Monday, September 10, 2018

Интервју за канабисот со д-р Милан Ристески спец. радиотерапевт-онколог

Доктор Милан Ристески одговара опширно и исцрпно на нашите интересни прашања. Ве молиме споделете го ова видео на социјалните мрежи со цел побрзо да ја прошириме свеста за лековитоста на канабисот, за побрзо ослободување на ова лековито растение. Ви благодариме!


Дали во медицинското формално образование сте учеле за ендоканабиноиден систем и рецептори и за фитоканабиноиди? Дали во формалното образование се изучува за ендоканабиноиди од човечка природа, како на пример оние во мајчиното млеко? Какви се неофицијалните мислења и ставови за канабисот, екстрактите и останатите дериватите од ова растение помеѓу стручната медицинска фела? 


Што генерално сметаат здравствените работници за овој лек и дали гледаат иднина во ова растение како решение за многу здравствени проблеми за кои медицината сè уште нема решение? Како канабисот треба да биде регулиран? Дали е безбеден и дали треба да се користи, дали паралелно со конвенционалната терапија? Неодамна преведовме стручна статија за шокантните нови студии за канабисот на нашиот блог, дека половина од пациентите со рак се убиени од хемотерапија, а не од рак, додека Националниот институт за рак признава дека ТХЦ предизвикува 45% ремисија кај рак на мочен меур, рак на дојка и рак на црниот дроб. Д-р Милан дава своја изјава во врска со овие вистини. Погледнете!


Новинар: Моника Ристеска (MoniQue Konopova)
Видео реализација: Kizo Yordanoff

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 





Здружението Билка се залага за целосна декриминализација на Канабисот и за унапредување на животната средина, преку едукација, проекти, активизам

* * *


Владата на САД конечно признава дека канабисот ги уништува клетките на ракот и ги заштитува здравите клетки

Универзитетот Харвард открива дека канабисот го намалува растот на туморите на бели дробови за половина за три недели

Хемотерапијата ги убива здравите клетки. Канабисот го убива исклучиво ракот!

Рик Симпсон вели дека ТХЦ е лек за ракот, а не ЦБД!

Шокантни нови студии: Половина од пациентите со рак се убиени од хемотерапија, а не од рак

Анкета: Ако марихуаната е легализирана, пациентите со рак ќе ја изберат како примарен лек

Sunday, September 9, 2018

Универзитетот Харвард открива дека канабисот го намалува растот на туморите на бели дробови за половина за три недели

Активната состојка ТХЦ од канабисот го намалува растот на туморот кај ракот на белите дробови за половина и значително ја намалува способноста на ракот да се шири, велат истражувачите од Универзитетот Харвард, кои ја тестирале состојката истовремено како во лабораториските, така и во студиите на глувци


Рак на бели дробови? Канабисот може да помогне!
Тие велат дека ова е првиот сет на експерименти кои покажуваат дека соединението Делта-9-тетрахидроканабинол (ТХЦ) го инхибира EGF-индуцираниот раст и миграцијата во рецепторот на епидермалниот фактор на раст (EGFR), изразувајќи ги клеточните линии на ракот на белите дробови. Канцерите на бели дробови кои прекумерно изразуваат EGFR обично се многу агресивни и отпорни на хемотерапија. ТХЦ кое ги таргетира канабиноидните рецептори CB1 и CB2 е слично со функцијата на ендоканабиноидите, кои се канабиноиди од човечка природа, кои природно се произведуваат во нашето тело и ги активираат овие рецептори. Истражувачите сугерираат дека THC или други дизајнирани агенси кои ги активираат овие рецептори може да се користат за лекување на ракот на белите дробови. „Убавината на оваа студија е што покажуваме дека супстанцијата на злоупотреба, ако се користи претпазливо, може да понуди нов пат кон терапија против ракот на белите дробови“ - вели д-р Анју Прит (Anju Preet), истражувач во Одделот за експериментална медицина, а студијата е објавена во Science Daily.


Делувајќи преку канабиноидните рецептори CB1 и CB2, се смета дека ендоканабиноидите (како и фитоканабиноидите како THC) играат улога во различни биолошки функции, вклучувајќи контрола на болка, расположение и анксиозност, како и воспаление. Иако медицинскиот синтетички дериват на ТХЦ, познат како Маринол, е одобрен за употреба како стимуланс на апетит кај пациенти со рак, сè уште мал број на држави во САД дозволуваат употреба на природна медицинска марихуана за лекување на истиот несакан ефект. За среќа неколку студии покажаа дека ТХЦ има анти-туморска активност, објаснува д-р Прит. Единственото клиничко испитување кое го тестира ТХЦ како третман против ракот е неодамна завршената британска пилот-студија кај човечкиот глиобластом.


Во оваа студија, истражувачите прво покажаа дека две различни клеточни линии на ракот на белите дробови, како и примероци од белодробни тумори од пациентите изразуваат CB1 и CB2. Истражувачите исто така, покажаа дека нетоксичните дози на THC го инхибираат растот и се шират во клеточните линии. „Кога клетките се претходно третирани со ТХЦ, тие имаат помала EGFR стимулирана инвазија како што е измерено со различни in-vitro тестови“ - рече д-р Прит. Потоа, во текот на три недели, истражувачите инјектирале стандардни дози на ТХЦ кај глувци кај кои биле вградени човечки клетки на ракот на белите дробови и тие откриле дека туморите биле намалени во големина и тежина за околу 50 проценти кај третираните животни во споредба со контролната група. Имаше, исто така, околу 60 проценти намалување на канцерните лезии на белите дробови кај овие глувци, како и значително намалување на протеинските маркери поврзани со прогресијата на ракот, додава д-р Прит.


Иако истражувачите не знаат зошто ТХЦ го инхибира растот на туморот, велат дека супстанцијата може да ги активира молекулите кои го стопираат клеточниот циклус. Тие шпекулираат дека ТХЦ може, исто така да се меша со ангиогенезата и васкуларизацијата, која го промовира растот на ракот. Д-р Прит вели дека е потребна многу работа за да се разјасни патеката, т.е. патеките по кои ТХЦ функционира. „ТХЦ нуди некакво ветување, но имаме долг пат пред да знаеме што е неговиот потенцијал“ - додава д-р Прит. Извор на сторијата: материјалите се обезбедени од Американската асоцијација за истражување на ракот (American Association for Cancer Research).


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:














Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Healthupdats

Friday, September 7, 2018

Студија: Медицинската марихуана може да помогне кај проблемите во однесувањето на децата со аутизам

Израелските научници открија дека медицинскиот канабис е корисен во ублажувањето на проблемите во однесувањето кај децата со аутизам. Студија спроведена од д-р Ади Аран (Adi Aran), директор на детска неврологија во болницата Shaare Zedek во Ерусалим, покажа дека 80 проценти од учесниците забележале намалување на проблематичното однесување и подобрување во комуникациските способности


Како беше спроведена студијата?

За оваа студија веќе пишувавме на нашиот блог, сега сакаме да дадеме дополнително појаснување за неа бидејќи сметаме дека е од суштинско значење. Резултатите за прв пат беа објавени во април. Студијата на д-р Аран покажува дека терапијата со Канабидиол или ЦБД може да го подобри животот на децата кои имаат аутизам. Израелската студија објави дека ЦБД може да ја подобри сигнализацијата во мозокот и затоа треба да се користи како потенцијален третман за аутизам. Шеесетина деца биле тестирани во студијата со просечна возраст од 12 години, според Neurology Medical Journal. Студијата се фокусираше само на децата кај кои редовната терапија со лекови немаше ефект. Децата беа третирани со масло од канабис со 20 проценти ЦБД и 1 процент ТХЦ, главната психоактивна состојка во марихуаната, поради меѓусебниот придружен ефект на активните состојки, што докажува дека синтетички изолираните екстракти не се ефикасни. Третманот траеше најмалку седум месеци, а родителите ги пополнуваа прашалниците преку кои ја оценија состојбата на нивните деца на крајот на пробниот период.


Позитивни резултати

Резултатите од прашалниците покажуваат дека 80 проценти од родителите пријавиле намалување на проблематичното однесување. Во исто време, 62 % рекле дека однесувањето на нивните деца значително се подобрува. Каj половина од децата забележано е подобрување во нивото на комуникација, а 40 проценти забележале подобрување во нивниот систем на анксиозност, иако 33 отсто од децата немале симптоми на анксиозност пред да започне студијата. „Резултатите се охрабрувачки, но ние треба да продолжиме да ги истражуваме ефектите на канабисот врз аутизмот во клиничките испитувања“ - рече д-р Аран. Сите родители на децата, со исклучок на еден, сакале да продолжат со терапија со канабис откако ќе заврши студијата, вели истражувачот. Други досегашни истражувања, исто така ги поддржуваат израелските резултати од студиите.


Повеќе студии откриле медицинска корист од ЦБД

Во 2010 година во O'Shaughnesy's клиничко списание за канабис претставен е случајот на мајката која на својот син со аутизам му даде Маринол, кој содржи синтетички канабиноид. Според написот на д-р Лестер Гринспун (Lester Grinspoon), синтетичкиот препарат Маринол имал позитивен ефект врз однесувањето на синот, а жената подоцна го заменила овој третман со природна медицинска марихуана и забележала уште позначителна позитивна промена во начинот на кој дејствувал природниот лек во намалувањето на неговата агресија. Ова потврдува дека екстрактите од органско потекло не им се рамнат ни до петици на синтетичките препарати. Според статиите напишани од Bhismadev Chakrabarti, Antonio Persico, Natalia Battista и Mauro Maccarrone, можеме да заклучиме дека ендоканабиноидниот систем е поврзан со одговорноста за социјална награда, нервниот развој, циркадниот ритам (circadian rhythm) и симптомите поврзани со анксиозноста, што го прави канабисот извонреден лек во терапијата кај аутизамот. ЦБД е познато дека ја стимулира активноста на CB1 и CB2 рецепторите, но и останатите рецептори кои го сочинуваат ендоканабиноидниот систем.
 
 
Ефектите на ЦБД кај аутизмот се испитуваат и во други студии 

Други студии би можеле да го забрзаат развојот на терапиите базирани на ЦБД. Во април, истражувачите од Универзитетот во Калифорнија Сан Диего, ги започнаа клиничките испитувања за ефектите на ЦБД кај аутизмот. Студијата вклучува 30 деца на возраст од 8 до 12 години. Целите се да се утврди дали ЦБД е безбедна и толерантна состојка и дали помага при симптомите на аутизмот? Во студијата, исто така, ќе се испитува како CBD ги менува активностите на мозочните бранови, невротрансмитерите и мозочното поврзување и ќе се испитува дали биомаркерите на невро-воспалението се засегнати од CBD.


Центарот за медицински канабис и истражување (Center for Medicinal Cannabis Research) на универзитетот по медицина од UC Сан Диего (UC San Diego School of Medicine) доби 4.700.000 $ од Фондацијата РRay and Tye Noorda за целите на студијата. Ова претставува најголема приватна донација која е направена за истражување на медицинската марихуана. Медицинскиот центар Montefiore и NYU Langone започнаа клиничко испитување оваа година, вклучувајќи деца на возраст од 5-18 години. Студијата ја предводат д-р Ерик Холандер (Eric Hollander), клинички психијатар во Медицинскиот центар Монтефиоре (Montefiore) и д-р Орин Девински (Orrin Devinsky), директор на Центарот за сеопфатна епилепсија NYU Langone’s Comprehensive Epilepsy Center. Д-р Холандер и д-р Девински најпрво ќе ги проучат ефектите на канабиноидот канабидиварин врз 100 деца, а потоа ќе преминат на уште едно истражување во NYU центарот, кое ќе го проучува ефектот на ЦБД.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Новинар: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Benzinga

Wednesday, September 5, 2018

Внатрешно наспроти надворешно одгле-дувана марихуана: визуелен водич

Дали можете да разликувате канабис што е одгледуван во затворени простории од оној што се одгледува на отворено? Овој прирачник е создаден да помогне за полесно разликување на бесконечните варијанти на канабисот. Кои се разликите, а кои сличностите? Ова не важи за сите видови, бидејќи секој вид има различни карактеристики и расте различно со засебната индивидуална грижа на одгледувачите


Лево: Outdoor; Десно: Indoor. ПОГОДИВТЕ?! :)
На крајот од денот канабисот е незаменливо растение и не сите различни фактори ќе дојдат до израз во секоја конкретна ситуација затоа што секоја сорта е уникатна. Важно е да се забележи дека туфките можат да бидат одгледани правилно и неправилно, независно од тоа дали се гледани внатре или надвор на собна температура, неправилно одгледување во затворени простори може да изгледа како надворешното и обратно. Сепак, постојат некои одредени стандардни критериуми кои се важни за ваква форма на елаборирање. Сега, ајде да ви дадеме неколку корисни насоки за лесно да можете да препознаете како и каде канабисот е одгледуван, преку некои стратешки визуелни индикации:



Големината на туфките 

Големината на цветовите е меѓу првите визуелни знаци и клучни показатели било да се внатрешно одгледани или надворешно. Но, генерално правило е дека сѐ е поголемо кога е надворешно одгледано. Поголеми и порунтави се цветовите кога се на отворено, но разликата може да се забележи единствено ако се погледне дршката на цветот. Надворешните туфки ќе имаат подебели стебленца од оние култивирани во плакарот. Внатрешните туфки типично ќе се помали од надворешните и позбиени, погусти.



Трихомна густина

Трихомната густина е клучна визуелна показателна точка, кога се обидуваме да најдеме диференцијација помеѓу собно и надворешно одгледана трева. Собните туфки се помали, бидејќи се растени и зосревале поблиску до светлината во перфектно контролираната животна средина и тие типично се рангирани високо на трихомната густинска скала. Со набљудување и евалуирање на беспрекорно одгледана собна туфка, јасно видливи се и со голо око малечките кристали кои блескаат и ги има навистина многу. Надворешните туфки се генерално поголеми и нивните трихоми најчесто не се во состојба да ја покријат целата површина на надворешно одгледаниот цвет. Додатно, надворешните растенија се изложени на влијанија што можат да ги нарушат трхомите и нивното развивање. Трихомната густина е типично поразредена на надворешно култивирана туфка, во споредба со оние растени во гроу-бокс.



Лево: Indoor; Десно: Outdoor. ПОГОДИВТЕ?! :P
Боја

Една од најинтересните визуелни карактеристики што можат да се употребат за разликување на канабисово растение растено на сонце, наспроти она собното на струја - е бојата! Надворешно одгледаното има тенденција да има генерално потемна боја. Ако одгледувачот расте врсти на канабис кои произведуваат зелени цветови, надворешните туфки ќе се појават како потемно зелени можно е дури и боја која води накај кафеава. Ако одгледувачот расте канабис кој произведува виолетови или розови цветови, надворешните туфки ќе изгледаат длабоко виолетови/розеви, односно темно виолетови/розеви. Друга визуелна карактеристика е долниот дел на цветовите. Туфките култивирани надвор речиси секогаш имаат светло кафени нијанси околу дршката на самата основа од цветот (не станува збор за мувла). Цветовите одгледани во затворени простори од друга страна имаат светло зелена или виолетова нијанса на истите места.




Канабиноиди

Има раширени митови за тоа дека канабиноидите од надворешно потекло се помалку потентни од внатрешно култивираните. Ова не е точно. Посветените одгледувачи од „Sunna Ra Acres“ го пробија овој мит еднаш засекогаш. Последните неколку години имаат направено споредбени тестови на два клона земени од иста мајка-растение, едно растено собно, другото надворешно. Го спроведоа експериментот со варијатети на видови и подвидови коноп истовремено и се покажало дека растенијата култивирани надвор во природни услови под сонцето, резултираат со целокупен поразноврсен и поголем канабиноиден профил. Ова значи дека имаат повисоки нивоа како на ТХЦ, така и на ЦБД, но и на останатите активни состојки. Овој експеримент покажа дека сонцето го ослободува вистинскиот потенцијал на растението и неговата медицинска вредност, а сличен е случајот и со зеленчукот кој се одгледува под сијалица, во споредба со оној одгледан во природата под сонцето... Затоа екстрактите подготвени од неколку врсти одгледани под сонцето се секогаш подобар избор за пациентите.



Лево: Надвор; Десно: Внатре
Терпени

Во овој случај, терпените се многу слични на канабиноидите, затоа што нивните профили се интензивираат од сонцето. Низ долгогодишното експериментирање во Sunna Ra Acres, одгледувачите откриле дека ако две идентични растенија се одгледуваат „рамо до рамо“ - едното одгледувано надвор, другото одгледувано внатре - билката што се одгледува надвор ќе има повисок процент на терпени. Во некои случаи пак, растенијата од надвор дури откриваат и терпени за кои никој не знаеше дека биле таму. Кога овие две растенија се пушат, разликата е многу повеќе од очигледна: сончевите цветови се многу повкусни и поароматични. Исто така, треба да се истакне дека терпените се испарливи, што значи дека ќе исчезнат без соодветно сушење и „кјуринг“ процес. Многу од одгледувачите во затворен простор посветуваат поголема грижа во завршните фази на сушење и лекување, бидејќи нивните билки даваат многу помалку принос и нивниот производ се движи од една просторија затворен во друга, обезбедувајќи поголема контрола низ целиот производствен циклус. Почетниците во одгледувањето на отворени простории наспроти искусните, можат да го прескокнат чекорот на правилно сушење, пред сè поради незнаење или поради големиот принос и со тоа можат да го изгубат својот висок терпенски профил.



Кастрење на цветовите

Додека оваа категорија е многу субјективна и не се применува секогаш, историски погледнато одгледувачите на отворено трошат помалку време за намалување и оформување на нивниот финален производ, наспроти одгледувачите во затворен простор. Туфките под сијалица се поубаво обликувани од оние сончевите. Ова обично е поврзано со количината на приносот, одгледувачите на отворено во просек добиваат по 5, 10 или 20 килограми по растение, додека внатрешните одгледувачи имаат принос од 0,5 - 1 или 2 килограми по растение. Кастрењето на цветовите одгледани надвор, не само што ќе трае неколку недели, туку ќе бидат потребни и повеќе лица со полно работно време. Така, крајниот резултат е обично полабаво засекување, особено зашто растенијата на отворено генерално се полистести и поразгранети. Ако имате среќа да имате пристап до истата врста која се одгледува и во затворени простории и надвор, доколку сте вистински страствен љубител на канабисот неверојатно е чувството да имате шанса не само визуелно да ги споредите, туку да можете да ги споредите и канабиноидните профили, аромата, вкусот, чадот, моменталното чувство што го даваат, како и медицинскиот ефект и долгорочен бенефит!



Ништо не може да го замени сонцето!
Одгледување канабис во стаклена градина

Главната разлика во Outdoor и Indoor одгледувањето е тоа што под сијалица може да имате и 4 реколти во годината, додека под сонцето максимум 2. Оранжериите, стаклениците и пластениците може да се категоризираат како одгледување во затворен простор со користење на силата на сонцето. Тоа е совршен спој на затвореното и отвореното, бидејќи до одредена мера имате контрола врз животната средина како во целосно затворениот простор (одредување на температура, симулација на ветер итн...), со неверојатната моќ на сонцето, наместо вештачко светло од електирчни сијалици. Резултатот најчесто се цветови кои имаат визуелна и ароматична привлечност на Indoor цветовите, но со покачени терпенски и канабиноидни профили што се карактеристика на Outdoor цветовите.



Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Marijuana

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:









Tuesday, September 4, 2018

Очајна мајка во потрага по лек за својот син го довела на пазарот првиот легален лек со канабис

Првиот лек со екстракт од канабис ќе се појави во аптектите оваа есен. Лекот Epidiolex, направен од чист Канабидиол или CBD, активна состојка пронајдена во канабисот, е одобрен за два ретки вида на епилепсија. Сем сега има 17 години, а веќе 2 години е сосема ослободен од болеста и живее без напади благодарение на лекот


За пристигнувањето на лекот во аптеките е заслужно едно семејство кое барало лек за својот син кој страдал од епилепсија. Администрацијата за храна и лекови во јуни конечно го одобри овој лек за лекување на две ретки и сериозни форми на епилепсија, синдромот на Ленокс-Гастау и Драветовиот синдром, кои започнуваат во детството, но можат да продолжат и во зрелоста. Но, испитувањето на CBD, кое не ги предизвикува истите ефекти врз мозокот како THC-то, примарната психоактивна состојка на марихуаната поради која најчесто е консумирана рекреативно, е многу тешко поради ограничувањата за употреба на канабисот во истражувањата. Сепак, семејството на Сем Вогелштајн (Sam Vogelstein) и неговите лекари пронашле начини да се справат со ваквите ограничувања, поради борбата за спречување на неговите напади.


Нападите на Сем започнале во 2005 година, на негова 4-годишна возраст. Тоа е момент кој неговата мајка Евелин Нусенбаум (Evelyn Nussenbaum), никогаш нема да го заборави. Семејството се збогуваше со нивниот пријател, кога Сем одеднаш паднал. По два месеци, Сем повторно имал напад и од тогаш, нападите продолжиле да се појавуваат секоја седмица. На крајот, тој се справувал со 100 напади дневно. „Во најлош случај, нападите се јавуваа на секои 3 минути“ - изјавува мајката на Сем. Тој беше дијагностициран со миоклонична епилепсија, која се карактеризира со губење на способноста за реагирање, а потоа и со тешки грчеви. Нападите биле кратки, но и опасни. Во мозокот на Сем се случува замаглување кое трае од 5 до 20 секунди, доволно за тој да падне по скалите, на лицето или пак, да си ја удри главата во прозорецот. „На голем дел од тоа не се сеќавам“ - изјавува Сем. Тој се сеќава на сите лекови кои докторите му ги препорачале. Некои од нив накратко помагаат. Други пак, предизвикуваат халуцинации, црвенило на кожата и неконтролиран бес. „Сем е нежна личност“ - вели мајка му. „Му дававме лекови и тој стана агресивен, а потоа започна да удира и други деца. Си мислев, ох, ова не е моето дете“ - изјавува таа.


Повеќе од 3,4 милиони Американци имаат епилепсија, според Центарот за контрола на болести и превенција. Но, докторите сè потешко се справуваат со оваа болест. Сем се мачеше да чита, да пишува, да решава математички задачи, додека пак, мајка му забележуваше како тој сè повеќе и повеќе заостанува во училиште. Животот на Сем навистина станал тежок. „Беше страшно. Често плачев во купатилото или пак, седев во својата кола и викав“ - вели мајката на Сем. Во 2011 година Евелин прочитала за истражување за нападите извршено врз стаорци. Истражувачите успешно се справиле со нападите со помош на CBD. „Си помислив, тоа му е навистина потребно на мојот син“ - истакнува таа. Но, пред 7 години, чисто CBD беше многу тешко да се пронајде. Од тогаш, многу држави ја легализираа медицинската марихуана и CBD е достапно во аптеките и на Интернет, но сè уште е класифицирано како дрога и е нелегално според законот.


Таа се приклучила на едно друштво за епилептичари. Групата се обидувала да направи свое CBD масло. Сем реагирал одлично на маслото, но потоа неговите напади повторно се појавиле. „Кога го тестиравме маслото, во него немаше CBD“ - изјавува Евелин. Потоа семејството на Сем се обиде да направи свое масло со ЦБД. Овој процес предизвикал да се рашири миризбата во нивната околина. „Зборувавме за тоа што би се случило доколку не уапсат и си помислив, добро, уапсете ме!“ - додава таа. Конечно, мајката на Сем открива една британска фармацевтска компанија која произведува масло со висока концентрација на ЦБД. По барање на семејството на Сем, компанијата се согласила да му дозволи на Сем да го испроба лекот, под лекарски надзор кој траел две недели. Кратко потоа, семејството заминало во Лондон. „По само еден ден, неговите напади се намалија од 100 на 30, а по вториот ден, тој страдаше од само 10 напади дневно. По третиот, тој имаше само еден напад“ - раскажува мајката на Сем. Момчето не претрпи никакви несакани последици. 


Но, во САД, родителите на Сем мораа да пронајдат начин за да продолжат да го добиваат лекот. Тие стапија во контакт со одговорните институции со барање Сем да го користи лекот. По четири месеци и еден куп документации, на Сем му беше дозволено лекувањето. Тој беше првиот пациент во светот кој добил Епидиолекс, лек направен од чисто ЦБД. Инспирирани од Сем, подоцна и други пациенти почнаа да го испробуваат овој лек. Во 2015, било објавено истражување кое вклучувало 214 пациенти со епилепсија, меѓу кои сите биле деца и тинејџери. За повеќето од нив, резултатите не биле толку драстични како оние на Сем. Нападите се намалиле за 36.5%, што е слично како и со останатите лекови.  


Одредени пациенти искусиле моментални несакани ефекти како диареја или умор. Непознато им било зошто ЦБД кај одредени пациенти реагирало и довело до огромно подобрување, додека пак кај други не. Тоа е поради фактот што канабисот делува индивидуално и одредени концентрации и спој од активни состојки од канабисот одговараат повеќе од други кај конкретни индивидуи. ЦБД исто така стана популарно поради неговата лековитост и за други медицински проблеми. Но, лековите од канабис не се регулирани како обичните лекови, па нивната постојаност на пазарот и дозата можат да варираат.


Со легализирањето на Епидиолекс, пациентите кои страдаат од епилепсија добиваат висококвалитетна, висококонцентрирана доза на ЦБД, вели д-р Роберт Карсон (Robert Carson), невролог кој се справува со пациенти со епилепсија на Вандербилт Универзитетот (Vanderbilt University). Пациентите ќе мора да имаат рецепта за да го добијат лекот. GW Pharmaceuticals сè уште не ја одредиле цената за овој лек, а мајката на Сем се плаши дека здравственото осигурување нема да го покрива трошокот за овој лек. Во меѓувреме, Сем сеуште го добива лекот. Еден ден, се надева дека тој ќе биде оној што ќе ги дава лековите на пациенти како него. „Сакам да бидам доктор за епилепсија“ - изјавува Сем. Моментално тој се обидува да ја добие својата возачка дозвола. Тој сега има 17 години, а веќе 2 години е сосема ослободен и живее без напади. 


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




Новинар: Ангела Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Kqed

Monday, September 3, 2018

Жени со визија: запознајте 9 лидерки кои водат во канабис индустријата!

Денес, жените се на лидерски позиции на секое ниво од канабис индустријата, од извршни директори на одгледувачки компании, до култиватори кои се занимаваат со канабис од семка до производ. Жените одгледуваат канабис, се активисти, прават лекови и козметика од него, поседуваат сопствени фарми и работат во свои диспанзери. Дознајте повеќе за нив...


Некои жени повеќе се насочени во активизмот и исто така продуцираат и режираат документарни филмови со цел да се борат против стигмата на канабисот и неговите консументи. Други пак, се повеќе ангажирани во политиката која врши притисок за легализација и декриминализација на канабисот. Оваа серија на слики ги поврзува женските лидери кои го користат нивното влијание за промовирање на канабис индустријата како фер, одржлив и професионален бизнис простор. Повеќето од жените што се прикажани во оваа сторија живеат во Калифорнија, благодарение на пионерската улога на државата во полето за лекови од канабис, кое нуди големи можности за жените и служи како инспирација за многу други држави и многу други жени.

Овие жени се свесни за нивната извонредна позиција како малцинска група која создава историја. Според Marijuana Business Daily, жените пополнуваат 36% од лидерските позиции во индустријата за канабис - повеќе отколку во други индустрии, со националниот просек од 22%. Продуцентот Винди Борман (Windy Borman) беше толку инспирирана од овој револуционерен факт што почна да снима документарен филм за тоа: Mary Janes: The Women of Weed. Борман интервјуираше над 40 жени низ САД за да го создаде својот филм. Во него, Борман ја испитува активистичката историја на индустријата за канабис и како таа била изградена од страна на жените, за да се обезбеди медицински лек за пациентите кои страдаат од ХИВ и СИДА. Документарниот филм има за цел да служи како временска капсула и извор на инспирација за идните генерации, особено поради тоа што останува големото прашање: Дали овие малцинства ќе можат да ја задржат својата положба сега кога корпоративните компании создаваат конкурентна арена? Извршниот канцелар Дејл Скај Џонс (Dale Sky Jones) на Oaksterdam University вели дека Вол Стрит би можел да помогне во легитимирањето на индустријата за канабис со своите пари и моќ. Дали ќе има уште простор во индустрија за луѓето кои помогнаа да се создаде? Веруваме дека одговорот е ДА. 


Windy Borman
1. Винди Борман (Windy Borman) е наградуван режисер и продуцент на филмот „Mary Janes: The Women of Weed“, како и основач на DVA Productions

По разговорот со повеќе од 40 жени од 10 различни држави во текот на изминатата година, научив дека овие жени имаат можност да изградат индустрија од темел и да го прават тоа добро. Луѓето сè уште одат во затвор во држави каде што дури и ние немаме медицинска употреба. Децата се одземаат, луѓето се депортирани, студентите губат стипендии и иднините се лизгаат низ нивните прсти, бидејќи тие се осмелија да допрат масло и да одлучат што сакаат да стават во нивните тела. Сликата што ја замислувам за индустријата е онаа што ја снимивме додека снимавме во конопното поле во Колорадо. Тоа е прекрасен видок на сончево осветлена жена, која гледа во камерата кон публиката. Таа не е пасивна тема, но активна во она што го прави. Би сакала тоа да биде иднината на индустријата, жените што го допираат растението во природата и почитувањето што оди заедно со тоа“ - вели таа.


Valerie Corral
2. Валери Корал (Valerie Corral) го основаше здружението за медицинска марихуана Wo/Men’s Alliance for Medical Marijuana WAMM - најстариот во земјата континуиранo воден колектив за медицински канабис. Таа, исто така, помогна да се напише и да помине Предлогот 215, револуционерниот калифорниски закон за медицинска марихуана. WAMM обезбедува слободен канабис за 30% од своите членови.

Не можам да ви кажам колку од нашите членови мораа да позајмуваат каучи и да останат со своите семејства, повраќајќи во тоалетите на други луѓе од хемотерапија, бидејќи станаа бездомници по нивната дијагноза поради медицинскиот банкрот. Тоа беше многу влијателно за мене и ме промени засекогаш. Социјалната неправда за она што се случува со економијата на канабисот во моментов е тоа што го маргинализира пристапот на пациентите кои не можат да си го дозволат затоа што е премногу скапо. Економијата што била изградена врз грбот на болните кои умираат, се движела на пазар кој има профит. Знам дека би можела да направам многу пари, но јас навистина не работам со трева, работам со луѓе. Пазарот создава лажно чувство на вредност, кога вистинската вредност бара: ‚Како можам да ви помогнам? Како ова растение може да ти помогне во околностите во кои се наоѓаш?‘ Лично, не мислам дека моите потреби се поголеми од некој кој е болен“ - вели таа.


Wanda James
3. Ванда Џејмс (Wanda James) беше првата црна жена што поседува диспанзер за канабис во Колорадо - таа, исто така, ја основа Cannabis Global Initiative, комуникациска компанија која се обидува да им даде на луѓето со обоена кожа место во канабис индустријата.

Го сретнав брат ми за прв пат на погребот на татко ми, кога ми кажа дека само што излегол од затвор. Мислев дека тој убил некого. Бев шокирана кога слушнав дека тој бил уапсен за поседување на 4,5 унци (околу 120 гр) канабис кога имал 17 години и добил 10-годишна затворска казна, од која четири и пол години собирал памук во затвор со максимална безбедност во Тексас. Се чинеше смешно за мене, особено откако студирав на Универзитетот во Колорадо и седев на предните скали од мојот студентски дом со моите бели пријатели - една половина килограм трева меѓу нас - ролање џоинти за време на викендот. Ако полицајците дојдеа, тие викаа: ‚Еј деца, ставете го тоа подалеку‘. Јас воопшто не знаев дека луѓето одат во затвор за поседување на марихуана. Мојот сопруг и јас почнавме да разговараме за него и сфативме дека би можеле да го раздледаме ова прашање. Тогаш го основавме CGI. Се чувствувавме охрабрени да застанеме и да речеме: ‚Нема повеќе затворска казна за ова‘“ - вели таа.


Bianca Green
4. Бјанка Грин (Bianca Green) беше извршен продуцент на документарниот филм „The Culture High“ и е основач на непрофитна кампања наречена Spark The Conversation - која ги охрабрува потрошувачите да се вклучат во разговорот за промена на стигмата врз канабисот.

Пред дванаесет години, ми беше дијагностициран рак. Две години подоцна, бев на околу 13 лекови - се чувствував ужасно. Живеев во Калифорнија, каде што медицинската марихуана беше легална од 1996 година, па отидов и добив медицинска картичка. На патот кон откривање на она што е најдобро за вашето тело кога станува збор за лекови со канабис не е лесно, но вреди доколку сакате да напредувате, а не само да преживеете. Уште откако го открив канабисот како лек, секој ден од мојот живот го посветив на мисијата да ја сменам стигмата и сѐ уште не е завршена. Сакам да ги инспирирам другите да излезат од плакарот и да разговараат за нивната употреба. Незнам дали сите ако излегуваме заедно, може да ја нормализираме канабис културата и да поттикнеме повеќе луѓе да бидат отворени. Ние сме мала индустрија, но голема заедница на потрошувачи и додека не сфатиме дека нашето учество како потрошувач е неопходно, а забраната ја ограничува нашата слобода да го избереме она што го ставаме во нашите тела, ние не успеваме“ - вели таа.


Michelle Lilly-Hester & Drayah Sallis
5. Мишел Лили-Хестер (Michelle Lilly-Hester) и Драја Салис (Drayah Sallis) од Healthway Educations Systems - Мишел е едукативен офицер на Healthway Educations Systems, а Драја е извршен директор. Тие обезбедуваат медицинско образование за пациентите и лекарите од целиот свет, премостувајќи го јазот помеѓу медицинскиот канабис, лекарите и пациентите.

Мајка ми, која неодамна почина, беше хронично болна. Таа беше од поинаква генерација под влијание на војната против дрогата - генерација која не знае дека може да го употреби канабисот како лек за проширување на нејзиниот квалитет на живот. Што ако би можелa да ѝ дозволам да разбере дека канабисот може да биде решение за нејзината нега, само за да сфати дека тогаш е предоцна? За среќа, имав време да ѝ го претставам на мајка ми канабисот и таа стана мој најголем поддржувач. Но, тоа е зошто мојата работа е достојна за мене - да ги имам овие разговори. Мојата цел е канабисот да стане мејнстрим, а дел од таа визија е опремување на давателите на здравствени услуги и државните општини, како и обезбедување на јавно-здравствено решение во начинот на живот со медицински канабис. Да се биде вклучен во револуцијата на канабисот е срдечно. Тоа значи менување на животот на оние кои директно се засегнати од нелегалниот пазар“ - вели Драја.


Sisters of the Valley
6. Сестра Кејт работи со Sisters of the Valley, група на монахињи кои произведуваат масло од канабис - „за време на месечевите циклуси, според древната мудрост“. Нејзината мисија: одржливост, прогресивен активизам и духовност преку сестринство.

Нашето потекло е од Occupy Movement. Како активистка, честопати бев надвор од народот и како што разбраа дека сум анархист, активист, самопрогласена калуѓерка, почнаа да ме прашуваат да ја формализирам групата. Работата со канабис е начин да се исполнат нашите цели за креирање работни места и кариери за жените. Ние сме фокусирани на жените едноставно затоа што жените го носат товарот на сета сиромаштија во сите општества. За нас светото живеење е живеење во хармонија со Мајката Земја. Ние знаеме дека има одгледувачи на канабис ширум светот, забранети или не. Тоа значи дека постојат жени насекаде каде што може и треба да се прават тинктурите и мелемите на ист начин како што и нивните древни мајки го правеле тоа. Предвидувам расцут на Сестринството како глобално движење за обединување на жените. Не со тоа да се биде религија, туку со самоодржливост. Заработувајќи го нашиот пат, со обединување на жените насекаде, создавајќи чесни работни места и многу интернационален животен стил. Мојата визија е да има жени во долги сини-џинс здолништа, бели блузи и бели превези во секој град и покраина низ целата планета и за луѓето насекаде да знаат, кога ќе ги видат: ‚Тие жени знаат за канабисот‘“ - вели таа.



Ophelia Chong
7. Офелија Чонг (Ophelia Chong) ја основа Stock Pot Images - агенција посветена на обезбедување квалитетни фотографии од коноп за комерцијална употреба, обидувајќи се да ја скрши стонерската стигма.

Главната причина што ја добив оваа работа беше тоа што сфатив дека има само неколку слики на располагање. Честопати ја гледате истата грмушка што се појавуваше насекаде, онаа што се користеше претходно повеќе од 15 пати. Тоа би било како да се појавува иста жена во секоја реклама - не беше претставник на нашата индустрија. Овие слики навистина влијаат на начинот на кој луѓето размислуваат за канабисот, бидејќи тие се појавуваат во секоја вест што се појавува во медиумите. Сите мои слики се од вистински луѓе, а не од модели, кои се подготвени да бидат фотографирани и прикажани како пушат трева. Мојата цел е да го покажам вистинскиот корисник. Сакам да го ставам лицето на канабисот таму“ - вели таа.


Menkin Nelson
8. Менкин Нелсон (Menkin Nelson), сопственик на фарма за канабис - одгледува канабис за медицинска употреба и им помага на другите локални производители во согласност со нивните фарми.

Мојата прва работа во индустријата беше работата за обликување на цветовите додека се обидував да дознаам што сакам да направам со следното поглавје од мојот живот. Медицинската марихуана веќе беше во сила, па тоа не беше ‚нелегално‘ на државно ниво. Сепак, беше нелегално на федерално ниво. Имаше времиња кога ќе чуеме дека хеликоптерите летаат и сите ќе престанеме да работиме за да ги слушаме. Во моментов, правам градина со мал обем и почнав да им помагам на локалните одгледувачи со административна помош во текот на усогласувањето на нивните фарми. За жал, со сите прописи и дополнителни трошоци потребни за да се усогласат и да се натпреваруваат во индустријата, се чувствувам како да се туркам во насока на големо производство и комерцијализам“ - вели таа.


Dale Sky Jones
9. Дејл Скај Џонс (Dale Sky Jones) е извршен канцелар на Oaksterdam University - таа беше портпарол на Кампањата „Prop 19“ во Калифорнија и е претседател на одборот на Coalition for Cannabis Policy Reform - CCPR и член на Управниот одбор на National Cannabis Industry Association - NCIA.

Бев благословена да дознаам за канабисот од перспектива на пациент: оние кои бараат олеснување и сигурен пристап до нивниот лек. Ова искуство ја поткова важноста на правата на пациентите, а подоцна, работењето во политиката со Prop 19 во 2010 година ги зацврсти моите приоритети во однос на граѓанските права и социјалната правда во начинот на кој пишуваме закони. Еден пример е Флорида, каде што први понудија апликации за пет дозволи, но за да ги исполнувате условите, мораше да поседувате лиценциран расадник низ 30 континуирани години за да можете да аплицирате. Колку луѓе со обоена кожа, жени или ветерани поседувале расадници во Флорида пред 30 години? Многу скапиот и ексклузивен процес на апликација веднаш ги отфрли најодговорните сопственици од малцинските групи. Оние кои биле вклучени во промената на законите, извршувајќи ја работата или фаќани во обид да работат, се исклучени од учество во новата правна атмосфера. Јас се фокусирам на образование и зајакнување на оние кои бараат знаење за тоа како да влезат во индустријата. Важно е жените, обоените и ветераните да се вклучат со регулаторниот процес рано и често, бидејќи стаклениот плафон допрва треба да се изгради“ - вели таа.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:












Новинар: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Cannabisnow

Saturday, September 1, 2018

Марихуана или тутун: кој чад претставува поголем ризик за вашето здравје?

Долгорочната употреба на тутун и изложеноста на чадот од истиот има докажани штетни ефекти по здравјето, редовното пушење марихуана пак, може долгорочно да го подобри твоето целокупно здравје. Кога доаѓа до пушење, истражувањата докажуваат дека тутунот е далеку поштетен за белите дробови од марихуаната. Пушењето цигари предизвикува околу 80% од сите смртни случаи од хронично опструктивна болест на белите дробови, додека чадот од марихуана помага во ублажувањето на симптомите од болестите на белите дробови, а помага и во нивното лекување


* Престанете да ја споредувате марихуаната со алкохолот и цигарите!
Чад од марихуана и чад од тутун

Пушењето цигари предизвикува повеќе од 480.000 смртни случаи годишно само во САД, што е скоро еден на секои пет смртни случаи. Центарот за контрола на болести во САД известува дека пушењето цигари е почеста причина за смрт отколку смрт предизвикана од сообраќајни несреќи, алкохол, ХИВ, нелегални синтетички супстанци и огнено оружје – заедно! Во Journal of Harm Reduction во 2005 година истражувачите на канабисот дискутирале дека иако чадот и тутунот и канабисот поседуваат слични хемиски својства, не се еднакво карциногени и секако, поседуваат различни фармаколошки активности, особено поради тоа што во чадот од канабисот има активни антиканцерогени состојки наречени канабиноиди, велат студиите. Значи, додека чадот од марихуаната ги минимализира карциногените патеки, тутуновиот чад ги зголемува. Можеби ова е и причината поради која има 0 смртни случаи од марихуана во споредба со тутунот - 480.000, алкохол – 25.692, предозирање со препишани аналгетици – 16.651.... Во секој случај, вапоризаторите се најбезбедната варијанта на пушење марихуана!


Зависност од тутун и зависност од марихуана

Тутунот предизвикува голема зависност поради присуството на никотинот. Слично како кокаинот и хероинот, никотинот го менува начинот на кој работи мозокот кај пушачите и предизвикува стрвност. Се верува дека никотинската зависност е она што го прави откажувањето од цигарите толку тешко. Други истражувања потврдуваат дека никотинот во тутунот може да ги затврдне артериите што доведува до здравствени проблеми со срцето. Марихуаната, пак, не содржи никотин или пак, друга состојка која предизвикува зависност, па затоа зависноста од канабис е речиси невозможна. Според Државниот институт за злоупотреба на лекови во САД, марихуаната не води до зависност, а ова си го знаеме од личното искуство. Најпарадоксално е тоа што канабисот не само што не создава зависнот, напротив - може да помогне во борбата со никотинската зависнот и другите видови на зависности, како на пример од опијати.


Никотин VS. THC

Како што видовме, штетните ефекти на никотинот се добро докажани. Како споредба, за тетрахидроканабинолот се знае дека има бројни здравствени придобивки. Докажано е и дека ТНС е бронхијален дилататор, односно ја има способноста за проширување на алвеолите во белите дробови и помагање во чистењето на нечистотија, шлајм и чад, додека катранот од цигарите ги запушува белите дробови. 


Канцер

Тутунот е обележан како причина број 1 за канцер. Пушење цигари (и пасивно и активно) предизвикува канцер на: бели дробови, дебело црево, грло на матка, ректум, црн дроб, бубрези, грло, хранопровод, панкреас, желудник, жолчно ќесе и уста. Државниот Институт за Канцер во САД заклучува дека не постои безбедно ниво за употреба на тутун. За разлика од чадот од тутунот, истражувањата не успеале никако да најдат врска меѓу изложеноста на чад од марихуана од пушење и канцер на белите дробови или црниот дроб. Наспроти тоа, докажано е со многу продолжени животи дека ТНС всушност е антикарциноген! 


Белодробна функција

Постојат многу истражувања кои ги поврзуваат изложеноста на чад од цигари со поголем ризик од канцер на бели дробови кај возрасни луѓе и со зголемен број на респираторни инфекции и симптоми кај деца. Но, нема резултати кои го поврзуваат чадот од канабисот со штетни ефекти врз белодробната функција. Универзитетот Емори во Атланта спровел истражување со кое докажале дека изложеноста на чад од марихуана дури и за продолжени периоди не е поврзано со штетни ефекти за работата на белите дробови и целокупното здравје.


Да заклучиме...

Врз основа на мноштвото истражувања спомнати во овој текст, прилично е јасно дека регулациите за марихуаната не се за наше добро... Не постојат истражувања кои ја поврзале марихуаната со несакани здравствени ефекти како што е случајот кај пушењето тутун. Канабисот е сметан за лек откако постои човечкиот род и затоа рестрикциите непотребно им го одземаат на луѓето она што може да им претставува примарна и единствена природна опција за лекување и нормален здрав живот. Сите кои сакаат да консумираат канабис пушејќи го, а не сакаат да внесуваат во своето тело никотин и останати хемикалии од тутунот, може да ја прочитаат нашата серија од статии за тоа како да си сролаат здрав џоинт со други билки, наместо со штетен тутун!


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:












Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Vapingdaily