општо е прифатено дека ТХЦ, главната психоактивна состојка во канабисот, може да ја ублажи болката, вклучително и невропатската болка, на пример, преку директно активирање на канабиноидните рецептори. ... Некои не-психоактивни состојки од канабисот, исто така, откриено е дека ги ублажуваат знаците на болка, барем кај животинските модели“ - додава тој. Д-р Русо ја цитира Националната фондација за болка / Националниот извештај од анкета за болка, во својот преглед, велејќи: „Резултатите од истражувањето силно го фаворизираат канабисот наспроти слабо ефикасните лекови на рецепт. Овие резултати, секако, ја поддржуваат итната потреба за поконтинуирани рандомизирани контролирани испитувања на добро формулирани и стандардизирани лекови базирани на канабис кај фибромијалгијата, бидејќи постоечките лекови со регулаторно одобрување се чини дека паѓаат доста под трговската марка“ - додава тој. Повеќе истражувања треба да се направат за да се докаже постоењето на CED.
„Она што навистина ни е потребно се рандомизирани контролирани испитувања за внимателно да го разгледаме ова и тоа се единствениот вид докази што [FDA] и повеќето лекари ќе ги сфатат како прифатливи на крајот“ - вели Русо. МРИ и ПЕТ скенирањата сè уште не се во можност да ги детектираат ендоканабиноидните нивоа кај живите пациенти, но како што напредува технологијата, тоа може да стане возможно. Способноста да се тестираат ендоканабиноидните нивоа кај пациентите со фибромијалгија и да се споредат со оние на здравите контролни групи, би помогнала да се потврди теоријата на д-р Русо. „Ние сме на работ да ја имаме таа способност“ - вели Русо. „Во моите планови е да се гледа во овој вид на нешта во иднина“ - заклучува тој.
Иако конвенционалната медицина тврди дека ја освојува војната против ракот, заедно со холистичката здравствена заедница, ние и порталот Natural News постојано се обидуваме да изложиме една од најголемите измами и отрови познати во човечката историја: ХЕМОТЕРАПИЈА...
Ова може да се избегне со правиот лек!
Со испрани мозоци од страна на модерната медицина, лекарите, онколозите и мејнстрим медиумите, повеќето пациенти со канцери, сметаат дека нивната единствена надеж за преживување е хемотерапијата. Во целиот свет „лекувањето“ на ракот е ГОЛЕМ бизнис, бидејќи индустријата за рак прави билиони долари секоја година. Конвенционалните третмани на ракот не само што се неефикасни, туку се дизајнирани да ги направат пациентите со рак уште поболни. Иако хемотерапијата може да го намали почетниот тумор(и), она што се случува во позадина е далеку поважно. Тоа е една темна и криминална вистина за која се чини дека никој не знае. Хемотерапијата ги убива сите клетки во телото на пациентот - како оние со канцерот, така и здравите ткива, за разлика од канабиноидите (ТХЦ) кои ги таргетираат исклучиво клетките на ракот.
Една нова студија објавена во списанието Science Translational Medicine во 2017 година го докажа она што со години го зборуваме - конвенционалните третмани за рак предизвикуваат повеќе рак. Тим научници од Алберт Ајнштајн колеџот по медицина во Њујорк открија огромни докази дека хемотерапијата е само краткорочно решение. На крајот, овие „лекови“ ќе ве направат повторно болни, ќе се појават метастази, туркајќи ги пациентите кон втор круг на скапи и неефикасни третмани. Ова е трик за генерирање пари: наместо да им помагаат на пациентите да се ослободат од болеста, привремено го „ставаат на чекање“ за да можат двојно или тројно да им земат пари. Хемотерапијата всушност предизвикува здравите клетки да го хранат туморот.
Канцерот е опасен, но хемото уште повеќе...
Хемотерапијата убива повеќе пациенти отколку самиот рак
Научниците од Њујорк објаснија дека иако првично можно е да се намалуваат туморите, хемотерапијата истовремено отвора нови влезови за туморите да се шират во крвниот систем, предизвикувајќи подоцна поагресивни тумори и на другите органи, кои честопати резултираат со смрт. Истражувачите веруваат дека токсичните хемотераписки лекови ги вклучуваат механизмите за регенерација на телото, што им овозможува на туморите да растат побрзо. Понатаму, д-р Џорџ Карајанис (George Karagiannis), водечки автор на студијата и неговиот тим, откриле дека два популарни хемотераписки лекови го зголемиле бројот на „порталите“ во крвните садови, кои дозволиле клетките на ракот да се шират и на други делови од телото. Тимот, исто така, откри дека хемотерапијата го зголемува бројот на клетките на ракот во циркулацијата на телото и белите дробови кај глувците.
Ако маркерите се зголемени, хемотерапијата веднаш да се прекине!
Иако оваа студија ги испитуваше само ефектите на хемотерапијата врз ракот на дојката, истражувачите во моментов експериментираат и со други видови на рак, за да видат дали се случуваат слични ефекти, објави The Telegraph. Д-р Карајанис забележа дека жените кои примаат предоперативна хемотерапија за лекување на рак на дојка, треба да се набљудуваат за да се провери дали ракот не циркулира или создава повеќе можности за ширење. Тој препорачува да се земе мала количина туморско ткиво за испитување, по неколку дози на предоперативната хемотерапија. Ако маркерите се зголемени, хемотерапијата треба веднаш да се прекине! Лицата кои примаат хемо, според протоколот на активистот Рик Симпсон треба да внесат двојно или тројно повеќе екстракт од канабис од препорачаната три месечна доза во краток временски период, не само за лекување на ракот, туку и за да се поправат штетите од хемотерапијата и зрачењето. Отстранувањето на канцерот со операција, исто така, не е трајно решение, скалпелот може да се избегне. Отстранете го канцерот безопертивно со домашно масло од канабис, кое може да си го подготвите сами во вашиот дом!
Оваа студија не е прва што ги демонстрира начините на кои хемотерапијата може да предизвика секундарен или метастатски рак. Во 2010 година, истражувачите од Универзитетот Алабама во Бирмингем (University of Alabama at Birmingham - UAB) од Comprehensive Cancer Center и од UAB Department of Chemistry, добија грант од 805.000 американски долари од програмата за истражување на рак на дојка од американското Министерство за одбрана, за да го истражат тоа дали хемотерапијата го поттикнува ракот да се шири низ телото? После многу студии подоцна, повеќе не можеме да го игнорираме одговорот на тоа прашање. ДА, пациентите умираат од хемотерапија, а не од самиот рак! Се покажа дека таа не предизвикува само секундарни канцери, туку и го забрзува растот на туморот и предизвикува отпор на клетките на ракот на третманот.
75% од лекарите и научниците ќе одбијат хемотерапија за себе или за своето семејство
Зошто да ги труеме болните непотребно?
Што вели овој број за ефикасноста и ризиците од хемотерапијата? Дали овие луѓе знаат повеќе? Што сè кријат од нас мејнстрим медиумите? Поради катастрофалните ефекти врз целото тело и имунолошкиот систем и со исклучително ниската стапка на успех, тројца од секои четири лекари и научници ќе одбијат хемотерапија, според анкетите преземени од Центарот за рак Мекгил (McGill Cancer Center). Дополнително, околу 97% од канцерите не реагираат на хемотерапијата (зошто да ги труеме болните непотребно), но сепак таа останува како конвенционален третман на лекување за скоро секој тип на рак.
Размислете за ова! Кога вашето тело се бори против ракот, последното нешто што му е потребно е повеќе индуцирање на рак, хемикалии за имунитет, нели? Иако, сите научници и лекари знаат дека хемотерапијата е чист отров и може да ги влоши работите, американската агенција за храна и лекови (Food and Drug Administration - FDA) ги оневозможува лекарите да изберат нехемиски (органски) правци, како што се витамини, додатоци во исхраната, билки, канабис, темјан, одредени овошки и зеленчуци, соодветен режим на исхрана и други природни антиканцерогени безбедни решенија, за нивните пациенти. Во изминатите неколку години, една студија по друга ја поврзува хемотерапијата со ракот. Сепак, властите не сакаат да реагираат. Колку повеќе докази им се потребни пред да почнат да признаваат дека има далеку подобар, помалку скап и ефикасен лек - канабис?
Запознајте се со канабисот во чиста, потентна и кристализирана форма. Чистите ТХЦ кристали се најновиот и највозбудливиот тренд во екстракционата технологија. Некои компании имаат постигнато јачина на кристалите до 99,9 % THCA!
Во последно време производителите на канабис ги усовршија концентратите со зголемување на нивната потентост. Постојат разни видови на концентрати. THC кристалите, попрецизно познати како THCA crystalline, не се производ за почетници. Треба да бидете подготвени за да се справите со моќно искуство. Растенијата во свежа форма содржат малку поинаков сет на канабиноиди, отколку што може да очекувате. Свежата трева содржи канабиноиди во кисела, неактивирана фома, наместо ТХЦ - содржи тетрахидроканабинолна киселина (THCA), а наместо CBD - има канабидиолична киселина (CBDA). Овие два кисели канабиноиди, исто така, имаат многу корисни здравствени придобивки, но својствата им се малку поразлични од ТХЦ и ЦБД и тие се помалку проучувани од нив.
Преку напреден процес на екстракција, производителите денес можат да го извлечат THCA, кое потоа кристализира во форма на прав или дијамант, камен. Оттука и името „кристалин“ или ТХЦ кристал. Технички ова е најчистиот канабиноиден производ што може да се најде. Збунувачко е тоа што станува збор за ТХЦА, а екстрактот се нарекува ТХЦ кристал? Ајде да видиме зошто? THCA кристалин останува во својата нестабилна ТХЦА форма, додека корисникот не го подложи на висока температура. Загревањето на THCA ја трансформира молекулата и го отстранува „А“ - процес што се нарекува декарбоксилација, THCA се претвора во THC. Оваа трансформација е причина зошто некои компании ги брендираат своите производи како THC Crystal. Значи, пред да ги загреете чистите THCA кристали, тие се непсихоактивни.
Како што веќе знаеме, секој начин на консумирање на канабисот е лековит и како и секоја друга форма на екстракт од канабис, кристалите имаат широка употреба за многу болести и состојби. Некои компании имаат постигнато до 99,9 проценти THCA. Процесот на екстракција за добивање ТХЦ кристали ги отстранува повеќето, ако не и сите други канабиноиди и терпени. Производот е обично проѕирен, без вкус и нема арома. За разлика од јадењата со канабис, нема да мора да чекате неколку часови за да ги почувствувате ефектите. Кога пушите или вапоризирате THCA кристали, хајот доаѓа речиси веднаш. Оваа непосредност е совршена за лекување на акутни проблеми, како што се: ненадејни болки, повреди, воспаленија, мигрена, стрес, нарушувања на расположението, хроничен замор, анксиозност.
Покрај пушење, дебинг и вапоризирање, големи се придобивките од оралното консумирање на овие (неактивирани) кристали, бидејќи тие лесно се раствораат во храна. Консумирањето ТХЦА (т.е. неактивирано ТХЦ), исто така има свои здравствени придобивки. Можете да го земете во форма на тинктура или капсули. Овие екстракти исто како и маслото од канабис - се 100% безопасни - од нив не може фатално да се предозирате. „Најстрашното“ што може да ви се случи е само многу (слатко) да спиете, затоа не е пожелно да возите автомобил непосредно после употребата, особено доколку сте почетник. Благодарение на непостоењето краткорочни и долгорочни ризици и опасности по здравјето од нивната еднократна и/или континуирана употреба (овие екстракти не создаваат зависност), може да помогнат речиси кај секоја дијагноза, во најмала рака ќе го подобрат расположението на пациентот, ќе му го подобрат сонот, апетитот и метаболизмот, затоа што ендоканабиноидниот систем што сите го имаме во нашите тела ги регулира сите останати системи. Досега има многу малку студии конкретно за придобивките од THCA, сепак, прелиминарните истражувања сугерираат употреба кај:
Деталниот процес на производство на чист ТХЦ кристалин концентрат е добро чувана тајна. Првиот чекор е првичната екстракција. Ова се прави со користење на стандардни процедури за екстракција, кои ја штитат осетливата молекула на THCA. Повеќето производители користат технологија со ниска топлина, како што е СО2 екстракција, за да го направат тоа. Откако ќе се добие првичниот екстракт, тој сè уште содржи голем број на други соединенија, масти, канабиноиди, терпени и слично. Тие се отстрануваат преку серија различни миења, користејќи специфични раствори во зависност од соединението. На пример, процесот може да вклучува ацетатно перење и хексан перење, сè со цел да се добие изолирано ТХЦА.
Потоа се изведува втората фаза наречена „препаративна хроматографија“ (preparative chromatography), каде што прочистениот екстракт поминува низ различни медиуми и филтри, за да се отстранат понатамошните соединенија. Екстрактот со ралични брзини поминува низ променливи медиуми, додека не се постигне саканата концентрација. По толку многу преработки, екстрактот сè уште содржи неколку непосакувани состојки. Оваа завршна фаза на обработка е потребна за целосно да се „исчисти“ конечниот екстракт. Ова ги отстранува сите хемикалии од процесот на екстракција кои не се погодни за човечка употреба, за на крајот да се добие 100% безбеден лековит продукт.
Чистите ТХЦ кристали, кога се консумираат со загревање, може да дадат навистина незаборавно и интензивно искуство, затоа не се препорачуваат за почетници кои воопшто не се запознаени со дејството на ТХЦ. Ова искуство, иако не е опасно, за неискусните може да не биде најзабавно, може да биде малку непријатно, но за среќа трае само неколку часа, а исто така, постојат и начини за намалување на хајот. Искусните корисници пак, треба да знаат дека постојат и начини за зголемување на хајот, како што е на пример јадењето манго. Нема влијанија од ефектите на терпените и другите канабиноиди, како кога се консумира екстракт со целосен спектар на активните состојки, онака како што природно се јавуваат во самата билка (како во домашното масло од канабис). Кристалите немаат вкус, ни мирис. Корисниците чувството го опишуваат како свежо и енергично и навистина спектакуларно искуство - чисто блаженство!